Џезаир Шакири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 May 2018 11:05:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џезаир Шакири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Командант Хоџа ќе биде обесштетен за раскинувањето на советничкиот договор со Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komandant-hodza-kje-bide-obesshteten-za-raskinuvanjeto-na-sovetnichkiot-dogovor-so-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komandant-hodza-kje-bide-obesshteten-za-raskinuvanjeto-na-sovetnichkiot-dogovor-so-vladata/#respond Mon, 14 May 2018 11:04:13 +0000 https://kurir.mk/?p=53934

Џезаир Шакири, познат како Командант Хоџа ќе добие износ во пропорционален сооднос со траењето на неговиот договор, појасни портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, на прашањето од „Мета“ дали на Шакири ќе му биде исплатен надомест, односно плата за неговиот ангажман во Владата. Од Владата пред една седмица наведоа дека поранешниот командант на ОНА и човекот што важеше за „господар“ на Танушевци, и неколкупати по воениот конфликт во 2001 година даваше милитантни и радикалистички изјави, бил ангажиран како специјален советник на премиерот Зоран Заев како надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот. Инаку, за тоа беше предвидена плата од 36.000 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komandant-hodza-kje-bide-obesshteten-za-raskinuvanjeto-na-sovetnichkiot-dogovor-so-vladata/feed/ 0
Заев задоволен од Командант Хоџа: Коментарите на јавноста го погодија Шакири, но не и премиерот на државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-zadovolen-od-komandant-hodza-komentarite-na-javnosta-go-pogodija-shakiri-no-ne-i-premierot-na-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-zadovolen-od-komandant-hodza-komentarite-na-javnosta-go-pogodija-shakiri-no-ne-i-premierot-na-drzavata/#respond Fri, 11 May 2018 13:55:59 +0000 https://kurir.mk/?p=52998

Реакциите и барањата од јавноста стигнаа до ушите на Џезаир Шакири, познат како Команадант Хоџа, но не и до ушите на премиерот Зоран Заев. Командант Хоџа по острите реакции околу неговото поставување како советник во Владата на Зоран Заев и СДСМ, реши да поднесе оставка. И самиот Зоран Заев денеска во изјава потврди дека оној на кој му пречеле коментарите од јавноста е Шакири. -Шакири ми кажа дека денеска ќе соопшти дека ќе се повлече од позицијата поради реакциите во јавноста. Тој вели дека и него му пречат реакциите и ќе се повлече затоа што си ја сака државата – изјави Заев од Охрид. Премиерот Заев во својата изјава, никаде не кажа дека коментарите на голем број граѓани не му пречат на него. Тој пред неколку дена изјави дека Шакири може да му биде од помош доколку се појават одредени екстремистички или радикални групи на територијата каде што живее, каде што го познавал теренот, а можел да помогне и во градењето на концептот „едно општество за сите“. -Тој е граѓанин на Република Македонија. Во делот на севкупната ресоцијализација или консолидација во нашето општество и во  врска со концептот едно општество за сите, јас не ги делам граѓаните на Македонија. Апсолутно верувам дека секој може да биде ангажиран некаде како соработник, некаде како советник, некаде директно вработен во јавните институции ако може да помогне, изјави Заев. Шаќири кој според собраниската биографија има само средно образование, на функцијата надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот, за потребите на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија, ќе заработува плата од 36.000 денари или 600 евра. Премиерот оваа одлука за високата плата на Командант Хоџа ја оправда со тоа дека тој имал многудетно семејство кое требало да го издржува. Изјавата на Заев дека го вработил Шаќири за да зема „плата за лепче за многудетното семејството“, ја демантираше самиот Командант Хоџа, кој денеска во изјава за МИА потврди дека ја напушта функцијата. -Причината за тоа лежи во фактот дека медиумите во Македонија кренаа преголема врева за ова назначување. Единствениот политичар во Македонија што ми укажал некаква шанса е премиерот Зоран Заев и тој единствено ја има мојата почит. Не сакам заради ова Македонија да трпи на својот пат за ЕУ и НАТО. Ако мислеа дека ми е до тие пари, се лажат. Еве им ги назад, не ми се потребни, изјави Шакири. Инаку, освен коментарите на јавноста кои очигледно не му сметаат на Заев, исто така не му сметаат ниту коментарите од меѓународните дипломати. Пред само неколку дена реакција за одлуката од „Илинденска“ пристигна и од Американската амбасада во Скопје, од каде посочија дека се загрижени поради именувањето на двајца советници на Заев, Љубе Бошковски како советник за привлекување на странски инвестиции и Џезаир Шаќири – Хоџа за советник за борба против радикализмот, бидејќи и двајцата се наоѓале на црната листа на САД. На прашање за ставот на Американската амбасада од ТВ21 се наведува дека ја изразиле загриженоста до Владата на Заев и дека со фактот дека овие високи функционери во владата се наоѓаат на црната листа, ова претставува ненадминлива пречка  за работниот однос меѓу владата и амбасадата. -Ние ја изразуваме нашата загриженост до Владата на РМ бидејќи сметаме дека назначувањето на одредени функционери претставува проблем. На претставниците на американската амбасада во Скопје им се забранува да имаат работна со луѓе што се на листа на контрола на странски имот да одредени државјани како и блокирани лица, се вели во одговорот на амбасадата на САД. Инаку, покрај коментарите од граѓаните и експертската јавност беше зачудена од одлуката на Заев, како свој советник да го постави Шакири. Во разговор за „Независен весник“ новинарот и политиколог Џенур Исени, иако не верува дека, особено Џезаир Шаќири и Љубе Бошковски се вработени според системот на заслуги, сепак е убеден дека премиерот Заев има добри причини поради кои ги направил овие потези. -Во контекст на интелектуалниот капацитет на најновите специјални советници во кабинетот на премиерот Заев, тие немаат никаква допирна точка со заслугите и исполнувањето на условите. Можеби едниот има заслуги поради геноцидот над Албанците во 2001 година, и можеби поради ова е награден токму со таа функција. Што се однесува до вториот советник, никој не ги оспорува неговите заслуги во војната во 2001 година додека ги бранеше боите на ОВК, но ги знаеме неговите образовни капацитети. Да не претерам, но ова лице допирна точка со образованието имаше само додека јадеше ‘супа со букви’. Сепак, убеден сум дека премиерот Заев не го вработил без некој интерес што вработениот треба да го исполни. Но, за што точно се работи, многу брзо ќе покаже времето, но во овој случај не се работи за вработување според заслуги, рече Исени. Со реакција околу поставувањето на Командант Хоџа излезе и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој кажа дека лична работа на Заев е желбата да му помогне на шакири, дека двајцата дека делат иста идеологија и исти вредности, но кажа дека тоа што се политички истомисленици и постигнале некаков меѓусебен договор, не му дава на Заев за право да го вработува на висока функција во владата и да го плаќа со пари на граѓаните. -Но, тука е важна и една друга порака. Се уште немаме одговор на прашањето кој го заробил, и кој го ослободил Танушевци, и зошто доколку било тоа така надлежните органи не реагирале и не ја известиле јавноста. И суштинската дилема останува, доколку некој се дрзне да направи некое незаконско дело, нападне полиција или нешто слично, наместо да биде санкциониран добива место во Владата. Ова е случај каде се рушат вредности, а преседанот станува правило, рече Мицкоски и додаде: „Предупредувам, дека е исклучително опасно ваков човек да биде поставен на така висока и чувствителна функција. Човекот е на американската црна листа, а сега треба да добива информации кои се државна тајна и да советува околу безбедноста. Го повикувам премиерот Зоран Заев да го раскине договорот за вработување на Џезаир Шакири во Владата и доколку толку многу сака да помогне можеби е добро да го вработи во неговата семејна компанија Тотал инженеринг. Убеден сум дека чесните граѓани на Македонија не би сакале да  финансираат некој што се заканувал и велел дека доколку имал оружје, Македонците ќе ги протера од овие простори“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-zadovolen-od-komandant-hodza-komentarite-na-javnosta-go-pogodija-shakiri-no-ne-i-premierot-na-drzavata/feed/ 0
Стоилковски: Командант Хоџа чие име се поврзуваше со убиство на полициски службеник не смее да има допир со државни тајни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-komandant-hodza-chie-ime-se-povrzuvashe-so-ubistvo-na-policiski-sluzbenik-ne-smee-da-ima-dopir-so-drzavni-tajni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-komandant-hodza-chie-ime-se-povrzuvashe-so-ubistvo-na-policiski-sluzbenik-ne-smee-da-ima-dopir-so-drzavni-tajni/#respond Tue, 08 May 2018 11:33:43 +0000 https://kurir.mk/?p=51486

„Со степен државна тајна се класифицираат информации или материјали чие неовластено откривање или употреба би можело да им наштети на трајните интереси на Републиката и со тоа директно да го загрозат уставниот поредок, независноста и територијалниот интегритет на Републиката, да ја загрозат внатрешната стабилност на Републиката и директно да доведат до масовни човечки губитоци“. Ова е членот 2 од Уредбата за административна безбедност на класифицирани информации, кој укажува на ризиците од поставувањето на командант Хоџа на висока функција во владата, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција. Стоилковски нагласи дека ова е опасноста со која што државата ќе се соочи доколку Хоџа добие безбедносен сертификат. -Затоа Џезаир Шакири, новиот советник на Зоран Заев за безбедност и за борба против радикализмот, не смее да добие сертификат кој што се однесува на безбедноста во државата. Лице чие што име се поврзуваше со убиство на полициски службеник не смее да има допир со државни тајни. Во еден друг член, членот 38, од Законот за класифицирани информации, како услов за добивање на ваков сертификат меѓу другото се наведува: „Активностите на лицето да не укажуваат на постоење безбедносен ризик за користење на класифицирани информации“. Со ваков безбедносен сертификат со степен на државна тајна ќе се стекне новиот советник, или како што велат од владата „Надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борбата против радикализмот, за потребите на Канцеларијата на Претседателот на Владата“. Со ваков сертификат треба да се стекне советникот на Заев, Командант Хоџа, човек кој што се наоѓа на црната листа на САД, за кого постојат сомнежи дека е вмешан во убиство на полициски службеник и лице барано со меѓународна потерница, посочува партискиот портпарол. Тој вели дека секој обид да му се дозволи на таканаречениот Командант Хоџа, кој што се бараше со меѓународни потерници, пристап до доверливи информации од полицијата и војската е казниво и претставува понижување на сите припадници на безбедносните сили кои што ги дале сопствените животи за безбедноста на државата. -Дали Зоран Заев е свесен за своите намери и постапки кои водат до тоа да му се даде безбедносен сертификат на човек кого Соединетите Американски Држави, го прогласиле како опасен по безбедноста заради неговото терористичко делување? Недозволиво е човекот кој е на црна листа на САД и е лице барано со меѓународна потерница да има допир со информации од витален карактер за македонската безбедност и државност. Доколку Зоран Заев навистина се грижи за егзистенцијата на Командантот Хоџа, тој може да го вработи во една од неговите фирми, но не и на место советник за безбедност на премиерот и да му ги даде на располагање сите државни тајни. Позицијата советник за безбедност не е функција за згрижување на луѓе со слаба материјална положба, туку одговорна позиција. ВМРО-ДПМНЕ бара одговор за ангажирањето на Командантот Хоџа, бара ангажирањето негово веднаш да биде раскинато. ВМРО-ДПМНЕ инсистира надлежните органи веднаш да отворат истрага и да го повикаат Командант Хоџа да ги објасни како тоа го заробил Танушевци? Дали навистина е вистинито тврдењето на Хоџа дека советничкото место е замена за ослободување на селото? Кои се другите негови соучесници и каде е оружјето со кое што го заробиле селото?, прашува Стоилковски. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека пораката која што Заев ја испраќа кон сите идни криминалци и прекршители на законите, е поразителна. -Тој практично ги повикува сите да се конфронтираат со државата за да добијат функции. На незаконието мора да му дојде крајот. Ова понижување на државата мора да запре. Државата и граѓаните заслужуваат подобро, нагласува Стоилковски на денешната прес-конференција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-komandant-hodza-chie-ime-se-povrzuvashe-so-ubistvo-na-policiski-sluzbenik-ne-smee-da-ima-dopir-so-drzavni-tajni/feed/ 0