Џезаир Шаќири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 13 May 2018 13:16:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џезаир Шаќири – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стоилковски: Како виновник за „Сопот“, Хоџа го посочи Верушевски- институциите мора да поведат истрага https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-kako-vinovnik-za-sopot-hodza-go-posochi-verushevski-instituciite-mora-da-povedat-istraga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-kako-vinovnik-za-sopot-hodza-go-posochi-verushevski-instituciite-mora-da-povedat-istraga/#respond Sun, 13 May 2018 13:10:40 +0000 https://kurir.mk/?p=53697

Зоран Заев ја посрамоти Република Македонија со доделувањето на висока функција на Џезаир Шаќири Хоџа. Како што самиот кажа, Заев имал голема доверба во командантот Хоџа, заради неговите компетенции на терен! Зад одлуката на Заев да го именува Хоџа за советник за безбедност застанаа и министрите Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска. Тие не гледаа ништо контроверзно во именувањето на Хоџа. Голем дел од пратениците и функционерите на СДСМ му го честитаа изборот нарекувајќи го Командант на Владата, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција. -Истиот Хоџа, пред да биде именуван во Владата излегуваше со сериозни тврдења дека друг, сега актуелен советник на Зоран Заев, стои зад случајот „Сопот“. Како виновник за „Сопот“ Хоџа го посочи советникот за национална безбедност во Владата, Зоран Верушевски. Според информациите на советникот Хоџа, советникот Верушевски во тоа време учествувал во организирање на терористички акти со подметнување на бомби во кои загинале цивили, припадници на македонската армија, па дури и НАТО војници. Погледнете и слушнете што зборува Хоџа во медиумите, не толку одамна пред да биде именуван од Заев, рече тој и додаде: „Да потсетиме, во 2003-тата година двајца припадници на полскиот контигент на НАТО и едно цивилно лице загинаа, а двајца преведувачи беа повредени во експлозија на локалниот пат Сушево - Сопот. Тоа предизвика тензии на безбедносен и меѓуетнички план. Во 2010-та година се слушна пресудата за „Сопот“, 11 жители на селото беа прогласени за виновни и осудени на вкупна казна од 150 години затвор. СЈО на Катица Јанева во 2016 година го побара случајот „Сопот“ во своја надлежност, по што се откажа од гонење на обвинетите за тероризам, бидеќи немало доволно докази и тие беа ослободени од затвор“. Државните институции, подвлече Стоилковски, сега за ова сведочење мора да поведат истрага за наводите на Хоџа, особено заради тоа што истиот имаше целосна доверба од Заев кој и самиот тврдеше дека Хоџа добро го владеел теренот и имал веродостојни информации. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-kako-vinovnik-za-sopot-hodza-go-posochi-verushevski-instituciite-mora-da-povedat-istraga/feed/ 0
ВИДЕО: Заев за советник си избрал човек кој се залага за федерализација на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-zaev-za-sovetnik-si-izbral-chovek-koj-se-zalaga-za-federalizacija-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-zaev-za-sovetnik-si-izbral-chovek-koj-se-zalaga-za-federalizacija-na-makedonija/#respond Sat, 12 May 2018 08:25:36 +0000 https://kurir.mk/?p=53331

Џезаир Шаќири, познат како командант Хоџа е лицето кое Зоран Заев си го вработи како свој советник.  Под остар притисок од јавноста и медиумите, Шаќири вчера соопшти дека се повлекува од оваа функција. Сепак, останува прашањето кој дозволи овој човек да влезе во кабинетот на Заев? Според информациите кои допреа до медиумите, Зоран Заев лично ги бирал своите советници, меѓу кои и командант Хоџа, човек кој јавно се залага за федерализација на Македонија. -Мене ми се допаѓаат идеите на НДП и на Зијадин Села каде што велат стоп, до сега сте правеле што сте правеле со Албанците во Македонија, сега да одиме со федерализација на Македонија. И тоа се идеи за поздравување кои треба да се поддржат, вели човекот кого Заев го назначи за советник. Новинарот го прашува Шаќири: „Што значи федерализација, отцепување“? -Не, отцепување не се дозволува без меѓународната заедница која одлучува, но во рамките на шаховските коцки можеме да бараме федерализација, конфедерализација. Тоа се примери со кои дури и државите од европската заедница кога имале конфликти меѓу две националности ги стагнирал понатамошните проблеми. Јас лично, како единствен избор го гледам федерализирањето на Македонија, истакнува командант Хоџа. Да потсетиме, деновиве објавивме повеќе скандалозни изјави од овој човек. Така, човекот кој Заев си го избра за советник, предлага паралелни институции и соединување на Македонија кон Албанија. Порачуваше и дека Албанците во Македонија треба да војуваат со Македонците. Најсилни реакции кај јавноста јавија неговите изјави дека е горд на терористите кои кај Диво Насеље убија 8 и ранија над 30 припадници на македонските безбедносни сили. За командантите вели дека е горд на нив и сега му се другари. -Јас сум горд што ми биле другари, се бореле како лавови. Биле предадени и сепак издржале се до последен момент онака како што им доликува на јунаците слични на Мит Соколи на нашата нација, рече тој во интервју за KTV. Човекот кој Заев си го избра за советник искажува своевидна гордост за пукањето кон големиот број на припадници на македонските безбедносни сили во тоа време. -Да кажам само еден пример, единицата Тигри има 520 припадници кои што важат за најсилни и најтренирани во Македонија. Од нив 8 се убиени и 37 ранети. Ако ги поделиш излегува дека 10 % од најсилната полициска единица во Македонија се елиминираше. Да не зборуваме за деморализирање на останатите кои, според информациите што ги имаме се со големи трауми, истакна командант Хоџа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-zaev-za-sovetnik-si-izbral-chovek-koj-se-zalaga-za-federalizacija-na-makedonija/feed/ 0
По реакциите од јавноста Командант Хоџа се повлекува од советничката функција во Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-reakciite-od-javnosta-komandant-hodza-se-povlekuva-od-sovetnichkata-funkcija-vo-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-reakciite-od-javnosta-komandant-hodza-se-povlekuva-od-sovetnichkata-funkcija-vo-vladata/#respond Fri, 11 May 2018 10:17:14 +0000 https://kurir.mk/?p=52982

Реакциите на експертите и јавноста вродија со плод, Џезаир Шаќири, познат како Командант Хоџа ќе се повлече од советничкото место во Владата на Република Македонија. Иако премиерот кажа дека Командант Хоџа може да му биде од помош, сега најави дека по острите реакции од јавноста Шаќири ќе се повлече од местото кое му беше доделено. Заев кажа дека сам изразил желба да се повлече од премиерскиот кабинет. -Шакири ми кажа дека денеска ќе соопшти дека ќе се повлече од позицијата поради реакциите во јавноста. Тој вели дека и него му пречат реакциите и ќе се повлече затоа што си ја сака државата – изјави Заев од Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-reakciite-od-javnosta-komandant-hodza-se-povlekuva-od-sovetnichkata-funkcija-vo-vladata/feed/ 0
Заев не го интересира загриженоста на граѓаните и американска амбасада за именувањето на Командант Хоџа за советник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ne-go-interesira-zagrizenosta-na-gragjanite-i-amerikanska-ambasada-za-imenuvanjeto-na-komandant-hodza-za-sovetnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ne-go-interesira-zagrizenosta-na-gragjanite-i-amerikanska-ambasada-za-imenuvanjeto-na-komandant-hodza-za-sovetnik/#respond Fri, 11 May 2018 07:54:35 +0000 https://kurir.mk/?p=52889

Реакциите и револтот од страна на граѓаните по именувањето на Џезаир Шаќири – алијас командант Хоџа за советник за безбедност и борба против радикализмот во владата на Зоран Заев, не стивнуваат. Пред само неколку дена реакција до „Илинденска“ пристигна и од  Американската амбасада во Скопје, посочувајќи дека се загрижени за именување на двајцата советници на Заев, Љубе Бошковски како советник за привлекување на странски инвестиции и Џезаир Шаќири – Хоџа за советник за борба против радикализмот, бидејќи и двајцата се наоѓале на црната листа на САД. На прашање за ставот на Американската амбасада од ТВ21 се наведува дека ја изразиле загриженоста до Владата на Заев и дека со фактот дека овие високи функционери во владата се наоѓаат на црната листа, ова претставува ненадминлива пречка  за работниот однос меѓу владата и амбасадата. -Ние ја изразуваме нашата загриженост до Владата на РМ бидејќи сметаме дека назначувањето на одредени функционери претставува проблем. На претставниците на американската амбасада во Скопје им се забранува да имаат работна со луѓе што се на листа на контрола на странски имот да одредени државјани како и блокирани лица, се вели во одговорот на амбасадата на САД. Според одредени неофицијални информации кои ги пренесуваат дел од медиумите незадоволство има и од страна на коалициониот партнер на СДСМ, Демократската унија за интеграција, поради ваквата одлука на Заев. Но зошто се уште премиерот Зоран Заев не реагира на незадоволството, реакциите и револтот  од страна на граѓаните и укажувањата на Американската амбасада, отвора дилема дали Заев е уценет и поради тоа ги вдомува и дели високи функции од „ракав“ на грб на народни пари. За потсетување Џезаир Шеќири Хоџа е еден од првите команданти на т.н. ОНА, уште од време на настаните околу с. Танушевци. Подоцна е активен и во кумановско липковскиот регион и во с. Арачиново.  Се работи за лице исламско-фундаменталистички фанатик и лице поврзано со директно извршување убиство на припадник на МВР во ТЦ. Чаирчанка Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ne-go-interesira-zagrizenosta-na-gragjanite-i-amerikanska-ambasada-za-imenuvanjeto-na-komandant-hodza-za-sovetnik/feed/ 0
Советникот на Заев: Секако дека Албанците имаат причина да војуваат со Македонците (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnikot-na-zaev-sekako-deka-albancite-imaat-prichina-da-vojuvaat-so-makedoncite-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnikot-na-zaev-sekako-deka-albancite-imaat-prichina-da-vojuvaat-so-makedoncite-video/#respond Thu, 10 May 2018 11:41:40 +0000 https://kurir.mk/?p=52527

Командант Хоџа, кого премиерот Зоран Заев го вработи во Владата како негов советник, смета дека Албанците треба да војуваат со Македонците. Џезаир Шаќири, алијас Командант Хоџа кој е именуван за советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, во интервју за KTV одговара на прашањето: Дали моментално Албанците во Македонија имаат причина за да војуваат со Македонците? -Секако, вели тој. Новинарот потоа го прашува Шаќири „Дали тоа е единствениот начин на кој Албанците можат да ги добијат нивните права?“, на што тој одговара: -Не, не, не е единствен начин бидејќи не сме во можност да војуваме и ќе треба да почекаме затоа што имаме проблеми со нашите политичари кои попрво гледаат да не му расипуваат ќеиф на Никола Груевски и Али Ахмети отколку да ги бранат интересите на народот кој е напатен, вели тој во интервју дадено во 2015-та година за KTV. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnikot-na-zaev-sekako-deka-albancite-imaat-prichina-da-vojuvaat-so-makedoncite-video/feed/ 0
Како им е на семејствата на загинатите кога гледаат дека Хоџа е советник на Заев? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-im-e-na-semejstvata-na-zaginatite-koga-gledaat-deka-hodza-e-sovetnik-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-im-e-na-semejstvata-na-zaginatite-koga-gledaat-deka-hodza-e-sovetnik-na-zaev/#respond Wed, 09 May 2018 13:32:48 +0000 https://kurir.mk/?p=52131

Именувањето на Џезаир Шаќири, алијас Командант Хоџа за советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, не престанува да ја бранува јавноста. Осуди стигаат од сите страни, но истите како да не допираат до претседателот на Владата. Дури и од амбасадата на САД изразија загриженост што лица кои се на црната листа на Стејт Департентот се именуваат за функционери во власта, пишува Нетпрес. Заев, меѓу другите оправдувања за ваквиот потег, на назначувањето на Хоџа за советник се обиде да му даде хумана димензија, па изјави дека командантот Хоџа е вработен во Владата за да заработи плата и да го прехрани своето многубројно семејство. Но дали Заев се прашал себе си како им е на семејствата на загинатите бранители, дали нивните деца има кој да ги прехрани и школува. Како им е на родителите, сопругите, сестрите, браќата на паднатите војници и полицајци додека го гледаат Шаќири како илегува од Владата и се фали со новото работно место? Во конфликтот од 2001 година во кој загинаа 75 припаднции на македонските безбедносни сили, Командант Хоџа беше еден од командантите на ОНА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-im-e-na-semejstvata-na-zaginatite-koga-gledaat-deka-hodza-e-sovetnik-na-zaev/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ инсистира договорот од Владата за ангажирање на Џезаир Шаќири да биде веднаш раскинат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-insistira-dogovorot-od-vladata-za-angaziranje-na-dzezair-shakjiri-da-bide-vednash-raskinat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-insistira-dogovorot-od-vladata-za-angaziranje-na-dzezair-shakjiri-da-bide-vednash-raskinat/#respond Wed, 09 May 2018 12:02:15 +0000 https://kurir.mk/?p=52039

Министерството за внатрешни работи и министерството за одбрана не смеат да му даваат никакви информации на новиот Советник на Зоран Заев за безбедност и борба против радикализам, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. -Зоран Заев и Џезаир Шакири, таканаречен Командант Хоџа, може да се политички истомисленици и да имаат сличен начин на делување, но Хоџа никако не смее да дојде во допир со информации околу поставеноста на специјалните единици, бројноста и особено не смее да дојде во допир со податоци за припадниците на овие единици. Секоја ваква информација до Хоџа со ваков тип на информации може да претставува сериозен ризик по безбедносните структури, исто како што се сомнителни и мотивите на информациите кои Хоџа би му ги давал на Заев. Со какви информации за вооружени групи располага Хоџа и зошто досега ги криел од безбедносните органи? Каде е оружјето на групата која го „држела“ Танушевци пред тој да му го „ослободи“ на Заев и каде се нејзините членови? Истражните органи не смее да ги игнорираат овие јавни признанија на човекот кој што е на црната листа на САД. Тие мора да го повикаат на разговор и да поведат сериозна истрага, вели тој. Партискиот портпарол посочува дека во ситуација во која што Хоџа не смее да добива информации од безбедносните служби, а неговите мотиви и информации мора да се земат со резерва, политичката одлука на Заев да му се даде вака висока функција на лице кое се барало со меѓународни потерници е невиден срам за државата бидејќи тој не може да придонесе за подобрување на безбедноста. -Македонската јавноста гласно негодува! Нивните сопартијци и поддржувачи се бунтуваат за поставувањето на Џезаир Шаќири за советник за безбедност на премиерот! ВМРО-ДПМНЕ укажуваше и предупредуваше Сега и Амбасадата на САД изразува загриженост!Што повеќе треба за Оливер Спасовски и за Зоран Заев да увидат и разберат, што тоа е контроверзно во ангажирањето на Командант Хоџа на функција, која подразбира достапност до сите класифицирани документи што се однесуваат на безбедноста на државата?, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Стоилковски вели дека ВМРО-ДПМНЕ инсистира договорот од Владата за ангажирање на Џезаир Шаќири да биде веднаш раскинат! -ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека давањето на безбедносен сертификат и достапност до државните тајни на Џезаир Шаќири, алијас командант Хоџа, вон процедура - е кривично дело! Националниот комитет за борба против тероризам и насилен екстремизам мора да ги игнорира препораките на Хоџа и не смее да споделува информации со него. Сето ова не може да се мине под закрила на некаква „ресоцијализација“. Дури и амбасадата на САД преку медиумите и соопшти на македонската јавност дека тие „ја изразиле својата загриженост до Владата на Република Македонија“ заради назначувањето на лица од нивната црна листа за советници. Црната листа е составена од лица непожелни во САД поради националната безбедност. Ако Џезаир Шаќири, командант Хоџа е ризичен за националната безбедност на САД, како може да биде советник за безбедност на Република Македонија? Секое понатамошно инаетење на Заев значи потврда на неговата порака кон сите идни криминалци и екстремисти со која ги повикува да се судрат со државата за потоа да добијат функции во власта. Тоа е вистинската порака на Заев со ангажирањето на лице од американската црна листа, барано со меѓународна потерница и лице вмешано во убиство на полицаец - за свој советник за безбедност во власта, нагласува Стоилковски. Како што нагласува тој ВМРО-ДПМНЕ инсистира до институциите веднаш да се отпочне со истрага за тоа каде е оружјето и кои биле соработниците на Командант Хоџа со кои, како тврди, го имал заземено Танушевци и потоа ослободувањето го „истргувал“ со Заев за функција во власта? Ова понижување на државата, кое ги надминува нејзините граници, мора да запре. Државата и граѓаните заслужуваат подобро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-insistira-dogovorot-od-vladata-za-angaziranje-na-dzezair-shakjiri-da-bide-vednash-raskinat/feed/ 0
Шаќири е на црната листа на САД, се бара со меѓународна потерница: Владата молчи околу условите по кои е вработен командантот на УЧК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakjiri-e-na-crnata-lista-na-sad-se-bara-so-megjunarodna-poternica-vladata-molchi-okolu-uslovite-po-koi-e-vraboten-komandantot-na-uchk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakjiri-e-na-crnata-lista-na-sad-se-bara-so-megjunarodna-poternica-vladata-molchi-okolu-uslovite-po-koi-e-vraboten-komandantot-na-uchk/#respond Tue, 08 May 2018 09:29:23 +0000 https://kurir.mk/?p=51387

Човекот може да помогне доколку се појават одредени екстремистички или радикални групи на територијата каде што живее, каде што го познава теренот, каде што работи или слично. Тој знам дека поголем дел од времето го поминува во Танушевци, но го поминува и во главниот град Скопје, тој знам дека познава луѓе и структури кои што со неговото соработување со Владата може да биде од помош за Владата, а преку тоа чесно да заработи лепче за своето семејство, вака Зоран Заев го објасни вработувањето на Џезаир Шаќири, познат како Командант Хоџа на функцијата советник во Владата. Шаќири кој според собраниската биографија има само средно образование, на функцијата надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот, за потребите на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија, ќе заработува плата од 36.000 денари или 600 евра. Премиерот оваа одлука за високата плата на Командант Хоџа ја оправда со тоа дека тој имал многудетно семејство кое требало да го издржува. Овие зборови на Заев предизвикаа бура реакции во јавноста, на социјалните мрежи вчера се коментираше дали е Заев свесен колку родители од многудетни семејства, со повисоко образование од она на Шаќири, седат дома невработени и едвај скрпуваат ден за ден. Редакцијата на Курир постави неколку прашања до Владата околу поставувањето за советник на човекот кој е на црната листа на САД, кој се бара со меѓународна потерница од Србија, кој нема соодветно образование за платата која што ја зема во Владата, со оглед на начинот на бодување во државните институции, но веќе цел еден ден одговор нема. Шаќири на јавноста и стана познат во 2001 година, на 17 февруари, кога новинарска екипа од А1 телевизија беше киднапирана на северната граница со Косово. Тие неколку часа биле заложници на Хоџа, кој со калашников во раката облечен во униформа на УЧК тврдел дека се бори за правата на Албанците. Тоа е само еден ден пред да почне конфликтот во Македонија во 2001 година, а во периодот на војната Шаќири дејствувал на територијата на Куманово, Липково и Арачиново, како командант на ОНА. Токму поради овие негови дејствија во јули 2001 година тој е ставен на црната листа на граѓани на Македонија, а истиот месец се најде на црна листа и на тогашниот претседател на САД, Џорџ Буш. Шаќир по конфликтот стана пратеник во Собранието на Република Македонија, откако беше ослободен од обвиненијата со одлуката за амнестија како дел од мировниот договор. Неколку години подоцна тој прогласи независност на Танушевци и кажа дека тогашниот министер за одбрана, Лазар Еленовски не можел да го победи него, бидејќи бил градско дете. Инаку редакцијата на Курир вчера постави неколку прашања до портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски околу поставувањето на Џезаир Шаќири на позицијата советник. 1.Дали можe да ни кажете каква е биографијата на Џезаир Шаќири? 2.Кои квалификации ги има Шаќири за да биде ангажиран како надворешен соработник од областа на безбедноста и борбата против радикализмот? 3.Какво образование има завршено Шаќири? 4.Дали според Владата немаше подобри кандидати од Шаќири за оваа функција? 5.Дали на Владата не и пречи што за Џезаир Шаќири има меѓународна потерница од Србија, поради обвинение дека е еден организаторите на нападот на преминот Доброшин кај Прешевска долина? 6.Дали на Владата не и пречи што Шаќири е на црната листа на САД, поради учеството како командант на ОНА во конфликтот во 2001 година? Ова се прашањата на кои Курир побара одговор од Владата, но 24 часа откако прашањата беа поставени, одговор се уште немаме . Инаку, Шаќири претходно кажа дека тој добил ветување од Заев дека ќе добија функција во Владата. -Само што видов дека некои портали пишуваат вест дека јас сум добил функција во Владата на Заев. Ќе се обидам да ја објаснам ситуацијата. Откако победи Заев, направивме политички договор да го ослободам Танушевци, а тој да ми даде некоја функција до него како гаранција за мојата безбедност, вели Шаќири.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakjiri-e-na-crnata-lista-na-sad-se-bara-so-megjunarodna-poternica-vladata-molchi-okolu-uslovite-po-koi-e-vraboten-komandantot-na-uchk/feed/ 0
Исени: Командант Хоџа од образование има јадење супа со букви https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iseni-komandant-hodza-od-obrazovanie-ima-jadenje-supa-so-bukvi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iseni-komandant-hodza-od-obrazovanie-ima-jadenje-supa-so-bukvi/#respond Tue, 08 May 2018 09:27:51 +0000 https://kurir.mk/?p=51411

По ова последно советничко унапредување на бившиот командант Џезаир Шаќири, попознат како командант Хоџа, дилемата е како интелектуалната јавност гледа на овие наградувања по разни основи на луѓе кои се несоодветни за позициите што ги добиваат. Во разговор за „Независен весник“ новинарот и политиколог Џенур Исени, иако не верува дека, особено Џезаир Шаќири и Љубе Бошковски се вработени според системот на заслуги, сепак е убеден дека премиерот Заев има добри причини поради кои ги направил овие потези.
- Во контекст на интелектуалниот капацитет на најновите специјални советници во кабинетот на премиерот Заев, тие немаат никаква допирна точка со заслугите и исполнувањето на условите. Можеби едниот има заслуги поради геноцидот над Албанците во 2001 година, и можеби поради ова е награден токму со таа функција. Што се однесува до вториот советник, никој не ги оспорува неговите заслуги во војната во 2001 година додека ги бранеше боите на ОВК, но ги знаеме неговите образовни капацитети. Да не претерам, но ова лице допирна точка со образованието имаше само додека јадеше ‘супа со букви’. Сепак, убеден сум дека премиерот Заев не го вработил без некој интерес што вработениот треба да го исполни. Но, за што точно се работи, многу брзо ќе покаже времето, но во овој случај не се работи за вработување според заслуги, рече Исени.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iseni-komandant-hodza-od-obrazovanie-ima-jadenje-supa-so-bukvi/feed/ 0
Стоилковски: Издавањето безбедносен сертификат од највисок степен „Државна тајна“ на Командант Хоџа е кривично дело https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-izdavanjeto-bezbednosen-sertifikat-od-najvisok-stepen-drzavna-tajna-na-komandant-hodza-e-krivichno-delo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-izdavanjeto-bezbednosen-sertifikat-od-najvisok-stepen-drzavna-tajna-na-komandant-hodza-e-krivichno-delo/#respond Mon, 07 May 2018 13:51:36 +0000 https://kurir.mk/?p=51080

Секој ден изминат со криминалниот картел во владата е нова трагедија за Македонија. Зоран Заев ја посрамоти државата и македонскиот народ. По два дена криење, Зоран Заев призна дека како надворешен соработник за безбедност и борбата против радикализмот си ангажирал човек од црната листа на САД оставен таму токму заради неговото терористичко делување и ризикот кој што тој го претставува по безбедноста. Зоран Заев му дава висока функција во Владата и месечно ќе му плаќа 36.000 денари на Џезаир Шакири, познат како Командант Хоџа, лице барано од странски држави со меѓународни потерници. Ова денеска го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, додавајќи дека ова е големо понижување и за граѓаните и за државата, но и за полициските службеници кои ги имаат загубено животите во борбата против ваквите екстремисти. Вели дека единствена референца на Командант Хоџа е тоа што склучил политички договор со Зоран Заев за да му го ослободи Танушевци, а за возврат на тоа да добие висока политичка функција во владата. -Но кој го држел Танушевци заробено и каде се оружјето и лицата кои биле подготвени да се спротивстават на македонската полиција? Каква порака испраќа Заев до сите идни криминалци и насилници кои планираат да се закануваат и уценуваат?, прашува Стоилковски, додавајќи дека Владата не е приватна сопственост на Заев и, како што рече, криминалниот картел околу него. Потенцира дека договорот на Командант Хоџа мора да биде раскинет, а институциите мора да покажат храброст и волја да ги бранат интересите на државата. -По признанието на Шаќири, мора да следи сериозна истрага и да се утврди кој се’ му помагал во заканите и со какво оружје се заканувал? Луѓето кои се закана по територијалниот интегритет и суверенитет на државата мора да се најдат зад решетки. Лицата кои се закана по безбедноста на граѓаните не смее да бидат дел од владата. Дали е Заев сериозен во намерите да му се издаде безбедносен сертификат од највисок степен „Државна тајна“ на лице за кое кружеа информации дека било вмешано во убиство на полициски службеник? Дали е Заев сериозен во намерите со својот советник за безбедност да ги споделува највисоките безбедносни тајни на државата?, прашува Стоилковски. Вели дека ВМРО-ДПМНЕ ги предупредува надлежните служби дека издавањето на безбедносен сертификат на Командант Хоџа, надвор од процедурите е кривично дело, додавајќи дека евентуалната таква постапка може да има сериозни последици. -Вакво понижување на државата и безбедносните служби досега немало. Што порано си замине криминалниот картел на чело со Зоран Заев, тоа подобро и за државата и за граѓаните, рече Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-izdavanjeto-bezbednosen-sertifikat-od-najvisok-stepen-drzavna-tajna-na-komandant-hodza-e-krivichno-delo/feed/ 0