џез – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Aug 2023 08:47:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png џез – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фестивал на „Џез, world и современа музика“ почнува во Велес: Погледнете ја богатата програма – ова издание е интернационално https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/festival-na-dhez-world-i-sovremena-muzika-pochnuva-vo-veles-poglednete-ja-bogatata-programa-ova-izdanie-e-internatsionalno/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/festival-na-dhez-world-i-sovremena-muzika-pochnuva-vo-veles-poglednete-ja-bogatata-programa-ova-izdanie-e-internatsionalno/#respond Wed, 30 Aug 2023 08:47:40 +0000 https://kurir.mk/?p=872377

Оваа година, “АРТ ГЕНЕРАТОР” со делегирана надлежност од Општина Велес е организатор на фестивалот за “Џез, World и Современа музика” по втор пат. Фестивалот е основан и финансиран од Општината. Фестивалот ќе трае 5 дена, а настаните се поделени од 1-ви до 13-ти септември. -На наша голема среќа уште второто издание станува интернационално. Ќе настапуваат групи од Хрватска, Грција, со гости од Германија, Австралија и се разбира Македонија, велат организаторите. Првата вечер на (01.09. 2023 год.) е предвидена за Jazz музика, настапуваат “ReelProblems” од Хрватска на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот - Велес, со почеток во 20:00 часот. По завршувањето на концертот, на паркингот на театар Џинот – Велес ќе настапи Бојан Чакра со DJ Vinyl set кој ќе биде пропратен со видео мапинг на Борче Конзулов. Втората вечер (02.09. 2023 год) е посветена на современата музика, настапуваат “КЕМ” и “Пијан Славеј” на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот - Велес, со почеток во 20:00 часот. По завршувањето на концертите, на паркингот на театар Ј.Х.К Џинот – Велес ќе настапи Андреја Салпе со DJ set, кој ќе биде пропратен со видео мапинг на Борче Конзулов. Третата вечер (03.09. 2023 год) е посветена на 80 годишнина од смртта на великанот на Велес, Коста Солев Рацин. Ќе има концерт на Dine Doneff: “Dine Doneff Nered music Trilogie” од Грција во три етапи. Првиот дел ќе се одржи во спомен Костурницата во Велес, со почеток 18:00 часот. Следните две етапи се на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот - Велес, со почеток во 20:00 часот. По завршувањето на концертот, на паркингот на театар Џинот – Велес ќе настапат: “AspirinMoon” музичко дуо со слем поетри, кои ќе бидат пропратени со визуелен перформанс на театар “Сенки и Облаци”. Четвртата вечер (06.09.2023 год) е резервирана за отворање на изложба на Фотини Потамиа и концерт на Бојан Петков - Шамба во Europe House Велес. Последната вечер (13.09.2023 год.) Затворање на изложбата и концерт на Dine Doneff и Јордан Костов во Europe House Велес. За целокупниот графички дизајн на фестивалот и оваа година се погрижи уметникот Филип Коруновски. -Со организирање на овој фестивал, имаме за цел да придонесеме децентрализација и деметрополизација на културата и уметноста и пласман на квалитетни соджини и затоа сметаме дека овој фестивал е од исклучителна важност за Велес, велат организаторите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/festival-na-dhez-world-i-sovremena-muzika-pochnuva-vo-veles-poglednete-ja-bogatata-programa-ova-izdanie-e-internatsionalno/feed/ 0
Револтиран скопјанец прекина концерт оти му го блокирале влезот со автомобил (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/revoltiran-skopjanec-prekina-koncert-oti-mu-go-blokirale-vlezot-so-avtomobil-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/revoltiran-skopjanec-prekina-koncert-oti-mu-go-blokirale-vlezot-so-avtomobil-video/#respond Mon, 02 May 2022 16:49:37 +0000 https://kurir.mk/?p=670804

На џез концерт во паркот „Ибни Пајко“ во Скопје кој пред два дена беше одржан по повод Меѓународниот ден на џезот, се случила комична сцена. При настап на еден бенд, на сцената се качил револтиран граѓанин, кој ја прекинал изведбата и побарал од присутните да го тргнат автомобилот, кој очигледно му пречел. -Ајде нека се тргне колата од таму, пред врата ја ставиле не можеме да искочиме, кажал граѓанинот на микрофонот. Музичарите од бендот немале реакција на ваквиот потег и само продолжиле со своето свирење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/revoltiran-skopjanec-prekina-koncert-oti-mu-go-blokirale-vlezot-so-avtomobil-video/feed/ 0
Охридскиот џез гитарист Четкар ја започнува својата мини турнеја во САД https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ohridskiot-dzez-gitarist-chetkar-ja-zapochnuva-svojata-mini-turneja-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ohridskiot-dzez-gitarist-chetkar-ja-zapochnuva-svojata-mini-turneja-vo-sad/#respond Sat, 11 Sep 2021 08:16:01 +0000 https://kurir.mk/?p=562271

Охридскиот џез гитарист Владимир Четкар ја почнува својата мини турнеја во Соединетите Американски Држави. После пауза од една година поради познатите причини наметнати од епидемијата на коронавирусот Четкар вечерва настапува во познатиот џез клуб „BOP STOP at the music settlement“ во Кливленд во сојузната држава Охајо. На вечерашниот и наредните два концерти Владимир Четкар ќе се претстави исклучиво со својата авторска музика. На концертите ќе го придружуваат најталентираните американски џез музичари од поновата генерација. Наредниот викенд Четкар го очекуваат уште два концерти и тоа на 18-ти во „Aretha’s Jazz Cafe at the Music Hall“ во Детроит, Мичиген како и на 19 септември во „Skadarliya“ клубот во Чикаго, Илиноис. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ohridskiot-dzez-gitarist-chetkar-ja-zapochnuva-svojata-mini-turneja-vo-sad/feed/ 0
Почина џезерот Чик Кореа https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-dzezerot-chik-korea/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-dzezerot-chik-korea/#respond Fri, 12 Feb 2021 07:37:38 +0000 https://kurir.mk/?p=467638

Џез-изведувачот Чик Кореа, кој инаку, е 23-кратен добитник на Греми наградата, почина од редок вид рак откриен неодамна, како што е објавено на неговата официјална Фејсбук страница. Тој имаше 79 години. Кореа активен во неколку музички жанрови: џез, џез-фузија, авангарден џез, латино џез и прогресивен рок. Чик Кореа починал во вторникот, на 9 февруари, а тажната вест е објавена синоќа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-dzezerot-chik-korea/feed/ 0
Го губи помнењето и не разбира каде е, американскиот пејач боледува од Алцхајмерова болест https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/go-gubi-pomnenjeto-i-ne-razbira-kade-e-amerikanskiot-pejach-boleduva-od-alchajmerova-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/go-gubi-pomnenjeto-i-ne-razbira-kade-e-amerikanskiot-pejach-boleduva-od-alchajmerova-bolest/#respond Tue, 02 Feb 2021 09:34:16 +0000 https://kurir.mk/?p=463031

Американскиот пејач Тони Бенет има Алцхајмерова болест, соопшти негов претставник денеска, откако пред извесно време успеа да сними нов албум со Лејди Гага, којшто треба да излезе наскоро. Музичарот има Алцхајмерова болест од 2016 година, но тогаш немал сериозни симптоми. -Сега тој почна да го губи помнењето и понекогаш не разбира каде е, но сепак ги препознава своите најблиски и е во состојба да разговара, иако веќе не може да дава интервјуа, рече Бенет. Бенет (94) роден во Њујорк, како Ентони Бенедето, се стекна со светска слава со песната „I Left My Heart in San Francisco“. Освои неколку музички Греми награди и сними повеќе од 100 албуми. Во 2014 година го сними и албумот „Cheek To Cheek“ со Лејди Гага, на којшто пејачката им се враќа на корените на џезот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/go-gubi-pomnenjeto-i-ne-razbira-kade-e-amerikanskiot-pejach-boleduva-od-alchajmerova-bolest/feed/ 0
„Џез во лозјето“ за крај на гроздоберот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dzez-vo-lozjeto-za-kraj-na-grozdoberot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dzez-vo-lozjeto-za-kraj-na-grozdoberot/#respond Tue, 08 Oct 2019 11:50:29 +0000 https://kurir.mk/?p=249185

Оваа среда, на 9ти октомври од 17 до 23 часот, бидете дел од културниот настан „Џез во лозјето“. Со оваа несекојдневна манифестација за прв пат на ваков начин ќе се одбележи крајот на гроздоберот во живописниот пејсаж на винаријата Шато Сопот, во срцето на Велешкото виногорје. Гостите ќе можат да уживаат во некои од најквалитетните вина во рустичниот и уникатен стил кој го нуди винаријата. Сите вина ќе бидат по специјална цена за настанот, а вино на вечерта ќе биде Каберне Совињон Резерва 2014. Ова вино е направено од грозје од сортата Каберне Совињон од сопственото лозје на Шато Сопот. Комплексно, со полно тело, меки зрели танини и богати овошни вкусови. Гостите ќе уживаат во џез репертоарот на три џез состави: Традаванда Квартет во состав Трајче Илиевски на гитара, Давид Скерлевски на клавијатури, Андреа Мирческа на контрабас и Дамјан Грујо на тапани. Млади инструменталисти, студенти од катедрата за популарни жанрови при Факултетот за музичка уметност од Скопје кои пукаат од енергија и ентузијазам на сцена. Репертоарот вклучува џез стандарди од свинг и бибоп ерата, звуци од 30-тите и 40-тите години на минатиот век. Квартетот на извонредниот Оливер Јосифовски, популарниот музичар на контрабас и основач на групата Љубојна. Го придружуваат фантастичната Лина Авшар, позната по нејзиниот моќен глас, како и по нејзините интерпретации на фанк-соул-џез стандарди и современа популарна музика, клавијатуристот Филип Димишковски, најдобар млад џез музичар за 2018 година и Александар Џигер Ванчовски на тапани. Тумбао Салса Бенд со десетчлен состав (Петар Ренџов- гитара, Сенад Усеин – труба, Ставре Ставрев – тапани, Горан Гешовски – бас, Кирил Кузманов – саксофон, Анче Наумовска – вокал, Мартина Христовска – вокал, Дамир Имери – пијано, Сашко Николовски - тромбон, Арсо Јаневски – перкусии). Тумбао Салса Бенд е носител на стилот латинџез кој успешно го имплементира вo традиционалната македонска музика и фолклор. Временската прогноза за оваа среда предвидува сончево и стабилно време со температура до максимални 23 степени, а вечерта ќе се спушти до 14 степени. Веројатноста за дожд и посилен ветер е многу мала. Времето е добро за Џез во лозјето (во надворешни услови), сепак препорачуваме топла облека. Настанот е на отворено, но достапен е и затворен дел. Шато Сопот препорачува одговорно конзумирање на вино на настанот и користење на превоз. Велес – Шато Сопот – Велес Превозник: Маро турс Цена на повратен билет: 100 ден. Поаѓање: 17:00, 18:00 и 19:00 часот пред маркет Жито Ване (попатно застанува Трговски, Ерик и Нама) Враќање: 22:45, 23:30 и 00:15 Скопје – Шато Сопот – Скопје Цена на повратен билет: 300 ден. Поаѓање: 16:45 и 18:30 часот пред Цветен пазар (кај Нова Македонија) Враќање: 22:45 и 24:00 часот Резервација на превоз преку порака на https://www.facebook.com/chateausopotmacedonia/ Влезот на „Џез во лозјето“ е бесплатен. Се разбира, претходно навреме направете си резервација, зашто просторот е сепак ограничен, а интересот огромен! Резервации на телефон 078 66 33 00. Настанот е поддржан од Министерство за Култура „Нов културен бран“ 2019 и Винаријата Шато Сопот, а организатор е здружението Базилика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dzez-vo-lozjeto-za-kraj-na-grozdoberot/feed/ 0
Концерт на отворено: „Мала Италија патува” по петти пат со латино и џез звуци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-otvoreno-mala-italija-patuva-po-petti-pat-so-latino-i-dzez-zvuci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-otvoreno-mala-italija-patuva-po-petti-pat-so-latino-i-dzez-zvuci/#respond Mon, 02 Sep 2019 10:39:39 +0000 https://kurir.mk/?p=236018

Единствениот музички настан кој на едно место ги спојува прекрасните италијански, француски, латино и џез звуци, се враќа пред домашната публика овој септември. На 18.09.2019 година, под отворено небо, на платото „Мајка Тереза” пред Националната Опера и Балет, публиката повторно ќе има можност да ужива во изведбата на Павле Камилоски. Овој музички настан, единствен од ваков тип, по јубилеен петти пат ќе им пружи на љубителите на овој вид музика уште една извонредна вечер исполнета со емоции и уживање. Изведувачот кој воедно е и иницијатор на овој проект, кој полека прераснува во традиција, е најзаслужен за се поголемиот успех на оваа манифестација. Павле со својата огромна љубов кон музиката и изведбата на шансони, канцони и безвременските џез песни, ќе и подари на публиката уште едно повеќечасовно уживање, кое ќе ги разигра сите ваши сетила. Билетите за овој концерт може да се купат на следниот линк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-otvoreno-mala-italija-patuva-po-petti-pat-so-latino-i-dzez-zvuci/feed/ 0
Белопета: Современ џез и музичари кои доаѓаат специјално за фестивалот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/belopeta-sovremen-dzez-i-muzichari-koi-doagjaat-specijalno-za-festivalot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/belopeta-sovremen-dzez-i-muzichari-koi-doagjaat-specijalno-za-festivalot/#respond Mon, 15 Oct 2018 13:17:38 +0000 https://kurir.mk/?p=115180

Скопски џез-фестивал годинава е ориентиран кон современиот џез, а музичарите што ќе учествуваат  специјално ќе дојдат за фестивалот и нивните концерти, освен на Дејвид Мареј, не се дел од турнеи. Тоа се главните одлики по кои годинашниот, 37-ми фестивал, се разликува од минатите изданија. - И џезот си има свои трансформации и во последните години тенденција во џезот е импровизацијата и креативната музика. Затоа и програмата е потешка и, главно, се потпира на импровизација - не во негативна смисла, туку тоа се послободни форми на џезот. А за таква широка понуда и програмска ориентација ги имаме клучните луѓе, рече директорот на СЏФ Оливер Белопета попладнево на прес-конференција, соопштувајќи детали за програмата која фестивалот веќе ја соопшти. Фестивалот ќе почне в четврток во Македонската опера и балет со настап на најдобриот британски џез-пијанист денес - Александер Хокинс, кој ќе дојде од Лондон во Скопје само за еден пијано џез-рецитал. По него е славниот американски саксофонист Дејвид Мареј со неговиот квартет кој заедно со раперот и поет Сол Вилијамс ќе претстават проект „Blues for Memo“. Тројца познати гитаристи - „гитарски гуруа“, како што рече Белопета, ќе гостуваат на џез-фестивалот во Скопје - Бразилецот Арто Линдзи кому ќе му се придружи норвешкиот тапанар Паал Нилсен-Лав, кој и е познат на скопската публика, Трстон Мур - некогашниот фронтмен на „Соник јут“ (Sonic Youth), и Брендон Рос - предводник на култната њујоршка тројка „Хариет Табман“ (Harriet Tubman) кои ќе настапат в петок. Ексклузивен настан ќе биде и единствена европска аудиовизуелна изведба на проектот „Reflections and Meditations on Monk“ на трубачот Вадада Лео Смит, кој од Њујорк доаѓа, исто така, специјално за настапот в петок. Белопета рече дека и по 50 години кариера тој е се уште еден од најкреативните современи џез-музичари. Со ексклузивни концерти ќе се претстават и данската саксофонистка Мете Расмусен, уникатниот многуброен женски вокален состав „Трондхејм војсис“ (Trondheim Voices) со својот впечатлив аудиовизуелен перформанс, како и специјалното трио на португалската трубачка ѕвезда Сузана Сантош Силва со извонредниот холандски саксофонист, кларинетист и композитор Аб Баарс и со чикашката легенда Хамид Дрејк. Од Финска, пак, за еден концерт доаѓа возбудливото и динамично џез-трио „Мопо“ (Mopo). На последната фестивалска вечер (21 октомври)  Тони Китановски со концерт ќе одбележи 30 години музичка кариера. Во првиот дел од вечерта тој ќе настапи со својот најнов проект - квинтетот „Панда“, промовирајќи го во живо новиот албум „Big City Scare”, а во вториот дел ќе му се придружат неколку негови музички пријатели и соработници. Цедето ќе биде промовирано вечер во „Менада“ од 20.30 часот. Утревечер од 19 часот во кафе „Винил“ пак, ќе биде доделена наградата „Златен орикс“ за најдобар млад џез-музичар во 2018 година, а добитник годинава е Филип Димишковски.  В четврток, кога почнува СЏФ, во соработка со Музејот на Македонија и Музејот на африканската уметност во Белград ќе биде отворена изложбата „Духовите на Африка - ритуална западноафриканска уметност“. Фестивалот од 18 до 21 октомври ќе има четири концерти од 20 часот  во Македонската опера и балет и три полноќни во Дансинг салата на Младинскиот културен центар. - Ако некој праша зошто се одлучуваме за Македонската опера и балет, а не за Филхармонија, и покрај капацитетот што повеќе ни одговара, причината е една и единствена - многу лошата акустика во новата сала на Филхармонијата, рече Белопета. Фестивалот е под покровителство на Министерството за култура и Град Скопје и е организиран со поддршка на спонзори. Авторка на плакатот за годинашното издание е Јана Мишева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/belopeta-sovremen-dzez-i-muzichari-koi-doagjaat-specijalno-za-festivalot/feed/ 0
Концерт на џез-музичарот Феми Кути со Филхармонијата во Градскиот парк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-dzez-muzicharot-femi-kuti-so-filharmonijata-vo-gradskiot-park/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-dzez-muzicharot-femi-kuti-so-filharmonijata-vo-gradskiot-park/#respond Thu, 07 Jun 2018 06:12:53 +0000 https://kurir.mk/?p=63112

Македонската филхармонија вечер од 21 часот во Градскиот парк ќе одржи концерт со познатиот африкански џез-музичар Феми Кути, кој во Скопје доаѓа со неговиот бенд „Позитив форс“. Со овој концерт, кој е под покровителство на Град Скопје, Филхармонијата официјално ја завршува концертната сезона. Кути повторно ќе гостува со бендот „Позитив форс“ со кој гостуваше и на Скопски џез-фестивал во 2004 година, но овојпат ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија под отворено небо и под диригентство на  Џијан Емин кој ги направи оркестарските аранжмани на композициите. Музиката на Кути, во која се соединуваат афро-ритмите со џезот и класичната музика, првпат во светот ќе биде изведена  за симфониски оркестар. - Првпат работам со симфониски оркестар и секогаш сум сонувал за ова. Почнавме со овој проект уште пред две години и ова е еден од моите најголеми проекти. Музиката е јазикот на универзумот и соработката со Џијан беше лесна. Мислам дека овој проект ќе успее на меѓународната сцена, луѓето ќе бидат шокирани, среќни, емотивни кога ќе ја слушнат музиката, рече Кути на прес-конференција по повод вечерашниот концерт. Нигерискиот музичар роден во Лондон, кој повеќе од 30 години е на музичката џез-сцена, а е познат и како борец за човекови права, истакна дека првиот негов концерт со симфониски оркестар е  веројатно најголемата работа што ја прави во животот, благодарение на Џијан Емин кој, рече, ја познава неговата работа и согледал дека неговата музика може да звучи добро со симфониски оркестар. - Затоа јас него го нарекувам брат, затоа што тој знаеше дека е ова вистинска работа, а јас сум среќен што не ја испуштив оваа ретка и прекрасна можност, истакна Кути. Џијан Емин додаде дека од сите можеби е тој самиот најмногу среќен за настанот. -  Бев на концертот на Феми Кути пред 14 години во Скопје и за мене тоа беше неверојатно доживување. Драго ми е што оваа идеја стигна до реализација, истакна Емин. Феми Кути е познат како најстар син на Фела Кути - пионерот на афробитот, но иако ја продолжил патеката трасирана од неговиот татко, создал сопствен израз на музицирање кој го прави автентичен и единствен. Неговите почетоци со музиката се од раните 1980-ти години и се поврзани со легендарниот Фела Кути и членувањето во неговиот бенд „Египет 80“. Во 1995 година Феми го објавил првиот албум и од тогаш концертира ширум светот и особено е познат и впечатлив по неговите настапи во живо. Во 2010 година го издаде албумот „Africa for Africa“, за кој беше номиниран за престижната награда „Греми“. Годинава го издаде албумот „One People One World“. - Со миксот од т.н. енергетски набиен фанк, џез, реге и традиционални африкански ритми, Феми Кути во своите песни зборува за политичката корупција, сиромаштијатата, лошите животни услови во родната Нигерија, како и во светот, диктаторскиот режим... Неговата музика се занимава со политичкиот и социјалниот аспект на живеење, со општествениот ангажман, носи силни пораки и токму тие се врзивната точка меѓу таткото и синот. Феми Кути, всушност, ја следи сличната филозофија на она што го втемели Фела Кути и затоа неговата музика инспирира и има за цел да го промени и да го мотивира африканскиот народ, наведува Филхармонијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-dzez-muzicharot-femi-kuti-so-filharmonijata-vo-gradskiot-park/feed/ 0