џонсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 24 Jan 2021 08:11:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png џонсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Џонсон: Се радувам на соработката со новиот шеф на американската држава https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-se-raduvam-na-sorabotkata-so-noviot-shef-na-amerikanskata-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-se-raduvam-na-sorabotkata-so-noviot-shef-na-amerikanskata-drzava/#respond Sun, 24 Jan 2021 08:11:11 +0000 https://kurir.mk/?p=459063

Британскиот премиер Борис Џонсон по вчерашниот прв телефонски разговор со претседателот на САД, Џо Бајден, изјави дека се радува на соработката со новиот шеф на американската држава на нивните заеднички цели, вклучително борбата против климатските промени. Според портпаролка на Џонсон, британскиот премиер топло ја поздравил одлуката на Бајден за повторно приклучување во Парискиот договор за климатски промени. – Осврнувајќи се на долгата историја на соработка меѓу Обединетото Кралство и САД во безбедноста и одбраната, двајцата лидери повторни му се посветија на НАТО и заедничките вредности во промовирањето на човековите права и заштита на демократијата, нагласи портпаролката. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-se-raduvam-na-sorabotkata-so-noviot-shef-na-amerikanskata-drzava/feed/ 0
Џонсон и Фон дер Лајен на средба во Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-i-fon-der-lajen-na-sredba-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-i-fon-der-lajen-na-sredba-vo-brisel/#respond Tue, 08 Dec 2020 19:36:17 +0000 https://kurir.mk/?p=440605

Британскиот премиер Борис Џонсон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе се сретнат утре во Брисел, со цел да се обидат да ги решат прашањата кои ги кочат трговските преговори за Брегзит, соопшти британската Влада. Џонсон утре ќе допатува во Брисел на вечера со Фон дер Лајен, каде ќе продолжат разговорите за идниот однос меѓу Велика Британија и ЕУ. – Со нетрпение очекувам да го пречекам британскиот премиер Борис Џонсон утревечер, напиша претседателката на Европската комисија на Твитер. Европската комисија соопшти денеска дека преговорите за идните односи меѓу Лондон и Брисел би можеле да продолжат и по крајот на годинава, кога завршува преодниот период за Брегзит. – Ако не биде постигнат договор до 1 јануари, значи ќе се најдеме во ситуација без договор. Тоа не ја исклучува можноста за преговори, од наша страна, и не исклучува можност да го проодлжиме дијалогот врз основа на мандатот кој ни е даден, истакна портпарол на ЕК. Од друга страна, Џонсон денеска нагласи дека можеби се приближува моментот кога Британија треба да ги прекине преговорите за трговија со ЕУ по Брегзит. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-i-fon-der-lajen-na-sredba-vo-brisel/feed/ 0
Џонсон: ЕУ да направи мала отстапка додека има време https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-eu-da-napravi-mala-otstapka-dodeka-ima-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-eu-da-napravi-mala-otstapka-dodeka-ima-vreme/#respond Mon, 19 Oct 2020 09:28:16 +0000 https://kurir.mk/?p=418001

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон изјави дека сака Европска Унија да направи мали отстапки за Брегзит додека „се уште има време“, а во спротивно нема да има трговски договор. – Би било разумно од нивна страна во овој момент да го направт тој исчекор, да се доближат до нашите ставови, додека има простор за дискусија. Тоа уште не го направија и некако е разочарувачки, истакна Џонсон. И британскиот министер за локална самоуправа Роберт Џенрик истакна дека се надева оти ЕУ може да преземе мали, но значителни отстапки, со што би покажале дека ја „почитуваат Велика Британија како самостална нација“. – Но, ако не се во состојба тоа да го направат,тогаш нема да успееме успешно да ги завршиме разговорите за двете страни, посочи Џенрик. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-eu-da-napravi-mala-otstapka-dodeka-ima-vreme/feed/ 0
Џонсон: Велика Британија и ЕУ неделава постигнаа одреден напредок https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-velika-britanija-i-eu-nedelava-postignaa-odreden-napredok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-velika-britanija-i-eu-nedelava-postignaa-odreden-napredok/#respond Wed, 14 Oct 2020 15:59:03 +0000 https://kurir.mk/?p=416431

Велика Британија и Европската унија неделава постигнаа одреден напредок во трговските разговори, но и натаму има разлики, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон. Тој повтори дека неѓу двете преговарачки страни постојат разлики во прашањето на риболовот и еднаквите услови, пренесуваат британските медиуми. -Неделава е постигнат одреден напредок, пред се во техничките области на преговорите, но и натаму има разлики, особено во риболовот, рече портпарлот пред новинарите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-velika-britanija-i-eu-nedelava-postignaa-odreden-napredok/feed/ 0
Џонсон: Не сакам Британија повторно да се затвори поради Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-ne-sakam-britanija-povtorno-da-se-zatvori-poradi-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-ne-sakam-britanija-povtorno-da-se-zatvori-poradi-kovid-19/#respond Sun, 19 Jul 2020 08:04:55 +0000 https://kurir.mk/?p=378263

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека не сака Велика Британија повторно да се затвори поради вирусот Ковид-19. Тој во интервју за „Сандеј телеграф“ рече дека не сака да наметне второ национално затворање и изолација во случај на втор бран на вирусот. Џонсон го спореди националното затворање и изолацијата со „нуклеарно одвраќање“ и додаде дека не верува оти Велика Британија повторно ќе биде во таа позиција. Од друга страна, главниот научен советник на Велика Британија рече дека постои ризик дека такви мерки можеби ќе бидат потребни во зима. Џонсон тврди дека властите се подобри во идентификувањето и изолирањето на локалните жаришта, додавајќи дека можноста за одлука или акција на национално ниво ќе остане опција. – Не можам да се откажам од таа можност повеќе отколку што би се откажал од нуклеарно одвраќање, но тоа е како нуклеарно одвраќање, јас сигурно не сакам да го искористам. И не верувам дека повторно ќе бидеме во таа ситуација, истакна Џонсон. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-ne-sakam-britanija-povtorno-da-se-zatvori-poradi-kovid-19/feed/ 0
Џонсон: Даунинг стрит секој ден ќе биде отворен за медиумите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-dauning-strit-sekoj-den-kje-bide-otvoren-za-mediumite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-dauning-strit-sekoj-den-kje-bide-otvoren-za-mediumite/#respond Fri, 03 Jul 2020 06:46:46 +0000 https://kurir.mk/?p=367954

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да воведе нова медиумска пракса во британската Влада и вратите на Даунинг стрит секој ден да ги отвори за медиумите, соопшти Скај њуз. Дневните прес-конференции наскоро ќе бидат емитувани и на телевизија, како во времето кога беше прогласена вонредната состојба заради епидемијата на коронавирус. Секојдневните прес брифинзи се постојана пракса во Белата куќа, но за време на претседателството на Доналд Трамп овие настани станаа сцена на остра конфронтација меѓу претставниците на седмата сила и функционери од претседателскиот кабинет, особено со Џон Спајсер и Сара Хакаби Сандерс. Британскиот премиер изјави дека новата медиумска пракса на Даунинг стрит ќе ја афирмира „културата на транспарентност и отвореност“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-dauning-strit-sekoj-den-kje-bide-otvoren-za-mediumite/feed/ 0
Џонсон вети милијарди фунти за спас на економијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-veti-milijardi-funti-za-spas-na-ekonomijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-veti-milijardi-funti-za-spas-na-ekonomijata/#respond Sun, 28 Jun 2020 14:46:47 +0000 https://kurir.mk/?p=364506

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска вети дека ќе потроши милијарди фунти за да ја спаси економијата и предупреди дека земјата наскоро ќе се соочи со „грмежи од економски последици“ на коронавирусот. – Ако Ковид-19 е гром, ни доаѓаат грмотевици од економски последици. Ние ќе бидеме подготвени, напиша Џоонсон на Твитер. Тој додаде дека сака Велика Британија да изгради пат кон здравјето, јави Би-Би-Си. Претходно, во интервју за „Мејл он сандеј“, Џонсон го повтори своето предизборно ветување дека ќе се градат нови училишта, болници и домови, дека ќе се завршат инфраструктурните проекти и ќе се создадат работни места за оние чии места повеќе не постојат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-veti-milijardi-funti-za-spas-na-ekonomijata/feed/ 0
Џонсон: Велика Британија до јули ќе се врати во состојба блиска до нормалната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-velika-britanija-do-juli-kje-se-vrati-vo-sostojba-bliska-do-normalnata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-velika-britanija-do-juli-kje-se-vrati-vo-sostojba-bliska-do-normalnata/#respond Sun, 17 May 2020 08:20:23 +0000 https://kurir.mk/?p=346858

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека сака земјата во јули да се врати на состојба „блиска до нормалната“ и најави дека со издвоени 93 милиони фунти или околу 104 милиони евра ќе го забраза отворањето Центар за пронаоѓање на вакцина против коронавирусот. Обраќајќи им се на 100-тина ториевски пратеници преку видео-врска, Џонсон кажа дека ќе преземе „бавни чекори“ за олеснување на мерките, но само доколку Британците се придржуваат до актуелните мерки за карантин. Џонсон оцени дека епидемијата го покажала најдоброто кај луѓето и посочи дека упорноста на јавноста и здравиот разум ќе и овозможат на земјата да напредува во надминувањето на мерките за карантин кон „нормалноста што многу ни недостасува“. Тој, исто така, изјави дека Истражувачкиот центар во Оксфордшир ќе биде отворен една година порано, во обид брзо да се пронајде вакцината против коронавирусот, пренесува „Дејли Меил“. Би-Би-Си, исто така, соопшти дека Џонсон признал дека е фрустриран од „комплексното “ ублажување на мерките за карантин во Велика Британија. Еден од пратениците, кој учествуваше во видео повикот со премиерот, за британски „Сан“ изјави дека Џонсон им кажал дека е одлучен земјата да ја врати блиску до нормалата пред крајот на јули. „Но, беше и јасен дека се ќе зависи од тоа дали земјата ќе ги исполни условите утврдени за борба против вирусот“, рече неименуваниот пратеник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-velika-britanija-do-juli-kje-se-vrati-vo-sostojba-bliska-do-normalnata/feed/ 0
Путин со пораки до Трамп и Џонсон: Некогаш бевме заедно на првата линија, тоа искуство ние потребно и денес https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-so-poraki-do-tramp-i-dzonson-nekogash-bevme-zaedno-na-prvata-linija-toa-iskustvo-nie-potrebno-i-denes/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-so-poraki-do-tramp-i-dzonson-nekogash-bevme-zaedno-na-prvata-linija-toa-iskustvo-nie-potrebno-i-denes/#respond Fri, 08 May 2020 14:39:52 +0000 https://kurir.mk/?p=343609

Рускиот претседател Владимир Путин упати пораки до претседателот на САД, Доналд Трамп и до британскиот премиер Борис Џонсон по повод 75-годишнината од Втората светска војна. Во пораката до Трамп, Путин наведува дека Русија и Америка можат многу да придонесат за глобалната стабилизација на првата борбена линија против глобалните предизвици. -Русија и Америка денес се наоѓаат на првите борбени редови со глобалните предизвици. Следејќи ја традицијата на соработка, чии темели беа поставени за време на војната, дејствувајќи во ‘духот на Елба‘, нашите земји би можеле да направат многу за да обезбедат глобална безбедност и стабилност, се вели во пораката. Како што соопшти Кремљ, Путин нагласил и дека Русија се сеќава на придонесот на заедничката победа на сојузниците во антихитлеровската коалиција и додава дека советско-американската соработка на бојното поле никогаш нема да биде заборавена. Во пораката до британскиот премиер Џонсон, Путин вели дека соработката за време на војната била непроценлива, што, според него, е потребно и денес. -Големата победа е најважниот настан на 20. век и е од вечно значење за судбината на целото човештво. Победата беше постигната благодарение на заедничките напори на Советскиот Сојуз и земјите од антихитлеровската коалиција. Тоа непроценливо искуство многу ни е потребно и денес, вели Путин. Тој изрази уверување дека сеќавањето на братството од времето на војната може да послужи и за развој на конструктивен дијалог меѓу Велика Британија и Русија и соработка во борбата против современите предизвици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-so-poraki-do-tramp-i-dzonson-nekogash-bevme-zaedno-na-prvata-linija-toa-iskustvo-nie-potrebno-i-denes/feed/ 0
Трамп и Џонсон сакаат координиран одговор на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-i-dzonson-sakaat-koordiniran-odgovor-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-i-dzonson-sakaat-koordiniran-odgovor-na-koronavirusot/#respond Tue, 21 Apr 2020 18:42:20 +0000 https://kurir.mk/?p=335219

Британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Доналд Трамп се согласија дека е потребен координиран меѓународен одговор на пандемијата на новиот коронавирус, вклучително и по линија на Г-7, соопшти кабинетот на Џонсон. Двајцата лидери во телефонскиот разговор дискутирале и за трговските односи. – Лидерите се ангажираа дека ќе продолжат да работат заедно за зајакнување на билатералните односи, вклучително и со потпишување договор за слободна трговија што е можно поскоро, соопшти Даунинг стрит. Според соопштение на Белата куќа, Џонсон му кажал на Трамп дека се чувствува подобро и оти закрепнува откако беше во болница поради инфекција со коронавирусот. Трамп и Џонсон „ја потврдија тесната соработка во Г7 и Г20 за отворање на светските економии и гарантирање дека оние кои имаат потреба ќе ја добијат потребната медицинска нега и производи“, се вели во соопштението на Белата куќа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-i-dzonson-sakaat-koordiniran-odgovor-na-koronavirusot/feed/ 0