џо бајдн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Feb 2022 18:42:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png џо бајдн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бајден одобри дополнително распоредување американски војници во Источна Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-odobri-dopolnitelno-rasporeduvanje-amerikanski-vojnici-vo-istochna-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-odobri-dopolnitelno-rasporeduvanje-amerikanski-vojnici-vo-istochna-evropa/#respond Wed, 02 Feb 2022 18:47:14 +0000 https://kurir.mk/?p=626102

Американскиот претседател Џо Бајден формално одобри дополнително распоредување американски војници во Источна Европа, а Пентагон се очекува денеска да објави дека трупите ќе бидат распоредени „во следните денови“, изјавија американски официјални лица за Си-Ен-Ен. Според извештаите на американските медиуми, околу 2.000 војници ќе бидат испратени од Форт Брег, Северна Каролина во Полска и Германија, додека уште 1.000 кои веќе се во Германија ќе бидат преместени во Романија. Распоредувањето е знак на поддршка за сојузниците на НАТО кои се чувствуваат загрозени од воените потези на Русија во близина на Украина, велат американските власти. Според американски медиуми, Бајден наредил да бидат распоредени вкупно 3.000 војници за да им помогнат на европските сојузници, објави претходно Волстрит џурнал. Пентагон оваа недела навести за можно распоредување американски трупи. Војската на САД стави 8.500 војници на готовност минатата недела за да бидат подготвени да се распоредат во Европа доколку е потребно, за кусо време. Војниците ќе дејствуваат на билатерална основа со нивните земји домаќини, бидејќи НАТО сè уште нема активирано мултинационални сили за одговор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-odobri-dopolnitelno-rasporeduvanje-amerikanski-vojnici-vo-istochna-evropa/feed/ 0
Трамп демантира дека планирал државен удар доколку победи Бајден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-demantira-deka-planiral-drzaven-udar-dokolku-pobedi-bajden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-demantira-deka-planiral-drzaven-udar-dokolku-pobedi-bajden/#respond Thu, 15 Jul 2021 20:27:37 +0000 https://kurir.mk/?p=537402

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги отфрли последните тврдења дека планирал државен удар во САД доколку Џо Бајден победи на претседателските избори во 2020 година. – И покрај масовните измами и нерегуларности за време на претседателските избори во 2020 година, никогаш никому не сум се заканил, ниту сум разговарал со некого за државен удар, напиша поранешниот претседател на Телеграм. Трамп го исмеа претседателот на Советот на генералштабовите на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили, кој наводно ги изнел таквите обвинувања. Според него, Мили би бил последната личност со која ќе изврши државен удар доколку некогаш сака на таков начин да дојде на власт, додавајќи дека никогаш немал такви намери. Си Ен Ен претходно објави извадоци од сè уште необјавената книга на репортерите на „Вашингтон Пост“, Керол Леониг и Филип Ракер, „Можам сам да се изборам“, во која се тврди дека Мили и други високи воени функционери подготвиле неформални планови за да се спротивстават на обидите на Трамп и неговиот сојузници да извршат државен удар. Доналд Трамп тврдеше дека претседателските избори во 2020 година се украдени и дека го победил Џо Бајден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-demantira-deka-planiral-drzaven-udar-dokolku-pobedi-bajden/feed/ 0
Острането „копчето за кока-кола“ на Трамп од работната маса во претседателскиот кабинет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostraneto-kopcheto-za-koka-kola-na-tramp-od-rabotnata-masa-vo-pretsedatelskiot-kabinet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostraneto-kopcheto-za-koka-kola-na-tramp-od-rabotnata-masa-vo-pretsedatelskiot-kabinet/#respond Fri, 22 Jan 2021 15:04:35 +0000 https://kurir.mk/?p=458651

Американскиот претседател Џо Бајден го остранил „црвеното копче“ кое неговиот претходник Доналд Трамп го поставил на работната маса во Овалниот кабинет за повик на батлерот да донесе диетална кока-кола. Во првата година од мандатот на Трамп никој не занел дека воопшто постои такво копче, но новинарка на Асошиејтед прес забележала нешто чудно. Таа тогаш опиша како претседателот притиснал копче по што веднаш во кабинетот влегол батлерот на Белата куќа со чаша диетална кока-кола на сребрен послужавник. Истото го забележале и други новинари кои го интервјуирале претседателот. Со тоа е откриено дека Трамп имал слабост кон газираниот пијалок. Тој наводно пиел и по 12 кока-коли дневно. Сега, пткако Бајден е на функција, копчето повеќе го нема, пишува денеска Њузвик. Кога службите во Белата куќа го известиле Бајден дека Овалниот кабинет е подготвен, го прашале Бајден дали сака да го задржи копчето за диетална кока-кола. Бајден наводно прашал: Какво копче забога? На Твитер е започната шеговита дискусија во врска со „копчето на работната маса на претседателот“. На пример, какви сѐ не придобивки има еден претседател и дали тоа треба да остане. Покрај копчето за диетална кока-кола, Бајден го остранил и тепихот со светли линии во форма на зраци поставен од Трамп во кабинетот и го вратил темно-синиот тепих со претседателски печат на средината, од времето на Бил Клинтон. Бајден, исто така, ги вратил и завесите кои се користеле од неговиот претходник Клинтон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostraneto-kopcheto-za-koka-kola-na-tramp-od-rabotnata-masa-vo-pretsedatelskiot-kabinet/feed/ 0