џевахир холдинг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 11 Jan 2023 10:48:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png џевахир холдинг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ​Општина Аеродром ја санкционираше фирмата што ги остави жителите на Џевахир без струја https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-ja-sanktsionirashe-firmata-shto-gi-ostavi-zhitelite-na-dhevahir-bez-struja/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-ja-sanktsionirashe-firmata-shto-gi-ostavi-zhitelite-na-dhevahir-bez-struja/#respond Wed, 11 Jan 2023 10:48:26 +0000 https://kurir.mk/?p=785911

Општина Аеродром изрече парична казна за фирмата која е задолжена за одржување на кулите „Џевахир Скај Сити“, откако пред околу еден месец ги остави станарите без електрична енергија во заедничките делови на кулите А и Б од овој комплекс. Инспекторот за домување изврши вонреден надзор при што утврди неправилности во работењето на фирмата во делот на почитување на Законот за домување и го задолжи правното лице во одреден временски период да ги отстрани утврдените неправилности. Потоа од страна на општината е спроведена повторна контрола при што е утврдено дека субјектот на надзор нема постапено во целост по решението донесено од страна на општински инспекциски служби. Со оглед на нецелосното постапување од страна на правното лице, општинскиот инспекторат спроведе прекршочна постапка и изрече парична санкција за правниот субјект. Имајќи ги предвид зголемениот број поплаки и забелешки од страна на граѓаните кои се однесуваат на работењето на правните субјекти кои ги одржуваат станбените објекти и постапуваат согласно Законот за домување, инспекциските служби во следниот период интензивно ќе работат на терен за утврдување на евентуални недоследности во нивното работење. Воедно, ги повикуваме граѓаните кои редовно ги подмируваат трошоците за одржување на заедничките простории во зградите своите забелешки да ги пријавуваат до Одделението за инспекциски надзор или преку електронската адреса: [email protected] ​или [email protected].]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-ja-sanktsionirashe-firmata-shto-gi-ostavi-zhitelite-na-dhevahir-bez-struja/feed/ 0
„Џевахир Холдинг“ за посилен МЗТ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dzevahir-holding-za-posilen-mzt/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dzevahir-holding-za-posilen-mzt/#respond Tue, 04 Sep 2018 11:48:51 +0000 https://kurir.mk/?p=96182

Компанијата „Џевахир Холдинг“ е нов спонзор на македонскиот кошаркарски вицешампион МЗТ Скопје Аеродром. На денешната прес-конференција беше соопштено дека двете се обврзаа на едногодишен договор со можност за негово продолжување.

Задоволство од потпишаниот договор искажа градоначалникот на Аеродром, Златко Марин.

- Со задоволство соопштуваме дека „Џевахир Холдинг“ е нов спонзор на МЗТ Скопје Аеродром. Благодарност до компанијата за општествената одговорност во развојот на спортот воопшто и во развојот на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром, изјави Марин.

Сопственикот на турската компанија која гради во Македонија истакна дека со задоволство се нафатил да даде поддршка на клубот.

- Се надевам дека ова соработка ќе продолжи понатака со голем раст на поддршката од наша страна. Очекуваме МЗТ, не само на домашна сцена, туку и во меѓународни рамки да има успеси, рече Џевахир.

Директорот на МЗТ, Тони Грнчаров рече дека со спонзорството од „Џевахир Холдинг“, тимот добива нови стабилни средства кои се потребни за непречено функционирање. Детали за договорот не беа објавени.

- Очекувам успешна соработка и на крај сите заедно да се радуваме на успешни резултати, нагласи Грнчаров.

Тој на сопственикот на компанијата му подари дрес од МЗТ Скопје Аеродром.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dzevahir-holding-za-posilen-mzt/feed/ 0