ѕид на плачот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 29 Mar 2021 13:06:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ѕид на плачот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Илјадници Евреи присуствуваат на благословувањето пред Ѕидот на плачот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-iljadnici-evrei-prisustvuvaat-na-blagoslovuvanjeto-pred-dzidot-na-plachot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-iljadnici-evrei-prisustvuvaat-na-blagoslovuvanjeto-pred-dzidot-na-plachot/#respond Mon, 29 Mar 2021 13:06:27 +0000 https://kurir.mk/?p=489231

Првпат после година и половина, илјадници луѓе можат да присуствуваат на традиционалниот, таканаречен, свештенички благослов пред Ѕидот на плачот во стариот град во Ерусалим, откако пред пред почетокот на еврејскиот празник Пасха беа укинати ограничувачките мерки, наметнати поради пандемијата на коронавирус. Десетици илјади еврејски аџии доаѓаат двапати годишно на тоа свето место по повод Пасха и за празникот Сукот. Поради ширењето на вирусот, масовните јавни настани беа откажани, и минатата година само десет лица дојдоа на Ѕидот на плачот по повод церемонијата на благослов за време на Пасха. И за празникот Сукот во октомври, бројот на учесници на церемонијата беше намален бидејќи имаше голема бројка на заразени со вирусот. Оваа година, церемонијата ќе трае два дена со цел да се ограничи собирот, а илјадници полицајци ги обезбедуваат пристапните патишта. Израел постепено ги олесни многуте мерки воведени за спречување на брзото ширење на вирусот. Третите ограничувања воведени во Израел се во сила повеќе од еден месец, а благодарение на најбрзата вакцинација во светот, целото население над 16 години се очекува да биде вакцинирано до крајот на април.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-iljadnici-evrei-prisustvuvaat-na-blagoslovuvanjeto-pred-dzidot-na-plachot/feed/ 0
Верниците се враќаат на Ѕидот на плачот во Ерусалим https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vernicite-se-vrakjaat-na-dzidot-na-plachot-vo-erusalim/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vernicite-se-vrakjaat-na-dzidot-na-plachot-vo-erusalim/#respond Wed, 06 May 2020 16:00:29 +0000 https://kurir.mk/?p=342591

Верниците се враќаат на Ѕидот на плачот во Ерусалим, додека најсвето место за молитва во јудаизмот постепено повторно се отвора под олеснети мерки за спречување на епидемијата на коронавирусот. Според ревидираните правила, до 300 посетители истовремено можат да пристапат до Ѕидот на плачот, со задолжително носење заштитна маска за лице. – Верниците кои толку копнееја да ги посетат светите камења и да се молат пред нив, можат да се вратат на Ѕидот на плачот, придржувајќи се до мерките пропишани од Министерството за здравство, изјави главниот рабин на таа локација, Шмуел Рабинович. Но, просторот за молитви, кој привлекува илјадници луѓе во екот на верските празници, сега е поделен со прегради, создавајќи привремени оддели, во кои можат да застанат до 19 верници. За еврејската молитвена пракса потребен е кворум од 10 верници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vernicite-se-vrakjaat-na-dzidot-na-plachot-vo-erusalim/feed/ 0
Пенс го посети Ѕидот на плачот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pens-go-poseti-dzidot-na-plachot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pens-go-poseti-dzidot-na-plachot/#respond Thu, 23 Jan 2020 21:12:49 +0000 https://kurir.mk/?p=293862

Потпретседателот на САД Мајк Пенс денеска го посети Ѕидот на плачот во Ерусалим, најсвето молитвено место за Евреите. Пенс беше придружуван од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, американскиот амбасадор во Израел Дејвид Фридман и израелскиот амбасадор во Вашингтон Рон Дермер. По молитвата на главниот рабин на Ѕидот на плачот, носејќи традиционална еврејска капа, според обичаите, Пенс остави порака во пукнатина од ѕидот. Нетанјаху го стори истото подоцна. Тие се сликаа заедно, но не дадоа изјави за новинарите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pens-go-poseti-dzidot-na-plachot/feed/ 0
ФОТО: Жена што го преживеала Аушвиц, го прослави 104. роденден на Ѕидот на плачот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-zena-shto-go-preziveala-aushvic-go-proslavi-104-rodenden-na-dzidot-na-plachot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-zena-shto-go-preziveala-aushvic-go-proslavi-104-rodenden-na-dzidot-na-plachot/#respond Fri, 09 Aug 2019 08:42:22 +0000 https://kurir.mk/?p=227986

Шошана Овиц, една од преживеаните Евреи од Аушвиц, го прослави својот 104. роденден на Ѕидот на плачот во Ерусалим, заедно со речиси 400 свои потомци и роднини. Како што соопшти израелската Амбасада во Берлин Овиц како роденденски подарок посакала да се соберат сите нејзини деца, внуци и правнуци кај Ѕидот. „Дојдоа скоро сите”, се наведува во објава на Твитер-профилот на Амбасадата. По Втората светска војна, додека ги барала своите роднини по светот, Овиц го запознала и идниот сопруг, кој пак, во Холокаустот ги изгубил сопругата и четири деца. Се венчале и првото дете го добиле во бегалски камп во Австрија. Подцна се преселиле во Израел каде што имале уште четири деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-zena-shto-go-preziveala-aushvic-go-proslavi-104-rodenden-na-dzidot-na-plachot/feed/ 0