Џорџ Робертсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Aug 2021 12:43:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џорџ Робертсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пендаровски на средба со поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-poraneshniot-generalen-sekretar-na-nato-dzordz-robertson/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-poraneshniot-generalen-sekretar-na-nato-dzordz-robertson/#respond Fri, 13 Aug 2021 12:43:39 +0000 https://kurir.mk/?p=550139

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, кој е во посета на Република Северна Македонија, по повод одбележувањето на 20 годишнината од Охридскиот договор. Претседателот Пендаровски на средбата ја нагласи клучната улога на поранешниот генерален секретар на НАТО, Робертсон во надминувањето на конфликтот во 2001 година и постигнувањето на Охридскиот рамковен договор. Двајцата соговорници констатираа дека и од оваа временска перспектива, договорот е позитивен пример за решавање на конфликти, кој истовремено на државата и гарантира стабилна и демократска иднина, односно институционално надминување на сите предизвици. Претседателот Пендаровски истакна дека, денес, Охридскиот договор речиси воопшто не се квалификува како одредена закана и дека унапредувањето на правата на одредени етнички заедници, може да води исклучиво кон позитивни општествени процеси. На средбата беа разменети мислења и за севкупната соработка меѓу Северна Македонија и НАТО, за реализацијата на проектите во рамки на Алијансата, како и за реформските процеси во областа на одбраната. Двајцата соговорници го нагласија важниот придонес на државата во безбедносната сфера, како клучен предуслов за стабилност и економски просперитет во регионални и во глобални рамки. Претседателот Пендаровски и поранешниот генерален секретар на НАТО, Робертсон разговараа и за актуелните состојби поврзани со интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија, како и за напредокот на државата во клучните реформски области. Во тој контекст претседателот Пендаровски изрази благодарност за континуираниот придонес на поранешниот генерален секретар на НАТО, Робертсон, за поголема видливост и вреднување на напорите на нашата држава со цел придвижување на евроинтеграцискиот процес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-poraneshniot-generalen-sekretar-na-nato-dzordz-robertson/feed/ 0
Робертсон ја повика Бугарија да го укине ветото за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/robertson-ja-povika-bugarija-da-go-ukine-vetoto-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/robertson-ja-povika-bugarija-da-go-ukine-vetoto-za-makedonija/#respond Thu, 13 May 2021 11:27:43 +0000 https://kurir.mk/?p=509877

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон за време на неговото учество на конференцијата Евроатлантскиот Клуб во Софија побара од бугарските власти да ја укинат блокадата на Македонија кон Еевропската Унија. Претседателот на Евроатлантскиот клуб и поранешен министер за надворешни работи на Бугарија, Соломон Паси, го поддржа повикот на Роберсон и ја нарече Македонија – „нашиот многу добар сосед и пријател“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Робертсон ја потсетил Бугарија дека е потребно да се има попрагматичен пристап кон меѓународните ризици при одбрана на вредностите на Евроатлантската унија. Поранешниот генерален секретар на НАТО потсети и на вредностите и стандардите на Алијансата и на евроатлантската заедница и кризите на Балканот и додаде дека нивното решение се одвиваше низ евроатлантска перспектива. -Во 2001 година, Македонија беше на работ на граѓански конфликт, но благодарение на интервенцијата на НАТО, ЕУ и ОБСЕ и заслужни луѓе како Борис Трајковски, таа беше запрена и беше потпишан историски мировен договор. Денес, Македонија е 30-та членка на НАТО. Со овој чин Бугарија доби бонус стабилност на нејзината граница, бидејќи крвавиот граѓански конфликт може да претставува ризик за мирот и да влијае на стабилноста надвор од границите на Македонија, во целиот регион, истакна Робертсон. Робертсон потсети дека во времето по приемот на Бугарија во НАТО и ЕУ, луѓето очекуваа членството во овие организации да помогне во запирање на насилството во регионот. Затоа, според него, македонското вето на ЕУ треба да биде укинато. На конференцијата на Евроатлантскиот клуб во Софија учествуваа и новите министри за надворешни работи и одбрана на Бугарија Светлан Стоев и Георги Панајотов. Специјален гостин на форумот беше претседателот на Македонија Стево Пендаровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/robertson-ja-povika-bugarija-da-go-ukine-vetoto-za-makedonija/feed/ 0
Странски дипломати предводени од Џорџ Робертсон денеска во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stranski-diplomati-predvodeni-od-dzordz-robertson-deneska-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stranski-diplomati-predvodeni-od-dzordz-robertson-deneska-vo-skopje/#respond Tue, 24 Apr 2018 06:45:26 +0000 https://kurir.mk/?p=45148

Висока делегација од истакнати дипломати, предводена од поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, денеска ќе престојува во Скопје. Делегацијата ќе биде примена од премиерот Зоран Заев, а во нејзин состав се и Росен Плевнелиев, поранешен претседател на Република Бугарија, лордот Кристофер Геијд, поранешен секретар на кралицата на Обединетото Кралство и член на Горниот Дом на британскиот Парламент, Роберт Гелбарт, амбасадор и член на Атлантскиот совет, Ален Ле Роа, амбасадор на Република Франција, генералот Берни Вајт Спанер, поранешен командант на британските копнени сили, Зоран Чичак, советник за надворешни работи, Марк Лејти, поранешен специјален советник за комуникации на генералниот секретар и портпарол на НАТО, како и Сара Баденбо, како претставник на Дејмон Вилсон, заменик претседател на Атлантскиот совет на САД. Според агендата што ја испрати кабинетот на Заев, за попладне е предвидена заедничка прес-конференција, по која ќе се одржи и панел дискусија на која ќе учествуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, Џорџ Робертсон, Росен Плевнелиев и Ален Ле Роа. Вечерта, пак, во организација на кабинетот на премиерот, за високата делегација ќе биде организиран прием на кој домаќин ќе биде претседателот на Владата Зоран Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stranski-diplomati-predvodeni-od-dzordz-robertson-deneska-vo-skopje/feed/ 0