Џен Псаки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Nov 2021 06:19:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џен Псаки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Портпаролката на Белата куќа позитивна на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portparolkata-na-belata-kukja-pozitivna-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portparolkata-na-belata-kukja-pozitivna-na-koronavirus/#respond Mon, 01 Nov 2021 06:30:31 +0000 https://kurir.mk/?p=589018

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки објави дека се заразила со коронавирус. Таа не го придружуваше претседателот Џо Бајден во Европа на самитот на Г-20 во Рим. Тој денеска ќе пристигне во Глазгов на самитот на ОН за климата. Портпаролката го откажа своето патување откако дозна дека членовите на нејзиното домаќинство биле позитивни на коронавирус, јавија американските медиуми. „Оттогаш сум во карантин и во среда, четврток, петок и сабота имав негативни тестови“, изјави Псаки. „Денеска, сепак, бев позитивна на тестот“. Таа додаде дека нејзиниот последен контакт со претседателот Бајден бил во вторникот, двајцата на растојание од повеќе од 1,8 метри и со маски. Според извори на американски медиуми, Бајден (78) се тестирал во вторникот и имал негативни резултати од ПЦР тест.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portparolkata-na-belata-kukja-pozitivna-na-koronavirus/feed/ 0
Белата куќа бара темелна меѓународна истрага за потеклото на коронавирусот во Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belata-kukja-bara-temelna-megjunarodna-istraga-za-potekloto-na-koronavirusot-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belata-kukja-bara-temelna-megjunarodna-istraga-za-potekloto-na-koronavirusot-vo-kina/#respond Thu, 28 Jan 2021 08:00:59 +0000 https://kurir.mk/?p=460839

Mеѓународната истрага за потеклото на коронавирусот во Кина мора да биде „јасна и темелна“, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки. -Неопходно е да се дојде до суштината на прашањето за појавата на пандемијата на коронавирусот во Кина, рече портпаролката пред почетокот на теренската истрага од страна на експертите на Светската здравствена организација (СЗО). Според неа, Вашингтон ќе ја процени веродостојноста на извештајот за истрагата кога ќе биде завршен и ќе користи „информации што биле собрани и анализирани од американските разузнавачки служби“ на таа тема. Тим од десет меѓународни научници на СЗО пристигна во кинескиот град Вухан во средината на јануари. По периодот на карантин, научниците ќе започнат истрага за потеклото на вирусот, кој првпат се појави во Вухан.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belata-kukja-bara-temelna-megjunarodna-istraga-za-potekloto-na-koronavirusot-vo-kina/feed/ 0