џемал кашоги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Jul 2020 08:54:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png џемал кашоги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Истанбул почнува судски процес поради убиството на Џамал Кашоги https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-istanbul-pochnuva-sudski-proces-poradi-ubistvoto-na-dzamal-kashogi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-istanbul-pochnuva-sudski-proces-poradi-ubistvoto-na-dzamal-kashogi/#respond Fri, 03 Jul 2020 08:54:04 +0000 https://kurir.mk/?p=368038

Во Истанбул денеска почнува судски процес во отсуство на дваесетмината Саудијци, кои се обвинети за вмешаност во убиството на саудискиот дисидент и новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во 2018 година. Според обвинението, Ахмед ал-Асири, поранешен заменик шеф на саудиската разузнавачка служба, и Сауд ал-Кахтани, поранешен советник на престолонаследникот Мохамад бин Салман, се обвинети за „поттикнување планирано убиство со монструозна намера“. Уште 18 лица се обвинети за убиство со „монструозна намера и тортура“. Обвинителството бара тешка доживотна казна затвор за сите обвинети, односно најголема можна казна во Турција од укинувањето на смртната казна во 2002 година. Сведок на обвинителството ќе биде и свршеничката на убиениот новинар, Хатиџе Ченгиз, која на денот на убиството го чекала Кашоги пред конзулатот. Исто така, ќе сведочи и Агнес Каламард, специјална известувачка на ОН за вонсудски егзекуции, која ја истражувала смртта на Кашоги. Ријад во декември минатата година во таен судски процес осуди пет лица на смртна казна поради убиството на Кашоги. Синовите на саудискиот новинар изјавиле дека им простуваат на убијците. – Судењето во Истанбул претставува најдобра надеж за правда за Кашоги по бесрамното неизвршување на правдата од страна на саудиските судови, истакна Ерол Ондероглу, турски претставник на организацијата за надзор на слободата на медиумите „Репортери без граници“. Џамал Кашоги е убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври 2018 година. Тој пристигнал во дипломатското претставништво за да добие документи кои му биле потребни за венчавка со Хатиџе Ченгиз, која го чекала пред конзулатот. Кашоги, кој бил голем критичар на саудискиот престолонаследник Бин Салман и колумнист на „Вашингтон Пост“, е задавен во конзулатот, а потоа неговото тело било распарчено на делови, се наведува во обвинението.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-istanbul-pochnuva-sudski-proces-poradi-ubistvoto-na-dzamal-kashogi/feed/ 0
Принц Салман: Случајот Кашоги е мачен, но правдата ќе победи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/princ-salman-sluchajot-kashogi-e-machen-no-pravdata-kje-pobedi-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/princ-salman-sluchajot-kashogi-e-machen-no-pravdata-kje-pobedi-2/#respond Thu, 25 Oct 2018 07:07:17 +0000 https://kurir.mk/?p=119169

Саудискиот принц Мухамед бин Салман синоќа изјави дека случајот со убиениот новинар Џамал Кашоги е „мачен“ и оти „правдата ќе победи“. – Убиството на Кашоги е гнасно злосторство што не може да се оправда, посочи принц Салман. Тој во обраќањето на инвестицискиот Самит во Ријад истакна дека виновниците ќе бидат казнети, а Саудиска Арабија и Турција заедно ќе работат за „постигнување на резултати“. Поради убиството на саудискиот новинар и дописник на „Вашингтон пост“ во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул некои меѓународни бизнис лидери го откажаа учеството на Самитот во Ријад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/princ-salman-sluchajot-kashogi-e-machen-no-pravdata-kje-pobedi-2/feed/ 0