џошуа вонг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Sep 2020 10:11:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png џошуа вонг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уапсен хонгконшкиот активист Џошуа Вонг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-hongkonshkiot-aktivist-dzoshua-vong/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-hongkonshkiot-aktivist-dzoshua-vong/#respond Thu, 24 Sep 2020 10:11:43 +0000 https://kurir.mk/?p=407810

Познатиот активист од Хонг Конг, Џошуа Вонг, е уапсен денеска за „непочитување на нередбите“ за време на протестите во октомври 2019 година во оваа поранешна британска колонија, соопшти тој на Твитер, пренесе ДПА. На Вонг му било кажано дека го прекршил „драконскиот закон против маскирање“, наведува тој во твитот, во врска со забраната за покривање на лица на протестите што беа прогласени за неуставни од страна на градскиот Апелациски суд кон крајот на минатата година. Претседателот на Лигата на социјалдемократи, Авери Нг, потврди дека се уапсени Вонг и Ку Ше Ји, соработник на групата. Во јуни 2019 година во Хонг Конг избувнаа масовни антивладини демонстрации, како одговор на сега веќе укинатиот предлог-закон за екстрадиција, што на Кина требаше да и овозможи на дисидентите да им се суди пред судовите на матичната земја. Носењето маски, сепак, сега е задолжително на јавни места во Хонг Конг во борбата против коронавирусот, но пред една година беше забрането да се покрива лицето, што ја олесни работата на полицијата за време на протестот. Адвокатот на Вонг рече дека активистот бил уапсен додека требало да се јави во полициската станица како дел од судската контрола, во врска со друг случај што се уште не е завршен. -Вонг е осомничен дека учествувал во нелегален митинг на 5 октомври минатата година, кога стотици луѓе протестираа против забраната за носење маски, рече адвокатот Џонатан Ман. Во Хонг Конг со месеци наназад речиси секој ден се одржуваат демонстрации за одбрана на слободите и осуда на мешањето на Кина во внатрешните работи на овој полуавтономен регион, додаде ДПА. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-hongkonshkiot-aktivist-dzoshua-vong/feed/ 0
Светот мора да го поддржи Хонг Конг, изјави активистот Џошуа Вонг во судот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-mora-da-go-poddrzi-hong-kong-izjavi-aktivistot-dzoshua-vong-vo-sudot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-mora-da-go-poddrzi-hong-kong-izjavi-aktivistot-dzoshua-vong-vo-sudot/#respond Mon, 06 Jul 2020 13:41:35 +0000 https://kurir.mk/?p=370003

Тројца високо позиционирани активисти од Хонг Конг, членови на продемократкото движење „Демосито“, денеска се појавија во суд каде против нив се отворени постапки за организирање на минатогодишните немири за што против нив се поднесени обвиненија. Продемократскиот активист Агнес Чоу се изјасни за виновен по обвиненијата за поттикнување и учество во неовластено собирање, додека неговите колеги активисти Џошуа Вонг и Иван Лам се изјаснија за невини во истите обвиненија. Вонг дополнително се изјасни дека не е виновен по обвинението за организирањето неодбрен собир. Тројцата денеска се ослободени од притвор со кауција што им важи до 5 август, кога е предвидено на Чоу да му биде изречена казната. Во екот на ланските масовни демонстрации против сега повлечениот закон за екстрадиција, на 21 јуни 2019 година, демонстрантите блокираа патишта, извикуваа и фрлаа предмети против полиција и ја опколија централната полициска станица, како одговор на наводната полициска бруталност. Вонг денеска, зборувајќи во судот кажа дека политичкиот прогон сега е дел од секојдневната рутина во Хонг Конг. – Во моментов се гонат повеќе од 1.600 жители на градот, а речиси 10.000 од нас, Хонгкончани, минатото лето беа уапсени. За нас е тешко време, но се уште не е време да се предадеме, рече тој. Во средата, на 1 јули, денот кога Хонг Конг ја одбележа 23-годишнината од предавањето во рацете на Кина од британското владеење, во сила стапи новиот Закон за национална безбедност, наметнат од Кина. Законот има за цел да го казни секој обид за отцепување, субверзија, тероризам и дослух со странските сили во Хонг Конг. Критичарите на законот велат дека целта е да се уништи секое несогласување во финансискиот центар, што ланските протести целосно го разнишаа. Иако маршот за одбележување на годишнината беше забранет од полицијата, стотици лица, сепак, излегоа на улиците во знак на протест против новиот закон, што резултираше во повеќе од 370 апсења, од кои 10 се за кршење на новиот Закон за безбедност. Според новиот закон, „сериозните прекршители“ може да се соочат со казна доживотен затвор или со казна со определен рок, но не помала од 10 години. Во минатото, Хонг Конг уживаше поголеми политички слободи отколку Кина. Вонг рече дека тој и другите активисти за демократија ќе продолжат да се обидуваат да се слушне гласот на Хонгконгчаните во светот. -Сега е време светот да го поддржи Хонг Конг, додаде тој. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-mora-da-go-poddrzi-hong-kong-izjavi-aktivistot-dzoshua-vong-vo-sudot/feed/ 0