Џон Вик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Feb 2023 13:37:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џон Вик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стигна последниот трејлер за филмот „John Wick“ и веќе е очигледно – нема да фали акција! https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/stigna-posledniot-trejler-za-filmot-john-wick-i-veke-e-ochigledno-nema-da-fali-aktsija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/stigna-posledniot-trejler-za-filmot-john-wick-i-veke-e-ochigledno-nema-da-fali-aktsija/#respond Mon, 20 Feb 2023 13:37:10 +0000 https://kurir.mk/?p=802726

„John Wick: Chapter 4“ ќе се појави во кината на 24 март, а најновиот трејлер буквално пука од акција. Повеќето од главните протагонисти, познати и нови, го добија својот момент во минута и пол долгиот трејлер. Бил Скарсгард како Маркиз изгледа особено заканувачки, како и Дони Јен со неговата мечувачка способност како Кејн. Тие без сомнение ќе обезбедат достојни противници за насловниот лик кој го игра Кијану Ривс, но трејлерот исто така им дава на гледачите поглед на Бовери Кинг и Винстон кои ги играат Лоренс Фишбурн и Иан Мекшејн. Станува збор за собирање на целото „семејство“ на Џон Вик, па трејлерот содржи бројни зачудувачки акциони секвенци. Сакате да гледате престрелки и борби? А што е со конфронтација среде густ сообраќај или бркање на коњ како сценографијата на вестерн филмовите? Трејлерот за најновиот дел од франшизата има се. На крајот на краиштата, погледнете како Ривс запознава нов пријател со четири нозе кој ќе биде при рака кога ќе му биде најпотребно. „John Wick: Chapter 4“ ќе се појави во кината на 24 март, но гледачите не треба да се грижат дека ова би можело да биде крај на акционата сага на Ривс, бидејќи Лајонсгејт веќе потврди дека се подготвува петтиот дел. Погледнете го трејлерот:
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/stigna-posledniot-trejler-za-filmot-john-wick-i-veke-e-ochigledno-nema-da-fali-aktsija/feed/ 0
ВИДЕО: Објавен трејлерот за новото продолжение на „Џон Вик“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-objaven-trejlerot-za-novoto-prodolzenie-na-dzon-vik/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-objaven-trejlerot-za-novoto-prodolzenie-na-dzon-vik/#respond Fri, 11 Nov 2022 10:08:35 +0000 https://kurir.mk/?p=759056

Официјалниот трејлер за четвртото продолжение на „Џон Вик“ е објавен, по што стана јасно дека повторно ќе има многу возбудувања. Според трејлерот, Кијану Ривс е повторно одвлечен во темниот свет за да ги исправи грешките од минатото. Синопсисот за новиот филм открива дека Вик „го наоѓа патот до победата“ над организираната криминална организација со која постојано се бори. Објавениот трејлер започнува со Вик кој ја оплакува својата мртва сопруга. Во тек се и подготовки за петтото продолжение на популарниот филм. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/video-objaven-trejlerot-za-novoto-prodolzenie-na-dzon-vik/feed/ 0
„Џон Вик 4“ ќе биде најдолгиот филм во серијалот, вели режисерот https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dzon-vik-4-kje-bide-najdolgiot-film-vo-serijalot-veli-reziserot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dzon-vik-4-kje-bide-najdolgiot-film-vo-serijalot-veli-reziserot/#respond Fri, 12 Aug 2022 11:01:49 +0000 https://kurir.mk/?p=717609

Подолгото траење стана заштитен знак на современите филмови, а „Џон Вик 4“ не е исклучок од правилото. Во интервју за „Колидер“ режисерот Чед Стахелски откри дека претстојниот филм ќе биде најдолгиот во серијалот досега. „Ќе биде подолг од другите три, но не премногу“, рече тој. Иако не прецизира, четвртиот во сагата за немилосрдниот одмаздник ќе трае најмалку 131 минута ако се земе предвид „Џон Вик Поглавје 3: Парабелум“. „Џон Вик 4“ треба да пристигне до 2023 година иако режисерот откри дека снимањето е во завршна фаза, што значи дека премиерата може да подрани. „Секвенциите се завршени. Филмот е во суштина направен. Веројатно, ќе има уште неколку недели целокупно дотерување, потоа го заклучуваме, а станува збор за звукот, музиката и за ефектите“, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dzon-vik-4-kje-bide-najdolgiot-film-vo-serijalot-veli-reziserot/feed/ 0
НБА кошаркарот Бобан Марјановиќ во улога на убиец во третиот дел на „Џон Вик“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nba-kosharkarot-boban-marjanovikj-vo-uloga-na-ubiec-vo-tretiot-del-na-dzon-vik-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nba-kosharkarot-boban-marjanovikj-vo-uloga-na-ubiec-vo-tretiot-del-na-dzon-vik-video/#respond Sat, 18 May 2019 07:37:08 +0000 https://kurir.mk/?p=199307

Српскиот НБА кошаркара Бобан Марјановиќ, заедно со Киану Ривс, се појавува во улога на платен убиец во ударната сцена на третото продолжение на акцискиот трилер „Џон Вик“, објави „Волстрит Џурнал“. Уводната сцена на тепачка помеѓу ликовите на Марјановиќ и Ривс се одвива во импресивната Њујоршка јавна библиотека. Весникот наведува дека продуцентите на филмот биле импресионирани од градбата на Марјановиќ, кој е висок 221 сантиметри. Во филмот се појавува и холивудската актерка Хали Бери. – Искрено, бев многу повозбуден од доделувањето на улогата на Марјановиќ, отколку на Хали Бери, изјави режисерот на филмот Чад Стахелски. Марјановиќ, кој оваа сезона игра за Филадалфија Сиксерс, се има појавено во уште два филма. Тој играше во српскиот филм „Ќе бидеме светски шампиони“, кој говори за кошаркарската репрезентација на поранешна Југославија од 1970 година. – Се што правев е што трчав наоколу во тесни шорцеви, вели Марјановиќ за оваа улога. Тој не се сеќава во кои други филмови гостувал, но вели дека „знае оти имал неколку улоги“. – Прво не знаев зошто ме поканија да играм заедно со Киану Ривс, но потоа сфатив дека тоа е поради мојот добар изглед, вели српскиот кошаркар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nba-kosharkarot-boban-marjanovikj-vo-uloga-na-ubiec-vo-tretiot-del-na-dzon-vik-video/feed/ 0