Џорџ Пел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Aug 2019 08:11:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џорџ Пел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Потврдена затворската казна на кардиналот Џорџ Пел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdena-zatvorskata-kazna-na-kardinalot-dzordz-pel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdena-zatvorskata-kazna-na-kardinalot-dzordz-pel/#respond Wed, 21 Aug 2019 08:11:20 +0000 https://kurir.mk/?p=231804

Апелацискиот суд во австралиската држава Викторија ја потврди затворската казна на кардиналот Џорџ Пел, кој е осуден за сексуално злоставување деца. Одлуката на Апелацискиот суд ја поздравија жртвите на злоставувањата и групите за заштита на правата на жртвите, кои беа собрани пред ззградата на судот, јавија американските медиуми. Кардиналот Пел, некогашен министер за финансии на папата Франциск, во декември минатата година беше опсуден на шест години затвор за злоставување на двајца 13-годишници во катедралата Свети Петар во Мелбурн. Неговите адвокати соопштија дека ќе бараат преиспитување на одлуката на судот и ќе поднесат жалба до највисокиот суд на Австралија. Пел е највисокиот ватикански претставник кој досега е осуден на затворска казна, а заради пресудата австралискиот премиер Скот Морисон порача дека ќе му се одземе и австралискиот Орден на честа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potvrdena-zatvorskata-kazna-na-kardinalot-dzordz-pel/feed/ 0
Монструм од Ватикан: Третиот човек на Католичката црква и благајник на Папата силувал две деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/monstrum-od-vatikan-tretiot-chovek-na-katolichkata-crkva-i-blagajnik-na-papata-siluval-dve-deca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/monstrum-od-vatikan-tretiot-chovek-na-katolichkata-crkva-i-blagajnik-na-papata-siluval-dve-deca/#respond Tue, 26 Feb 2019 08:20:15 +0000 https://kurir.mk/?p=168395

Благајникот на папата е осуден за силување на две деца во катедралата. Тој ги негираше сите обвиненија и тврдеше дека е невин, а неговите адвокати поднеле жалба на пресудата, која доколку е успешна ќе има ново судење. "Си заминавме после неделната миса и пиевме вино, но тој нè улови. Го изваде пенисот под свештеничката униформа. Ме принуди на орален секс. Имав само 13 години", сведочеше на суд 36 годишниот маж, некогашен министрант во катедралата Св. Патрик во Мелбурн. Него и уште едно дете ги злоставувал бискупот Џорџ Пел, а овој близок соработник на Папата, ватикански благајник и трет човек во хиерархијата на целата Католичка црква сигурно ќе заврши зад рештки, бидејќи веќе бил прогласен за виновен, а се чека само официјалната пресуда во среда. Второто момче кое било силувано, загинало во несреќа. До среда Пел е на слобода, но веќе на самото напуштање на судот се соочи со бесот на јавноста. "Ти си животно! Ќе гориш во пеколот!", извикувале присутните. Според австралиските закони максималната казна за злоделото кое го направил е 50 години затвор. Во историјата на Католичката црква ниту еден толку висок функционер не бил осуден како сексуален престапник. Шокот е голем и за самиот Папа Франциско, бидејќи Пел беше еден од неговите најблиски свештеници, а пред два дена завршила големата конференција во организација на Папата, каде Католичката црква јавно се соочи со проблемот на сексуално злоставување од страна на свештеници. Надбискупот Пел беше на чело на проектот "Мелбурнски договор" со кој црквата се обидуваше да се справи со злоставувањето во своите редови, а сега се покажа дека и самиот тој е злоставувач. Пел инаку е осуден уште кон крајот на минатата година, но пресудата не можела да биде јавна сè додека не заврши уште едно судење за сексуално насилство на детето од 70-те години, за што Пел бил ослободен поради недостаток на докази.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/monstrum-od-vatikan-tretiot-chovek-na-katolichkata-crkva-i-blagajnik-na-papata-siluval-dve-deca/feed/ 0