Џозеф Бајден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Sep 2023 06:35:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џозеф Бајден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бајден и Лула најавија ново партнерство за поддршка на работничките права https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-lula-najavija-novo-partnerstvo-za-poddrshka-na-rabotnichkite-prava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-lula-najavija-novo-partnerstvo-za-poddrshka-na-rabotnichkite-prava/#respond Thu, 21 Sep 2023 06:35:40 +0000 https://kurir.mk/?p=880078

Претседателите на Соединетите Американски Држави и Бразил, Џозеф Бајден и Луис Инасио Лула да Силва, денеска на состанокот во Њујорк ја изразија својата взаемна наклонетост кон правата на работниците, јасно воздржувајќи се од презентирање на какви било разлики во врска со војната во Украина и други прашања. Бајден и Лула се сретнаа на маргините на сесијата на Генералното собрание на Обединетите нации за климатските промени. Претседателите на двете најголеми демократии во Северна и Јужна Америка најавија ново партнерство за поддршка на работничките права, притоа избегнувајќи отворени дискусии за руската инвазија на Украина и американското ембарго против Куба. Бајден и Лула истакнаа дека имаат заеднички цели. Бајден, долгогодишен поддржувач на синдикатите, се обиде да го поврзе состанокот со Лула со проблемите на американските работници и тие се важен дел од неговата кампања за реизбор на претседателската функција во 2024 година. Тој ги поддржува тековните големи и важни штрајкови на работниците во автомобилската и филмската индустрија кои бараат подобри плати и заштита на правата во глобалната економија која паѓа. -Кога средината е добро, на сите им оди. Луѓето од работничката класа имаат шанса да напредуваат. А на богатите сè уште им оди добро - се додека плаќаат даноци, му рече Бајден на Лула. Лула, пак, посочи дека никогаш не слушнал американски претседател да зборува толку позитивно за работниците и ја опиша нивната заедничка кауза како шанса да се трансформираат врските меѓу нивните две земји. -Оваа средба за мене е повеќе од билатерална, тоа е раѓање на нова ера во односите меѓу САД и Бразил, рече Лула нарекувајќи ја средбата како „златен момент за нас“. Целта на нивното ново партнерство за трудот е да се запре експлоатацијата на работниците и принудната и детската работа, како и дискриминацијата на работното место, истовремено создавајќи можна рамка за другите да се приклучат на Групата 20. Двајцата лидери, исто така, сакаат да гарантираат дека транзицијата од фосилни горива кон обновлива енергија ќе се фокусира на правата на работниците.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-i-lula-najavija-novo-partnerstvo-za-poddrshka-na-rabotnichkite-prava/feed/ 0
Синот на Бајден обвинет на федерално ниво поради нелегално поседување оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sinot-na-bajden-obvinet-na-federalno-nivo-poradi-nelegalno-poseduvane-oruzhje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sinot-na-bajden-obvinet-na-federalno-nivo-poradi-nelegalno-poseduvane-oruzhje/#respond Thu, 14 Sep 2023 19:20:48 +0000 https://kurir.mk/?p=878193

Синот на американскиот претседател Џозеф Бајден, Хантер, денеска беше обвинет на федерално ниво за нелегално поседување оружје. Хантер Бајден е обвинет пред федералниот суд во Делавер дека лажел за неговата употреба на дрога за време на купувањето пиштол во 2018 година, велејќи дека не страдал од зависност. Тој претходно во тој период призна дека се борел со зависност од кокаин. Обвинението против Хантер Бајден (53) претходно беше дел од спогодбата за признавање вина во која беше вклучено и тој да се изјасни за виновен за даночни прекршоци, но тој договор пропадна за време на судското сослушување во јули кога судијата покрена прашања за невообичаените услови на договорот. Новото обвинение доаѓа додека републиканците во Конгресот започнаа истрага за импичмент на претседателот Бајден поради врските со контроверзните надворешни работи на неговиот син. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sinot-na-bajden-obvinet-na-federalno-nivo-poradi-nelegalno-poseduvane-oruzhje/feed/ 0
Бајден прогласи состојба на природна катастрофа поради пожарите на Хаваите, подготвена е федерална помош https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-proglasi-sostojba-na-prirodna-katastrofa-poradi-pozharite-na-havaite-podgotvena-e-federalna-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-proglasi-sostojba-na-prirodna-katastrofa-poradi-pozharite-na-havaite-podgotvena-e-federalna-pomosh/#respond Thu, 10 Aug 2023 18:52:55 +0000 https://kurir.mk/?p=865605

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска прогласи состојба на природна катастрофа на Хаваите, што овозможува испорака на федерална помош, откако во катастрофалните пожари на островот Мауи на Хаваите, загинаа најмалку 36 лица. Федералната помош во овој случај вклучува грантови за привремени станбени објекти и поправки на куќи, евтини кредити за покривање на оштетениот неосигурен имот и други слични програми за жителите на Мауи и фирмите погодени од пожарот. Бајден телефонски разговарал со гувернерот на Хаваи, Џош Грин и изразил сочувство поради загубените животи и уништената земја во пожарите, соопштено е од Белата куќа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-proglasi-sostojba-na-prirodna-katastrofa-poradi-pozharite-na-havaite-podgotvena-e-federalna-pomosh/feed/ 0
Рејтингот на Бајден во август се задржа на 40 проценти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rejtingot-na-bajden-vo-avgust-se-zadrzha-na-40-protsenti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rejtingot-na-bajden-vo-avgust-se-zadrzha-na-40-protsenti/#respond Wed, 09 Aug 2023 13:43:45 +0000 https://kurir.mk/?p=865097

Рејтингот на американскиот претседател Џозеф Бајден на почетокот од август изнесува 40 отсто, покажува анкетата на Ројтерс и Ипсос. Резултатите од тридневната онлајн анкета, во која Американците одговориле дали го одобруваат или не го одобруваат начинот на кој Бајден ја извршува функцијата, се совпаднаа со резултатите во јули, кои исто така изнесуваа 40 проценти. Околу 54 отсто од испитаниците изјавиле дека не се задоволни од работата на демократскиот претседател, шест проценти одговориле дека не се сигурни или одбиле да одговорат на прашањето. Анкетата има маргина на грешка од три процентни поени. Економијата, невработеноста и работните места и понатаму се приоритет за Американците. Шеесет проценти од Американците, вклучително и секој трет демократ, посочија дека не го одобруваат начинот на кој Бајден се справува со инфлацијата. Анкетата на Ројтерс/Ипсос е спроведена минатата недела и покажува дека загриженоста за економијата може да го чини Бајден поддршка на изборите во 2024 година. Еден од пет испитаници кои гласале за Бајден во 2020 година изјавиле дека не се сигурни за кого ќе гласаат овој пат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rejtingot-na-bajden-vo-avgust-se-zadrzha-na-40-protsenti/feed/ 0
Бајден одобри нов пакет воена помош за Украина во вредност од 300 милиони долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-odobri-nov-paket-voena-pomosh-za-ukraina-vo-vrednost-od-300-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-odobri-nov-paket-voena-pomosh-za-ukraina-vo-vrednost-od-300-milioni-dolari/#respond Thu, 01 Jun 2023 06:10:50 +0000 https://kurir.mk/?p=841081

Американскиот претседател Џозеф Бајден одобри нов пакет воена помош за Украина од 300 милиони долари, кој вклучува дополнителна муниција за дронови и друго оружје, соопштија синоќа американските власти. Новиот пакет вклучува муниција за украинската одбрана од руски напади врз Киев од воздух: за ракетни батерии Патриот, за ракетни системи со висока подвижност (Химарс), како и за противвоздушни одбранбени системи Авенџер и Стингер. Помошта вклучува и опрема за отстранување мини, противтенковски гранати, ненаведувани ракети Зуни, опрема за ноќно гледање и околу 30 милиони парчиња малокалибарско оружје. На списокот се наоѓа и необјавена количина на други видови муниција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-odobri-nov-paket-voena-pomosh-za-ukraina-vo-vrednost-od-300-milioni-dolari/feed/ 0
Сузан Рајс ја напушта функцијата советничка на американскиот претседател https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/suzan-rajs-ja-napushta-funktsijata-sovetnichka-na-amerikanskiot-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/suzan-rajs-ja-napushta-funktsijata-sovetnichka-na-amerikanskiot-pretsedatel/#respond Mon, 24 Apr 2023 16:09:41 +0000 https://kurir.mk/?p=827040

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека неговата главна советничка за внатрешна политика, Сузан Рајс, ќе ја напушти функцијата следниот месец. Како директорка на Советот за домашна политика на Белата куќа, Сузан Рајс имаше големо влијание врз политиките на администрацијата на Бајден за здравствена заштита, имиграција. Според американски медиуми, тоа е изненадувачки потег на Рајс, која беше советник за национална безбедност на претседателот Барак Обама и служеше како амбасадор во Обединетите нации - единствената личност која некогаш ги имала двете позиции. Во тие улоги, таа тесно соработуваше со тогашниот американски потпретседател Џозеф Бајден и беше на потесниот список на кандидати за негов потпретседател кога тој се кандидираше за шеф на државата во 2020 година. Како советник за внатрешна политика на Бајден, таа беше под постојан напад од опозициските републиканци и го надгледуваше формулирањето на голем број извршни наредби и законодавни иницијативи на Бајден, вклучително и оние за здравствена заштита, поседување оружје, расна еднаквост и обновување на инфраструктурата во САД. Таа значително придонесе за политиката на Бајден за миграција преку границата меѓу САД и Мексико, за која активистите за правата на мигрантите тврдат дека се наклонува кон десно и не е во согласност со предизборните ветувања на претседателот да ја направи политиката похумана. Нејзиниот последен ден на работа ќе биде 26 мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/suzan-rajs-ja-napushta-funktsijata-sovetnichka-na-amerikanskiot-pretsedatel/feed/ 0
Бајден се сретна со претседателот на Ирска, Хигинс, најавено негово обраќање пред Парламентот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-se-sretna-so-pretsedatelot-na-irska-higins-najaveno-negovo-obrakane-pred-parlamentot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-se-sretna-so-pretsedatelot-na-irska-higins-najaveno-negovo-obrakane-pred-parlamentot/#respond Thu, 13 Apr 2023 15:03:02 +0000 https://kurir.mk/?p=823708

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска се сретна со неговиот ирски колега Мајкл Хигинс, пред неговото историско обраќање во ирскиот Парламент. Се очекува, кога ќе им се обрати на членовите на двата дома на Парламентот, Бајден да ја претстави „заедничката визија“ за иднината на американско-ирските односи, објави „Блумберг“. Бајден ќе учествува на церемонијата на садење дрвја и ѕвонењето на ѕвоното на мирот во официјалната резиденција на претседателот на Ирска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-se-sretna-so-pretsedatelot-na-irska-higins-najaveno-negovo-obrakane-pred-parlamentot/feed/ 0
Бајден пристигна во Северна Ирска, беше пречекан од британскиот премиер Сунак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-pristigna-vo-severna-irska-beshe-prechekan-od-britanskiot-premier-sunak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-pristigna-vo-severna-irska-beshe-prechekan-od-britanskiot-premier-sunak/#respond Wed, 12 Apr 2023 05:49:03 +0000 https://kurir.mk/?p=823044

Американскиот претседател Џозеф Бајден пристигна во Северна Ирска, каде беше пречекан од британскиот премиер Риши Сунак. Американскиот претседател дојде во кратка посета за време на која ќе присуствува на 25-годишнината од мировниот договор со кој заврши 30-годишното крвопролевање во Северна Ирска. Бајден, кој е многу горд на своите ирски корени, планира да помине само половина ден во Северна Ирска, која е една од четирите конститутивни ентитети на Обединетото Кралство, а ќе помине цели три дена во Република Ирска каде ќе има средби со владини претставници и негови подалечни роднини. Бајден, кој беше пречекан од Сунак на меѓународниот аеродром во Белфаст, пристигнува во деликатен политички момент во кој најголемата пробританска партија во Северна Ирска продолжува да ја бојкотира децентрализираната влада на Северна Ирска, чие воспоставување произлезе од клучниот дел од мировниот договор постигнат во 1998 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-pristigna-vo-severna-irska-beshe-prechekan-od-britanskiot-premier-sunak/feed/ 0
Администрацијата на Бајден става на располагање 450 милиони долари за чиста енергија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/administratsijata-na-bajden-stava-na-raspolagane-450-milioni-dolari-za-chista-energija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/administratsijata-na-bajden-stava-na-raspolagane-450-milioni-dolari-za-chista-energija/#respond Tue, 04 Apr 2023 12:22:11 +0000 https://kurir.mk/?p=820060

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден става на располагање 450 милиони долари за соларни фарми и други проекти за чиста енергија низ целата земја на локациите на сегашните или поранешните рудници за јаглен, како дел од тековните напори за борба против климатските промени. Дури пет проекти низ целата земја ќе бидат финансирани преку нацрт-законот за инфраструктура во 2021 година, со најмалку два проекти наменети за соларни фарми, соопшти Белата куќа. Белата куќа, исто така, наведе дека ќе им овозможи на изведувачите на проектите за чиста енергија да ги искористат предностите од милијарди долари во нови бонуси понудени како додаток на кредитите за инвестиции и производство достапни преку Законот за намалување на инфлацијата од 2022 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/administratsijata-na-bajden-stava-na-raspolagane-450-milioni-dolari-za-chista-energija/feed/ 0
Бајден издаде декрет за детална проверка на купувачите на оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-izdade-dekret-za-detalna-proverka-na-kupuvachite-na-oruzhje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-izdade-dekret-za-detalna-proverka-na-kupuvachite-na-oruzhje/#respond Tue, 14 Mar 2023 18:57:51 +0000 https://kurir.mk/?p=811936

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска потпиша указ со кој се наложуваат посеопфатни проверки на луѓето кои сакаат да купат оружје, како и побезбедно складирање на огненото оружје. Со претседателскиот декрет се обврзуваат американските служби за спроведување на редот и законот да обезбедат максимално спроведување на законите за контрола на вооружувањето кои минатото лето ги поддржаа двете партии во американскиот Конгрес. На 1 јануари годинава, по новогодишната прослава, вооружен напаѓач упадна во сала за танцување во населба во близина на Лос Анџелес и застрела 20 луѓе, од кои 11 починаа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-izdade-dekret-za-detalna-proverka-na-kupuvachite-na-oruzhje/feed/ 0