ѕид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Jan 2023 13:02:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ѕид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЖИВОТОТ ЌЕ ИМ СТАНЕ ПЕКОЛ – Шакира нема време за чекање, еве што започна да прави се со цел да ѝ врати на свекрвата со која живеат куќа до куќа! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zhivotot-ke-im-stane-pekol-shakira-nema-vreme-za-chekane-eve-shto-zapochna-da-pravi-se-so-tsel-da-vrati-na-svekrvata-so-koja-zhiveat-kuka-do-kuka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zhivotot-ke-im-stane-pekol-shakira-nema-vreme-za-chekane-eve-shto-zapochna-da-pravi-se-so-tsel-da-vrati-na-svekrvata-so-koja-zhiveat-kuka-do-kuka/#respond Fri, 20 Jan 2023 13:02:34 +0000 https://kurir.mk/?p=789436

Познатата пејачка Шакира гради ѕид за да го одвои својот имот од имотот на поранешната свекрва бидејќи нивните куќи се поврзани во некои области. Камерите на шпанската телевизија снимија мешалка за цемент како работи во близина на домот на славната пејачка. Шакира претходно поставила кукла вештерка гледајќи кон куќата на нејзината поранешна свекрва. Нејзиниот бизарен потег наводно го шокирал семејството на Пике, а вештерката прва била забележана од неговата мајка, која побарала да ја отстрани, што пејачката одбила да го направи. Некои медиуми, пак, целиот овој случај го нарекуваат „шпанска сапуница“. За потсетување, минатата недела Шакира објави песна за Жерар Пике во која зборува за неговото неверство. За само неколку дена песната собра над 151 милион прегледи на Јутјуб и го собори рекордот како најслушана латиноамериканска песна на оваа платформа во тој период. Дополнително, се шпекулира дека Шакира ја открила аферата на Жерар Пике поради празна тегла со џем од јагоди. На интернет кружат гласини дека поп-ѕвездата дознала за изневерувањето на нејзиниот поранешен партнер откако „ShowNews Today“ објави дека Пике, како и нивните деца Саша и Милан, не сакаат џем.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zhivotot-ke-im-stane-pekol-shakira-nema-vreme-za-chekane-eve-shto-zapochna-da-pravi-se-so-tsel-da-vrati-na-svekrvata-so-koja-zhiveat-kuka-do-kuka/feed/ 0
Украина гради ѕид долж границата со Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-gradi-dzid-dolz-granicata-so-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-gradi-dzid-dolz-granicata-so-belorusija/#respond Fri, 11 Nov 2022 21:07:49 +0000 https://kurir.mk/?p=759489

Украина гради армиран бетонски ѕид на границата со Белорусија, како и други утврдувања, соопшти денеска советникот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко. Тимошенко изјави дека во Волинската област на границата со Белорусија, која Украина ја гледа како закана, бил изграден ѕид од три километри и зајакнат со бодликава жица. Тој додаде дека во близина на ѕидот има вреќи со песок и ровови, а објави и фотографии на кои се гледа како обезбедувањето ја одвиткува бодликавата жица во близина на ѕидот, кој изгледа е висок повеќе од два метри. Тимошенко изјави дека се во тек и други работи во регионите Ровењска и Житомир, но не објасни за што се работи. Границата на Украина со Белорусија е долга повеќе од 1.000 километри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-gradi-dzid-dolz-granicata-so-belorusija/feed/ 0
Децата шарале по ЅИДОТ и мебелот и сега имате проблем? Ослободете се од ЧКРТАНИЦИТЕ со помош на овие 4 трикови https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/decata-sharale-po-dzidot-i-mebelot-i-sega-imate-problem-oslobodete-se-od-chkrtanicite-so-pomosh-na-ovie-4-trikovi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/decata-sharale-po-dzidot-i-mebelot-i-sega-imate-problem-oslobodete-se-od-chkrtanicite-so-pomosh-na-ovie-4-trikovi/#respond Tue, 23 Aug 2022 13:02:43 +0000 https://kurir.mk/?p=722680

Ќе исчезнат како од шега Ако имате непослушни деца кои сакаат да чкртаат по ѕидот или мебелот кога не гледате, тогаш веројатно имате проблем и се прашувате како да ги отстраните дамките. Не треба да користите груби хемикалии. Така постои ризик да го оштетите ѕидот или мебелот, што дефинитивно не сакате да се случи. Наместо тоа, пробајте природни методи, а ова се некои од начините како да ги отстраните трагите од боичките од ѕидот. Сода бикарбона Ако навреме ги забележите трагите на ѕидовите, без проблем ќе се ослободите од нив, со користење на сода. Едноставно ставете малку сода бикарбона на крпа и истријте ги извалканите места. Боицата би требало да се избрише со многу малку труд. Паста за заби Со помош на бела паста за заби која не е во форма на гел, би требало многу лесно да ги отстраните боичките од ѕидот. Ставете малку паста на извалканите места, а потоа нежно истријте со четка за заби. Отстранете ја пастата подоцна со влажна марамица или крпа. Мајонез Овој вкусен додаток на јадењата ќе помогне да се отстранат трагите од боички од свежо обоените ѕидови. Нанесете мајонез на дамките, оставете го да отстои неколку минути, а потоа само избришете го со салфетка или кујнска крпа. Оцет Освен на ѕидовите, децата обожаваат да цртаат и на својата гардероба, а дамките од боички од гардеробата лесно можете да ги отстраните со помош на оцет. Едноставно натопете ја извалканата облека во малку оцет пред да ја ставите во машина за перење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/decata-sharale-po-dzidot-i-mebelot-i-sega-imate-problem-oslobodete-se-od-chkrtanicite-so-pomosh-na-ovie-4-trikovi/feed/ 0
Пред крај изградбата на ѕидот на турско-иранската граница https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pred-kraj-izgradbata-na-dzidot-na-tursko-iranskata-granica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pred-kraj-izgradbata-na-dzidot-na-tursko-iranskata-granica/#respond Tue, 14 Jun 2022 10:45:00 +0000 https://kurir.mk/?p=690609

Турција речиси ја заврши изградбата на ѕидот на границата со Иран, се наведува во извештајот претставен на парламентарната поткомисија за миграција, јави весникот „Милиет“. Досега Турција има изградено ѕидови со вкупна должина од 1.079 километри долж нејзините копнени граници за да спречи илегален влез на мигранти, особено преку нејзините источни граници. Во голема мера е обезбедена контрола и на граничната линија со Иран преку која во земјата влегуваат мигранти од Авганистан и Пакистан, потсетува весникот. Речиси е завршена и изградбата на 1.021 километар гранични патролни патишта, како и 341 кула. Говорејќи пред поткомисијата при презентацијата на извештајот, Мехмет Емин Билмез, поранешен гувернер на областа Ван која се граничи со Иран, рече дека целта на Турција е да му покаже на светот дека нејзините граници не можат лесно да се преминат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pred-kraj-izgradbata-na-dzidot-na-tursko-iranskata-granica/feed/ 0
Шверцери фрлиле деца преку ѕидот на американско-мексиканската граница https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shverceri-frlile-deca-preku-dzidot-na-amerikansko-meksikanskata-granica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shverceri-frlile-deca-preku-dzidot-na-amerikansko-meksikanskata-granica/#respond Thu, 01 Apr 2021 13:47:21 +0000 https://kurir.mk/?p=490879

Шверцери фрлиле две деца од Еквадор преку ѕидот висок 4,2 метри на границата меѓу САД и Мексико, објавија американските власти. Службени лица за гранична патрола ги однеле браќата од Еквадор во болница, кои биле повредени, а сега за нив се грижат американските власти, пишува Би-Би-Си.
Шефицата на патролната агенција на секторот Ел Пасо, Глорија И. Чавез изјави дека е „зачудена од начинот на кој овие шверцери минатата ноќ злобно фрлиле невини деца од 14-метарската гранична бариера“.
Американските власти сега работат со полицијата во Мексико за да ги идентификуваат луѓето кои биле видени како ги фрлаат децата.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shverceri-frlile-deca-preku-dzidot-na-amerikansko-meksikanskata-granica/feed/ 0
Во чест на починатите од коронавирус, активисти на ѕид во Лондон цртаат 150.000 срца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-chest-na-pochinatite-od-koronavirus-aktivisti-na-dzid-vo-london-crtaat-150-000-srca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-chest-na-pochinatite-od-koronavirus-aktivisti-na-dzid-vo-london-crtaat-150-000-srca/#respond Mon, 29 Mar 2021 18:44:46 +0000 https://kurir.mk/?p=489418

На ѕидот наспроти британскиот Парламент активисти почнаа да цртат 150.000 срца во спомен на умрените од Ковид-19, но и како своевидна помош за семејствата на жртвите од пандемијата на коронавирусот. Муралот треба да се протега стотици метри долж јужниот брег на реката Темза пред болницата Свети Тома, каде премиерот Борис Џонсон минатата година беше сместен на Одделението за интензивна нега кога сериозно се разболе од Ковид-19. Акцијата е организирана од групата „Covid-19 Bereaved Families For Justice UK“, која бара јавна истрага за пристапот на владата кон пандемијата. -Секое срце е насликано рачно и е уникатно, како и најблиските што ги изгубивме, изјави Мет Фаулер, еден од основачите на групата. Британската Влада вети дека кога пандемијата ќе заврши ќе изгради споменик за жртвите на коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-chest-na-pochinatite-od-koronavirus-aktivisti-na-dzid-vo-london-crtaat-150-000-srca/feed/ 0
САД: Стопира изградбата на ѕидот кон Мексико https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-stopira-izgradbata-na-dzidot-kon-meksiko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-stopira-izgradbata-na-dzidot-kon-meksiko/#respond Fri, 12 Feb 2021 06:40:18 +0000 https://kurir.mk/?p=467620

Претседателот на САД, Џо Бајден го укина декретот на својот претходник Доналд Трамп, со кој беше прогласена вонредна состојба на границата со Мексико, за да обезбеди финансии за изградба на ѕид. Во писмото упатено до претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, Бајден го извести Конгресот дека одлуката на Трамп биле „неоправдана“ и оти парите од даночните обврзници повеќе нема да се трошат за изградба на ѕид на границата со Мексико. Писмото до Конгресот претставува само формалност, бидејќи Бајден веќе ја стопира изградбата на ѕидот кон Мексико. Трамп во 2019 година го заобиколи Конгресот, кој не одобри изградбата на ѕид и прогласи вонредна состојба на јужната граница и на тој начин повлече пари од буџетот за одбрана. Во јануари 2017 година кога Трамп дојде на власт, на границата со Мексико веќе постоеја различни видови ограда во должина од 1.000 километри. За време на неговиот мандат подигнат е ѕид во должина од повеќе од 720 километри на границата долга 3.145 километри. За време на мандатот на Трамп за изградба на ѕидот потрошени се околу 25 милијарди долари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-stopira-izgradbata-na-dzidot-kon-meksiko/feed/ 0
Несреќа во Струмица: Со „БМВ“ удриле во ѕид од куќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nesrekja-vo-strumica-so-bmv-udrile-vo-dzid-od-kukja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nesrekja-vo-strumica-so-bmv-udrile-vo-dzid-od-kukja/#respond Thu, 27 Aug 2020 09:45:09 +0000 https://kurir.mk/?p=396030

На 26.08.2020 во 14,45 часот било пријавено дека на улица „Бетовенова“ во Струмица патничко возило „бмв“ со струмички регистерски ознаки, управувано од С.Х.(21) од Струмица удрило во ѕид од куќа. -Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото З.М.(61), констатирани во Медицинскиот Центар Струмица, информираат од полицијата. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/nesrekja-vo-strumica-so-bmv-udrile-vo-dzid-od-kukja/feed/ 0
ВИДЕО: Ураганот Хана го погоди брегот на Тексас, го урна ѕидот меѓу САД и Мексико https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-uraganot-hana-go-pogodi-bregot-na-teksas-go-urna-dzidot-megju-sad-i-meksiko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-uraganot-hana-go-pogodi-bregot-na-teksas-go-urna-dzidot-megju-sad-i-meksiko/#respond Mon, 27 Jul 2020 06:27:11 +0000 https://kurir.mk/?p=381754

Ураганот Хана вчера го погоди брегот на Тексас, уривајќи електрични столбови и делови од ѕидот на границата меѓу САД и Мексико. Невремето беше проследено со поројни дождови и силни ветрови во целиот регион. Хана во саботата доцна навечер пристигна до американскиот брег, во близина на островот Падер, како ураган од прва категорија на петстепената скала „Сафир-Симпсон“. Погодени се делови од Тексас, кои веќе се тешко зафатени од епидемијата на новиот коронавирус. Силните ветрови превртеле камиони и откорнале дрвја, а некои куќи останале без покриви. На некои места наврнале повеќе од 30 сантиметри дожд на квадратен метар, поплавувајќи дел од патиштата во јужниот дел на Тексас. Засега нема информации за повредени лица. Ветровите урнале и делови од ѕидот кој беше подигнат на границата меѓу САД и Мекиско. Во еден момент без електрична енергија останале речиси 300.000 домови, но дел од дефектот е отстранет во меѓувреме. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-uraganot-hana-go-pogodi-bregot-na-teksas-go-urna-dzidot-megju-sad-i-meksiko/feed/ 0
Американската Влада ја забрзува изградбата на ѕидот на границата со Мексико https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vlada-ja-zabrzuva-izgradbata-na-dzidot-na-granicata-so-meksiko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vlada-ja-zabrzuva-izgradbata-na-dzidot-na-granicata-so-meksiko/#respond Wed, 19 Feb 2020 07:08:14 +0000 https://kurir.mk/?p=305774

Владата на САД објави дека ги укинува федералните закони за набавки со цел да се забрза изградбата на ѕидот долж границата со Мексико. Американското Министерството за внатрешна безбедност соопшти дека со тоа ќе се овозможи изградба на 283 километри од ѕидот во Калифорнија, Аризона, Њу Мексико и Тексас. Вршителот на должноста министер за внатрешна безбедност Чад Волф ги користи своите овластувања според законот од 2005 година, кој му дозволува да прекине дејство на закони при изградба на гранични огради. Сепак, првпат ова право се користи за да се прекинат федералните правила за набавки. Досега, таа секогаш се применуваше на проценките на влијанието врз животната средина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskata-vlada-ja-zabrzuva-izgradbata-na-dzidot-na-granicata-so-meksiko/feed/ 0