Џим О’ Брајан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Dec 2022 06:36:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џим О’ Брајан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 О’Брајан: Увозот на полупроводници во Русија годинава се намалил за 70 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/o-brajan-uvozot-na-poluprovodnici-vo-rusija-godinava-se-namalil-za-70-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/o-brajan-uvozot-na-poluprovodnici-vo-rusija-godinava-se-namalil-za-70-otsto/#respond Fri, 16 Dec 2022 06:36:42 +0000 https://kurir.mk/?p=776314

Оние компании кои продолжуваат да ја снабдуваат Русија со полупроводници ќе бидат спречени со деветтиот пакет санкции, изјави денеска амбасадорот Џим О’Брајан, раководител на канцеларијата за координација на санкциите при американскиот Стејт департмент. Претходно, од истражување на агенцијата Ројтерс и Кралскиот сојузен сервисен институт (РУСИ), се дозна дека од април до ноември годинава низа европски и азиски компании преку европски и трети земји како Турција, ја снабдиле Русија со чипови во вредност од 777 милиони долари. Деловите биле на Intel, AMD, Texas Instruments, Analog Devices и Infineon. Во врска со ова, О’Брајан на брифингот синоќа истакна дека санкциите работат и увозот на полупроводници во Русија од јануари до септември годинава се намалил за 70 отсто, споредено со истиот период лани. -Ние ги гледавме релевентните воени категории (на производи)… Треба да се гледа на квалитетот и за што се употребува тој увоз. Постојот производи кои се донекаде постара технологија, а која може да биде адаптирана, изјави тој, Додаде дека „со деветтиот пакет санкции и со малку координација, ќе бидеме во можност да ги идентификуваме овие мрежи затоа што некои од снабдувачите не биле спречени со санкциите досега, но сега сме во позиција да погледне одново на бизнисите кои се обидуваат да помогнат на Русија“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/o-brajan-uvozot-na-poluprovodnici-vo-rusija-godinava-se-namalil-za-70-otsto/feed/ 0
Американскиот дипломат, амбасадорот Џим О’ Брајан, во дводневна посета на Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskiot-diplomat-ambasadorot-dzim-o-brajan-vo-dvodnevna-poseta-na-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskiot-diplomat-ambasadorot-dzim-o-brajan-vo-dvodnevna-poseta-na-bugarija/#respond Tue, 30 Aug 2022 09:33:29 +0000 https://kurir.mk/?p=725897

Шефот на Канцеларијата за координација на санкциите во американскиот Стејт департмент, амбасадорот Џим О’Брајан, денеска и утре ќе престојува во Софија, соопштија од Амбасадата на САД во Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, О’Брајан ќе оствари средби со претставници на бугарската Влада и со претставници на меѓународната бизнис заедница. Со нив ќе разговара за теми поврзани со промовирање на транспарентно и поволно деловно опкружување, поддршка на странските директни инвестиции и зајакнување на владеењето на правото. За време на посетата на Софија, тој ќе посети настан организиран од Американската стопанска комора, со учество на германската и швајцарската стопанска комора, посветен на зајакнување на трансатлантските деловни односи. Американската Влада ја цени можноста да работи со своите бугарски партнери во денешниот клучен момент за светската економија да создаде подобро поврзана и просперитетна иднина, наведе американската Амбасада во Софија во сооопштението за посетата на О’Брајан. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskiot-diplomat-ambasadorot-dzim-o-brajan-vo-dvodnevna-poseta-na-bugarija/feed/ 0