џо бајден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 06:49:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png џо бајден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бајден: Мислам дека има потреба од хуманитарна „пауза“ во војната помеѓу Израел и Хамас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-mislam-deka-ima-potreba-od-humanitarna-pauza-vo-vojnata-pomegu-izrael-i-hamas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-mislam-deka-ima-potreba-od-humanitarna-pauza-vo-vojnata-pomegu-izrael-i-hamas/#respond Thu, 02 Nov 2023 06:49:31 +0000 https://kurir.mk/?p=895580

Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека треба да има хуманитарна „пауза“ во конфликтот помеѓу Израел и Хамас. - Мислам дека имаме потреба од пауза. Пауза значи да се даде време да се извлечат затворениците, изјави 80-годишниот демократ. Белата куќа подоцна појасни дека Бајден кога кажал „затворениците“ мислел на заложниците, кои ги држи Хамас. Претходно, Белата куќа беше категорична дека нема да се меша како Израелците да ги спроведуваат своите воени операции како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври. Со својата изјава, Бајден изврши притисок врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да им даде на Палестинците барем краток прекин на тековната воена операција, во која загинаа илјадници луѓе и ја втурна палестинската енклава во хуманитарна криза, објавија американски медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-mislam-deka-ima-potreba-od-humanitarna-pauza-vo-vojnata-pomegu-izrael-i-hamas/feed/ 0
Бајден со закана: Жестоко ќе одговориме доколку продолжите да напаѓате Американци на Блискиот Исток https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-so-zakana-zhestoko-ke-odgovorime-dokolku-prodolzhite-da-napagate-amerikantsi-na-bliskiot-istok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-so-zakana-zhestoko-ke-odgovorime-dokolku-prodolzhite-da-napagate-amerikantsi-na-bliskiot-istok/#respond Fri, 27 Oct 2023 06:20:10 +0000 https://kurir.mk/?p=893629

Американскиот претседател Џо Бајден испрати ретка порака до иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, предупредувајќи го Техеран да не ги гаѓа американските војници на Блискиот Исток, соопшти Белата куќа, по серијата напади врз американските сили во регионот. -Испратена е директна порака, рече портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, на брифинг, но не даде детали. Американските власти сакаат да избегнат поширок конфликт на Блискиот Исток по нападот на Хамас на 7 октомври во кој загинаа најмалку 1.400 лица во Израел, главно цивили. Околу 900 дополнителни американски војници се упатени или неодамна пристигнаа на Блискиот Исток за да ја зајакнат противвоздушната одбрана и да го заштитат американскиот персонал во услови на пораст на нападите во регионот од групи поврзани со Иран, соопшти Пентагон, пренесува Индекс.хр. Само минатата недела американската војска беше нападната најмалку 12 пати во Ирак и четири пати во Сирија, додаде Кирби. Бајден пред два дена изјави дека го предупредил ајатолахот дека САД ќе одговорат доколку американските сили продолжат да бидат цел на напади, но не кажа како е пренесена пораката. -Моето предупредување до ајатолахот е дека ако продолжат да дејствуваат против армијата, ние ќе одговориме, а тој треба да биде подготвен. Тоа нема никаква врска со Израел, им рече Бајден на новинарите.  (МИА) фото: ЕПА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-so-zakana-zhestoko-ke-odgovorime-dokolku-prodolzhite-da-napagate-amerikantsi-na-bliskiot-istok/feed/ 0
Поради Израел Бајден би можел да ги загуби гласовите на американските муслимани и Арапи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-izrael-bajden-bi-mozhel-da-gi-zagubi-glasovite-na-amerikanskite-muslimani-i-arapi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-izrael-bajden-bi-mozhel-da-gi-zagubi-glasovite-na-amerikanskite-muslimani-i-arapi/#respond Thu, 26 Oct 2023 06:19:12 +0000 https://kurir.mk/?p=893206

Американските Арапи и муслимани го критикуваат одговорот на претседателот Џо Бајден на војната меѓу Израел и Хамас, барајќи тој да стори повеќе за да ја спречи хуманитарната криза во Газа или ќе ризикува да ја изгуби нивната поддршка на изборите во 2024 година. Многу Американци си арапско потекло го обвинуваат Бајден дека не направи доволно за хуманитарен прекин на огнот и покрај тоа што Палестинците гинат бегајќи од израелското бомбардирање на Појасот Газа, изјавија повеќе од десетина професори, активисти, членови на заедницата и претставници на администрацијата. Може ли Бајден да го загуби Мичиген? Растечката фрустрација би можела да влијае на реизборот на Бајден во трката во која негов најверојатен противник ќе биде поранешниот претседател Доналд Трамп. Во Мичиген, кој понекогаш гласа за демократи, а понекогаш за републиканци, американските Арапи сочинуваат пет отсто од гласачите. Во двопартиските држави како Пенсилванија и Охајо, арапската поддршка е од 1,7 до два отсто, изјави Џим Зогби, претседател на Арапскиот американски институт. Бајден во 2020 година го освои Мичиген со 50,6 отсто од гласовите, додека Трамп во оваа американска сојузна држава доби 47,8 отсто од гласовите. Пенсилванија беше за Бајден со 50,01 отсто од гласовите, а за Трамп гласаа 48,84 отсто, со разлика од помалку од 81.000 гласови. Малку е веројатно дека арапските и муслиманските Американци ќе го поддржат Трамп, но тие би можеле да се воздржат и да не гласаат за Бајден, наведуваат некои активисти. -Мислам дека тоа ќе го чини Мичиген, изјави Лајла Ел-Хадад, писателка и активистка од Газа со адреса на живеење во Мериленд. Абдула Хамуд, првиот арапски градоначалник на Дирборн, Мичиген, дом на најголемата американска муслиманска заедница, го критикуваше Бајден што не го осуди потегот на Израел да ги прекине водата и струјата за повеќе од два милиони Палестинци во Газа. „Израелското бомбардирање на Газа се граничи со геноцид. Ништо не можеше да не подготви за целосно бришење на нашите гласови и целосно замолчување на оние што ги избравме да не штитат и претставуваат“, напиша тој на платформата X. „Членовите на нашите семејства заробени во Газа се игнорирани, нашите повици за прекин на огнот се задушени од тапаните на војната“, додаде тој. Израелското бомбардирање на Газа „сега се граничи со геноцид насочен кон целото палестинско население“, соопшти CAIR, најголемата група за муслимански права во САД, додавајќи дека владините претставници ќе бидат „коодговорни за етничкото чистење на Газа“ доколку не интервенираат. „Ако ја погледнете реториката, неверојатно е дека сега тие се обидуваат да испумпаат милијарди и милијарди долари воена помош за Израел, заедно со 100 милиони долари хуманитарна помош за Палестинците“, рече Саед Атшан, американски квекер, кој предава мировни студии на Универзитетот Свартмор во Пенсилванија. Дури и поранешниот шеф на Бајден, претседателот Барак Обама, вообичаено страствен поддржувач на политиката на Бајден, во понеделникот јавно понуди остри совети, повикувајќи ги САД да продолжат да го водат светот „во забрзувањето на критичната помош и снабдувањето на сè поочајното население во Газа“. Хина]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-izrael-bajden-bi-mozhel-da-gi-zagubi-glasovite-na-amerikanskite-muslimani-i-arapi/feed/ 0
Бајден: Мора да има визија за тоа што следува во регионот, Израелците и Палестинците подеднакво заслужуваат да живеат во мир https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-mora-da-ima-vizija-za-toa-shto-sleduva-vo-regionot-izraeltsite-i-palestintsite-podednakvo-zasluzhuvaat-da-zhiveat-vo-mir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-mora-da-ima-vizija-za-toa-shto-sleduva-vo-regionot-izraeltsite-i-palestintsite-podednakvo-zasluzhuvaat-da-zhiveat-vo-mir/#respond Thu, 26 Oct 2023 05:50:49 +0000 https://kurir.mk/?p=893183

Американскиот претседател Џо Бајден ја отвори заедничката прес-конференција со австралискиот премиер Ентони Албанез, велејќи дека американската поддршка за одбраната на Израел е „челично цврста“, но дека двете страни треба да размислат за патот напред во регионот откако ќе се реши кризата во Газа. „Израелците и Палестинците подеднакво заслужуваат да живеат рамо до рамо во безбедност, достоинство и мир. Верувам дека се убиени невини и дека тоа е цената на војната“, рече Бајден. Според него, штом ќе заврши кризата, „мора да има визија за тоа што следува во регионот, иднина која треба да вклучува решение со две држави за Израелците и Палестинците“. „Тие продолжуваат да ме информираат за доселениците кои ги напаѓаат Палестинците на Западниот Брег“, рече Бајден, обвинувајќи ги дека долеваат масло на огнот. „Тие ги напаѓаат Палестинците таму каде што им е дозволено да се наоѓаат“, додаде тој. Во својот воведен говор, Албанез рече дека Австралија ќе обезбеди дополнителни 15 милиони долари хуманитарна помош за цивилите во Газа. Сè повеќе земји бараат Израел да направи хуманитарна пауза во нападите врз Хамас во Газа во кои загинаа илјадници Палестинци, од кои многу деца. Посетата на Австралија треба да резултира со договори насочени кон Кина, иако двете земји одделно се обидуваат да ги одмрзнат заладените односи со Пекинг. „Двете нации се посветени да го одржат Индо-пацификот слободен, отворен, просперитетен и безбеден“, рече Бајден. Албанез вети и континуирана соработка во борбата на Украина против руската инвазија. Меѓу идните договори се проект за подводен интернет кабел и инвестиции во инфраструктурата на поморските пристаништа што ќе им користи на островските нации на Пацификот, чија помош можеби ќе биде потребна како одговор на секој иден конфликт со Кина околу Тајван или Јужното кинеско море. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-mora-da-ima-vizija-za-toa-shto-sleduva-vo-regionot-izraeltsite-i-palestintsite-podednakvo-zasluzhuvaat-da-zhiveat-vo-mir/feed/ 0
Бајден за копнената офанзива во Газа: Израелците сами одлучуваат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-za-kopnenata-ofanziva-vo-gaza-izraeltsite-sami-odluchuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-za-kopnenata-ofanziva-vo-gaza-izraeltsite-sami-odluchuvaat/#respond Wed, 25 Oct 2023 06:48:02 +0000 https://kurir.mk/?p=892801

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „Израелците сами одлучуваат“ дали и кога ќе ја почнат копнената офанзива на Газа. Тој оваа куса изјава ја даде за време на посетата на австралискиот премиер Ентони Албанесе на Вашингтон, кога беше прашан дали побарал од Израел да ја одложи копнената инвазија. Израел со денови најавуваше дека неговите сили се подготвени да влезат во Газа со цел да го елиминираат Хамас како воена сила по неговиот напад на 7 октомври врз јужен Израел. И израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера, се чини, навести дека наскоро ќе следи копнена инвазија. „Се соочуваме со следната фаза, таа доаѓа“, им порачал Нетанјаху на изрелските војници на југот од земјата, се наведува во соопштението од неговата канцеларија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-za-kopnenata-ofanziva-vo-gaza-izraeltsite-sami-odluchuvaat/feed/ 0
Бајден и Нетанјаху се договорија за непрекинат проток на помош за Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-netanjahu-se-dogovorija-za-neprekinat-protok-na-pomosh-za-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-netanjahu-se-dogovorija-za-neprekinat-protok-na-pomosh-za-gaza/#respond Mon, 23 Oct 2023 08:23:26 +0000 https://kurir.mk/?p=892103

Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласија да има непрекинат проток на хуманитарна помош во опколениот Појас Газа, соопшти Белата куќа. Втор конвој камиони синоќа влезе од Египет во Појасот Газа. „Бајден и Нетанјаху имаа телефонски разговор во кој потврдија дека ќе има континуиран проток на оваа критично важна помош за палестинското население во Газа“, се вели во соопштението на американското претседателство.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-netanjahu-se-dogovorija-za-neprekinat-protok-na-pomosh-za-gaza/feed/ 0
Бајден и папата Франциск телефонски разговараа за ситуацијата во Израел и Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-papata-frantsisk-telefonski-razgovaraa-za-situatsijata-vo-izrael-i-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-papata-frantsisk-telefonski-razgovaraa-za-situatsijata-vo-izrael-i-gaza/#respond Sun, 22 Oct 2023 20:28:21 +0000 https://kurir.mk/?p=892032

Американскиот претседател Џо Бајден денеска разговараше со папата Франциск за тековниот конфликт на Блискиот Исток меѓу Израел и палестинската исламистичка група Хамас, се вели во соопштението на Белата куќа. „Двајцата разговараа за неопходноста да се спречи ескалација во регионот и да се работи за постигнување траен мир на Блискиот Исток“, соопшти Белата куќа. Претходно, Ватикан соопшти дека разговорот, кој траел околу 20 минути, „се фокусирал на конфликтните ситуации во светот и потребата да се најдат начини за мир“. Белата куќа соопшти дека Бајден телефонски разговарал за ова прашање и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-papata-frantsisk-telefonski-razgovaraa-za-situatsijata-vo-izrael-i-gaza/feed/ 0
Бајден вели дека помошта за Газа веројатно ќе влезе во „следните 24 до 48 часа“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-veli-deka-pomoshta-za-gaza-verojatno-ke-vleze-vo-slednite-24-do-48-chasa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-veli-deka-pomoshta-za-gaza-verojatno-ke-vleze-vo-slednite-24-do-48-chasa/#respond Fri, 20 Oct 2023 19:20:40 +0000 https://kurir.mk/?p=891444

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека, според него, камиони со хуманитарна помош ќе влезат во Газа во следните 24 до 48 часа. „Верувам дека во следните 24 до 48 часа првите 20 камиони ќе ја поминат границата“, рече Бајден додека се состана со шефовите на Европската унија во Белата куќа. Бајден рече дека има обврска од Израел и од египетскиот претседател да се пропушти помошта, но „автопатот мораше да се асфалтира, а тој беше во многу лоша состојба“. Палестинската исламистичка група Хамас започна напад врз Израел на 7 октомври, при што загинаа 1.400 луѓе, главно цивили. Израел оттогаш ја бомбардира Газа. Најмалку 4.137 Палестинци се убиени досега во израелските воздушни напади, меѓу кои и стотици деца, соопшти палестинското Министерство за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-veli-deka-pomoshta-za-gaza-verojatno-ke-vleze-vo-slednite-24-do-48-chasa/feed/ 0
Бајден бара пакет помош од 105 милијарди долари за Украина, Израел и за безбедност на границата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-bara-paket-pomosh-od-105-milijardi-dolari-za-ukraina-izrael-i-za-bezbednost-na-granitsata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-bara-paket-pomosh-od-105-milijardi-dolari-za-ukraina-izrael-i-za-bezbednost-na-granitsata/#respond Fri, 20 Oct 2023 15:15:42 +0000 https://kurir.mk/?p=891365

Белата куќа побара од Конгресот речиси 106 милијарди долари за финансирање на амбициозните планови за Украина, Израел и безбедност на границите на САД, но не понуди стратегија за обезбедување на парите од Претставничкиот дом каде нема претседател. Шеесет и една милијарда се воена помош за Украина и 14 милијарди за Израел. „Светот гледа и американскиот народ со право очекува нивните лидери да се соберат и да ги исполнат овие приоритети“, рече буџетскиот директор на Бајден, Шаланда Јанг, во писмо до вршителот на должноста претседател на Претставничкиот дом, Патрик Мекхенри. „Го повикувам Конгресот да се осврне на нив како дел од сеопфатен, двопартиски договор во следните недели“. Барањето на претседателот Џо Бајден за финансирање доаѓа неколку дена откако тој го посети Израел и вети солидарност додека земјата ја бомбардира Газа по нападот на Хамас во кој загинаа 1.400 луѓе во јужен Израел. Со групирање на финансирањето на Израел со Украина, граничната безбедност, помошта за бегалците, мерките за спротивставување на Кина и другите жестоко дебатирани приоритети, Бајден се надева дека создал нацрт-закон за трошење за националната безбедност што мора да се усвои и кој може да добие поддршка во хаотичниот Претставнички дом. Тоа тело, во кое републиканците добија контрола минатата година, е без лидер повеќе од две недели. Некои републикански пратеници станаа скептични за потребата од финансирање на војната на Украина со Русија и се заканија дека целосно ќе ја запрат владата за да се стави крај на фискалните трошоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-bara-paket-pomosh-od-105-milijardi-dolari-za-ukraina-izrael-i-za-bezbednost-na-granitsata/feed/ 0
Бајден: Хамас и Путин се различни закани, но заедничко им е тоа што сакаат целосно да ја уништат демократијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-hamas-i-putin-se-razlichni-zakani-no-zaednichko-im-e-toa-shto-sakaat-tselosno-da-ja-unishtat-demokratijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-hamas-i-putin-se-razlichni-zakani-no-zaednichko-im-e-toa-shto-sakaat-tselosno-da-ja-unishtat-demokratijata/#respond Fri, 20 Oct 2023 05:42:58 +0000 https://kurir.mk/?p=891027

мериканскиот претседател Џо Бајден синоќа од Белата куќа, во вонредно обраќање до нацијата, побара од Американците поддршка за воената помош што САД планираат да ја доделат на Израел и Украина. Честопати, актуелните светски случувања Бајден ги цени како „пресвртна точка“ во историјата, како борба меѓу светските демократии и диктатури. Молбата до Американците за поддршка синоќа тој ја oбразложи како „ова е еден од тие моменти“. Тој рече дека Белата куќа денеска, на 20 октомври, ќе испрати барање до Конгресот за 60 милијарди долари нов пакет помош за Украина и помош за Израел од 10 милијарди. Кажа дека како резултат на терористичкиот напад на Хамас во Израел биле убиени 1.300 лица, вклучително и 32 Американци, а десетици луѓе биле земени во заложништво. -Терористичката група Хамас е вистинско зло, зло во најчистиот негов вид, истакна шефот на Белата куќа, додавајќи дека за време на неговата посета на Тел Авив, лично ја видел цврстата решеност на народот на Израел да се бори за своето право на постоење. Притоа Бајден истакна дека палестинскиот народ исто така има „право на достоинство и на самоопределување“, и акциите на исламските терористи не треба да им го одземат правото на мирните Палестинци за тоа. -Не можеме да ги игнорираме невините Палестинци кои сакаат да живеат во мир, истакна тој, и уште еднаш укажа за неповрзаноста на Израел во неодамнешната експлозија во дворот на болница во Газа. Потоа тој се осврна на Украина и тоа дека „веќе 20 месеци украинскиот херојски народ води борба против агресијата на Путинова Русија“. -Хамас и (рускиот претседател Владимир) Путин се различни закани, но имаат нешто заедничко. Тие сакаат целосно да ја уништат демократијата. Хамас си постави за цел да ја уништи државата Израел и еврејскиот народ... Истовремено Путин смета дека Украина никогаш немала право на постоење како суверена држава и го нема тоа право и сега. Буквално пред две недели тој истакна дека ако САД и сојузниците ја прекинат помошта за Украина, тогаш на Украина ѝ останува една недела постоење, рече Бајден. Истакна дека Американците треба да знаат зошто западната помош е важна за украинскиот народ. -Ние сакаме Израел и Украина да извојуваат побеаа во таа борба. Терористите треба скапо да платат. Ако диктаторите не платат за своите злосторства, тогаш тоа ќе доведе до уште повеќе уништување, изјави американскиот претседател. -Благодарејќи на НАТО во Европа 75 години имаше мир. И ако Путин го нападне НАТО ние ќе направиме сѐ за да ги заштитиме нашите сојузници, вети тој. Притоа додаде дека „не сакаме американската војска да се бори во Русија или против Русија. Америкаснкиот лидер укажа дека ако Запад и посебно САД престанат сега со помошта за Украина, тогаш „сите агресори ќе почуствуваат дека им се одврзуваат рацете“ и конфликтите можат да се рашират низ целиот свет, на пример во тихоокеанскиот регион, и посебно на Блискиот исток. Американското лидерство ја поддржува безбедноста низ целиот свет, изјави Бајден. -Ние треба да ја осигураме својата безбедност. Нашите вредности се важни само за нас, не смееме да ги оставаме на ризик. Не смееме да ја оставиме Украина, не смееме да го завртиме грбот нa Израел. Бајден, исто така, ги повика сите Американци да се обединат во борбата против антисемитизмот и исламофобијата, што може да претставуваат закана за американското општество и американските вредности денес во позадина на случувањата на Блискиот исток.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-hamas-i-putin-se-razlichni-zakani-no-zaednichko-im-e-toa-shto-sakaat-tselosno-da-ja-unishtat-demokratijata/feed/ 0