џудо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 May 2023 15:22:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png џудо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СП во џудо: Руски навивачи исфрлени од салата поради воен симбол https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sp-vo-dhudo-ruski-navivachi-isfrleni-od-salata-poradi-voen-simbol/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sp-vo-dhudo-ruski-navivachi-isfrleni-od-salata-poradi-voen-simbol/#respond Thu, 11 May 2023 15:22:37 +0000 https://kurir.mk/?p=833127

Меѓународната џудо федерација (ИЈФ) исфрли од Светското првенство во Доха група руски навивачи кои во салата се појавија со Лентата на Свети Ѓорѓи, која од 18. век се користи во Русија како воен симбол. Организаторите првично ги повикаа руските навивачи да ја отстранат лентата, а откако тоа одбија да го сторат беа исфрлени од салата. На руските навивачи им е забранет влез во салата во Доха до крајот на СП во џудо. Од почетокот на војната во Украина, СП во џудо е првото големо меѓународно натпреварување на кое настапуваат спортисти од Русија и Белорусија. ИЈФ даде дозвола за враќање на Русија и Белорусија, под услов тоа да го направат поединечно и како неутрални спортисти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/sp-vo-dhudo-ruski-navivachi-isfrleni-od-salata-poradi-voen-simbol/feed/ 0
Украина ќе ги бојкотира светските првенства во џудо поради Русија и Белорусија https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ukraina-ke-gi-bojkotira-svetskite-prvenstva-vo-dhudo-poradi-rusija-i-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ukraina-ke-gi-bojkotira-svetskite-prvenstva-vo-dhudo-poradi-rusija-i-belorusija/#respond Mon, 01 May 2023 17:12:33 +0000 https://kurir.mk/?p=829471

Украинските џудисти нема да учествуваат на светското првенство овој месец во Катар по одлуката на Меѓународната џудо федерација повторно да ги прими Русите и Белорусите како неутрални, соопшти Украинската џудо федерација. Меѓународниот олимписки комитет минатиот месец препорача на спортистите од двете земји да им биде дозволено да се вратат на меѓународните натпреварувања како неутрални. Меѓународниот олимписки комитет минатата недела објави дека ќе им дозволи на џудистите од Русија и Белорусија да учествуваат на шампионатот од 7 до 14 мај, велејќи дека нејзината одлука ќе им овозможи на Русите и Белорусите да учествуваат во квалификациите за Олимписките игри во 2024 година во Париз. Препораките на Меѓународниот олимписк комитет ги исклучуваат спортистите кои ја поддржуваат војната или се договорени со воени или национални безбедносни агенции. Меѓународната џудо федерација соопшти дека ангажирала независна компанија да изврши проверки на позадината и да идентификува такви спортисти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ukraina-ke-gi-bojkotira-svetskite-prvenstva-vo-dhudo-poradi-rusija-i-belorusija/feed/ 0
Прва победа за Македонец на Европско сениорско првенство во џудо https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/prva-pobeda-za-makedonec-na-evropsko-seniorsko-prvenstvo-vo-dzudo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/prva-pobeda-za-makedonec-na-evropsko-seniorsko-prvenstvo-vo-dzudo/#respond Sat, 30 Apr 2022 14:10:31 +0000 https://kurir.mk/?p=670175

Денеска на Европското сениорско првенство во џудо кое се одржува во Софија настапи македонскиот репрезентативец Еди Шерифовски во категоријата до 81 килограм. Во својата прва победа триумфираше над претставникот од Молдавија, Михаил Латишев. Тоа е прва историска победа за еден Македонец на ваквите големи натпреварувања. А во второто коло после ВАР одлуката беше дисквалификуван во борбата против Британецот Лахлан Мурхед. – Прва и историска победа за Македонија на ЕП за сениори. Два доминантни настапи, но судиите решија да ме дисквалификуваат поради „забранет“ потег (нуркање на глава) додека го фрлав вториот противник. Ова е добар знак дека сум на добар и ветувачки пат. Сè ќе си дојде на свое местообјави Шерифовски на Фејсбук. В недела во бугарскиот главен град својот настап треба да го има и вториот наш натпреварувач, Андреј Чакаровски во категоријата 90 кг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/prva-pobeda-za-makedonec-na-evropsko-seniorsko-prvenstvo-vo-dzudo/feed/ 0
Македонија ќе поднесе кандидатура за организација на ЕП 2024 во џудо https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonija-kje-podnese-kandidatura-za-organizacija-na-ep-2024-vo-dzudo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonija-kje-podnese-kandidatura-za-organizacija-na-ep-2024-vo-dzudo/#respond Fri, 29 Apr 2022 19:53:17 +0000 https://kurir.mk/?p=669965

Македонија и официјално ќе поднесе кандидатура за организација на Европското првенство во џудо за кадети 2024 година. Ова е еден од најважните заклучоци од денешниот работен состанок помеѓу претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски и претседателот на Европската џудо унија, Ото Кнеитингер. „Заедно со потпредседателот Горан Антевски денес имавме мошне конструктивен работен состанок со претседателот на Европската џудо унија, Ото Кнеитингер, на кој разговаравме на повеќе важни теми за дополнителен развој и промоција на џудото во Македонија. Задоволство ми е да споделам со сите дека од господнот Кнеитингер добивме отворена и јасна поддршка за организација на Европското првенство за кадети, кое ќе се оддржи во 2024 година. Тоа е дополнителен мотив за сите заеднички да продолжиме напорно да работиме на нашата кандидатура и да донесеме во земјата еден голем и исклучително важен спортски настан“, изјави претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски. Во својата изјава за сајтот на џудо федерацијата, Трпаноски додаде дека покрај за кандидатурата за Европското првенство, на средбата на која приствувале и генералниот секретар на ЕЏУ, Мартин Проигер, генералниот директор на ИЏФ, Влад Маринеску, како и следниот претседател на ЕЏУ, Ласло Тот, се разговарало и за стратешкото планирање за развој на џудото во Македонија. Била добиена и официјална потврда од Европската џудо унија за поддршка на неколку големи проекти кои ќе се реализираат во следниот период, меѓу кои и проектите за џудо во полицијата и џудо во армијата, за кои ИЏФ ќе обезбеди специјални татами и кимона. Покрај со претеседалот на ЕЏУ, во рамките на Европското првенство во џудо кое од денес па се до недела ќе се оддржува во Софија, раководните лица на македонското џудо ќе имаат уште неколку работни средби со делегации од други држави.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonija-kje-podnese-kandidatura-za-organizacija-na-ep-2024-vo-dzudo/feed/ 0
Поднесено обвинение за тренерот по џудо кој вршел полови дејствија врз ученички https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-za-trenerot-po-dzudo-koj-vrshel-polovi-dejstvija-vrz-uchenichki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-za-trenerot-po-dzudo-koj-vrshel-polovi-dejstvija-vrz-uchenichki/#respond Wed, 21 Jul 2021 11:30:10 +0000 https://kurir.mk/?p=539715

Основното јавно обвинителство Прилеп до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 46 години кое го товари за сторени кривични дела – Обљуба со злоупотреба на положбата, за кое за две оштетени се гони за продолжено кривично дело по член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик и за две оштетени по член 189 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството. Обвинетитот како тренер по џудо, од февруари до декември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба ивршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – четири ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување. Заедно со обвинението надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-za-trenerot-po-dzudo-koj-vrshel-polovi-dejstvija-vrz-uchenichki/feed/ 0
Џудо федерацијата на Македонија и Факултетот за физичко образование потпишаа меморандум за соработка https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dzudo-federacijata-na-makedonija-i-fakultetot-za-fizichko-obrazovanie-potpishaa-memorandum-za-sorabotka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dzudo-federacijata-na-makedonija-i-fakultetot-za-fizichko-obrazovanie-potpishaa-memorandum-za-sorabotka/#respond Thu, 17 Sep 2020 11:18:03 +0000 https://kurir.mk/?p=404552

Џудо Федерацијата на Македонија и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје потпишаа Меморандум за соработка преку кој ќе се даде научна поддршка за реализација на развојната програма на федерација. Со научната и експертска поддршка од Факултетот ќе се овозможи едукација на кадрите, како и подигање на нивото на знаење и вештини кај членството на Федерацијата. -Дел од развојната програм на Федерацијата е вклучување на институции и стручни лица од повеќе области кои можат да помогнат во развојот и унапредувањето на џудото во Македонија, и тој план започнува да се реализиран токму со овој Меморандум, како прв и многу значаен чекор. Џудото како спорт има перспектива во Македонија и работата на Федерацијата само ги потврдува капацитетите, кои што треба да ги стимулираме и да создадеме простор за уште поголема експанзија. Преку оваа соработка со Факултетот за физичко образование, нашето членство ќе добие значајна помош и стручна поддршка, изјави Владимир Трпаноски, претседател на Џудо федерацијата на Македонија. За исполнување на целите на соработката, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ќе изготвува и реализира истражувачки проекти поврзани со џудо спортот, како и тестирања за антрополошкиот статус на џудистите од различни возрасни категории со препораки за подобрување на нивниот развој. Токму тоа ќе даде голем придонес во институционализирање и професионализирање на џудото како спорт. -Унапредувањето на џудо културата и спортот во Македонија е од големо значење за секого, пред се заради големиот интерес и потенцијал што постои во Македонија. Федерацијата прави многу за популаризација на овој спорт и тоа преку едукацијата за џудото, па токму во таа насока е и оваа соработка, само подигнато на повисоко ниво, истакна проф. д-р Ленче Алексовска Величковска, Декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dzudo-federacijata-na-makedonija-i-fakultetot-za-fizichko-obrazovanie-potpishaa-memorandum-za-sorabotka/feed/ 0
Заев добил црн појас во џудо, не се појавил на церемонијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-dobil-crn-pojas-vo-dzudo-ne-se-pojavil-na-ceremonijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-dobil-crn-pojas-vo-dzudo-ne-se-pojavil-na-ceremonijata/#respond Mon, 29 Oct 2018 09:35:39 +0000 https://kurir.mk/?p=120714

Џудо Федерацијата на Македонија, му доделила почесен црн појас на премиерот Зоран Заев. Џудистите и љубителите на овој спорт на социјалните мрежи почнаа веднаш да бараат одговор зошто на премиерот му се дава црн појас кога тој никогаш во животот не тренирал џудо ниту направил нешто за промоција на оваа витешка вештина, пишува expres.mk Црниот појас е доделен вчера во присуство на претставници од Амбасадата на Јапонија задолжена за Македонија. Како што пушува порталот, Заев не ги удостоил лично џудистите да го прими почесниот црн појас кој на претставник на неговиот кабинет (на фотографијата десно) му го предал Зељул Реџепи, новиот претседател на Џудо Федерацијата на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-dobil-crn-pojas-vo-dzudo-ne-se-pojavil-na-ceremonijata/feed/ 0
Македонија осма година по ред дел од Светскиот ден на џудото https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonija-osma-godina-po-red-del-od-svetskiot-den-na-dzudoto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonija-osma-godina-po-red-del-od-svetskiot-den-na-dzudoto/#respond Thu, 25 Oct 2018 11:34:13 +0000 https://kurir.mk/?p=119380

Џудо Федерацијата на Македонија осма година по ред ќе биде дел од глобалното одбележување на Светскиот ден на џудото, кој традиционално се прославува на 28 октомври, роденденот на основачот на џудото, Џигоро Кано, соопштија од Џудо федерацијата на Македонија. По овој повод, в недела ќе се организира настан на кој заеднички ќе тренираат и ќе ги претстават своите вештини џудисти од повеќе македонски џудо клубови. – Идејата за заедничкиот настап на џудистите од македонските клубови е во согласност со годинешната тема за Светскиот ден на џудото – Пријателство. Годинашната тема е само продолжение на кампањите преку кои се промовираат вредностите кои ги носи џудото, како што се чест, истрајност, џудо за сите, почит… Овој ден е посветен на сите љубители на џудото, на тренерите, џудистите, како и на сите оние кои со страст, посветеност и љубов го тренираат и промовираат овој олимписки спорт, велат од Џудо федерацијата на Македонија. Денес, повеќе од 20 милиони луѓе ширум светот секојдневно тренираат џудо, а бројот на оние кои практикуваат џудото во Македонија и во светот постојано се зголемува. Меѓународната Џудо Федерација на Џудо брои 200 земји-членки. Одбележувањето на Светскиот ден на џудото ќе биде в недела на 28 октомври, во спортската сала „Македонско сонце“ при основното училиште „11 Октомври“ во Скопје со почеток од 12 часот, а на истото освен вљубениците во џудото се очекуваат да присуствуваат и високи претставници на државниот естаблишмент, амбасадори, бизнисмени и останати гости. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonija-osma-godina-po-red-del-od-svetskiot-den-na-dzudoto/feed/ 0
Џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп освои сребрен медал на Балканското првенство https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dzudo-klubot-seishin-od-prilep-osvoi-srebren-medal-na-balkanskoto-prvenstvo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dzudo-klubot-seishin-od-prilep-osvoi-srebren-medal-na-balkanskoto-prvenstvo/#respond Thu, 06 Sep 2018 13:42:15 +0000 https://kurir.mk/?p=97186

Екипата на џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп освои сребрен медал на годинашново Балканско првенство за сениори и сениорки, што на почеток на месецов се одржа во Кавадарци. Според тренерот на џудо клубот Дејан Мицкоски, оваа голема награда прилепските џудисти ја освојуваат првпат. - Натпреварите се одвиваа во два дела: поединечно натпреварување каде Александра Најдоска во категоријата од 78 килограми го освои второто место и Христијан Ѓураков во категорија до 81 килограм го освои трерото место. Нашиот клуб „Сеишин“ на земјава и го донесе второто место со целата репрезентација во екипно натпреварување и тоа: Марио Тошески во категоријата од 73 килограми, Христијан Ѓураков во категоријата до 81 килограм, Кристијан Тошески во категоријата до 90 килограми, Бобан Глигуроски во категоријата од 90 килограми и Александра Најдоска во категоријата од 78 килограми, сите го освија второто место, рече Мицкоски, додавајќи дека наградата претставува голем стимул за натпреварувачите и за клубот. На ова Балканско првенство освен од Македонија се натпреваруваа џудисти и од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Грција, Бугарија, Албанија и од Косово. Домаќини на годинашниот настан беа Џудо федерацијата на Македонија со техничка поддршка од џудо клубот „Кожувчанка“ од Кавадарци. По постигнатите успеси на првенството, џудо-клубот „Сеишин“ продолжува со редовни тренинзи. Мицкоски изјави дека клубот го зголемува бројот на термините за тренинзи за поуспешно учество на меѓународните турнири. Овој успешен џудо клуб во Прилеп има околу 70 членови на возраст од четири до седумдесет години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/dzudo-klubot-seishin-od-prilep-osvoi-srebren-medal-na-balkanskoto-prvenstvo/feed/ 0