Џонсон и Џонсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Dec 2021 08:37:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џонсон и Џонсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЦДЦ ги препорачува вакцините на Модерна и Фајзер наместо Џонсон и Џонсон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cdc-gi-preporachuva-vakcinite-na-moderna-i-fajzer-namesto-dzonson-i-dzonson/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cdc-gi-preporachuva-vakcinite-na-moderna-i-fajzer-namesto-dzonson-i-dzonson/#respond Fri, 17 Dec 2021 08:37:23 +0000 https://kurir.mk/?p=609620

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во четвртокот им препорача на Американците да изберат една од двете други овластени вакцини против Ковид-19 наместо „Џонсон и Џонсон“, поради ретки, но понекогаш фатални случаи на згрутчување на крвта. Потегот на ЦДЦ следеше откако неговиот советодавен одбор за имунизација едногласно ја изгласа препораката за вакцините „Модерна“ и „Фајзер/Бионтек“ наспроти „Џонсон и Џонсон“. Од повеќе од 200 милиони целосно вакцинирани луѓе во Соединетите Американски Држави, околу 16 милиони ја примиле вакцината „Џонсон и Џонсон“. Компанијата соопшти дека безбедноста на оние кои ја користат вакцината „Џонсон и Џонсон“ е нивниот главен приоритет. Случаи на тромбоза со синдром на тромбоцитопенија, кој вклучува згрутчување на крвта придружено со низок број тромбоцити, претходно биле пријавени кај приматели на вакцината „Џонсон и Џонсон“. Највисоки стапки се пријавени кај жени под 50 години. ЦДЦ соопшти дека стапката на вакви инциденти е повисока од претходно проценетата, и кај жените и кај мажите. Агенцијата идентификуваше повеќе од 50 такви случаи во САД, околу 3,83 случаи на милион примени дози на „Џонсон и Џонсон“. Членовите на Комитетот, исто така, рекоа дека вакцината на „Џонсон и Џонсон“ е помалку ефикасна во спречувањето на Ковид-19 од другите две одобрени вакцини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cdc-gi-preporachuva-vakcinite-na-moderna-i-fajzer-namesto-dzonson-i-dzonson/feed/ 0
ЕМА: Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ може да се прими како засилувачка два месеца по првата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-vakcinata-na-dzonson-i-dzonson-moze-da-se-primi-kako-zasiluvachka-dva-meseca-po-prvata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-vakcinata-na-dzonson-i-dzonson-moze-da-se-primi-kako-zasiluvachka-dva-meseca-po-prvata/#respond Wed, 15 Dec 2021 11:33:30 +0000 https://kurir.mk/?p=608825

Европската агенција за лекови денеска соопшти дека вакцината против Ковид-19 на „Џонсон и Џонсон“ може да се користи како засилувачка доза два месеца по примената на првата доза. „Комитетот на ЕМА (CHMP) заклучи дека засилената доза на вакцината против Ковид-19 на ‘Џонсон и Џонсон’ може да се земе најмалку два месеца по првата доза кај луѓе на возраст од 18 години и повеќе“, се вели во соопштението. Во соопштението се додава дека вакцината на „Џонсон и Џонсон“ може да се даде и како засилувачка доза по две дози на вакцините „Фајзер“ или на „Модерна“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-vakcinata-na-dzonson-i-dzonson-moze-da-se-primi-kako-zasiluvachka-dva-meseca-po-prvata/feed/ 0
„Џонсон и Џонсон“ очекува 2,5 милијарди долари приход од продажба на вакцини во 2021 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-i-dzonson-ochekuva-2-5-milijardi-dolari-prihod-od-prodazba-na-vakcini-vo-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-i-dzonson-ochekuva-2-5-milijardi-dolari-prihod-od-prodazba-na-vakcini-vo-2021-godina/#respond Tue, 19 Oct 2021 16:01:21 +0000 https://kurir.mk/?p=582162

Американскиот фармацевтски гигант „Џонсон и Џонсон“ денеска ја зголеми годишната прогноза за профитот и потврди дека очекува 2,5 милијарди американски долари приход од продажбата на вакцината против Ковид-19.
На почетокот од годинава, „Џонсон и Џонсон“ се соочи со проблеми во производството на вакцини во фабриката во Балтимор и беше принуден да уништи милиони дози, да ги одложи испораките и двојно да го намали своето целно годишно производство на 500 до 600 милиони дози. Неговата вакцина сега е многу помалку се користи во САД, иако некогаш беше прогласена за важна алатка во борбата против пандемијата во тешко достапните области, особено со оглед на фактот дека луѓето се вакцинираат само со една доза.
Конкурентите „Модерна“ и „Фајзер“, пак, потпишуваат договори за испорака на трети дози во следната година, но и на подолг рок. „Џонсон и Џонсон“ ги зголеми приходите за 10,7 проценти во третиот квартал, на 23,3 милијарди долари. Нето добивката се зголеми за 3,2 отсто, достигнувајќи 3,67 милијарди долари. Заработката по акција се зголеми за три проценти, на 1,37 американски долари. Одделот за лекови го зголеми приходот во третиот квартал за 13,8 проценти, на 13 милијарди долари, а приходот од продажба на вакцината против Ковид-19 изнесуваше само 502 милиони долари. Во првите девет месеци достигна 766 милиони долари. Компанијата ја потврди проценката од јули дека приходите од продажба на вакцини против коронавирус треба да изнесуваат 2,5 милијарди долари, што значи дека треба да е двојно повеќе во последните три месеци од оваа година отколку во првите девет месеци годинава. Вкупниот приход се очекува да биде 94,1 милијарди до 94,6 милијарди долари оваа година, проценува „Џонсон и Џонсон“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-i-dzonson-ochekuva-2-5-milijardi-dolari-prihod-od-prodazba-na-vakcini-vo-2021-godina/feed/ 0
ЕМА ја анализира врската меѓу вакцините на Џонсон и Џонсон и пријавените нервни нарушувања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-ja-analizira-vrskata-megju-vakcinite-na-dzonson-i-dzonson-i-prijavenite-nervni-narushuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-ja-analizira-vrskata-megju-vakcinite-na-dzonson-i-dzonson-i-prijavenite-nervni-narushuvanja/#respond Tue, 13 Jul 2021 16:24:57 +0000 https://kurir.mk/?p=536273

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека ги анализира податоците за ретки случаи на нарушувања на нервниот систем пријавени меѓу примателите на вакцината на Џонсон и Џонсон против Ковид-19, откако САД издадоа предупредување за несакани ефекти на оваа вакцина. – Комитетот за безбедност на ЕМА ги анализира податоците кои ги достави компанијата Џонсон и Џонсон за случаи на синдромот Гилен-Баре (ГБС) пријавени по вакцинирањето, соопшти ЕМА, додавајќи дека биле побарани дополнителни информации од Ј&Ј. Претходно, администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) додаде ново предупредување за вакцините против Ковид-19 на Џонсон и Џонсон (Ј&J) нагласувајќи дека податоците сугерираат оти постои зголемен ризик од развој на ретко невролошко нарушување шест недели по вакцинацијата. Во писмо на компанијата до ФДА се наведува дека шансите за развој на ГБС по вакцинацијата се „многу мали“. Но, додаваат дека оние кои примиле вакцина на Џонсон и Џонсон треба да побараат лекарска помош доколку се чувствуваат слабо и имаат проблеми при движење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-ja-analizira-vrskata-megju-vakcinite-na-dzonson-i-dzonson-i-prijavenite-nervni-narushuvanja/feed/ 0
ФДА со предупредување за несакани ефекти на вакцината на Ј&Ј https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fda-so-predupreduvanje-za-nesakani-efekti-na-vakcinata-na-j-j/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fda-so-predupreduvanje-za-nesakani-efekti-na-vakcinata-na-j-j/#respond Tue, 13 Jul 2021 06:05:15 +0000 https://kurir.mk/?p=535759

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) додаде ново предупредување за вакцините против Ковид-19 на Џонсон и Џонсон (Ј&J) нагласувајќи дека податоците сугерираат дека постои зголемен ризик од развој на ретко невролошко нарушување шест недели по вакцинацијата. Во писмо на компанијата до ФДА се наведува дека шансите за развој на синдром Гилен-Баре (Guillain-Barré) по вакцинацијата се „многу мали“. Но, додаваат дека оние кои примиле вакцина J&J треба да побараат лекарска помош доколку се чувствуваат слабо, имаат потешкотии при движење. Околу 12,8 милиони луѓе примиле вакцина J&J во САД, а пријавени се и 100 извештаи за ГБС кај вакцинираните со вакцината, вклучувајќи 95 сериозни случаи кои бараат хоспитализација и еден потврден смртен случај. ГБС е ретка невролошка состојба во која имуниот систем ја напаѓа заштитната обвивка на нервните влакна. Повеќето случаи се придружени со бактериска или вирусна инфекција, а повеќето луѓе се опоравуваат целосно. Таа состојба беше поврзана со вакцинации во минатото – најмногу со кампањата за вакцинација за време на епидемијата на свински грип во САД во 1976 година и децении подоцна со вакцината употребена за време на пандемијата на грип H1N1 во 2009 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fda-so-predupreduvanje-za-nesakani-efekti-na-vakcinata-na-j-j/feed/ 0
ФДА: Ќе се фрлат спорните серии вакцини Џонсон и Џонсон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fda-kje-se-frlat-spornite-serii-vakcini-dzonson-i-dzonson/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fda-kje-se-frlat-spornite-serii-vakcini-dzonson-i-dzonson/#respond Sat, 12 Jun 2021 07:48:17 +0000 https://kurir.mk/?p=522274

Американската Управа за храна и лекови (ФДА) синоќа соопшти дека фармацевтската компанија Џонсон и Џонсон ќе мора да фрли повеќе милиони дози вакцина против Ковид-19, произведени во фабриката во Балтимор. Во исто време ФДА одобри употреба на 10 милиони други дози од вакцината. Според Њујорк тајмс спорниот контингент вакцини опфаќа околу 60 милиони дози. ФДА не потврди за колкава бројка вакцини се работи освен дека неколку серии не се за употреба. Производството на вакцини во фабриката во Балтимор е стопирано во април откако е откриено дека состојките во вакцината на Астра Зенека, што во исто време се произведуваа во фабриката, штетно влијаеле на една серија вакцини на Џонсон и Џонсон. Вакцината на Астра Зенека не се произведува повеќе во фабриката во Балтимор. И Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера соопшти дека контингентот вакцини на Џонсон и Џонсон, кои се направени за европскиот регион во време кога беше откриена грешка во производството на дози во Балтимор, САД, како мерка на претпазливост, нема да се користи. ЕМА не соопшти за колку дози станува збор, но западните медиуми наведуваат дека станува збор за неколку милиони дози.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fda-kje-se-frlat-spornite-serii-vakcini-dzonson-i-dzonson/feed/ 0
Британија ја одобри вакцината Џонсон и Џонсон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-ja-odobri-vakcinata-dzonson-i-dzonson/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-ja-odobri-vakcinata-dzonson-i-dzonson/#respond Fri, 28 May 2021 13:20:47 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516121

Британското здравствено регулаторно тело ја одобри денеска употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон, соопшти Министерството за здравство во Лондон, со што вакцината на оваа компанија стана четврта која има дозвола за употреба во земјата. Пред неа одобрени се вакцините на Фајзер/БиоНТек, Модерна и на Астра Зенека. Велика Британија ја намали побарувачката за оваа вакцина, која се дава во една доза, поради проблемите на фармацевтската компанија со испораката, но и поради извештаите за згрутчување на крвта. Британија досега вакцинираше две третини од граѓаните со најмалку една доза од вакцините, а Владата потенцира „досега невидена брзина и обем на имунизација“. – Вакцината на Џонсон и Џонсон ќе игра важна улога во наредните месеци при нашите напори да ги охрабриме сите да примаат доза и евентуално да влезат во програмата за засилување (трета доза на вакцината), изјави британскиот министер за здравство Мет Ханкок. Вакцината на Џонсон и Џонсон е одобрена во САД и Европската унија, каде што се забележани ретки случаи на згрутчување на крвта и се вршат анализи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-ja-odobri-vakcinata-dzonson-i-dzonson/feed/ 0
Нови случаи на тромбоза по примена вакцина „Џонсон и Џонсон“, еве што соопшти американскиот Центар за контрола на болести https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-sluchai-na-tromboza-po-primena-vakcina-dzonson-i-dzonson-eve-shto-soopshti-amerikanskiot-centar-za-kontrola-na-bolesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-sluchai-na-tromboza-po-primena-vakcina-dzonson-i-dzonson-eve-shto-soopshti-amerikanskiot-centar-za-kontrola-na-bolesti/#respond Thu, 13 May 2021 10:32:23 +0000 https://kurir.mk/?p=509853

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести соопшти дека се откриени уште случаи на згрутчување на крвта потенцијално опасно по живот кај лицата кои ја примиле вакцината против Ковид-19 на „Џонсон и Џонсон“. Центарот соопштил и дека се гледа „веројатна поврзаност“ меѓу вакцината и овие случаи. Оттаму посочуваат дека се идентификувани 28 случаи на тромбоза со синдром тромбоцитопенија кај повеќе од 8,7 милиони лица кои ја примиле оваа вакцина од кои три починале. Претходно на 25 април американскиот Центар ја информираше јавноста за 17 случаи на згрутчување на  крвта кај близу 8 милиони лица кои се имунизирале со „Џонсон и Џонсон“. Сепак од Центарот потенцираат дека користа од вакцина го надминува ризикот на вакцината и во моментов не се потребни ажурирања на политиката за вакцинирање. ЦДЦ претходно соопшти дека случувањата се слични како оние кои се разгледуваат по примена вакцина на АстраЗенека во Европа. Двете вакцини се базираат на нова технологија која користи аденовируси кои предизивикуваат настинка, а кои се модифицирани за да бидат безопасни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-sluchai-na-tromboza-po-primena-vakcina-dzonson-i-dzonson-eve-shto-soopshti-amerikanskiot-centar-za-kontrola-na-bolesti/feed/ 0
Овие две вакцини во Норвешка не се препорачуваат за користење https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovie-dve-vakcini-vo-norveshka-ne-se-preporachuvaat-za-koristenje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovie-dve-vakcini-vo-norveshka-ne-se-preporachuvaat-za-koristenje/#respond Mon, 10 May 2021 10:00:16 +0000 https://kurir.mk/?p=508394

Вакцините против Ковид-19 на британско-шведската компанија Астра Зенека и Џансен на американската компанија Џонсон и Џонсон не треба да се користат во норвешката програма за вакцинирање. Таква препорака денеска даде владина група експерти за вирусни векторски вакцини, јави телевизијата НРК. Норвешка сè уште не започнала да ја користи вакцината Џансен, која беше одобрена во ЕУ и Кралството на 11 март. Одлуката се заснова на фактот дека можните несакани ефекти – згрутчување на крвта, бараат дополнително проучување. Вакцината на Астра Зенека во Норвешка беше укината истиот ден, на 11 март, по извештаите за згрутчување на крвта и нарушувања на коагулацијата на крвта кај вакцинирани лица. Норвешката агенција за јавно здравје, како и експертската група, препорачува вакцината целосно да се исклучи од програмата за вакцинација. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovie-dve-vakcini-vo-norveshka-ne-se-preporachuvaat-za-koristenje/feed/ 0
Канада: Вакцината на Џонсон и Џонсон ќе ја примаат лица над 30 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-vakcinata-na-dzonson-i-dzonson-kje-ja-primaat-lica-nad-30-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-vakcinata-na-dzonson-i-dzonson-kje-ja-primaat-lica-nad-30-godini/#respond Tue, 04 May 2021 06:02:33 +0000 https://kurir.mk/?p=505095

Научниот комитет, што ја советува канадската Влада за вакцини против коронавирусот, препорача вакцината на Џонсон и Џонсон да се користи кај лица над 30 години. Таа одлука дојде кратко време откако Данска објави дека целосно се откажува од овој производ поради можни сериозни несакани ефекти, и покрај зелено светло од СЗО и европскиот регулатор. Во април, регулаторот на САД ја прекина употребата на оваа вакцина по ретки случаи на тромбоза. Франција одлучи да го примени на лица над 55 години слично како и за Астра Зенека. Каролин Каш, раководител на канадскиот научен комитет, рече дека со оглед на сегашните податоци, се препорачува вакцината Џонсон и Џонсон, како и вакцината Астра Зенека, да се дава на лица на возраст од 30 години и повеќе. За време на клиничките испитувања, вакцината Џонсон и Џонсон покажала ефикасност од 67 проценти, додаде таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-vakcinata-na-dzonson-i-dzonson-kje-ja-primaat-lica-nad-30-godini/feed/ 0