џорџија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Sep 2023 07:42:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png џорџија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Едно лице загина, а две се повредени во затвор во Џорџија, таму беше приведен Трамп https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edno-litse-zagina-a-dve-se-povredeni-vo-zatvor-vo-dhordhija-tamu-beshe-priveden-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edno-litse-zagina-a-dve-se-povredeni-vo-zatvor-vo-dhordhija-tamu-beshe-priveden-tramp/#respond Fri, 01 Sep 2023 07:42:57 +0000 https://kurir.mk/?p=873309

Еден затвореник е убиен, а двајца се ранети во напад со нож во затворот во округот Фултон во американската држава Џорџија, соопштија локалните власти, пренесува Си-Ен-Ен. Станува збор за затворот во кој неодамна беше притворен поранешниот американски претседател Доналд Трамп под обвинение за наводни напори за поништување на резултатите од изборите во 2020 година. По апсењето, Трамп условите во затворот ги опиша како „лоши и срамни“. – Кога ја видов состојбата во тој затвор, станав уште порешителен да се кандидирам за претседател и да ја спасам нашата земја од перманентен пад – рече Трамп. Во јули оваа година, американското Министерство за правда покрена истрага за нехигиенските услови во затворот и насилството врз затворениците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edno-litse-zagina-a-dve-se-povredeni-vo-zatvor-vo-dhordhija-tamu-beshe-priveden-tramp/feed/ 0
Мајк Пенс: Изборите во Џорџија не беа украдени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-pens-izborite-vo-dhordhija-ne-bea-ukradeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-pens-izborite-vo-dhordhija-ne-bea-ukradeni/#respond Wed, 16 Aug 2023 17:32:15 +0000 https://kurir.mk/?p=867575

Мајк Пенс, поранешен американски потпретседател во администрацијата на Доналд Трамп, денеска изјави дека изборите во 2020 година во државата Џорџија не биле украдени, без оглед на тврдењата на поранешниот претседател. „И покрај тоа што поранешниот претседател и неговите сојузници го зборуваат повеќе од две и пол години, изборите во Џорџија не беа украдени, а јас немав право да ги поништам резултатите на 6 јануари“, истакна Пенс на настан во Индијана.  Тоа е негова прва реакција по покренувањето обвиненија против Трамп. Тој додаде дека на 6 јануари 2021 година  ја извршил својата должност и се погрижил да има „мирен трансфер на власта во согласност со Уставот и законите на САД“. Пенс нагласи дека никој не е над законот, посочувајќи дека Трамп и другите кои се обвинети „имаат право на презумпција на невиност што ја ужива секој Американец“. Големата порота во американската сојузна држава Џорџија во понеделникот го обвини Трамп за обид да го поништи својот пораз од демократот Џо Бајден на претседателските избори во 2020 година. Тоа е четврто кривично обвинение против Трамп и второ обвинување за обид за промена на резултатите од изборите во 2020 година. Реагирајќи на покренувањето уште едно обвинение против него, поранешниот американски претседател рече дека се работи за политички мотивирани и измислени обвиненија. Тој најави дека во понеделник ќе објави извештај за „изборната измама“ за која тврди дека се случила во Џорџија во 2020 година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/majk-pens-izborite-vo-dhordhija-ne-bea-ukradeni/feed/ 0
Вториот круг од изборите во Џорџија уште еден тест за американските демократи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtoriot-krug-od-izborite-vo-dzordzija-ushte-eden-test-za-amerikanskite-demokrati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtoriot-krug-od-izborite-vo-dzordzija-ushte-eden-test-za-amerikanskite-demokrati/#respond Tue, 06 Dec 2022 11:17:23 +0000 https://kurir.mk/?p=771697

Избирајќи помеѓу свештеник и поранешна фудбалска ѕвезда, гласачите во Џорџија денеска ќе одлучуваат за нивниот претставник во Сенатот на САД, на изборите кои се со висок влог за претседателот Џо Бајден. Демократскиот сенатор Рафаел Ворнок и републиканскиот противкандидат Хершел Вокер, кој е поддржан од поранешниот претседател Доналд Трамп, ќе се соочат во тесен втор круг откако ниту еден од овие двајца афроамерикански кандидати не освои повеќе од 50 отсто од гласовите на среднорочните (конгресните) избори на 8 ноември. Бајден ги повика жителите на Џорџија да гласаат за демократот Ворнок (53) против републиканецот Вокер (60). – Тоа е навистина клучно, рече Бајден. Иако демократите веќе задржаа тесно мнозинство, а со тоа и контрола врз Сенатот по среднорочните избори минатиот месец, овие избори се уште се одлучувачки за Бајден. Републиканците ја гледаат потенцијалната победа како можност да ја зајакнат нивната способност да ја блокираат политиката на Бајден откако ќе ја преземат контролата врз Претставничкиот дом. Републиканците се надеваат дека ќе го запрат моментумот на Бајден на 700 дена до претседателските избори во 2024 година, откако неговата партија на изборите во ноември оствари резултати подобри од предвиденото. За демократите, од друга страна, победата на Ворнок ќе помогне да се консолидира нивното тенко мнозинство во Сенатот и да им се даде поголемо влијание во клучните конгресни комисии. Тоа, исто така, значително би ја ограничило моќта на центристичкиот демократски сенатор Џо Манчин, кој веќе блокираше неколку големи иницијативи на Бајден во неговите први две години на функцијата. Поранешниот претседател Барак Обама, кој одржа митинг во Атланта минатата недела, учествува во демократската кампања. Колку се важни изборите покажува и фактот дека за кампањата веќе се потрошени приближно 400 милиони долари, што ја прави трката за Сенатот на Џорџија најскапа во историјата на конгресните меѓуизбори. Околу 1,9 милиони луѓе веќе гласаа предвреме, многу од нив веројатно ќе бидат демократски гласачи, додека републиканците се очекува да излезат на гласање во текот на денот.. Тешко е да се предвиди резултатот од изборите, бидејќи според последните анкети разликата меѓу кандидатите е премала. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtoriot-krug-od-izborite-vo-dzordzija-ushte-eden-test-za-amerikanskite-demokrati/feed/ 0
Поради поплави прогласена вонредна ситуација во американската држава Џорџија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-poplavi-proglasena-vonredna-situacija-vo-amerikanskata-drzava-dzordzija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-poplavi-proglasena-vonredna-situacija-vo-amerikanskata-drzava-dzordzija/#respond Mon, 05 Sep 2022 05:48:59 +0000 https://kurir.mk/?p=728696

Невреме проследено со обилни дождови од синоќа ги зафати северозападните делови на американската сојузна држава Џорџија, предизвикувајќи поплави во некои области. Медиумите објавуваат снимки од поплавени патишта и сопственици на куќи кои се обидуваат да спречат водата да навлезе во нивните домови. Гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, доцна синоќа прогласи вонредна состојба во окрузите Чатануга и Флојд и ги насочи државните ресурси да помогнат во активностите за справување со непогодата. Националната метеоролошка служба извести дека врнежите од дожд до два и пол сантиметри на час предизвикале пораст на нивото на водата во реките, поплавувајќи патишта и урбани средини. Според гувернерот, во областа наврнал околу 30 сантиметри дожд. „Ова е исклучително опасна ситуација по живот. Не обидувајте се да патувате освен ако бегате од поплавено подрачје или не ви е наредено да се евакуирате“, соопшти метеоролошката служба, прогласувајќи вонредна состојба во неколку области. Во градот Самервил се апелира до населението да се преврива водата од градскиот водовод, поради тоа што со поплавите е зафатена и пречистителната станица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-poplavi-proglasena-vonredna-situacija-vo-amerikanskata-drzava-dzordzija/feed/ 0
Трамп: Ако не гласате, ќе победат социјалистите и комунистите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ako-ne-glasate-kje-pobedat-socijalistite-i-komunistite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ako-ne-glasate-kje-pobedat-socijalistite-i-komunistite/#respond Mon, 07 Dec 2020 11:09:52 +0000 https://kurir.mk/?p=439910

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп ги повика жителите на Џорџија да гласаат за републиканските кандидати за сенатори, во спротивно ќе победат „социјалистите и комунистите“. – Никогаш досега не се случило една држава да има толку важна улога во изборите за Сенатот. Важно е да излезете и да гласате. Ако не гласате, ќе победат социјалистите и комунистите, изјави Трамп. Како што истакна Трамп, „социјализмот би бил само почеток, а потоа ќе се воспостави комунистичка власт“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ako-ne-glasate-kje-pobedat-socijalistite-i-komunistite/feed/ 0
Бајден победи и во сојузната држава Џорџија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-pobedi-i-vo-sojuznata-drzava-dzordzija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-pobedi-i-vo-sojuznata-drzava-dzordzija/#respond Fri, 20 Nov 2020 06:17:41 +0000 https://kurir.mk/?p=431980

Новоизбраниот претседател на САД, демократот Џозеф Бајден, победи и во сојузната држава Џорџија на изборите, единствена во која досега не беше предвиден победник. Според проекции на АП, Бајден победил во Џорџија над претходниот претседател, републиканецот Доналд Трамп, откако властите на таа сојузна држава ги објавија резултатите од пребројувањето на гласовите, што ја потврди малата предност на кандидатот на Демократската партија. Властите во таа американска држава наредија пребројување бидејќи разликата помеѓу двајцата кандидати по првиот беше помала од 0,5 проценти. По првото пребројување, Бајден имаше околу 14.000 гласа повеќе од Трамп, а денеска беше објавено дека има предност од околу 12.000 гласови, од пет милиони гласачи кои глсале. Демократски кандидат не победил во Џорџија од 1992 година, кога Бил Клинтон доби повеќе гласови од тогашниот претседател Џорџ В. Буш. Со победата во Џорџија, Бајден освои уште 16 електорски гласови и достигна 306, додека Трамп „доби“ 232 електорски гласови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-pobedi-i-vo-sojuznata-drzava-dzordzija/feed/ 0
Неизвесна трка за Сенатот – дали демократите ќе ја освојат Џорџија? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neizvesna-trka-za-senatot-dali-demokratite-kje-ja-osvojat-dzordzija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neizvesna-trka-za-senatot-dali-demokratite-kje-ja-osvojat-dzordzija/#respond Sun, 15 Nov 2020 16:06:18 +0000 https://kurir.mk/?p=429875

Единаесет дена по оддржаните избори во САД, се уште не се познати имињата на носителите на 12 конгресни мандати, членови во Претставничкиот дом. Контролата на Долниот дом на Конгресот ја имаат демократите, додека за Сенатот ќе се одлучува во вториот круг гласање во Џорџија закажан во јануари 2021 година. Броењето на гласовите за изборите во Претставничкиот дом се уште не е завршено во 12 конгресни дистрикти. Два во Калифорнија, седум во Њујорк, по еден во Ајова, Њу Џерси, и Јута. Со последните објавени победи во Аризона и Џорџија, веќе е јасно дека на претседателскиот избори со голема разлика во електорски гласови победи Џо Бајден, кандидат на Демократската партија. Извесно е дека демократите ја задржаа контролата во Претставичкиот дом, но со помало мнозинство. Конечниот број на распоредот на силите ќе се знае откако ќе се објават разултатите за овие 12 мандати. Кој ќе го контролира Сенатот ќе се знае по 5 јануари 2021 година, кога во Џорџија се оди на втор круг избори. Оваа сојузна држава дава две сенатски места. По тесната разлика од гласањето на 3 ноември, кога републиканскиот кандидат Дејвид Пердју не го освои потребниот праг од 50 отсто гласови на излезените избирачи, ќе треба повторно да се соочи со демократот Џон Ософ. Другата трка ќе биде меѓу републиканката Кели Лофлер и демократот Рафаел Варнок, пастор на Баптистичката црква во Атланта, кои се борат да го довршат остатокот од мандатот на пензионираниот сенатор Џери Исаксон. Засега распоредот на силите во Сенатот е во полза на републиканците кои имаат обезбедено 50 членови, додека демократите имаат 48. За да го добијат контролен глас во Сенатот по инаугурацијата на Бајден во јануари, демократите ќе треба да ги освојат двете места во Џорџија. Затоа, сентатската трка за оваа сојузна држава е мошне жешка и се очекува да биде уште повалкана, со ангажман на главните перјаници на двете партии. Според изданнието Хил, Лофлер веќе потрошила над еден милион долари во негативна реклама и оцрнување на Варнок, каде тој е опишан како дел од „радикалната левица“, дека е близок со комунизмот, со обвинувања дека ја славел „антиамериканската омраза“. Марко Рубио, републикански сенатор од Флорида, се обиде да ја поврзе посетата на Фидел Кастро на една њујоршка баптистичка црква во 1959 година со Варнок, каде тој работел до пред 25 години. Штабот на Варнок ги демантира сите обвиненија како „лажни“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neizvesna-trka-za-senatot-dali-demokratite-kje-ja-osvojat-dzordzija/feed/ 0
Трамп: Запрете го пребројувањето на гласовите во Џорџија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-zaprete-go-prebrojuvanjeto-na-glasovite-vo-dzordzija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-zaprete-go-prebrojuvanjeto-na-glasovite-vo-dzordzija/#respond Sun, 15 Nov 2020 13:31:39 +0000 https://kurir.mk/?p=429806

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги повика властите во Џорџија да запрат со рачното пребројување на гласачките ливчиња. Според првичните резултати, во Џорџија води Џо Бајден со разлика од 14.000 гласови. Одлуката за пребројување на гласовите претходно ја донесе државниот секретар на државата. – Рачното пребројување во Џорџија е губење на време. Тие не ги покажуваат потписите кои се совпаѓаат. Запрете го пребројувањето додека не го дозволат совпаѓањето. Не дозволувајте редикалните леви демократи да ги украдат изборите, напиша Трамп на Твитер. Победата во Џорџија носи 16 електорски гласови. Пребројувањето е планирано да трае најдоцна до 18 ноември. Доналд Трамп може конечно да го признае поразот по пребројувањето на гласовите во Џорџија, објави синоќа Си Ен Ен, повикуваји се на извори од администрацијата на претседателот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-zaprete-go-prebrojuvanjeto-na-glasovite-vo-dzordzija/feed/ 0
Трамп: Ќе победиме во Џорџија, откриваме шокантни работи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-kje-pobedime-vo-dzordzija-otkrivame-shokantni-raboti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-kje-pobedime-vo-dzordzija-otkrivame-shokantni-raboti/#respond Tue, 10 Nov 2020 07:41:38 +0000 https://kurir.mk/?p=427161

Американскиот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп тврди дека ќе оствари голема победа на изборите во државата Џорџија. „Џорџија ќе биде голема претседателска победа, како што беше во изборната вечер“, напиша Трамп на Твитер. Тој се осврна и на ситуацијата во Невада, за која рече дека испаднала „септичка јама на лажни гласови“. Трамп наведе дека неговите соработници откриваат работи што, кога ќе бидат објавени, ќе бидат „апсолутно шокантни“. Што се однесува до Пенсилванија, тој вели дека таа сојузната држава ги спречи републиканците да следат поголем дел од пребројувањето на гласачките ливчиња. „Незамисливо и незаконско во оваа земја“, пишува Трамп. Тој додаде дека ситуацијата во Висконсин изгледа многу добро. „Законски, потребно е малку време. Тоа ќе се случи наскоро”, посочи Трамп. Тој исто така најави дека се испостави дека „прагот на идентификација“ на гласачките ливчиња е поголем од првично очекуваниот. „Тоа влијаеше на многу голем број гласачки ливчиња“, напиша Трамп на Твитер. Доналд Трамп прогласи победа ноќта на изборите, но во меѓувреме, гласовите во полза на неговиот демократски противник почнаа да се зголемуваат во некои клучни земји, вклучувајќи ги и оние во кои Трамп беше во водство. Трамп и републиканците најавија правна постапка во државите каде Бајден го смени резултатот за да ги оспори начините на пребројување на гласовите пред судот, особено оние кои пристигнаа по пошта по денот на изборите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-kje-pobedime-vo-dzordzija-otkrivame-shokantni-raboti/feed/ 0
Рафенспергер: Џорџија повторно ќе ги пребројува сите гласови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rafensperger-dzordzija-povtorno-kje-gi-prebrojuva-site-glasovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rafensperger-dzordzija-povtorno-kje-gi-prebrojuva-site-glasovi/#respond Fri, 06 Nov 2020 17:06:36 +0000 https://kurir.mk/?p=425968

Официјални претставници на американската сојузна држава Џорџија, една од клучните за исходот од изборите во САД, денеска најавија дека во ова држава ќе има пребројување на сите пристигнати гласови, пред се, поради многу малата разлика во гласовите. Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, изкјави дека гласовите во таа држава повторно ќе бидат преброени. -Ќе има преборјување во Џорџија, рече Рафенспергер во Атланта, додавајќи дека тоа се прави заради транспарентност на процесот. Разликата во гласовите меѓу двајцата кандидати во моментов е околу 1.579 гласа, во корист на Бајден, откако тој денеска го презеде водството. Габриел Стерлинг, шеф на изборниот процес во оваа држава, изјави дека не може да ги гарантира конечните резултати од изборите до крајот на ноември. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rafensperger-dzordzija-povtorno-kje-gi-prebrojuva-site-glasovi/feed/ 0