џон болтон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 08 Aug 2020 07:17:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png џон болтон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Болтон смета дека Белград и Приштина можеби се далеку од решавање на нивниот спор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolton-smeta-deka-belgrad-i-prishtina-mozebi-se-daleku-od-reshavanje-na-nivniot-spor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolton-smeta-deka-belgrad-i-prishtina-mozebi-se-daleku-od-reshavanje-na-nivniot-spor/#respond Sat, 08 Aug 2020 07:17:09 +0000 https://kurir.mk/?p=387922

Поранешниот советник за национална безбедност на САД, Џон Болтон смета дека Белград и Приштина можеби се далеку од решавање на нивниот спор, но дека евентуалниот договор за размена на територии не треба да влијае на ситуацијата во БиХ. – Што се однесува до Србија и Косово, доколку тие се договорат за размена на територии, во делот на преговорите со кои се решаваат сите нерешени прашања и кои би довеле до економски, дипломатски и слични односи, мислам дека веројатно ќе го поддржиме тоа однадвор, рече тој во интервју за Н1 БиХ. Но, додава тој, тоа решение не смее да влијае на другите земји во регионот, особено не на Босна. – Мислам дека треба да разјасниме дека билатералните решенија меѓу Србија и Косово немаат никаков ефект врз Босна, Албанија, Романија, Бугарија или која било трета страна, додаде Болтон, нагласувајќи дека таквите одлуки не можат да значат дека трета страна има право еднострано да бара отцепување. Болтон истакна дека Белград и Приштина треба да го решат проблемот самостојно и дека му се чини дека има простор за напредок, но дека фрустрирачки е што нема напредок. Тој изрази надеж дека ќе дојде време да се реши спорот. Тој исто така додаде дека е загрижен за недостигот од американски ангажман на Балканот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolton-smeta-deka-belgrad-i-prishtina-mozebi-se-daleku-od-reshavanje-na-nivniot-spor/feed/ 0
Болтон е подготвен да сведочи против Трамп за напишаното во мемоарите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolton-e-podgotven-da-svedochi-protiv-tramp-za-napishanoto-vo-memoarite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolton-e-podgotven-da-svedochi-protiv-tramp-za-napishanoto-vo-memoarite/#respond Wed, 24 Jun 2020 13:36:00 +0000 https://kurir.mk/?p=362154

Поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател, Џон Болтон, денеска изјави дека е подготвен под заклетва да ги потврди своите зборови за тоа дека Доналд Трамп побарал од кинескиот претседател Си Џинпинг да му помогне во неговиот реизбор. Во својата книга „Собата каде тоа се случи: Мемоари од Белата куќа“ Болтон го опишува разговорот меѓу Трамп и Џинпинг, во кој, според него, американскиот претседател побарал од својот кинески колега да ги зголеми купувањата на американски земјоделски производи од неколку сојузни држави за да му помогне да победи на изборите. Подоцна американскиот трговски претставник Роберт Лајтхаузер, при сослушување пред Конгресот ги негираше овие обвинувања. -Сите кои бевме на таа средба можеме да сведочиме под заклетва и јас исто така би се радувал да го направам тоа. Тоа се моите спомени. Но, многу поважно, според мене, е тоа што кинеската страна помни, рече Болтон во интервју за Фокс Њуз. Според Болтон, за ова конкретно прашање тој веќе разговарал со членови на Советот за национална безбедност, адвокат од Белата куќа и главниот обвинител. Болтон на функцијата советник за национална безбедност на Белата куќа беше во периодот 2018-2019 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolton-e-podgotven-da-svedochi-protiv-tramp-za-napishanoto-vo-memoarite/feed/ 0
Помпео го спореди Болтон со Сноуден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-go-sporedi-bolton-so-snouden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-go-sporedi-bolton-so-snouden/#respond Tue, 23 Jun 2020 05:53:16 +0000 https://kurir.mk/?p=361186

Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа го спореди Џон Болтон со поранешниот разузнавач Едвард Сноуден, кој е обвинет за шпионажа. – Искрено, многу рескира да биде кривично гонет поради објавување на тие информации, изјави Помпео за „Фокс њуз“ пред објавување на книгата „The Room Where It Happened“, која е хроника на Болтон за неговите 17 месеци поминати во Белата куќа, како советник на американскиот претседател Доналд Трамп. Помпео додаде дека објавувањето на такви информации претставува „закана и удар врз САД“. Болтон во книгата го опишува Трамп како некомпетентен, невнимателен и опседнат со неговиот реизбор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-go-sporedi-bolton-so-snouden/feed/ 0
Џон Болтон во новата книга го споредува Ердоган со Мусолини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzon-bolton-vo-novata-kniga-go-sporeduva-erdogan-so-musolini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzon-bolton-vo-novata-kniga-go-sporeduva-erdogan-so-musolini/#respond Fri, 19 Jun 2020 15:43:00 +0000 https://kurir.mk/?p=359959

Поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон во својата нова книга го спореди турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган со италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолони. – Телефонскиот разговор со Ердоган се покажа како вистинско искуство. Додека го слушав, тој звучеше како Мусолини како зборува од неговиот балкон во Рим, со таа разлика што Ердоган зборуваше со тој тон и гласност по телефон. Се чинеше како да ни предаваше лекции додека стоиме на бирото за донесување одлуки, пишува Болтон, откривајќи детали за разговорот меѓу него, Ердоган и неговиот американски колега Доналд Трамп. Разговорот бил реализиран веднаш по наводниот хемиски напад во близина на Дамаск во Сирија во 2018 година во кој загинаа повеќе од 40 лица. После помалку од една недела, сојузниците на САД, Велика Британија и Франција почнаа воздушни напади врз сириските воени цели. Во својата книга, Болтон го нарекува Ердоган диктатор, коментирајќи ги напорите на Трамп да интервенира во случајот против Халкбанк во корист на Турција и да ја искористи својата функција за да запре секакви понатамошни правни дејствија против банката. – Конкретно, сакав да го информирам (јавниот обвинител Вилијам Бар) за желбата на Трамп да направи лични услуги на диктаторите што му се допаѓаа, како на пример, казнените дела на Халкбанк, ЗТЕ, потенцијално Хуавеј и којзнае што друго, пишува Болтон. Халкбанк е обвинета дека учествувала во голема шема за заобиколување на санкциите против Иран. Во обвинението се тврди дека турско-иранскиот бизнисмен Реза Зараб поткупувал високи функционери, вклучително и турски министер, за да помогнат во пренасочувањето на иранските нафтени приходи преку Халкбанк со помош на лажни зделки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzon-bolton-vo-novata-kniga-go-sporeduva-erdogan-so-musolini/feed/ 0
Болтон требало да најави испраќање американски војници во Колумбија, но не го стори тоа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolton-trebalo-da-najavi-isprakjanje-amerikanski-vojnici-vo-kolumbija-no-ne-go-stori-toa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolton-trebalo-da-najavi-isprakjanje-amerikanski-vojnici-vo-kolumbija-no-ne-go-stori-toa/#respond Tue, 29 Jan 2019 11:12:18 +0000 https://kurir.mk/?p=157783

Во потестникот што советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон го носел на вчерашната прес-конференција посветена на случувањата во Венецуела, стоела и реченицата „5.000 војници во Колумбија“, но тој не ја изговори. Како што наведуваат американските медиуми, додека Болтон го најавуваше воведувањето санкции кон венецуелската државна нафтена компанија, од начинот на кој го држел потсетникот можела да се види посочената реченица, што било и фотиграфирано од дел од фоторепортерите. Но, на прес-конференцијата, одржана во Белата куќа, Болтн воопшто не спомена никакви планови за испраќање или ангажирање војници во Колумбија, која граничи со Венецуела. Најава за планови за испраќање сили на САД во Колумбија нема ниту од Пентагон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolton-trebalo-da-najavi-isprakjanje-amerikanski-vojnici-vo-kolumbija-no-ne-go-stori-toa/feed/ 0
Болтон: Европа скапо ќе плати ако му помогне на Иран да ги избегне санкциите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolton-evropa-skapo-kje-plati-ako-mu-pomogne-na-iran-da-gi-izbegne-sankciite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolton-evropa-skapo-kje-plati-ako-mu-pomogne-na-iran-da-gi-izbegne-sankciite/#respond Wed, 26 Sep 2018 07:54:53 +0000 https://kurir.mk/?p=106125

Џон Болтон, советникот за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, ги предупреди европските држави дека ќе има сериозни последици по нив доколку му помогнат на Иран да ги избегне американските санкции. - Скапо ќе платите, изјави Болтон на средба на организација која се противи на иранската нуклеарна програма. Санкциите на САД треба повторно да стапат во сила во ноември, но за време на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк европската дипломатка Федерика Могерини организираше средба на Франција, Велика Британија, Германија, Русија и Кина со цел да разгледа дали овие земји можат да создадат одделен платежен систем за да префрлаат пари во Иран без да бидат подложни на санкциите на САД. - Ќе го следиме развојот на оваа нефункционална структура за која немаат ни рок за нејзино активирање. Не планираме да дозволиме Европа или  кој било друг да ги избегне нашите санкции, истакна Болтон. Администрацијата на Трамп обвинува дека Иран ги искористил приходите од продажба на нафта во изминатите неколку години, откако претседателот Барак Обама ги ублажи санкциите против оваа земја, за да ги ескалира војните во Сирија и во Иран. Поради тоа, Трамп соопшти дека Иран не го почитува Договорот за замрзнување на нуклеарната програма и нареди повторно воведување на санкциите, но другите земји потписнички на Договорот сакаат тој да остане во сила. И државниот секретар на САД Мајк Помпео, кој учествуваше на истиот собир во Њујорк, изјави дека е „длабоко разочаран“ од планот на трите европски држави, Русија и Кина. - Ова е една од најсериозно непродуктивните мерки што може да се замислат за регионалниот мир и стабилност. Со ова Иран би се зацврстил во позицијата на водечка држава - поттикнувач на тероризмот, изјави Помпео, кој посочи на неодамнешниот напад врз американскиот конзулат во ирачкиот град Басра како на дело на проирански групи. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolton-evropa-skapo-kje-plati-ako-mu-pomogne-na-iran-da-gi-izbegne-sankciite/feed/ 0
Реакции во Србија во врска со изјавата на Болтон за „територијални корекции“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/reakcii-vo-srbija-vo-vrska-so-izjavata-na-bolton-za-teritorijalni-korekcii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/reakcii-vo-srbija-vo-vrska-so-izjavata-na-bolton-za-teritorijalni-korekcii/#respond Sat, 25 Aug 2018 12:16:59 +0000 https://kurir.mk/?p=92004

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин ја поздрави денеска изјавата на советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон дека САД се подготвени да го поддржат договорот за „територијални корекции“ меѓу Србија и Косово, доколку истиот биде постигнатнат. Тој изјави дека САД со ова порачуваат оти договор без надворешно мешање е единственото одржливо решение. - Секое наметнато решение порано или подоцна ќе предизвика судири, војни и поделби. Доколку ние се договориме, а меѓународната заедница го прифати тоа, тоа би било одржливо решение кое води кон стабилност на Балканот, истакна српскиот министер. Вулин нагласи и дека ја поддржува идејата за разграничување, „бидејќи тоа е единствениот начин да се спречи создавање на Голема Албанија“, одбивајќи притоа да објасни што подразбира под поимот разграничување, несакајќи со тоа да открие за што ќе разговараат преговорачите вклучени во Бриселскиот дијалог. Изјавата на Болтон ја коментираше и високиот функционер на владејачаката СНС Горан Весиќ, кој за ТВ Пинк изјави дека големите сили првпат ги поддржале интересите на Србија во пронаоѓање трајно решение за Косово, со што таа станала рамноправна во дијалогот со Приштина, додавајќи и дека „САД се клучни за решавањето на косовскиот проблем, а промената во американската политика ги отвара можностите за договор“. Претседателката на Центарот за евроатлантски студии Јелена Милиќ изјави дека и за ЕУ и за САД е подобро да разговараат за мали корекции на административната линија меѓу Србија и Косово, што и на двете страни ќе им помогне на своите гласачи да им порачаат: „Не загубивме сè во преговорите“, а и двете страни ќе излезат како победници. ТВН1 во анализата на изјавата на Болтон, го цитира поранешниот висок преставник на ЕУ за Косово Волфанг Петрич кој изјави дека сега е вистинскиот момент за носење на конечно решение за Косово и дека е потребно предлогот за ова решение да дојде од регионот, т.е од Белград и Приштина. - Мислам дека е потребна мала корекција на границите, на сличен начин како што се решаваше проблемот меѓу Косово и Црна Гора. Значи, ова е една нова динамика и мораме да седнеме и да го разгледаме потенцијалното решение. Чувствувам дека сега е моментот да се дојде до решение и ова е историска можност. Иако решението не е идеално, треба добро да го разгледаме и да видиме како тоа ќе изгледа во пракса. Значи, тоа е решението за конфликтот кој трае предолго и се сомневам дека решението до кое ќе се дојде за пет години ќе биде подобро. Сега е вистинско време за тоа и во Србија и во Косово , истакна Петрич. Аналитичарите во Србија проценуваат дека пораката на Болтон може да се толкува како желба на Доналд Трамп за постигнување на уште еден успех во надворешната политика, што, како што оценуваат, секако дека тоа може да биде решението за косовскиот проблем. Џон Болтон вчера во Киев истакна дека „САД не можат да се мешаат во спорот меѓу Косово и Србија“, повторувајќи оти ако Белград и Приштина постигнат договор, со кој двете страни ќе бидат задоволни, тогаш ќе ја имаат и поддршка од Вашингтон. Болтон укажа и дека е од големо значење воспоставувањето на стабилност на Балканот. - Од распаѓањето на Југославија постојат повеќе долготрајни тензии и ризици. Но, неодамна е остварен и напредок, посочи Болтон, наведувајќи го договорот меѓу Скопје и Атина за името на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/reakcii-vo-srbija-vo-vrska-so-izjavata-na-bolton-za-teritorijalni-korekcii/feed/ 0
Џон Болтон пристигна во Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzon-bolton-pristigna-vo-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzon-bolton-pristigna-vo-izrael/#respond Mon, 20 Aug 2018 06:24:11 +0000 https://kurir.mk/?p=89712

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Џон Болтон, допатува во Израел, каде што разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за Иран. Според израелските медиуми, Болтон му кажал на израелскиот премиер дека иранската балистичка и нуклеарна програма е „на врвот на листата" на теми за дискусија. Кабинетот на израелскиот премиер објави дека Нетанјаху сака да разговара за начините за намалување на „иранската агресија во регионот" Болтон беше гласен критичар на нуклеарниот договор меѓу светските сили и Иран, од кој САД се повлекоа. - Големи се предизвиците за Израел, САД и целиот свет - иранската нуклеарна и балистичка програма се на врвот на листата, рече Болтон. Болтон ќе се состане со руски официјални лица следната недела во Женева и ќе ја посети Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzon-bolton-pristigna-vo-izrael/feed/ 0
Во тек се подготовиките за состанокот Патрушев – Болтон во Женева https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-tek-se-podgotovikite-za-sostanokot-patrushev-bolton-vo-zeneva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-tek-se-podgotovikite-za-sostanokot-patrushev-bolton-vo-zeneva/#respond Fri, 17 Aug 2018 16:14:34 +0000 https://kurir.mk/?p=89057

Рускиот Совет за безбедност денеска го потврди претстојниот состанок меѓу својот секретар Николај Патрушев и американскиот советник за безбедност Џон Болтон. Состанокот ќе биде одржан кон крајот на август, соопшти портпаролот на Патрушов, Евгениј Аношин. - Состанок меѓу  Патрушев и Болтон е планиран, вели Аношин и додаде дека се очекува да биде одржан во Женева на крајот на август. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-tek-se-podgotovikite-za-sostanokot-patrushev-bolton-vo-zeneva/feed/ 0
Лавров со Болтон в среда во Москва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-so-bolton-v-sreda-vo-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-so-bolton-v-sreda-vo-moskva/#respond Mon, 25 Jun 2018 13:51:36 +0000 https://kurir.mk/?p=69535

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе се состане в среда во Москва со советникот за национална безбедност на САД Џон Болтон. Руски официјални лица претходно денеска наведоа оти се надеваат дека со Болтон во текот на неговата посета на Москва ќе можат да разговараат и за Сирија, изјави заменик министерот за надворешни работи Михаил Богданов. Државниот секретар на САД Мајк Помпео минатата недела најави дека Болтон планира посета на Москва и оти таа посета е во рамките на подготовките на средбата меѓу американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, а по тој повод Богданов изрази уверување дека тема на разговорите со Болтон би можела да биде и Сирија. (Mиа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-so-bolton-v-sreda-vo-moskva/feed/ 0