џудо федерација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 27 Feb 2022 10:24:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png џудо федерација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА ПУТИН – еве од каде е суспендиран! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-udar-za-putin-eve-od-kade-e-suspendiran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-udar-za-putin-eve-od-kade-e-suspendiran/#respond Sun, 27 Feb 2022 10:24:49 +0000 https://kurir.mk/?p=637419

Меѓународната џудо федерација го суспендираше Владимир Путин од функцијата почесен претседател поради руската инвазија на Украина, беше соопштено на 27 февруари. „Во светло на тековната војна во Украина, Меѓународната џудо федерација објавува суспензија на статусот на Владимир Путин како почесен претседател и амбасадор на Меѓународната џудо федерација“, се вели во соопштението на управното тело. Рускиот претседател има црн појас во џудо. Одлуката е една од низата спортски санкции објавени во последните денови. Формула 1, која требаше да се одржи во Сочи во септември, беше откажана, а на почетокот на неделава беше објавено дека финалето на Лигата на шампионите во 2022 година ќе се игра во Париз, а не во Санкт Петербург.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-udar-za-putin-eve-od-kade-e-suspendiran/feed/ 0
Награда почесен црн појас 1 дан од Џудо федерацијата на Македонија за јапонската амбасадорка https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nagrada-pochesen-crn-pojas-1-dan-od-dzudo-federacijata-na-makedonija-za-japonskata-ambasadorka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nagrada-pochesen-crn-pojas-1-dan-od-dzudo-federacijata-na-makedonija-za-japonskata-ambasadorka/#respond Wed, 07 Oct 2020 09:25:11 +0000 https://kurir.mk/?p=413338

Џудо федерацијата на Македонија на јапонската амбасадорка Кеико Ханеда и додели награда почесен црн појас 1 дан. -Признанието се доделува за 4-годишната посветеност на амбасадорката за развивање и ангажираност на џудо спортот во Македонија.  Во име на федерацијата плакетата и црниот појас со посвета ја предадоа делегација предводена од претседателот Владимир Трпаноски и потпретседателот Горан Антевски, соопштија од федерацијата. Амбасадорката Кеико Ханеда изрази голема благодарност за признанието и се заложи во иднина, како почесен член на џудото во Македонија да продолжи со активностите за соработка на џудо спортистите од Македонија и Јапонија. Истакна дека во изминатите години во нејзиниот ангажман секогаш го поддржувала секој спорт кој ќе го развива духот и здравјето на секој граѓанин. Исто така изрази огромно задоволство за можниот настап на македонските џудисти на претстојните Олимписки игри во Токио и можноста за негово омасовување и развој во наредниот период. Јапонската амбасада и во наредниот период ќе продолжи со помош и развој на овој благороден спорт преку материјална поддршка во опрема и можност за обука на џудоки во Јапонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nagrada-pochesen-crn-pojas-1-dan-od-dzudo-federacijata-na-makedonija-za-japonskata-ambasadorka/feed/ 0