Џифони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 May 2022 11:55:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џифони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Филмскиот фестивал ,,Џифони патува” во М.Каменица https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/filmskiot-festival-dzifoni-patuva-vo-m-kamenica/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/filmskiot-festival-dzifoni-patuva-vo-m-kamenica/#respond Tue, 31 May 2022 11:55:53 +0000 https://kurir.mk/?p=684228

Во организација на Културно-информативниот центар ,,Романса”, Македонска Каменица ќе биде домаќин на патувачкиот фестивал ,,Џифони патува”. Директорот на КИЦ ,,Романса” Гоце Стојановски информираше дека во рамки на настанот предвидени се повеќе активности со младите од М.Каменица. -Најдобриот патувачки фестивал за деца и млади ,,Џифони патува” оваа среда и четврток (02.06 и 03.06.2022) ќе ги претстави своите активности во Домот на Културата На фестивалот ќе се прикажуваат филмови за млади, а програмата ќе се збогати и со три работилници, рече Стојановски. Во рамки на фестивалот со почеток од 10 часот предвидена е и театарска, фотографска и ликовната работилница на која како што додаде, младите од Македонска Каменица ќе можат да ја покажат својата креативност. Џифони е фестивал кој постои повеќе од 50 години и е најпознат филмски фестивал за млади во светот кој се одржува близу Неапол во Салерно. Во организација на Џифони Македонија фестивалот своите активности во земјава ги реализира 10 година по ред.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/filmskiot-festival-dzifoni-patuva-vo-m-kamenica/feed/ 0
Филмскиот фестивал „Џифони патува“ во Струмица на 14 и 15 ноември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filmskiot-festival-dzifoni-patuva-vo-strumica-na-14-i-15-noemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filmskiot-festival-dzifoni-patuva-vo-strumica-na-14-i-15-noemvri/#respond Tue, 13 Nov 2018 08:47:14 +0000 https://kurir.mk/?p=127193

По завршувањето на Филомскиот фестивал за млади Џифони Македонија во Скопје, продолжува патувачкиот дел во помалите градови низ Македонија под наслов „Џифони патува“. На 14 и 15 ноември во Струмица ќе се одржи Фестивалот за млади „Џифони патува во Струмица“ на кој присуствуваат околу 600 ученици. Фестивалот ќе го отвори градоначалникот на Струмица г-дин Коста Јаневски, а потоа во текот на двата дена младите ученици ќе го гледаат филмови и ќе дебатираат под водство на актерката Оливера Аризанова Мансбарт, која ќе биде и ментор на актерската работилница. Преку филмската програма, дебатите и креативните активности, тимот на фестивалот „Џифони Македонија“ се стреми неформално да влијае врз едукацијата на младите во областа на филмот и културата и да ги потенцира естетските вредности на филмот, а преку дискусии на темите од филмовите ќе се поттикнат да ги развиваат способностите за дебатирање. На овој начин и младите од помалите градови каде најчесто не постои можност за гледање на филмови во кино сала, ќе можат барем за кратко да ја осетат магијата на филмот. Преку работилниците учениците ќе имаат можност да ја развиваат својата креативност, а секако во текот на двата дена најважната работа за нив е да се дружат меѓу себе и добро да се забавуваат. Фестивалската програма „Џифони патува“ се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм и Фестивалот „Џифони експириенс“ од Италија, во соработка со Општина Велес и Италијанската амбасада во Скопје. Фестивалот „Џифони патува“ во изминатиот период се одржа во Велес, Крушево, Берово, Тетово, Штип, Охрид, Битола и во Прилеп, а до крајот на оваа година ќе продолжи во Кочани, Струга и Гостивар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filmskiot-festival-dzifoni-patuva-vo-strumica-na-14-i-15-noemvri/feed/ 0
Филмскиот фестивал за млади Џифони патува во Берово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filmskiot-festival-za-mladi-dzifoni-patuva-vo-berovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filmskiot-festival-za-mladi-dzifoni-patuva-vo-berovo/#respond Sat, 21 Apr 2018 06:45:30 +0000 https://kurir.mk/?p=43957

На патувачкиот дел на Филмскиот фестивал за млади „Џифони во помалите градови од Македонија“, денеска и утре пред ученици од Берово ќе бидат прикажани италијанскиот филм „Девојка во лет“ и холандскиот филм „Малиот ганстер“. Во Бизнис центарот во Берово, учениците ќе дебатираат под модераторство на актерката Нина Максимова. Креативноста ќе ја надградуваат под менторство на Зорица Нушева во актерската работилница, со Роберт Јанкуловски на работилницата за фотографија и  Моника Мотеска на ликовната работилница. Преку филмската програма, дебатите и креативните активности, тимот на фестивалот „Џифони Македонија“ се стреми неформално да влијае врз едукацијата на младите во областа на филмот и културата и да ги потенцира естетските вредности на филмот, а преку дискусии на темите од филмовите ќе се поттикнат да ги развиваат способностите за дебатирање. Ќе бидат прикажани и кратки видеа од последните изданија на фестивалите „Giffoni Experience“ од Италија и Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, со цел приближување на брендот „Џифони’’ кон младите во Берово. Фестивалската програма Џифони Македонија патува се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија и Фестивалот Џифони Експириенс од Италија, во соработка со Општина Берово и италијанската Амбасада во Скопје. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filmskiot-festival-za-mladi-dzifoni-patuva-vo-berovo/feed/ 0