џорџ флојд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Aug 2023 19:45:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png џорџ флојд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 И четвртиот полицаец од убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис осуден на затворска казна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-chetvrtiot-politsaets-od-ubistvoto-na-dhordh-flojd-vo-mineapolis-osuden-na-zatvorska-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-chetvrtiot-politsaets-od-ubistvoto-na-dhordh-flojd-vo-mineapolis-osuden-na-zatvorska-kazna/#respond Mon, 07 Aug 2023 19:45:07 +0000 https://kurir.mk/?p=864352

Поранешниот полицаец од Минеаполис, Ту Тао, денеска е осуден на четири години и девет месеци затвор за соучесништво во убиството на Џорџ Флојд, Афроамериканецот кој почина при неговото апсење на 25 мај 2020 година. Тао беше прогласен за виновен во мај дека помогнал во убиство од небрежност од втор степен, јавува Гласот на Америка. -Се надевав дека ќе има повеќе покајување, жалење, признавање на одредена одговорност, рече судијата пред да ја изрече пресудата. Тао кажа дека немал намера никому да наштети, некого да повреди. -Тоа никогаш не ми беше намерата. Направив се што мислев дека можам, додаде Тао. Тао, кој девет години бил во полициските сили, спречил група минувачи да се приближат додека белиот полицаец Дерек Шовин, клечел на вратот на Флојд девет и пол минути, кој за тоа време молел за неговиот живот и велејќи дека не може да дише. Флојд првично беше приведен под сомнение дека користел фалсификувана банкнота од 20 долари во блиската продавница. Апсењето и смртта на Флојд биле снимени од случаен минувач. Убиството предизвика протести против расизмот и полициската бруталност низ Америка и во светот. Јавниот обвинител на Минесота, Кит Елисон и другите обвинители побараа Тао да биде осуден на 51 месец затвор. Шовин беше прогласен за виновен за убиство во 2021 година. Двајца други полицајци, Томас Лејн и Александар Куенг, го држеа Флојд додека Шовин клечел на неговиот врат. Минатата година пред државниот суд се изјаснија за виновни за соучесништво во убиство од втор степен. Лејн беше осуден на три и пол години затвор, а Куенг на три. Шовин беше осуден на 22 и пол години затвор во државата за убиство од втор степен и уште 21 година поради федерални обвиненија за кршење на правата на Флојд. Казните ќе ги издржуваат истовремено.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-chetvrtiot-politsaets-od-ubistvoto-na-dhordh-flojd-vo-mineapolis-osuden-na-zatvorska-kazna/feed/ 0
Обвинителството бара 30 години затвор за Дерек Шовин, полицаецот осуден за убиството на Џорџ Флојд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obvinitelstvoto-bara-30-godini-zatvor-za-derek-shovin-policaecot-osuden-za-ubistvoto-na-dzordz-flojd/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obvinitelstvoto-bara-30-godini-zatvor-za-derek-shovin-policaecot-osuden-za-ubistvoto-na-dzordz-flojd/#respond Thu, 03 Jun 2021 07:45:59 +0000 https://kurir.mk/?p=518417

Државното обвинителство во Минесота побара 30-годишна затворска казна за поранешниот полицаец Дерек Шовин, кој беше осуден во април за убиството на Џорџ Флојд во мај 2020 година. Адвокатите на Шовин побараа условна казна, покрај времето што тој веќе го помина во притвор. Белиот полицаец Шовин, кој повеќе од девет минути клечеше на вратот на Џорџ Флојд, беше прогласен за виновен од поротата во Минеаполис по сите три точки - убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од небрежност од втор степен. Судијата Питер Кејхил пресуди дека има „отежнувачки околности“ во случајот со убиството на Флојд, што му дава можност да изрече пресуда за Шовин, што може да биде построга отколку што препорачува државата. Во Минесота, просечната казна за првиот прекршок, како што е случајот со Шовин, е 12 и пол години. Сепак, обвинителството во својот поднесок навело дека 30 години би биле „посоодветна казна заради длабокото влијание што го имаа постапките на обвинетиот врз жртвата, семејството на жртвата и заедницата“, пренесува Гласот на Америка. Максималната казна за најсериозната точка на обвинението против Шовин, убиство од втор степен, е 40 години. Изрекувањето на пресудата за Шовин е закажано за 25 јуни. Тој е во затвор од 20 април, кога беше прогласен за виновен, и се соочува со одделни федерални обвиненија поврзани со човековите права во случајот со смртта на Флојд. Атентатот на Флојд предизвика глобални демонстрации против институционализираниот расизам и полициска бруталност, особено во САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obvinitelstvoto-bara-30-godini-zatvor-za-derek-shovin-policaecot-osuden-za-ubistvoto-na-dzordz-flojd/feed/ 0
Со минута молк одбележана годишнината од убиството на Џорџ Флојд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-minuta-molk-odbelezana-godishninata-od-ubistvoto-na-dzordz-flojd/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-minuta-molk-odbelezana-godishninata-od-ubistvoto-na-dzordz-flojd/#respond Tue, 25 May 2021 20:20:55 +0000 https://kurir.mk/?p=515055

Во американскиот град Минеаполис денеска со едноминитен молк беше одбележана годишнината од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицаецот Дерек Шовин. Сестрата на Флојд, Бриџит и градоначалникот Џејкоб Фреј, како и граѓани и активисти, исто така, присуствуваа на настанот „Стани и запомни го Џорџ Флојд“. Видеото од инцидентот со убиството на Флојд на 25 мај 2020 година предизвика протести низ целиот свет. Поранешниот полицаец Шовин на судењето во април беше прогласен за виновен за убиство. За време на приведувањето Дерек Шовин повеќе од девет минути го држеше коленото врз вратот на Џорџ Флојд. Флојд беше уапсен затоа што се обидел да купи цигари со фалсификувана банкнота од 20 долари. Само неколку часа пред церемонијата на одбележување на крстосницата каде што беше убиен Флојд, дојде до пукање во кое беше повреден еден маж. Полицијата соопшти дека се брзо се вратило во нормала и дека нема повеќе повредени лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-minuta-molk-odbelezana-godishninata-od-ubistvoto-na-dzordz-flojd/feed/ 0
Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд бара ново судење: Адвокатот тврди дека не е праведно https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policaecot-koj-go-ubi-dzordz-flojd-bara-novo-sudenje-advokatot-tvrdi-deka-ne-e-pravedno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policaecot-koj-go-ubi-dzordz-flojd-bara-novo-sudenje-advokatot-tvrdi-deka-ne-e-pravedno/#respond Wed, 05 May 2021 06:44:34 +0000 https://kurir.mk/?p=505669

Поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Шовин, осуден поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој предизвика масовни протести против расизмот, во вторникот бараше ново судење. Адвокатот на Шовин, Ерик Нелсон тврди дека судењето не било праведно и дека преесудата не е во склоп со законот, пренесува Ројтерс. Шовин на 20 Април, по три недели судење е прогласен за виновен по сите три точки на тужби, вклучувајќи ја и онаа за убиство. Флој почина бидејки Шовин со колено му го притискаше вратот подолго од девет минути.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policaecot-koj-go-ubi-dzordz-flojd-bara-novo-sudenje-advokatot-tvrdi-deka-ne-e-pravedno/feed/ 0
Дерек Шовин прогласен виновен по трите обвиненија за смртта на Џорџ Флојд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/derek-shovin-proglasen-vinoven-po-trite-obvinenija-za-smrtta-na-dzordz-flojd/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/derek-shovin-proglasen-vinoven-po-trite-obvinenija-za-smrtta-na-dzordz-flojd/#respond Wed, 21 Apr 2021 06:00:48 +0000 https://kurir.mk/?p=500106

Поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Шовин, е прогласен за виновен по сите три обвиненија за смртта на Џорџ Флојд. Одлуката на поротниците, донесена синоќа, е дека Шовин е виновен за убиство од втор степен, убиство од прв степен, и предизвикување смрт од небрежност. Откако во понеделникот беа дадени завршните зборови, поротата составена од 12 членови, пред да ја донесе конечната одлука, вчера се консултираше четири часа, кога се разгледуваа исказите на 45-те сведоци, влучувајќи ги и случајните минувачи, полицајци, експерти. За пресудата да биде валидна, требаше едногласна потврда од сите членови. Според судските протоколи, во составот на поротата се четири бели жени, двајца бели мажи, четворица Афроамериканци – тројца мажи и една жена, и две жени од мешано етничко потекло. Судот вети дека ќе ги чува нивните имиња во тајност се до изрекување на пресудата. Шовин, кој се бранеше од слобода, по изрекувањето на пресудата, му беше укината кауцијата и беше одведен во затвор. Тој се соочува со 12 и пол години затвор, затоа што претходно не е осудуван. Меѓутоа, обвинителството може да побара казна затвор подолга од 40 години, доколку окружниот судија Питер Кејхил утврди дека имало „отежнувачки околности“ Со обелоденувањето на висината на затворската казна, властите стравуваат од растечка напнатост во повеќе метрополи, каде има зголемени полициски мерки. Претседателот Џо Бајден телефонски им се јави на роднините на Флојд и им кажа дека пресудата одбележува „момент на значајна промена“. -Имаме шанса да го смениме правецот на оваа земја, изјави тој синоќа. Се предвидува дека строга казна за еден полицаец ќе биде судски преседан во напорите да се намали полициското насилство за време на задржувања, посебно насочено против афроамериканското население во САД. Во безборој слични инциденти на смрт при задржување во минатото, полицајците вообичаено беа ослободувани од вина. За време на завршните зборови во судницата, обвинителите го обвинија белиот полицаец Шовин дека го убил Афроамериканецот Флојд со тоа што со коленото го притискал врз вратот, повеќе од девет минути, додека го приведувале. Одбраната на Шовин се произнесе дека Флојд починал делумно од користење на дрога и оти полицаецот ги користел методите за приведување, согласно полициската обука. Поранешниот полицаец се изјасни дека не е виновен. Флојд бил осомничен дека се обидел да плати со лажна банкнота од 20 долари во продавница од соседството. Сопственикот на продавнцита пове ќепати досега изјави дека се кае што го пријавил Флојд, постапка што предизвика ланец од немили настани кои прераснаа во масовни протести и активно граѓанско движење против расизмот, во САД и во многу други земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/derek-shovin-proglasen-vinoven-po-trite-obvinenija-za-smrtta-na-dzordz-flojd/feed/ 0
Судскиот случај за убиството на Џорџ Флојд предаден на поротата на одлучување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudskiot-sluchaj-za-ubistvoto-na-dzordz-flojd-predaden-na-porotata-na-odluchuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudskiot-sluchaj-za-ubistvoto-na-dzordz-flojd-predaden-na-porotata-na-odluchuvanje/#respond Tue, 20 Apr 2021 06:52:57 +0000 https://kurir.mk/?p=499604

Со презентација на завршните зборови на обвинителството и одбраната во судот во Минеаполис заврши судењето за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, за кое е обвинет поранешниот полицаец Дерек Шовин, а предметот натаму и е предаден на поротата која ќе треба да донесе одлуки за трите обвиненија од предметот, пренесуваат светските медиуми. Поротата се состои од шест бели жени, двајца белци, тројца црнци, една црна жена и две жени од мешани раси. Кога ќе почнат да одлучуваат за вината на Шовин, поротниците ќе бидат сместени во хотел, а времето за донесување одлука не им е ограничено. Обвинението против Дерек Шовин има три точки: убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од небрежност од втор степен. За убиството од втор степен, најсериозното од сите три обвиненија, 12-те поротници мора да се согласат дека постапките на Шовин довеле до смртта на Флојд. Казната за тоа дело е до 40 години затвор, но законските прописи во Минесота ја намалуваат ваквата казна на 15 години за луѓе како Шовин, кои претходно не биле осудувани, соопшти Гласот на Америка. Обвинителството побара судијата Питер Кејхил да отстапи од тоа и доколку биде прогласен за виновен, тој да го осуди Шовин на подолга затворска казна. Претходно, во завршните зборови, претставникот на обвинителскиот тим, Стивен Шлејкер, побара од поротниците, како што рече, да веруваат во своите очи и објави видеа од приведувањето на Џорџ Флојд за време на кое тој почина. -Ова не е судски процес против полицијата која треба да биде храбра и да штити и да биде сочувствителна во службата. Џорџ Флојд не претставуваше закана за никого. за соочување со него тој ден не беше потребна храброст, која не ни беше искажана. Се што беше потребно беше покажување на малку сочувство, што, исто така, изостана, рече Шеклер. Адвокатот на обвинетиот Шовин, Ерик Нелсон, ги потсети членовите на поротата за презумпцијата на невиност на неговиот клиент. Осврнувајќи се на сведочењето на еден од полицајците, Џони Мерсил, тој тврди дека постапката што ја користел Шовин при апсењето на Флојд не е забранета и додаде дека тоа укажува на недостаток на намера затоа што, како што рече, Шовин имал намера да дејствува според правилата на кои е обучен. Во досегашните постапки, кои ги пренесоа сите светски медиуми, искази дадоа повеќе од 40 сведоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudskiot-sluchaj-za-ubistvoto-na-dzordz-flojd-predaden-na-porotata-na-odluchuvanje/feed/ 0
Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд категоричен: Се повика на Петиот амандман и одбива да сведочи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policaecot-koj-go-ubi-dzordz-flojd-kategorichen-se-povika-na-petiot-amandman-i-odbiva-da-svedochi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policaecot-koj-go-ubi-dzordz-flojd-kategorichen-se-povika-na-petiot-amandman-i-odbiva-da-svedochi/#respond Thu, 15 Apr 2021 16:23:16 +0000 https://kurir.mk/?p=497775

Поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Шовин, кому се суди за убиството на Џорџ Флојд, на денешното рочиште од предметот што се води во локалниот суд се повика на Петтиот амандман и се изјасни дека не сака да сведочи за време на судењето. Шовин беше категоричен дека е тоа неговата одлука, пишува Си-Ен-Ен. Во судот во Минеаполис од минатата недела е во тек судењето на полицаецот кој употреби прекумерна сила при апсењето на Џорџ Флојд во мај минатата година, по што Флојд почина. Во досегашниот тек од судењето Шовин (45) се изјасни за невин по обвиненијата за убиство од втор и трет степен. Неговиот адвокат, Ерик Нелсон, во досегашната постапка кажа дека случајот е посложен од само објавување видеа. Тој додаде дека Шовин ги следел упатствата за полициска обука за употреба на сила и тврди дека Флојд починал поради употреба на дрога во комбинација со други здравствени проблеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policaecot-koj-go-ubi-dzordz-flojd-kategorichen-se-povika-na-petiot-amandman-i-odbiva-da-svedochi/feed/ 0
Утврдена причината за смртта на Флојд кој минатата година беше брутално убиен од полицијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/utvrdena-prichinata-za-smrtta-na-flojd-koj-minatata-godina-beshe-brutalno-ubien-od-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/utvrdena-prichinata-za-smrtta-na-flojd-koj-minatata-godina-beshe-brutalno-ubien-od-policijata/#respond Fri, 09 Apr 2021 08:05:57 +0000 https://kurir.mk/?p=494665

Лекар кој сведочеше на судењето на поранешниот американски полицаец Дерек Шовин, обвинет за убиството на Џорџ Флојд минатиот мај, потврди дека тој умрел од недостаток на кислород за време на апсењето. Би-Би-Си јавува дека сведок на суд, докторот Мартин Тобин, ги поби обвинувањата на одбраната и рече дека лекот фентанил не ја предизвикал смртта на Флојд и дека дури и здраво лице ќе умре како резултат на ваквата полициска акција. Друг лекар, експерт за судска медицина, Бил Смок, рече дека фенатилот може да го забави дишењето, но дека Флојд очајно се борел за воздух, што не е случај со задушување поради оваа дрога, бидејќи луѓето кои се предозираат често не се ни свесни дека им недостасува кислород и делуваат поспано, но тоа не беше случај со Флојд врз основа на снимката што постои, според Би-Би-Си. Судењето влезе во втора недела и се очекува да трае најмалку еден месец, а Обвинителството започна со испрашување на медицински експерти, бидејќи извештајот на токсиколог објавен минатиот јуни потврди дека починатиот имал аналгетик фентанил и синтетички лек метамфетамин во крвта, додека одбраната тврди дека фентанилот предизвикал загуба на кислород и дека тоа е причина за смртта на Џорџ Флојд. Четириесет и шестгодишниот Џорџ Флојд купил кутија цигари во продавница во Јужна Минеаполис вечерта на 25 мај 2020 година, а продавачот се сомневал дека му дал фалсификувана пара од 20 долари и повикал полиција, бидејќи Флојд одбил да ги врати цигарите. Пристигнале полицајци и му ставиле лисици на рацете, но кога се обиделе да го стават во автомобилот, тој дал отпор, борбата завршила со тоа што Флојд бил бутнат на улица. Обвинителите тврдат дека полицаецот Шовин го ставил левото колено на вратот на Флојд и го држел така повеќе од девет минути. Други двајца полицајци му помогнале да го приведе, додека едниот спречи сведоци да интервенираат, додека Флојд повеќе од 20 пати рече дека не може да дише. На видеото може да се види и дека неговото мртво тело е однесено од полицијата, а еден час подоцна бил прогласен за мртов во болницата. Шовин е обвинет за убиство од втор степен, што значи предизвикување ненамерна смрт, максималната казна е 40 години, а неодамна беше додадено и обвинение за убиство од трет степен, што според експертите е полесно да се докаже и за кое е предвидена максимална казна од 25 години според законот на државата Минесота. Адвокатите на одбраната тврдат дека 46-годишниот Флојд починал од предозирање и поради лошо здравје, а употребената полициска сила била разумна, пренесе Би-Би-Си. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/utvrdena-prichinata-za-smrtta-na-flojd-koj-minatata-godina-beshe-brutalno-ubien-od-policijata/feed/ 0
Неговата смрт предизвика масовни протести низ светот: Семејството на Џорџ Флојд ќе добие отштета https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/negovata-smrt-predizvika-masovni-protesti-niz-svetot-semejstvoto-na-dzordz-flojd-kje-dobie-otshteta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/negovata-smrt-predizvika-masovni-protesti-niz-svetot-semejstvoto-na-dzordz-flojd-kje-dobie-otshteta/#respond Fri, 12 Mar 2021 19:42:40 +0000 https://kurir.mk/?p=481574

Градскиот совет на Минеаполис, Минесота денеска едногласно изгласа да плати 27 милиони долари за решавање на тужбата поднесена од семејството на Џорџ Флојд. Во јули, семејството на Флојд поднесе тужба против градот и четворицата полицајци обвинети за неговата смрт минатиот мај. Во тужбата се тврди дека полицајците ги повредиле правата на Флојд кога го приведувале и дека градот дозволил да се зголемува културата на употреба прекумерна сила, расизам и неказнивост меѓу припадниците на полициските сили. Смртта на Флојд, невооружен Афроамериканец, минатата година предизвика масовни протести против полициското насилство и расизмот низ цела САД, а многу луѓе демонстрираа и во други земји од светот, пренесе ДПА. Флојд (46) почина на 25 мај 2020 година, откако беше уапсен под сомнение дека платил сметка со лажни 20 долари. Полициските службеници при апсењето го турнаа на земја на плочникот пред неговиот автомобил, а еден од нив цели осум минути го држеше коленото врз вратот на Флојд, додека тој молеше да го ослободат бидејќи не може да дише. Според обдукцијата, Флојд изгубил свест и веднаш починал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/negovata-smrt-predizvika-masovni-protesti-niz-svetot-semejstvoto-na-dzordz-flojd-kje-dobie-otshteta/feed/ 0
Почнува судењето на екс полицаецот обвинет за смртта на Џорџ Флојд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-sudenjeto-na-eks-policaecot-obvinet-za-smrtta-na-dzordz-flojd/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-sudenjeto-na-eks-policaecot-obvinet-za-smrtta-na-dzordz-flojd/#respond Mon, 08 Mar 2021 08:06:57 +0000 https://kurir.mk/?p=478741

Речиси една година по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, денеска во неговиот роден град Минеаполис почнува судењето на еден од поранешните полицајци, вклучен во неговото брутално апсење, јави ДПА. Обвинетиот поранешен полицаец Дерек Шовин, се соочува со обвиненија, вклучувајќи и за убиство од втор степен, што според законите во сојзуната држава Минесота е казниво со затвор до 40 години. Судскиот процес што се одржува во главниот град на државата, Минеаполис, треба да почне со изборот на порота. Главната расправа во предметот планирано е да почне на 29 март. Смртта на Флојд, невооружениот Афроамериканец, минатата година предизвика масовни протести против полициското насилство и расизмот низ цела САД, а многу луѓе демонстрираа и во други земји од светот, пренесе ДПА. Флојд (46) почина на 25 мај 2020 година, откако беше уапсен под сомнение дека платил смета со лажни 20 долари. Полициските службеници при апсењето го тунале на земја на плочникот пред неговиот автомобил, а Шовин цели осум минути го држел коленото врз вратот на Флојд, додека овој молел да го ослободи бидејќи не може да дише, се гледа на снимка од апсењето. Според обдукцијата, Флојд изгубил свест и веднаш починал. Уште тројца поранешни полицајци, освен Шовин, кои беа вклучени во операцијата на апсење, се соочуваат со обвиненија за помагање и убиство од втор степен. За нив е закажано одделно судење, кое ќе почне на 23 август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-sudenjeto-na-eks-policaecot-obvinet-za-smrtta-na-dzordz-flojd/feed/ 0