Џон Мекејн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Aug 2018 06:47:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џон Мекејн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ѓорчев: Сенаторот Џон Мекејн беше голем пријател на Македонија и АРМ, секогаш го користеше нашето уставно име https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-senatorot-dzon-mekejn-beshe-golem-prijatel-na-makedonija-i-arm-sekogash-go-koristeshe-nasheto-ustavno-ime/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-senatorot-dzon-mekejn-beshe-golem-prijatel-na-makedonija-i-arm-sekogash-go-koristeshe-nasheto-ustavno-ime/#respond Sun, 26 Aug 2018 16:31:00 +0000 https://kurir.mk/?p=92427

По повод смртта на американскиот сенатор Џон Мекејн, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорцев изјави дека денеска замина голем пријател на Македонија. -Сенаторот Џон Мекејн беше долгогодишен и голем пријател на Република Македонија. Секогаш во своите изјави и настапи го користеше нашето уставно име, со силна поддршка на македонско - американските односи, рече пратеникот. Вели дека на заедничките средби секогаш Мекејн бил силен промотор на членството на Македонија во НАТО и имал одлични зборови за професионалноста и обученоста на војниците на АРМ. -Ми беше задоволство што како меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ бев присутен на неговата претседателска конвенција во Минеаполис во 2008 година, каде што беше номиниран за кандидат за претседател на САД од редовите на Репубиканската партија. Му благодарам што секогаѓ беше отворен и достапен за средба и разговор во неговиот кабинет, рече Ѓорчев. На крајот, пратеникот се осврна на соработката со Меѓународниот републикански институт (ИРИ): -Сенаторот Џон Мекејн беше претседател на ИРИ, кој што е долгогодишен партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Присутноста на ИРИ изминативе 22 години во Македонија ги помогна демократските процеси и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја развива соработката со ИРИ, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ. Сенаторот Џон Мекејн (1936 - 2018) почина во текот на денешниот ден. Беше конгресмен (1982 - 1986) и сенатор (1986 - 2018) од Аризона. Во 2008 година беше кандидат за претседател на Републиканците, а резултатот беше 52 % - 46 % во корист на Барак Обама. Мекејн беше сопруг на Линдзи Мекејн и имаше 7 деца. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorchev-senatorot-dzon-mekejn-beshe-golem-prijatel-na-makedonija-i-arm-sekogash-go-koristeshe-nasheto-ustavno-ime/feed/ 0
Почина сенаторот и поранешен кандидат за претседател на САД, Џон Мекејн https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-senatorot-i-poraneshen-kandidat-za-pretsedatel-na-sad-dzon-mekejn/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-senatorot-i-poraneshen-kandidat-za-pretsedatel-na-sad-dzon-mekejn/#respond Sun, 26 Aug 2018 07:07:46 +0000 https://kurir.mk/?p=92149

Сенаторот републиканец и поранешен кандидат за претседател на САД во 2008 година, Џон Мекејн почина синоќа на 81-годипна возраст, соопшти неговиот кабинет. Сенаторот од Аризона се бореше со агресивна форма на мозочен тумор, која му беше дијагностицирана во јули 2017 година. Кон средината на април оваа година тој беше опериран поради цревна инфекција. Мекејн не се појави во Конгресот од почетокот на годинава. - Испраќам свое најдлабоко сочувство и почит до семејството на сенаторот Џон Мекејн, напиша на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп. Министерот за одбрана Џејмс Матис истакна дека со смртта на Мекејн „ние загубивме човек, кој постојано ги изразуваше најдобрите идеали на нашата земја“. Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич МекКонел нагласи дека „во ера исполнета со цинизам во однос на националното единство и јавните институции“, животот на Мекејн е вистински пример за „бесконечен патриотизам и пожртвуваност“. - Нацијата е во солзи. Со смртта на Џон Мекејн, Конгресот и Америка загубија лидер и човек со голем патриотизам и исклучителна храброст, изјави лидерот на демократското малцинство во Претставничкиот дом, Нанси Пелоси. Пораки со сочувство испратија и поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ Буш и Џими Картер, но и други американски поранешни и актуелни политичари, како и канадскиот премиер Џастин Трудо и австралискиот премиер Скот Морисон. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-senatorot-i-poraneshen-kandidat-za-pretsedatel-na-sad-dzon-mekejn/feed/ 0