џоломари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Jan 2022 10:44:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png џоломари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Традицијата продолжува: Џоломарите бркаат лоши духови во Тиквешко https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tradicijata-prodolzuva-dzolomarite-brkaat-loshi-duhovi-vo-tikveshko/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tradicijata-prodolzuva-dzolomarite-brkaat-loshi-duhovi-vo-tikveshko/#respond Fri, 14 Jan 2022 10:44:53 +0000 https://kurir.mk/?p=619285

Џоломарите или маскираните мажи, традиционално на овој ден со ритуал бркаат лоши духови и прават место за доброто и бериќетот. Така е секоја година во повеќе села во Тиквешко, Бегниште, Ресава, Дреново, Сопот, Корешница и други. Весна Ѓорѓиева, директор на Музеј и галеријата Кавадарци, појасни дека џоломарството е тесно поврзано со чествувањето на празникот Стара Нова Година, познат како Василица, кој традиционално со сите обичаи се одбележува во Тиквешијата. Tоме Крстевски, виш кустос етнолог при Музејот, потсети дека во џоломарската игра учествуваат неколкумина мажи со кожувчиња, качулки, бради, исцрнети лица со саѓи, кои прават врева со стапови и клопотарци и на тој начин го бркаат лошото од домовите на тиквешани. – Во периодот од Коледе до Водици, за време на 12 некрстени денови, следена е традицијата, особено на празнувањата и обредите за Стара Нова Година или позната како Василица, на 14 јануари, додаде Крстевски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tradicijata-prodolzuva-dzolomarite-brkaat-loshi-duhovi-vo-tikveshko/feed/ 0