Џевдет Хајредини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Sep 2023 05:54:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џевдет Хајредини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нова „шлаканица“ од Хајредини за Ахмети: И Заев, конечно, откри дека Али Амети лаже https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-shlakanitsa-od-hajredini-za-ahmeti-i-zaev-konechno-otkri-deka-ali-ameti-lazhe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-shlakanitsa-od-hajredini-za-ahmeti-i-zaev-konechno-otkri-deka-ali-ameti-lazhe/#respond Wed, 20 Sep 2023 05:54:55 +0000 https://kurir.mk/?p=879675

Политичкиот аналитичар и ексминистер за финансии, Џевдет Хајредини посочува дека експремиерот Зоран Заев ја зборува вистината кога тврди дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети – лаже. Хајредини пишува: „И Заев, конечно, откри дека Али Амети лаже. На Ковачевски ќе му треба подолго време“. „Лаже Али Амети кога на телевизија се фали дека он, во својство на “лидер” на партија со само 10% пратеници во Собранието на Македонија, со највисоки функционери на Бугарија и Грција преговарал за решавање на споровите за името на државата, националниот идентитет и македонскиот јазик“, посочува Хајредини. Тој додава: „Од политичарите во Македонија не се знае само кој не лаже и не краде“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-shlakanitsa-od-hajredini-za-ahmeti-i-zaev-konechno-otkri-deka-ali-ameti-lazhe/feed/ 0
Хајредини: Не е само ВМРО-ДПМНЕ против, големо мнозинство од македонскиот народ не ги поддржува уставните измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-ne-e-samo-vmro-dpmne-protiv-golemo-mnozinstvo-od-makedonskiot-narod-ne-gi-poddrzhuva-ustavnite-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-ne-e-samo-vmro-dpmne-protiv-golemo-mnozinstvo-od-makedonskiot-narod-ne-gi-poddrzhuva-ustavnite-izmeni/#respond Fri, 21 Jul 2023 16:14:11 +0000 https://kurir.mk/?p=858782

„Против смена на Уставот не е само ВМРО, како што секој ден го повторуваат Ковачевски, Маричиќ, Бујар и Груби. Против е, со исклучок на Албанците, огромното мнозинство на македонскиот народ од сите слоеви”. Ова на Фејсбук го напиша поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини, коментирајќи ги изјавите на министрите во владата на СДСМ и ДУИ кои отпорот кон уставните измени го лоцираат во најсилната опозициска партија. Постот на Хајредини на Фејсбук предизвикува внимание и коментари, а јавноста го доживува како еден од ретките албански интелектуалци кој реално ја согледува состојбата во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-ne-e-samo-vmro-dpmne-protiv-golemo-mnozinstvo-od-makedonskiot-narod-ne-gi-poddrzhuva-ustavnite-izmeni/feed/ 0
Хајредини „распали“ по Маричиќ: Ти и таквите како тебе сте виновни за корупцијата и за влошувањето на состојбата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-raspali-po-marichik-ti-i-takvite-kako-tebe-ste-vinovni-za-koruptsijata-i-za-vloshuvaneto-na-sostojbata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-raspali-po-marichik-ti-i-takvite-kako-tebe-ste-vinovni-za-koruptsijata-i-za-vloshuvaneto-na-sostojbata/#respond Sun, 09 Jul 2023 14:31:59 +0000 https://kurir.mk/?p=854625

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини остро ја коментира изјавата на Бојан Маричиќ дека “ние сме држава кандидат за членство во ЕУ и механизмите на ЕУ, извештаите на ЕУ, секогаш ни биле инструмент за подобрување”. Хајредини на Фејсбук на Маричиќ му порачува: Да ти биле секогаш инструмент за подобрување, како токму со тебе како министер за правда и за евроинтеграции, се случи земјата со корупција да дојде во катастрофална состојба, довербата на граѓаните во судството да падне на нула, низата скандали и превирања во Судскиот совет? Токму ти, и не само ти, сте виновни што парите на САД и механизмите со извештаите на ЕУ, не биле инструмент за подобрување, туку, напротив, за крајно влошување на состојбата. Освен тоа, виновни сте што не го прифаќате барањето на Али Амети да отворите истрага за него и за сите во ДУИ, како и ветинг над сите во целата држава. Виновни сте што дозволивте дури и премиерот да се чуди, зашто криминалот и корупцијата некој да ги гледа од Америка, а да не ги гледаат нашите надлежни органи од овде.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-raspali-po-marichik-ti-i-takvite-kako-tebe-ste-vinovni-za-koruptsijata-i-za-vloshuvaneto-na-sostojbata/feed/ 0
Се бара сеопфатна истрага и за Али Ахмети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-bara-seopfatna-istraga-i-za-ali-ahmeti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-bara-seopfatna-istraga-i-za-ali-ahmeti/#respond Fri, 23 Jun 2023 09:11:26 +0000 https://kurir.mk/?p=848906

Поранешниот министер за економија Џевдет Хајредини коменирајќи го ставањето на Рамиз Мерко на црната листа на САД, нагласува дека е потребна истрага и за лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според Хајредини зад назначувањето на Мерко стои токму Ахмети и сите кадри што ги назначува лидерот на ДУИ одговараат пред него. Во однос на наводите за криминал и корупција на Мерко, Хајредини вели дека неговите активности ги криел поранешниот премиер Зоран Заев. Заев беше тој што, за да дојде и да и остане на власт, се сложи да се забрани објавувањето на снимките за кривичните дела врзани и што произлегуваат од нелегалното прислушување. Тој што ја криеше корупцијата на Мерко и другите, сега седи во Струмица. Пред правосудството, генерален ремонт потребен е за Владата и премиерот, пишува Хајредини во неколку статуси објавени на својот Фејсбук профил. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-bara-seopfatna-istraga-i-za-ali-ahmeti/feed/ 0
Хајредини за енергетската криза и ценовниот шок: На сите им е тешко, но на Македонија и е најтешко, владата на СДС не го сфаќа сериозно бизнис секторот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-za-energetskata-kriza-i-cenovniot-shok-na-site-im-e-teshko-no-na-makedonija-i-e-najteshko-vladata-na-sds-ne-go-sfakja-seriozno-biznis-sektorot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-za-energetskata-kriza-i-cenovniot-shok-na-site-im-e-teshko-no-na-makedonija-i-e-najteshko-vladata-na-sds-ne-go-sfakja-seriozno-biznis-sektorot/#respond Tue, 25 Oct 2022 18:00:30 +0000 https://kurir.mk/?p=750361

На сите им е тешко, но на Македонија и е најтешко, вели Џевдет Хајредини поранешен министер за финансии во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на Ваша страна на телевизија Телма, во однос на енергетската криза и ценовниот шок. Хајредини за изјавите на владата на СДС дека најенергично одговориле на кризата во регионот вели дека тоа не точно, укажувајќи дека смета дека и тие од власта не си веруваат во ваквите изјави. Вината е зошто во услови кога на сите име е тешко, на Македонија и е најтешко, кога и околните земји не се во тешка ситуација како кај нас. Имам критика кон претставниците на власта што ја опишуваат состојбата „нашата влада даде најенергичен одговор во регионот на Западен Балкан на енергетската и ценовната криза“. Но, јас мислам дека тоа апсолутно не е точно и греши владата и претставниците, дури сметам дека ниту тие самите не веруваат во своите оценки дека ситуацијата е добра, смета тој. Во однос на спас на стопанството од енергетската криза, Хајредини потенцираше дека владата не ги сфаќа сериозно барањата на бизнис секторот, односно како што рече тие како да не живеат во иста држава бидејќи додека стопанството има барања за излез од кризата, владата им одговара дека е најуспешна од сите земји во справување на кризата, Тие реално ништо не понудиле на бизнис секторот. Тие како да не живеат тука, тие велат дека најенергично сме одговориле на енергетската криза и ценовните шокови. Тие воопшто не го доживуваат бизнис секторот и не го сфаќаат сериозно, бизнис секторот им вели имаме барања, владата им враќа ние сме најуспешни од сите земји, истакна поранешниот министер за финансии Хајредини.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-za-energetskata-kriza-i-cenovniot-shok-na-site-im-e-teshko-no-na-makedonija-i-e-najteshko-vladata-na-sds-ne-go-sfakja-seriozno-biznis-sektorot/feed/ 0
Хајредини: Филибастеринг е легитимен чекор и искуство кое во Македонија добро го знаеме, ако има предвремени избори без сомнение ВМРО-ДПМНЕ победува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-filibastering-e-legitimen-chekor-i-iskustvo-koe-vo-makedonija-dobro-go-znaeme-ako-ima-predvremeni-izbori-bez-somnenie-vmro-dpmne-pobeduva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-filibastering-e-legitimen-chekor-i-iskustvo-koe-vo-makedonija-dobro-go-znaeme-ako-ima-predvremeni-izbori-bez-somnenie-vmro-dpmne-pobeduva/#respond Wed, 04 May 2022 19:36:18 +0000 https://kurir.mk/?p=671948

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини смета дека најавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за блокирање на работата на македонското Собрание, користејќи ја Филибастеринг методологијата, е легитимна и на македонската јавност многу добро познато искуство, потсетувајќи дека во минатато токму сегашниот собраниски спикер, е едн од пратениците на ДУИ кои успешно ја користеле оваа методологија. Тој во „Дебатна емисија“ на телевизија Шења истакна дека, ДУИ кои се се противат и остро реагираат на најавите на ВМРО-ДПМНЕ за користење на Филибастеринг, се наоѓаат во многу инетерсна ситуација, затоа што опозицијата ќе применува методи кои тие некогаш ги користеле. „Филибастерин е искуство што многу добро го знаеме. Овие се во многу интересна ситуација. Сега опозицијата ќе применува методи кои што самата таа ги користела некогаш. Сега не очекуваат ситуации до сега непознати во македонскиот Парламент“, рече Хајредини. Тој посочи дека ако продолжи нефункционирањето на Собранието, затоа што меѓу другото, ниеден закон за кој е потребно двотретинско мнозинство не можат да го изгласат, и ако се прогласат предвремени парламентарни избори, според сите проценки ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Оцени дека не само што ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, туку прашање и колку ќе загуби СДСМ, додавајќи дека на владеачката партија и претстои уште подлабок пораз од тој на локалните избори. „Тој е сигурен и тоа е точно, ако се прогласат предвремени парламентарни избори, поради евентуалното нефункционирање на Собранието, ВМРО според сите проценки ќе ги добие изборите. И не само што за добивање ќе ги добие, туку не се знае колку ќе загуби СДСМ и не само поради што се случи на локалните избори, туку поразот ќе биде уште подлабок, затоа што многу настани во Македонија за кои секојдневно сме сведоци одат на штета на СДСМ. А, за ова придонесува и однесувањето на ДУИ и фактот што тие се заложници“, истакна Хајредини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-filibastering-e-legitimen-chekor-i-iskustvo-koe-vo-makedonija-dobro-go-znaeme-ako-ima-predvremeni-izbori-bez-somnenie-vmro-dpmne-pobeduva/feed/ 0
Хајредини: Груби е моќен благодарение на Заев кој му дал „бомби„ и со нив уценува секој кој му застанува на патот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-grubi-e-mokjen-blagodarenie-na-zaev-koj-mu-dal-bombi-i-so-niv-ucenuva-sekoj-koj-mu-zastanuva-na-patot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-grubi-e-mokjen-blagodarenie-na-zaev-koj-mu-dal-bombi-i-so-niv-ucenuva-sekoj-koj-mu-zastanuva-na-patot/#respond Fri, 03 Dec 2021 18:22:47 +0000 https://kurir.mk/?p=603809

Џевдет Хајредини, поранешен министер за Финансии на Република Македонија вечерва гостуваше во емисијата „Што не е јасно„ на Алфа телевизија. Тој во неговото гостување изјави дека вицепремиерот Артан Груби покажува моќ благодарение на премиерот Заев кој му дал дел од „бомбите„ кој Заев ги поседуваше. Хајредини истакна дека Груби поседува телефонски разговори и од кадри на ДУИ и со тоа ги држи во раце, а исто така напомена и дека ако некој се закачи со првиот вицепремиер тој користел и други методи. -Заев му дал бомби на Груби и затоа тој се прави силен и никој ништо не му може. Тој може и со сила да го избрка генералниот секретар на Владата и нкому ништо, а со тие бомби Груби ги држи во раце и кадрите на ДУИ бидејќи тој има дел бомби и од нив. Има и други факти дека ако некој се закачи со Груби има и други последици а затоа имаше и пример.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-grubi-e-mokjen-blagodarenie-na-zaev-koj-mu-dal-bombi-i-so-niv-ucenuva-sekoj-koj-mu-zastanuva-na-patot/feed/ 0
Хајредини: Ако не е корупција, зошто тогаш Теута, ДУИ и Заев на предизборните собири не се фалат дека со Дака како голем странски инвеститор? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-ako-ne-e-korupcija-zoshto-togash-teuta-dui-i-zaev-na-predizbornite-sobiri-ne-se-falat-deka-so-daka-kako-golem-stranski-investitor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-ako-ne-e-korupcija-zoshto-togash-teuta-dui-i-zaev-na-predizbornite-sobiri-ne-se-falat-deka-so-daka-kako-golem-stranski-investitor/#respond Sat, 23 Oct 2021 13:36:41 +0000 https://kurir.mk/?p=584259

Купувачот на градежното земјиште на ШИК “ЈЕЛАК” во Тетово, Миодраг Дака Давидовиќ, е бизнисмен и истакнат претставник на Србите од Црна Гора и добротвор на Српската Православна Црква, бил началник на Центарот за безбедност на Никшиќ и министер на Караџиќ и Младиќ во владата на САО Херцеговина во време на четничките масакри над муслиманите, Српскиот Патријарх Иринеј го одликувал со орден на Свети Сава од прв степен и орден на Светиот Крал Милутин, биле кумови со Момир Булатовиќ, ’97 бил уапсен поради малверзации со тутунскиот комбинат и Булатовиќ го аболирал, 2009 е претепан со метални шипки, во 2019 е ранет при неуспешен атентат. Целата добивка на својата компанија до крајот на животот ја отстапил на српската православна црква, пишува на својот фејсбук профил Џевдет Хајредини. На овој криминален бизнисмен, Теута Арифи со помош на Заев, сигурно не без знаење и согласност на Али Амети, му овозможиле во Тетово да изгради голем стамбено-деловен објект на површина од над 30.000м². Дали било кој верува дека овој тип во Тетово е донесен без да плати мито? Ако не е во прашање корупција, зошто тогаш Теута, ДУИ и Заев на предизборните собири не се фалат со овој голем странски инвеститор кој дошол во Македонија по нивна заслуга, прашува Хајредини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-ako-ne-e-korupcija-zoshto-togash-teuta-dui-i-zaev-na-predizbornite-sobiri-ne-se-falat-deka-so-daka-kako-golem-stranski-investitor/feed/ 0
Хајредини: Заев го направи силен Артан Груби, му дал “бомби“ со снимки за сите кадри на ДУИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-zaev-go-napravi-silen-artan-grubi-mu-dal-bombi-so-snimki-za-site-kadri-na-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-zaev-go-napravi-silen-artan-grubi-mu-dal-bombi-so-snimki-za-site-kadri-na-dui/#respond Mon, 13 Sep 2021 12:53:22 +0000 https://kurir.mk/?p=563036

„Моќта на потпретседателот на владата Артан Груби, му ја има дадено Зоран Заев. Тој поседува бомби за сите функционери на ДУИ“. Ова денеска во Студио 10 на ТВ24 го изјави Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии. -Заев го направи силен Артан Груби. Му дал “бомби“, со снимки, скоро за сите кадри на ДУИ. И за Али Ахмети има бомби. Целата негова изјава слушнете ја во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-zaev-go-napravi-silen-artan-grubi-mu-dal-bombi-so-snimki-za-site-kadri-na-dui/feed/ 0
Хајредини: Школски пример на корупција е продажбата на државното земјиште кај ШИК „Јелак“ во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-shkolski-primer-na-korupcija-e-prodazbata-na-drzavnoto-zemjishte-kaj-shik-jelak-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-shkolski-primer-na-korupcija-e-prodazbata-na-drzavnoto-zemjishte-kaj-shik-jelak-vo-tetovo/#respond Wed, 16 Sep 2020 07:29:04 +0000 https://kurir.mk/?p=403827

За поранешниот функционер и аналитичар Џевдет Хајредини, продажбата на државното земјиште во Тетово кај поранешен ШИК „Јелак“ е школски пример на корупција. -Школски пример на корупција од највисоко до најниско ниво е продажбата на државното земјиште кај поранешниот ШИК "ЈЕЛАК" во Тетово. Не држи објаснувањето на Премиерот Заев, кога вели "нека се гради во Тетово, нека се шири во периферија, доста е во центарот на градот". Во центарот на градот, г.Заев, Теута и тој пред неа, со помош на Сугарески, исто како и на Попова Шапка, направиле урбицид, пишува на Фејсбук аналитичарот Хајредини. За потсетување, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски истакна дека владата за три недели донела одлуки за продажба на ШИК „Јелак“, комбинатот за кој Дака во „бомбите“ пред изборите вели дека дал мито од 300.000 евра. ВМРО-ДПМНЕ за продажбата на земјиштето бара итна истрага од ОЈО. Велјаноски побара ЈО да ги гони премиерот Зоран Заев и поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски за злоупотреба на службената положба и овластување според член 353 од Кривичниот законик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hajredini-shkolski-primer-na-korupcija-e-prodazbata-na-drzavnoto-zemjishte-kaj-shik-jelak-vo-tetovo/feed/ 0