Џез фестивал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Sep 2022 15:16:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џез фестивал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Куманово вечер почнува „Џез Фестивал 2022“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-kumanovo-vecher-pochnuva-dzez-festival-2022/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-kumanovo-vecher-pochnuva-dzez-festival-2022/#respond Tue, 13 Sep 2022 15:16:33 +0000 https://kurir.mk/?p=732261

Во Куманово вечер во 20 часот во Занаетчискиот дом ќе почне тридневниот „Џез фестивал“, информираа денеска организаторите, Институтот за наука, уметност, култура и спорт (ИНУКС). Годинава фестивалот, кој се одржува по шести пат, ќе трае три вечери, од 13 до 15 септември, а ќе учествуваат Георги Шарески со Марко Јовановиќ, а потоа следува „Ајс квартет“. Втората вечер ќе настапат „Соул Фанкшн“ и Александра Коцевска Трио. Фестивалот ќе го затворат Сашо Поповски трио заедно со Кирил Кузманов и Марија Џез квартет. – Влезот е слободен за сите вечери. Ги покануваме љубителите на џезот да уживаат и да го проследат фестивалот, изјави уметничкиот директор Филип Стевановски. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и општина Куманово.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-kumanovo-vecher-pochnuva-dzez-festival-2022/feed/ 0
Од четврток до недела: ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ во Прилеп – ова е програмата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/od-chetvrtok-do-nedela-dzez-festival-vo-prilep-ova-e-programata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/od-chetvrtok-do-nedela-dzez-festival-vo-prilep-ova-e-programata/#respond Mon, 22 Aug 2022 18:16:39 +0000 https://kurir.mk/?p=722301

Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, од четврток до недела 25-27 август на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи 11то издание на фестивалот „Prilep Jazz Weekend“. Прилепскиот џез фестивал и овој пат ќе понуди одлична програма со повеќе концерти, и перформанси, со што ветува доживување на ново и незаборавно искуство на сите љубители на добрата музика. Во своето издание за оваа година е испланирана следната програма: Фестивалот ќе го отвори експерименталното џез-фјужн трио од Скопје 3JECT, а после нив ќе настапат гостите од Бугарија МЕТАФОРМОЗА, предводени од Росен Захариев еден од најдобрите трубачи во Европа, од кои се очекува импровизација на сцената и еден уникатен проект пред Прилепската публика. Четврток 25 август 2022г
  • 3JECT (Македонија)
  • МЕТАФОРМОЗА (Бугарија)
Втората вечер ќе започне со настапот на Гордан Спасовски, пијанист, аранжер и композитор на џез музика, со големо искуство и настапи на Европските џез фестивали и престижни џез клубови, кој на публиката ќе и го презентира албумот „Light Pillar “ и композиции од новиот материјал. Фактот што дел од триото се Виктор Филиповски и Кирил Туфекџиевски кои се дел од All Stars тимот на млади македонски џезери ни дава за право да очекуваме концерт што не смее да се пропушти. За бендот чиј албум "A Wave Returns to the Ocean" е вброен во листата на најдобри светски џез албуми има многу да се каже.  Светлост е музички колектив основан во 2014 година од Нинослав Спировски, Дени Омерагиќ и Кристијан Новковски.Пред две години имавме можност во Прилеп да ги гледаме како трио, а оваа година ќе ја имаме таа среќа да ги проследиме појачани со проширениот ансамбл Odron Ritual Orchestra. Публиката ќе има можност да се радува на фри џез звуците зачинети со ворлд мјузик. Петок  26 август 2022г
  • Гордан Спасовски ТРИО (Македонија)
  • SVETLOST+ODRON RITUAL ORCHESTRA (Македонија)
Последниот ден од фестивалот ќе ни се претстават гостите од Србија и Хрватска. Квратетот на тапанарот и композитор Александар Цветковиќ Драма ќе ни го презентира нивниот втор албум „Mindset“ кој е објавен во јавноста пред неполни месец дена.Бендот кој го сочинуват артисти од врвната српска џез сцена ќе не почести со фузија на звуци од традиционален џез, фјужн, рок и модерен џез. Предводена и формирана од берлинскиот саксофонист и композитор Гргур Савиќ, Vortex Four е акустична група од четири божествени музички луѓе кои ги изведуваат напишаните оригинални композиции, ја прифаќаат слободата, мелодичната моќ, хармонична радост и дух, ангажирајќи ја емпатијата и сочувството за луѓето и општеството. Vortex Four е квартет со двајца дувачи, без електрични инструменти, што произведува неверојатна количина на енергија, емоции и свежи идеи. Сабота  27 август 2022г
  • DRAMA QUARTET (Србија)
  • Grgur Savic&Vortex four (Хрватска)
Овие настапувачи се распоредени во 3 фестивалски денови, а во оф програмата предвидени се концерти на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука, како и во старата прилепска чаршија. 24 август 2022г Љубојна – концерт во старата Прилепска чаршија 28 август 2022г Next to Silence – концерт во Cafe&bar ONYX Недела 28 август 2022 „Кој тоа чука на Брбјанска Чука ?“  - музички перформанс на перкусионистот Гоце Наумов кој ќе се одржи на археолошкот локалитет Врбјанска Чука Прилеп џез викенд е веќе десет години домаќин на најдобрите имиња од македонската, балканската и на дел од европската џез сцена и е позициониран на картата на значајни музички манифестации, не само во Република Македонија, туку и еден од позначајните во регионот воопшто. Во изминатите години сите што настапија на неговата сцена, оставија белег во креирањето на фестивалската историја и извршија силно влијание врз прилепската публиката. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Општина Прилеп. Влезници за Prilep JAZZ Weekend  може да се купат на плоштад во #CityTobacco.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/od-chetvrtok-do-nedela-dzez-festival-vo-prilep-ova-e-programata/feed/ 0
Нема Џез Фестивал годинава: Министерството за култура несовесно ја гуши традицијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nema-dzez-festival-godinava-ministerstvoto-za-kultura-nesovesno-ja-gushi-tradicijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nema-dzez-festival-godinava-ministerstvoto-za-kultura-nesovesno-ja-gushi-tradicijata/#respond Mon, 08 Mar 2021 09:24:58 +0000 https://kurir.mk/?p=478819

2021 година без Скопски џез фестивал? Организаторите обелоденија скандал. Нема Џез Фестивал годинава, а министерката за култура не ги примила ни на 10 минути. Нивното соопштение ви го пренесуваме во продолжение:  Ве информираме дека одржувањето на јубилејното 40-то издание на фестивалот (20-24 октомври) е доведено во прашање и дека се прекинати сите подготовки за него. Имено, со вчудоневиденост ги прочитавме јавно објавените резултати на Министерството за култура по Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година од областа на музичко-сценската дејност, со кои на 40. Скопски џез фестивал драматично му се скратуваат средствата (слично и за ОФФест, кој исто така годинава одбележува јубилеј - 20 години), враќајќи ги на ниво од втората половина на деведесеттите години. Сосема е неприфатливо одеднаш драстично поинаквото вреднување на Скопскиот џез фестивал во однос на вреднувањето што се правело изминатите години. Особено што секоја година напоменуваме дека и со тие средства што сме ги добивале од Министерството се соочуваме со сериозни финансиски тешкотии во реализација на манифестацијата. Со објавените средства не е можно да се обезбеди зачувување на форматот, квалитетот и исклучително високото меѓународно ниво на фестивалот. Едноставно, не сме подготвени да го враќаме фестивалот назад во далечното минато, практично стартувајќи го од почеток, урнисувајќи ја неговата макотрпно градена највисока меѓународна репутација и претворајќи го во нешто друго. Нашиот дефинитивен и познат став е дека во ваков случај е подобро да ставиме точка на фестивалот одошто да го сведеме на настан од претежно локален или регионален карактер. Притоа, на ум го имаме долгогодишниот континуиран квалитет на Скопскиот џез фестивал, вклучувајќи ја и минатата година, кога во услови на пандемија, тој беше еден од ретките меѓународни џез фестивали кои го сочуваа полниот формат, во Европа оценет како хајлајт. Само еден краток поглед кон објавената програма (за споменатата дејност) е доволен да се увиди дека причините за ваквото скратување не треба да се бараат во недостигот на средства на Министерството за култура. Истовремено, не сметаме дека предмет на наш интерес треба да биде фактот дека објавените конкурсни услови и критериуми беа најлошо срочените досега од Министерството за култура. Ниту, пак, многу оправданото сомневање за однапред негативен пристап кон нашите проекти од страна на надлежната комисија, со сознанието дека, и покрај ветувањето, таа не нè удостои со побараното 10-минутно дообјаснување на проектите, што е нејзина должност. Во крајна линија, според сегашниот (а и идниот) Закон за култура, комисијата има советодавна улога, а одлуките за Годишната програма ги донесува министерот. По објавувањето на резултатите ние испративме допис до Министерството. Но, откако ќе го добиеме решението, секако ќе вложиме приговор. Во секој случај, останува нашата обврска на ова исто место да ве известиме за натамошната судбина на фестивалот. Овојпат нема да се воздржиме од искажувањето на едно наше чувство. Небулозите, надвор од секаков здрав разум, со кои во подолг период се соочуваме во релациите со Министерството за култура, од кои мал дел се познати на јавноста, за Скопскиот џез фестивал се веќе неподносливи. Се повторува, сега на друг начин, она што се случи пред две години, кога Скопскиот џез фестивал беше избришан од програмата поради „немање документи во апликацијата“ за да истите потоа се „пронајдат“, со натамошно долго чекање да се исправи „грешката“.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nema-dzez-festival-godinava-ministerstvoto-za-kultura-nesovesno-ja-gushi-tradicijata/feed/ 0
Дводневен Џез фестивал во Куманово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dvodneven-dzez-festival-vo-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dvodneven-dzez-festival-vo-kumanovo/#respond Fri, 20 Sep 2019 06:59:25 +0000 https://kurir.mk/?p=242676

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечер и утре ќе биде одржан традиционалниот џез фестивал. Двете фестивалски вечери почнуваат во 20:00 часот. Кумановци ќе имаат можност да уживаат во настапите на бендови од македонската сцена, Грција, Словенија и БиХ. Фестивалот го организира Институтот за наука, уметност, култура и спорт, а е поддржан од Министерството за култура. Директорот на фестивалот Марјан Стевановски изјави дека послениве три години се постигнува целта, афирмација на џез музиката и џез културата. -Иако бевме скептични изминативе години се покажа дека нашата публика има потреба за ваков вид музика, од тој аспект фестивалот премина во традиција со квалитативни и квантитативни елемнти во тој поглед. Цврсто веруваме дека фестивалот ќе продолжи да се реализира и во иднина, изјави Стевановски. Вечер ќе настапат Мacedonian Dixieland Jazz Orchestra и  Танос Ставридис Трио од Грција, а утре Васко Атанасовски Трио од Словенија и Аднан Тескерeџиќ од Босна и Херцеговина. Уметничкиот директор, Филип Ставновски истакна дека кумановци ќе имаат можност да слушнат квалитетна музика, со различни стилови на џез и интересна програма. Цената за влез е 100 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dvodneven-dzez-festival-vo-kumanovo/feed/ 0