Џон Магуфули – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 Mar 2021 15:33:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џон Магуфули – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Исчезна претседателот на Танзанија: Го нема 17 дена, а кој ќе праша “каде е“ веднаш ќе биде уапсен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischezna-pretsedatelot-na-tanzanija-go-nema-17-dena-a-koj-kje-prasha-kade-e-vednash-kje-bide-uapsen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischezna-pretsedatelot-na-tanzanija-go-nema-17-dena-a-koj-kje-prasha-kade-e-vednash-kje-bide-uapsen/#respond Tue, 16 Mar 2021 15:33:40 +0000 https://kurir.mk/?p=483292

Претседателот на Танзанија, Џон Магуфули, последен пат во јавноста е виден пред 17 дена и почнаа да се шират гласини за неговото лошо здравје, а танзаниските власти сè уште не даваат јасен одговор каде се наоѓа. Дури и само прашањето каде е претседателот доведува до апсење бидејќи владата се обидува да ги задуши гласините. -Што и да е, очигледно е дека режимот се обидува да купи време. И режимот купува време ако претседателот е многу болен, неспособен или мртов, рече Ник Чизман, политички научник и професор по демократија на Универзитетот во Бирмингем. Магуфули последен пат се појави во јавноста на 27 февруари. Симптоматично е што овој ревносен католик пропуштил три неделни миси од кои честопати ѝ се обраќал на заедницата. Само неколку дена претходно, министерот за финансии Филип Мпанго кашлаше и дишеше тешко на прес-конференцијата што ја свика за да ги разбие гласините дека претседателот починал од ковид-19. Отсуството на 61-годишниот претседател се совпаѓа со серија смртни случаи и болести кои се припишуваат на респираторни проблеми или пневмонија. Магуфули со месеци инсистираше на тоа дека вирусот повеќе не е во Танзанија, бидејќи тој бил истеран со молитва. Тој одби да носи маска за лице или да преземе мерки за затворање. Земјата престана да објавува податоци за заразените во април 2020 година. Но, една недела пред последен пат да биде виден, Магуфули призна дека вирусот сè уште циркулира. Лидерот на опозицијата во Танзанија, Тунду Лису, кој е во егзил во Белгија, и други започнаа да поставуваат прашања во врска со отсуството на Магуфули, повикувајќи се на извори дека тој е сериозно болен од ковид-19. Лису на Твитер напиша дека неговите разузнавачки извори велат дека тој е на интензивна нега поради ковид-19 и дека едната страна од неговото тело е парализирана по мозочен удар. Се шират гласини дека Магуфули е тешко болен, во болница во Кенија или Индија, додека според други тој воопшто не ја напуштил Танзанија. Владата на Танзанија не рече скоро ништо за претседателот освен дека оние што шират гласини ќе завршат во затвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischezna-pretsedatelot-na-tanzanija-go-nema-17-dena-a-koj-kje-prasha-kade-e-vednash-kje-bide-uapsen/feed/ 0
Коза и папаја позитивни на коронавирус во Танзанија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koza-i-papaja-pozitivni-na-koronavirus-vo-tanzanija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koza-i-papaja-pozitivni-na-koronavirus-vo-tanzanija/#respond Tue, 05 May 2020 06:27:46 +0000 https://kurir.mk/?p=341687

Директорот на Националната здравствена лабораторија на Танзанија и нејзиниот раководител за квалитет се суспендирани до завршување на истрагата која е во тек, откако претседателот Џон Магуфули се посомневал во точноста на тестовите за коронавирус. Тој наредил наместо луѓе да се тестираат животни и растенија. Претседателот открил дека наредил тајно тестирање на поинакви примероци, а на техничарите во лабораторијата не им кажал дека станува збор за тестови кои не се од луѓе. Претседателот на Танзанија истакнал дека побарал од силите на безбедност да го проверат квалитетот. За тестирање биле дадени примероци од папаја, коза и овца и дел од нив биле позитивни, а на овие тестови биле напишани имиња на луѓе. Министерстото за здравство во ваквите резултати формирало комитет од 10 лица кои ќе го истражуваат однесувањето на лицата вработени во лабораторијата, а резултатите од истрагата ќе бидат познати до 13 мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/koza-i-papaja-pozitivni-na-koronavirus-vo-tanzanija/feed/ 0