Џнатан Ван-Там – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Dec 2020 13:05:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џнатан Ван-Там – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Британски научник: Ако сакате запирање на ограничувањата, тогаш вакцина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnik-ako-sakate-zapiranje-na-ogranichuvanjata-togash-vakcina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnik-ako-sakate-zapiranje-na-ogranichuvanjata-togash-vakcina/#respond Thu, 03 Dec 2020 13:05:07 +0000 https://kurir.mk/?p=438138

Луѓето треба да ја примат вакцината против Ковид-19 ако сакаат да стават крај на физичкото дистанцирање, изјави професорот Џнатан Ван-Там, британски заменик министер за здравство. На прес-конференција во Даунинг стрит тој рече дека, иако на луѓето им е „преку глава“ од мерките против коронавирусот, мал одзив на вакцинацијата речиси сигурно ќе направи ограничувањата да траат подолго, пренесува Скајњуз. За време на брифингот, професорот Ван-Там, исто така, рече дека по објавата за одобрување на вакцината, тој бил должен да ги ублажи очекувањата дека пандемијата може да заврши наскоро. – Не мислам дека владата и натаму ќе мора да препорачува физичко дистанцирање, маски и средства за дезинфекција на рацете. Се надевам дека ќе се вратиме во многу понормален свет, рече тој, но исто така рече дека условот е луѓето да прифатат вакцинација. – Никој не сака „заклучување“ и штетата што ја предизвикува. Но, ако сакате тој сон да се оствари што е можно побрзо, тогаш мора да ја примите вакцината кога ќе ви биде понудена. Помал одзив сигурно ќе направи ограничувањата да траат подолго, рече Ван-Там. Тој, сепак, повика на дополнителна претпазливост во смисла дека луѓето треба да продолжат да бидат трпеливи и да ги следат упатствата за физичко дистанцирање се додека не се препорача поинаку. Ван-Там, исто така, рече дека верува дека вирусот ќе биде „засекогаш со човештвото“ и дека тој никогаш нема да се искорени, но ќе биде сезонска болест како грипот, а не како сеопфатна пандемија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanski-nauchnik-ako-sakate-zapiranje-na-ogranichuvanjata-togash-vakcina/feed/ 0