Џенет Јелен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Oct 2023 15:04:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џенет Јелен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јелен: САД воведоа санкции против ентитети што се поврзани со Хамас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jelen-sad-vovedoa-sanktsii-protiv-entiteti-shto-se-povrzani-so-hamas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jelen-sad-vovedoa-sanktsii-protiv-entiteti-shto-se-povrzani-so-hamas/#respond Wed, 18 Oct 2023 15:04:15 +0000 https://kurir.mk/?p=890408

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска воведе санкции што имаат за цел да го прекратат финансирањето на Хамас, а се насочени, меѓу другото, кон „тајното инвестициско портфолио на Хамас“, финансиски посредник поврзан со Иран и виртуелната менувачница во Газа. Според извршната наредба за борба против тероризмот, санкциите се воведени и се однесуваат на девет поединци и еден ентитет во Газа и земјите што ги вклучуваат Судан, Турција, Алжир и Катар, соопшти американското Министерство за финансии. -САД преземаат брза и решителна акција за да ги погодат финансиерите и посредниците на Хамас по неговиот брутален и безобѕирен масакр врз израелските цивили, вклучувајќи и мноштво деца, изјави секретарката за финансии, Џенет Јелен. „Ќе продолжиме да ги преземаме сите неопходни чекори за да ја скратиме можноста на терористите на Хамас да собираат средства и да ги користат за извршување злосторства и тероризирање на народот на Израел“, додаде Јелен. Санкциите на Министерството за финансии доаѓаат во време кога претседателот Џо Бајден е во посета на Израел и се сретна со премиерот Бенјамин Нетанјаху.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jelen-sad-vovedoa-sanktsii-protiv-entiteti-shto-se-povrzani-so-hamas/feed/ 0
Џенет Јелен: САД се премногу зависни од Кина за критичните синџири на снабдување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dhenet-jelen-sad-se-premnogu-zavisni-od-kina-za-kritichnite-sindhiri-na-snabduvane/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dhenet-jelen-sad-se-premnogu-zavisni-od-kina-za-kritichnite-sindhiri-na-snabduvane/#respond Wed, 04 Oct 2023 06:43:23 +0000 https://kurir.mk/?p=884861

Американската министерка за финансии Џенет Јелен оцени дека САД станале премногу зависни од Кина во критичните синџири на снабдување, особено во производството на чиста енергија и дека треба да ги прошират изворите на снабдување. Таа рече дека останува на ставот дека САД не сакаат економски да се одвојат од Кина. Јелен синоќа истакна дека САД предолго стоеле настрана додека другите земји ја граделе индустријата за полупроводници со огромни субвенции. Таа изјави дека САД ќе се соочат со проблеми поврзани со националната безбедност доколку немаат силен сектор за производство на полупроводници и додаде дека законот донесен минатата година ќе помогне да се спречи тоа да се случи. -Се залажуваме себеси ако мислиме дека напуштањето на производството на полупроводници е паметна стратегија за САД, рече Јелен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dhenet-jelen-sad-se-premnogu-zavisni-od-kina-za-kritichnite-sindhiri-na-snabduvane/feed/ 0
Јелен: Владата на САД би можеле да остане без пари ако не се зголеми границата на задолжување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jelen-vladata-na-sad-bi-mozhele-da-ostane-bez-pari-ako-ne-se-zgolemi-granitsata-na-zadolzhuvane/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jelen-vladata-na-sad-bi-mozhele-da-ostane-bez-pari-ako-ne-se-zgolemi-granitsata-na-zadolzhuvane/#respond Tue, 02 May 2023 06:08:18 +0000 https://kurir.mk/?p=829530

Министерство за финансии на САД соопшти дека можно е да не може во целост да го сервисира државниот долг од 1 јуни ако Конгресот не ги зголеми лимитите за задолжување, што дополнително ќе ја интензивира жестоката фискална битка меѓу републиканците и демократите во Конгресот и Белата куќа. Во писмото до Конгресот, министерката за финансии Џенет Јелен наведе дека ресорот најверојатно нема да може да го покрие целиот долг на Владата до „почетокот на јуни“, како што беше претходно прогнозирано. Таа предупреди дека САД на 1 јуни би можеле да не можат да ги намират побарувања, доколку не се постигне договор меѓу републиканците и демократите за зголемување на плафонот на долгот, поставен на околу 31 трилион долари. На 19 јануари беше достигната плафонот за заем од 31,4 трилиони долари.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jelen-vladata-na-sad-bi-mozhele-da-ostane-bez-pari-ako-ne-se-zgolemi-granitsata-na-zadolzhuvane/feed/ 0
Јелен повика на „безусловно“ зголемување на плафонот на американскиот долг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jelen-povika-na-bezuslovno-zgolemuvane-na-plafonot-na-amerikanskiot-dolg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jelen-povika-na-bezuslovno-zgolemuvane-na-plafonot-na-amerikanskiot-dolg/#respond Tue, 25 Apr 2023 17:20:16 +0000 https://kurir.mk/?p=827511

Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска го повика Конгресот „да гласа за зголемување или укинување на плафонот на долгот“ и тоа да го направи „безусловно“. Планот, претставен на 17 април од страна на републиканскиот претседател на Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, предлага намалување на владините трошоци за 4,5 трилиони долари. За возврат, тие се обврзуваат да ја зголемат границата за 1,5 трилиони долари. Доколку тоа ниво не се достигне до 31 март 2024 година, ќе биде потребно ново гласање за да се задржи растот на долгот. Досега, републиканците и демократите не беа во можност да се договорат за ова прашање, со што САД се изложени на ризик од неисполнување на долгот „веројатно на почетокот на јуни“, предупреди „Мудис аналитика“. Ваквото неисполнување на обврските, без преседан во историјата на земјата, „ќе предизвика економска и финансиска катастрофа“, нагласи Јелен во говорот во сојузната држава Калифорнија. „Долгорочно, неисполнувањето на обврските ќе ја зголеми вредноста на заемите, а идните инвестиции ќе бидат значително поскапи“, истакна американскиот министер за финансии. Под овие услови, „Конгресот мора да гласа за подигање или укинување на плафонот на долгот. Ова мора да се направи безусловно и да не се чека до последен момент“, нагласи Џенет Јелен. Прашањето за плафонот на долгот веќе неколку недели е актуелно за Белата куќа и Претставничкиот дом во кој доминираат републиканците, а повторно се појави по објавувањето на кандидатурата на Џо Бајден за уште еден мандат во 2024 година. Во оваа прилика, Кевин Мекарти на Твитер напиша дека Џо Бајден се чини дека е „фокусиран на сопствената политичка иднина кога треба да размислува за иднината на САД“. Претседателот „Бајден требаше да објави дека конечно ќе дојде на преговарачка маса за одговорно да разговара за подигање на плафонот на долгот и да го избегне првото неплаќање во нашата историја“, напиша Мекарти на Твитер. На почетокот на март, претседателот на Управниот одбор на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, истакна дека подигнувањето на плафонот е „единствениот излез што ќе ни овозможи да ги платиме сите наши долгови“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jelen-povika-na-bezuslovno-zgolemuvane-na-plafonot-na-amerikanskiot-dolg/feed/ 0
Џо Бајден и Џенет Јелен предупредија на економска криза во САД доколку не се зголеми лимитот на јавниот долг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dho-bajden-i-dhenet-jelen-predupredija-na-ekonomska-kriza-vo-sad-dokolku-ne-se-zgolemi-limitot-na-javniot-dolg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dho-bajden-i-dhenet-jelen-predupredija-na-ekonomska-kriza-vo-sad-dokolku-ne-se-zgolemi-limitot-na-javniot-dolg/#respond Wed, 15 Feb 2023 10:22:35 +0000 https://kurir.mk/?p=800748

Американскиот претседател Џо Бајден и министерката за финансии Џенет Јелен предупредија на потенцијална економска криза доколку не се постигне договор за зголемување на горната граница на федералниот долг. Бајден, говорејќи во Националната асоцијација на окрузи во Вашингтон, рече дека многу локални влади се опоравиле од пандемијата, но дека „некои во Конгресот го ставаат на ризик тој напредок заканувајќи се дека ќе ја доведат Америка во ситуација кога не може да го отплаќа својот долг“ што, како што оцени, би било погубно за окрузите и за сојузната држава. - Дури и приближувањето кон неизвршување на обврски ќе ги зголеми трошоците за задолжување, што ќе го отежне финансирањето на клучните проекти во локалните заедници, рече американскиот претседател. Загриженоста за плафонот на долгот е резултат на политичката пресметка меѓу републиканците во Претставничкиот дом, кои сакаат да ги намалат трошоците, и демократскиот претседател кој инсистира на зголемување на лимитот без услови. И министерката за финансии предупреди на „катастрофа“. - Долгорочно, неисполнувањето на обврските би ги зголемило трошоците за задолжување. Идните инвестиции, вклучително и јавните инвестиции, би станале значително поскапи. Би се зголемиле плаќањата на домаќинствата за хипотеки, автомобилски кредити и кредитни картички, рече Јелен. Таа истакна дека е малку веројатно федералната влада да може исплаќа милиони Американци, вклучително и воени семејства и постари лица кои се потпираат на социјалното осигурување. Минатиот месец Јелен го информираше Конгресот дека САД ќе го достигнат лимитот за задолжување и дека потоа ќе се прибегне кон „вонредни мерки“ за да избегне банкрот. Во писмото до лидерите на Сенатот и Претставничкиот дом, Џенет Јелен рече дека нејзините мерки ќе му купат време на Конгресот да усвои закон со кој или ќе се зголеми лимитот на долгот, кој сега изнесува 31,4 трилиони долари, или пак ќе го суспендира на одредено време. Тие мерки вклучуваат откажување од некои плаќања, како што се оние за федералните пензиски планови на вработените, за да се направи простор за други плаќања кои се сметаат за неопходни, вклучително и придонеси за социјално осигурување. Затоа, од клучно значење е Конгресот навремено да реагира и да го зголеми или суспендира лимитот за задолжување, рече Јелен.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dho-bajden-i-dhenet-jelen-predupredija-na-ekonomska-kriza-vo-sad-dokolku-ne-se-zgolemi-limitot-na-javniot-dolg/feed/ 0
Јелен: Исплатата на 4,5 милијарди долари американска помош за Украина ќе започне во наредните недели https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jelen-isplatata-na-4-5-milijardi-dolari-amerikanska-pomosh-za-ukraina-kje-zapochne-vo-narednite-nedeli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jelen-isplatata-na-4-5-milijardi-dolari-amerikanska-pomosh-za-ukraina-kje-zapochne-vo-narednite-nedeli/#respond Tue, 22 Nov 2022 18:29:36 +0000 https://kurir.mk/?p=764964

Исплатата на 4,5 милијарди долари економска помош од страна на САД за Украина ќе започне во наредните недели. Ова го соопшти американската министерка за финансии Џенет Јелен. Средствата, кои беа одобрени во септември како дел од поголема привремена сметка за трошоци (финансиска поддршка на украинските власти), беа насочени кон „зајакнување на економската стабилност и поддршка на основните јавни услуги“, објасни Јелен. Таа додаде дека другите донатори треба да ја зголемат и забрзаат својата помош за Украина додека земјата се брани од руската инвазија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jelen-isplatata-na-4-5-milijardi-dolari-amerikanska-pomosh-za-ukraina-kje-zapochne-vo-narednite-nedeli/feed/ 0
Јелен: САД преговараат со европските земји за ограничување на приходите на Русија од нафтата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jelen-sad-pregovaraat-so-evropskite-zemji-za-ogranichuvanje-na-prihodite-na-rusija-od-naftata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jelen-sad-pregovaraat-so-evropskite-zemji-za-ogranichuvanje-na-prihodite-na-rusija-od-naftata/#respond Tue, 07 Jun 2022 20:20:09 +0000 https://kurir.mk/?p=688026

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен изјави денеска дека САД учествуваат во „многу активни“ преговори со европските земји за дополнителни начини за намалување на приходите на Русија од нафтата. Таа на седницата на Комитетот за финансии на американскиот Сенат рече дека руските приходи од нафта треба да се ограничат, а притоа да се задржи приливот на светскиот пазар, за цената да не се зголеми нагло и да предизвика глобална рецесија. Според неа, има неколку начини за тоа, а еден од нив е да се обединат клиентите и тие да ја одредат максималната цена што би и ја платиле на Москва. Јелен додаде дека е „практично невозможно“ САД да се изолираат од шокови на нафтениот пазар и затоа е важно да се префрлат на користење на обновливи извори на енергија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jelen-sad-pregovaraat-so-evropskite-zemji-za-ogranichuvanje-na-prihodite-na-rusija-od-naftata/feed/ 0
Бајден ќе ја назначи Џенет Јелен за министер за финансии на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-kje-ja-naznachi-dzenet-jelen-za-minister-za-finansii-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-kje-ja-naznachi-dzenet-jelen-za-minister-za-finansii-na-sad/#respond Tue, 24 Nov 2020 07:53:04 +0000 https://kurir.mk/?p=433491

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден се очекува да ја номинира Џенет Јелен, поранешен претседател на Управниот одбор на Федералните резерви, за министер за финансии. Како што пренесуваат американските медиуми, со ова назначување, Бајден ќе ја сруши родовата бариера што постои во САД веќе 231 година, но исто така ќе назначи економист и пазарен, а не финансиски експерт, за шеф на Федералните резерви, и тоа во време на економска криза невидена од периодот на Големата депресија, што ја уништи Америка помеѓу 1929 и 1939 година. Новиот шеф на Министерството за финансии треба да се фокусира на прогресивни решенија за два основни проблема – растечката економска нееднаквост и климатските промени, префрлајќи ги приоритетите на администрацијата на Трамп на втор план – намалување на даноците и финансиски регулативи. Јелен (74) ќе биде првиот американски функционер на чело на Министерството за финансии, Федералните резерви и Одборот на економски советници на Белата куќа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-kje-ja-naznachi-dzenet-jelen-za-minister-za-finansii-na-sad/feed/ 0