Џорџија Мелони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Aug 2023 12:53:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џорџија Мелони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мелони го тужи пејачот на бендот „Плацебо“ зашто ја нарекол „фашистка“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/meloni-go-tuzhi-pejachot-na-bendot-platsebo-zashto-ja-narekol-fashistka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/meloni-go-tuzhi-pejachot-na-bendot-platsebo-zashto-ja-narekol-fashistka/#respond Thu, 03 Aug 2023 12:53:30 +0000 https://kurir.mk/?p=863004

Италијанската премиерка Џорџија Мелони поднесе тужба против Брајан Молко, пејачот на британскиот бенд „Плацебо“, откако тој ја навреди на концерт во близина на Торино минатиот месец. За време на настапот на 11 јули на музичкиот фестивал „Соник Парк“, Молко извика од сцената пред италијанската публика од пет илјади луѓе дека Мелони е „расистка“ и „фашистка“, по што локалните власти го пријавија кај обвинителството. По инцидентот, обвинителите во Торино официјално отворија истрага против Молко за „непочитување на институциите“. Италијанските медиуми вчера објавија дека адвокатите на Мелони поднеле пријава за клевета против пејачот. Ова не е прв пат Мелони да поднесе тужба за клевета. Таа минатата година тужеше двајца новинари од италијанскиот весник „Домани“ затоа што употребиле погрден израз во текст за неа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/meloni-go-tuzhi-pejachot-na-bendot-platsebo-zashto-ja-narekol-fashistka/feed/ 0
Мелони и Кишида се договорија да изградат „стратешко партнерство“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meloni-i-kishida-se-dogovorija-da-izgradat-strateshko-partnerstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meloni-i-kishida-se-dogovorija-da-izgradat-strateshko-partnerstvo/#respond Tue, 10 Jan 2023 16:46:25 +0000 https://kurir.mk/?p=785652

Италијанската премиерка Џорџија Мелони и нејзиниот јапонски колега Фумио Кишида се согласија да ја зајакнат соработката меѓу двете земји во повеќе области, вклучително и економијата, трговијата и безбедноста, италијанските медиуми, повикувајќи се на изјава на лидерите. – Се договоривме да го подигнеме нивото на билатералните врски до стратешко партнерство, рече Мелони во кратката изјава за новинарите по средбата во Рим. Според Кишида, меѓу областите на зајакната соработка ќе бидат дипломатијата, инвестициите, железницата и киното. – Покрај обезбедувањето целосна поддршка за Украина, сакаме да работиме заедно со јапонското претседателство (со Г-7) на некои приоритети предложени од Јапонија, како што се заштита на меѓународниот поредок заснован на правила, зајакнување на економската безбедност, заштита на синџирите на испорака и зајакнување на борбата против климатските промени, додаде Мелони. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meloni-i-kishida-se-dogovorija-da-izgradat-strateshko-partnerstvo/feed/ 0
Макрон и Мелони во Тирана на самитот ЕУ-Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makron-i-meloni-vo-tirana-na-samitot-eu-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makron-i-meloni-vo-tirana-na-samitot-eu-zapaden-balkan/#respond Tue, 06 Dec 2022 11:36:37 +0000 https://kurir.mk/?p=771706

Францскиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџија Мелони пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржува денеска во Тирана дадоа куси изјави, откако беа пречекани од премиерот Еди Рама. Макрон рече дека војната во Украина е безбедносно прашање за целиот регион, додавајќи дека енергетиката и процесот на интеграција се две други важни прашања за кои денеска ќе разговараат лидерите на регионот и на Европската унија. -Среќен сум што сум денеска во Албанија, му благодарам на премиерот Рама за овој важен самит. Во рамките на чешкото претседавање имаме конкретни проекти за разговор. Важно е да има конкретни проекти за енергетиката и процесот на интеграција. Важно е да се работи на понатамошна солидарност. Ќе имаме можност да подготвиме заклучоци за енергијата, додаде Макрон. За првпат по преземањето на функцијата, во Тирана допатува и италијанската премиерка, Џорџија Мелони, која во кусата изјава за медиумите рече „имаме голема одговорност кон балканските земји“. -Ние имаме голема одговорност кон земјите од Балканот, особено по руската агресија. Важно е да се заврши процедурата за членство и има многу прашања на кои треба да работиме заедно, за економијата, кибер-безбедноста и други прашања, за кои знаете дека Италија е посветена. Ќе дадеме се од себе, сметајте на Италија, изјави Мелони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/makron-i-meloni-vo-tirana-na-samitot-eu-zapaden-balkan/feed/ 0