џеват адеми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 31 Aug 2019 10:18:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png џеват адеми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Алсат“: Доктор кој присуствувал на свадбата тврди дека Адеми пукал во својот син https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alsat-doktor-koj-prisustvuval-na-svadbata-tvrdi-deka-ademi-pukal-vo-svojot-sin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alsat-doktor-koj-prisustvuval-na-svadbata-tvrdi-deka-ademi-pukal-vo-svojot-sin/#respond Sat, 31 Aug 2019 10:18:22 +0000 https://kurir.mk/?p=235342

Јавното обвинителство бара од полицијата да се интензивира извршувањето на дејствија по насоки од Обвинителството, за инцидентот во тетовска Мала Речица, каде пред еден месец од пукотници со огнено оружје на свадба беа ранети две млади лица. Ова го тврдат од Обвинителството, но не сакаат да ја коментираат вчерашната изјава на Јусуф Биљали, татко на еден од ранетите. Како што дознава Алсат, Обвинителството побарало од МВР да се забрза постапката за вештачење на запленетите оружја од местото на настанот. Неофицијално се дознава дека еден пиштол, но и ловечка пушка која му припаѓала на синот на пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, се земени на вештачење заедно со пиштолот на друг гостин во свадбата. Органите на прогонот се во потрага по чаурите кои не биле пронајдени на местото на настанот. Во меѓувреме, пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, денеска не одговори на барањата на Алсат да ја коментира вчерашната изјава на Биљали, кој токму него го обвини со име и презиме дека е сторител на трагичниот настан. –…пратеникот удри со пиштолот на маса. Видов дека го погоди својот син и како лекар станав од масата за да му помогнам на неговиот син. Кога стигнав, бидејќи бев на три чекори далечина, кога стигнав до синот на Џеват Адеми, мојот син ми рече, тато ме отепаа… – рече Јусуф Биљали, родител на ранетиот од пукањето со оружје на свадба. Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alsat-doktor-koj-prisustvuval-na-svadbata-tvrdi-deka-ademi-pukal-vo-svojot-sin/feed/ 0
Пратеникот на ДУИ се огласи еден месец откако беше ранет неговиот син https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenikot-na-dui-se-oglasi-eden-mesec-otkako-beshe-ranet-negoviot-sin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenikot-na-dui-se-oglasi-eden-mesec-otkako-beshe-ranet-negoviot-sin/#respond Thu, 29 Aug 2019 07:36:46 +0000 https://kurir.mk/?p=234555

Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, негира дека бил дел од инцидентот со огнено оружје што се случи на свадба во Мала Речица пред околу еден месец каде неговиот син и уште едно друго лице беа ранети, пренесе Алсат. Не сакал да даде изјава пред камера, но во телефонски разговор за Алсат рекол дека бил на прославата, но ги отфрли тврдењата дека пукал со оружје. Неговата реакцијата доаѓа еден месец од инцидентот кој отвори разни полемики во јавноста, па и тврдења дека бил главен виновник за трагичниот настан. -Точно е дека моето семејство и јас бевме дел од оваа семејна забава каде десетици луѓе на недоличен начин пукаа со огнено оружје, но не е воопшто вистина дека сум пукал и јас. Јас и моето семејство седевме на маса, а син ми седеше пред мене. Куршумот го погоди во грб. Ова покажува дека дури и јас да сум пукал, не е можно тој да биде ранет бидејќи мојот син седеше спроти мене, истакна Адеми. Адеми исто така признава дека полицијата го сослушала и бара брзо решавање на случајот за, како што вели, да се расчистат сомневањата во јавноста. -Јас бев повикан во полиција и дадов изјава. Ми зедоа парафинска ракавица. Затоа ја охрабрувам, како полицијата, така и обвинителството да ја завршат својата работа и случајот да го истераат до крај. Никогаш не сум користел оружје на оваа семејна забава, па дури и остро ја осудувам употребата на оружје на вакви забави каде што честопати жртви се невини лица, вели тој, пренесува Алсат. За овој инцидент десетици граѓани беа повикани во полиција за да сведочат, но сè уште нема конкретен епилог кој пукал. Ранети беа двајцата млади А.Б. и Ф.А од Мала Речица. Од тетовското обвинителство велат дека случајот и понатаму е во предистражна фаза и оти се очекува полицијата да го комплетира предметот за потоа тој судски да се процесуира. Инаку, лани имаше над педесет пријави за употреба на оружје на семејни забави. На три лица им беа изречени казни, а за шест други случаи постапката е во тек, анализира телевизијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenikot-na-dui-se-oglasi-eden-mesec-otkako-beshe-ranet-negoviot-sin/feed/ 0
Куршумот засекогаш ќе остане во градите на Адријан по свадбата во Мала Речица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurshumot-zasekogash-kje-ostane-vo-gradite-na-adrijan-po-svadbata-vo-mala-rechica-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurshumot-zasekogash-kje-ostane-vo-gradite-na-adrijan-po-svadbata-vo-mala-rechica-2/#respond Fri, 16 Aug 2019 14:29:51 +0000 https://kurir.mk/?p=230305

Дваесет и седумгодишниот Адријан Биљали ќе го носи куршумот во градите до крајот на животот по свадбата во Мала Речица во која беше ранет со синот на пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми.

Директорот на Торакална хирургија Неџати Јакупи за порталот  Плусинфо вели дека локацијата на куршумот е таква што не дозволува хируршка интервенција, односно дека доколку се пристапи кон вадење на куршумот може да се загрози животот на Биљали. – Кај него е направена опсежна оперативна интервенција на градниот кош и на абдоменот, каде е интервенирано во белите дробови, дијафрагмата и желудникот од прострелна рана од еден куршум. Локацијата на куршумот не овозможува негово хируршко отстранување, но неговото останување во организмот не го загрозува животот на пациентот, вели тој за Плусинфо. Биљали веднаш по повредата бил донесен во Клиничкиот центар во Скопје, каде бил опериран, а пред десетина дена од КАРИЛ е преместен на Торакална. Синот на пратеникот Адеми поминал со полесни повреди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kurshumot-zasekogash-kje-ostane-vo-gradite-na-adrijan-po-svadbata-vo-mala-rechica-2/feed/ 0
Алфа ексклузивно дознава: И Адеми пукал на свадбата каде беше ранет неговиот син https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-ekskluzivno-doznava-i-ademi-pukal-na-svadbata-kade-beshe-ranet-negoviot-sin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-ekskluzivno-doznava-i-ademi-pukal-na-svadbata-kade-beshe-ranet-negoviot-sin/#respond Thu, 08 Aug 2019 06:22:37 +0000 https://kurir.mk/?p=227489

Дали тетовското обвинителство го штити пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, чие име медиумите го споменуваа, односно посочија дека тој пукал на свадба пред една недела каде бил ранет неговиот син и уште едно лице? Алфа телевизија дојде до копија од полицискиот записник и водејќи се по исказот даден од сведок кој бил присутен на свадбата на 30 јули, пратеникот  Адеми и негов братучед се посочени дека пукале на веселбата. -Во еден момент Џеват испукал еден рафал од НН црн пиштол во вис, а за кратко време дошол и неговиот братучед, кој седел до Џеват, кој откако седнал и тој извадил огнено оружје, пиштол сива боја и испукал неколку куршуми. За кратко време почнале и двајцата да пукаат рафално со нивните пиштоли, како да се натпреваруваат кој ќе испука повеќе, а откако престанале да пукаат, ги вкрстиле цевките на пиштолите и ги држеле во раце, стои во записникот на полицијата до кој дојде Алфа ТВ. Во записникот на полицијата стои дека биле повредени синот на пратеникот и уште едно лице, кои со потешки повреди завршија на Клиничкиот центар во Скопје. Иако, во записникот на полицијата од изјавата на сведок на настанот пишува од кои оружја било пукано на свадбата на 30 јули, од тетовското јавното обвинителство се уште се во дилема од кое оружје се пукало -Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место веднаш по настанот. Притоа е составен записник. Во моментов се работи на прибирање докази и на утврдување со кое оружје е пукано, велат од ОЈО. Во пријава на МВР стои дека има индиции дека на 30 јули била предизвикана општа опасност, што е кривично дело за кое е предвидена затворска казна до 5 години. -Тој што со пожар, поплава, експлозија, отров или отровен гас, јонизирачко зрачење, моторна сила, електрична или друга енергија или со друго општоопасно дејствие или средство ќе предизвика значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години, стои во кривичниот законик член 288 став 1. Алфа телевизија се обиде да стапи во контакт со пратеникот Џеват Адеми и да ја слушне неговата страна на приказната, неговиот мобилен телефон прво ѕвонеше но потоа стана недостапен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-ekskluzivno-doznava-i-ademi-pukal-na-svadbata-kade-beshe-ranet-negoviot-sin/feed/ 0
Странските инвестиции далеку од Албанците- „Чистката на Заев треба да почне од Анѓушев“, вели Џеват Адеми од ДУИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stranskite-investicii-daleku-od-albancite-chistkata-na-zaev-treba-da-pochne-od-angjushev-veli-dzevat-ademi-od-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stranskite-investicii-daleku-od-albancite-chistkata-na-zaev-treba-da-pochne-od-angjushev-veli-dzevat-ademi-od-dui/#respond Tue, 21 May 2019 13:49:39 +0000 https://kurir.mk/?p=200443

Пратениците од опозициските партии Движење Беса и Алијанса за Албанците, Фадил Зендели и Сирија Рашиди го обвинија Премиерот и Вицепремиерот за економски прашања, дека странските инвестиции ги ориентираат кон источна Македонија, а не и во општините каде живеат Албанци. „Јас сега ги слушам многу министри и претставници на Владата, а го имам слушнато и во минатото истото и сега продолжуваат со истото. Ако имаше инвестиции, тогаш беа насочени кон исток или во Скопје. Јас сум од Гостивар, за овие 30 години независност, таму немаше ниту една странска инвестиција“, изјави Фадил Зендели од Беса. Сирија Рашиди од Алијанса за Албанците, рече дека за странските инвестиции одлучуваат Премиерот и Вицепремиерот за економски прашања, а не Министерот за економија. „За жал се користи праксата премиерот или вицепремиерот за економски прашања на директен начин да се ангажираат со овие прашања. Јас знам и конкретен пример, инвеститор од Турција бил условен каде да инвестира. Дошол инвеститор, сакал да инвестира во зони каде главно живеат Албанци и Турци. Го условиле – ако нема инвестиции во исток, нивната инвестиција нема да помине“, изјави Сирија Рашиди од Алијанса за Албанците. И пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, рече дека чистката на Заев треба да почне токму од вицепремиерот, Анѓушев. „И за мене е загрижувачки впечатокот, не фактот, дека вицепремиерот за економски прашања странските инвестиции ги ориентира кон централна и источна Македонија, тоа е скандалозно. Чистката на Заев треба да почне од него“, рече во студиото на ТВ21, Џеват Адеми од ДУИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stranskite-investicii-daleku-od-albancite-chistkata-na-zaev-treba-da-pochne-od-angjushev-veli-dzevat-ademi-od-dui/feed/ 0
За власта повторно не важат законите, Џеват Адеми направи сообраќаен прекршок пред очите на полицијата и си замина неказнето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vlasta-povtorno-ne-vazat-zakonite-dzevat-ademi-napravi-soobrakjaen-prekrshok-pred-ochite-na-policijata-i-si-zamina-nekazneto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vlasta-povtorno-ne-vazat-zakonite-dzevat-ademi-napravi-soobrakjaen-prekrshok-pred-ochite-na-policijata-i-si-zamina-nekazneto/#respond Wed, 20 Jun 2018 09:55:40 +0000 https://kurir.mk/?p=67803

Пратеникот од редовите на ДУИ, Џеват Адеми во текот на вчерашниот ден направи сообраќаен прекршок пред очите на целата јавност. Репортерите на Газета Експрес направија видео запис како пратеникот Адеми со своето возило марка ΒΜW не ги почитува законите и покрај огромното полициско присуство. Ваквиот чин на Адеми воопшто не го привлече вниманието на полицијата и пратеникот помина неказнето. Сепак на видеото се забележува дека иако полицијата не реагираше на ваквиот прекршок, реагираа другите револтирани возачи кои со помош на автомобилските свирки го укорија Адеми. За потсетување ова не е прв настан каде висок функционер на ДУИ поминува неказнето за сообраќаен прекршок. Граѓаните се сеќаваат на настанот со ,,пајакот’’ кога беше физички нападната полицајката која се обиде да го казни Бекир Асани за непрописно паркирање. Асани ниту беше казнет за физичката пресметка со полицајката, ниту за непрописното паркирање. Deputeti i BDI-së shkel rregullat e komunikacionit on Vidnews.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vlasta-povtorno-ne-vazat-zakonite-dzevat-ademi-napravi-soobrakjaen-prekrshok-pred-ochite-na-policijata-i-si-zamina-nekazneto/feed/ 0
Џеват Адеми: Законот за јазиците е еден од столбовите на политичката коалиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzevat-ademi-zakonot-za-jazicite-e-eden-od-stolbovite-na-politichkata-koalicija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzevat-ademi-zakonot-za-jazicite-e-eden-od-stolbovite-na-politichkata-koalicija/#respond Fri, 09 Mar 2018 11:46:35 +0000 http://kurir.mk/?p=28623

Зборувајќи за усвојување на законот за јазиците, пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми во емисијата „Патот кон“ на Алсат телевизија рече дека меѓу двата субјекти од владејачката коалиција СДСМ и ДУИ нема дилема околу донесувањето на Законот за службена употреба на албанскиот јазик . -Нема простор да има било какви промени макар биле тие и козметички. Парламентарното мнозинство ќе го изгласа во третото читање законот исто како што беше изгласано во првото и второто читање. Овој закон е еден од столбовите на оваа политичка коалиција, рече Адеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzevat-ademi-zakonot-za-jazicite-e-eden-od-stolbovite-na-politichkata-koalicija/feed/ 0