Џенерал моторс“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Feb 2022 07:48:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џенерал моторс“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Канадските власти најавуваат отстранување на блокадите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanadskite-vlasti-najavuvaat-otstranuvanje-na-blokadite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanadskite-vlasti-najavuvaat-otstranuvanje-na-blokadite/#respond Fri, 11 Feb 2022 07:48:15 +0000 https://kurir.mk/?p=629944

Блокадата на канадските камионџии, кои се против задолжителната вакцинација против Ковид-19, ги загрозува производителите во автомобилската индустрија, принудувајќи ги Форд, Џенерал Моторс и други автомобилски компании да затворат фабрики или да го намалат производството. Властите најавуваат дека полицијата е подготвена да ги отстрани блокадите. Четврти ден по ред камионџиите го блокираат сообраќајот кон Канада на мостот Амбасадор, што го поврзува Виндзор, Онтарио, со Детроит, попречувајќи ја испораката на автоделови и други производи меѓу двете земји. – Полицијата во близина на мостот Амбасадор почна да распоредува дополнителни сили, изјави Дру Дилкенс, градоначалник на Виндзор во Онтарио, кој граничи со Детроит. Доколку демонстрантите не си заминат, ќе мора да одиме напред. Ако тоа значи нивно физичко отстранување, ние сме подготвени да го сториме тоа, наведе Дилкенс. Тој подоцна на прес-конференција изјави дека се обидува да го реши проблемот по мирен пат и да се обезбеди никој да не биде повреден. Американските власти се подготвија за можноста за слични протести низ САД, а властите во Париз и Белгија забранија блокади на патиштата. Мостот Амбасадор е најфреквентниот американско-канадски граничен премин преку кој се одвиваат 25 отсто од вкупната трговска размена меѓу двете земји, па последиците од блокадата се повеќе се чувствуваат. Форд соопшти дека нејзината фабрика за мотори во Виндзор, Онтарио, еден ден била затворена поради недостиг на делови. Додека фабрика за склопување во Оуквил, во близина на Торонто, работи со намален капацитет. Џенерал моторс пред два дена ја откажа втората смена, а вчера и првата смена во фабрика за СУВ, што се наоѓа во близина на Лансинг, Мичиген. Тојота соопшти дека нема да може да произведе ништо во три канадски фабрики до крајот на неделата поради недостиг на делови. Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека соработува со локалните власти за да се направи се што е потребно за да се прекине блокадата на мостот. – Блокадата им штети на обичните Канаѓани, без оглед дали се работи за цените на продавниците, изгубени или суспендирани работни места или прекинати синџири на снабдување. Ова им штети на заедниците низ целата земја, истакна Трудо. Полицијата во Отава најави дека ќе ги разбие протестите во центарот на градот, каде се сместени владините згради, зградата на Парламентот и резиденцијата на канадскиот премиер Џастин Трудо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanadskite-vlasti-najavuvaat-otstranuvanje-na-blokadite/feed/ 0
Поради недостиг од чипови „Џенерал Моторс“ затвора привремено осум од 15 фабрики https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-nedostig-od-chipovi-dzeneral-motors-zatvora-privremeno-osum-od-15-fabriki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-nedostig-od-chipovi-dzeneral-motors-zatvora-privremeno-osum-od-15-fabriki/#respond Sat, 04 Sep 2021 07:47:13 +0000 https://kurir.mk/?p=559140

„Џенерал Моторс“ привремено ќе затвори осум од 15 северноамерикански фабрики за седмица, почнувајќи од понеделник, поради влошениот глобален недостаток на микрочипови. Пандемијата со коронавирусот и други катастрофи ги нарушија синџирите на снабдување со полупроводници, што се клучни за илјадници компјутерски контролирани системи во новите возила. Недостатигот принуди GM да ги премести чиповите што ги има во мал број фабрики што произведуваат најпопуларни и најпрофитабилни возила на компанијата, како што се џиповите (SUV) и пикапите, јави Си -Ен -Ен. Недостигот на чипови предизвика повисоки цени што ја поттикнуваат инфлацијата, јави Аксиос. Сепак, се чини дека на повидок е олеснување за производителите на автомобили и другите производители што бараат полупроводници, бидејќи производителите на чипови го зголемуваат производството за да ја задоволат побарувачката. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-nedostig-od-chipovi-dzeneral-motors-zatvora-privremeno-osum-od-15-fabriki/feed/ 0
„Џенерал моторс“ повлече речиси 69.000 електро автомобили поради пожар во батериите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzeneral-motors-povleche-rechisi-69-000-elektro-avtomobili-poradi-pozar-vo-bateriite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzeneral-motors-povleche-rechisi-69-000-elektro-avtomobili-poradi-pozar-vo-bateriite/#respond Mon, 16 Nov 2020 07:34:49 +0000 https://kurir.mk/?p=430007

„Џенерал моторс“ викендов повлече 68.687 електро автомобили Шевролет Болт (Chevrolet Bolt), откако имаше неколку инциденти на пожар на батериите. Според Детроит њуз, досега се забележани пет слични случаи кај автомобили произведени од 2017 до 2019 година. Според Националната управа за безбедност на патниот сообраќај (НХТСА), најголем дел од повлечените автомобили (речиси 51 илјада) се наоѓаат на територијата на САД. Како резултат на овие инциденти, беа повредени две лица кои се затруле од гасовите при горењето. Според автопроизводителот, во сите случаи батериите биле наполнети целосно, и им препорачува на сопствениците на колите батериите да ги полнат до 90 проценти „Џенерал моторс“ соопшти дека работи со регулаторот за одредување на причината на пожарот во батериите. -Пакетните батерии на транспортните средства потенцијално можат да испуштат дим и да започнат да горат, оганот може да се прошири на останатиот дел од транспортното средтсво и да предизвика пожар во просторијата, ако автомобилот е паркиран во гаража или покрај дом, се вели во соопштението на НХТСА. Со оглед на ова, регулаторот препорачува соптвениците на „Chevrolet Bolt “ да ги паркираат електро автомоbилите на улица, поделаку од објектите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzeneral-motors-povleche-rechisi-69-000-elektro-avtomobili-poradi-pozar-vo-bateriite/feed/ 0
„Џенерал Моторс“ инвестира две милијарди долари во стартапот за електрични возила „Никола’“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/dzeneral-motors-investira-dve-milijardi-dolari-vo-startapot-za-elektrichni-vozila-nikola/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/dzeneral-motors-investira-dve-milijardi-dolari-vo-startapot-za-elektrichni-vozila-nikola/#respond Wed, 09 Sep 2020 15:59:21 +0000 https://kurir.mk/?p=401201

Стартапот за електрични возила „Никола“ и „Џенерал Моторс“, синоќа најавија стратешко партнерство со инвестиција на „ЏМ“ вредна две милијарди американски долари, за производство на теренски возила на водороден погон. Акциите на двете компании на берзанските тргувања денеска пораснаа значително. Акциите на „Никола“ пораснаа за 45 отсто, а на „ЏМ“ за 11 отсто. Со оваа инвестиција, американскиот автомобилски гигант од Детроит добива 11 проценти од компанијата и едно место во бордот на директори на „Никола“. Компанијата од Аризона е стартап за електрични возила, конкурент на Тесла. Ги дизајнира пикап теренците „Баџер“. Според договорот, сериското производство на овие возила треба да започне до крајот на 2022 година. Погонот на возилата со водород е целосно електричен. За разлика од патничките автомобили Тесла, струјата за електромоторите не доаѓа од литиум-ионова батерија која треба регуларно да се полни од електромрежата, туку од водородни ќелии. Возилата со ваков погон имаат нула издувни гасови, трошат водород а нуспроизводот е вода. Полнењето на ќелиите се врши на водородни станици кои на Запад засега се многу ретки. Според договорот, „Никола“ е должна да ја користи технологијата и производството на водородни ќелии на „ЏМ“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/dzeneral-motors-investira-dve-milijardi-dolari-vo-startapot-za-elektrichni-vozila-nikola/feed/ 0
„Џенерал моторс“ ќе произведе 30 илјади апарати за вештачка вентилација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzeneral-motors-kje-proizvede-30-iljadi-aparati-za-veshtachka-ventilacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzeneral-motors-kje-proizvede-30-iljadi-aparati-za-veshtachka-ventilacija/#respond Thu, 09 Apr 2020 05:38:30 +0000 https://kurir.mk/?p=329471

Министерството за здравство на САД склучило договор со производителот на автомобили „Џенерал моторс“, за производство на 30 илјади апарати за вештачка вентилација на бели дробови во висина од 489,4 милиони долари. Ова е прв договор за медицинска опрема според законот за одбранбено производство од 1950 година според кој американската индустрија мора да исполни државни нарачки за воени потреби. Претседателот Трамп најави дека ќе го искористи законот за борба против коронавируст, како за производсто на респиратори, белодорбни апарати за вештачка вентилација, маски и други средства за сузбивање на болеста Ковид-19 „ЏМ“ и компанијата „Вентек лајф системс“, специјализирана за произвотдство на медицинска опрема, треба до крајот на август да изработат 30 илјади апарати, притоа 6.100 единици треба да бидат испорачани до 1 јуни. Според договорот, цената на секој   апарат чини 16 илјади американски долари, или пониско од пазарната цена која е околу 50 илјади долари, а за што претходно напомнаа и властите на Њујорк. Минатата недела и друг американски автопроизводител, „Форд мотор“, исто така соопшти дека заедно со подружница специјализирана за медицинска опрема на „Џенерал електрик“, ќе произведат 50 илјади   апарати во наредните 100 денови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzeneral-motors-kje-proizvede-30-iljadi-aparati-za-veshtachka-ventilacija/feed/ 0