Џуниор ачивмент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 May 2022 17:37:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Џуниор ачивмент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прогласување на победниците на натпреварот на ученички компании во организација на „Џуниор ачивмент“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proglasuvanje-na-pobednicite-na-natprevarot-na-uchenichki-kompanii-vo-organizacija-na-dzunior-achivment/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proglasuvanje-na-pobednicite-na-natprevarot-na-uchenichki-kompanii-vo-organizacija-na-dzunior-achivment/#respond Fri, 27 May 2022 17:37:01 +0000 https://kurir.mk/?p=682674

Петта година по ред „Џуниор ачивмент“ организира натпревар на ученички компании, чија цел е учениците со поддршка на наставници ментори да учат преку работа и така да ги развиваат практичните компетенции, креативноста и иновативноста, како и претприемачкиот и натпреварувачкиот дух. На манифестацијата на која беа прогласени победниците за учебната 2021-2022 година се обрати и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој рече дека натпреварот преминува во традиција, затоа што концептот е интересен за младите и тие сакаат да решаваат предизвици. – Благодарност до организаторот што со своите заложби за спроведување на овие неформални образовни активности надвор од училишните клупи, му дава една додатна вредност на воспитно-образовниот процес во нашата земја и го поттикнува претприемничкиот и натпреварувачкиот дух на учениците, на кои навистина им треба да добиваат вакви шанси преку кои ќе ги покажуваат своите лидерски способности, својата креативност и иновативност, што всушност се совпаѓа со целите на реформите кои ги прави Министерството за образование и наука и Владата за да имаме посовремен образовен систем, рече Шаќири. Информираше дека претприемачкото образование е дел од суштинската реформа на основното образование која е во тек и тоа се внесува во сите задолжителни и изборни предмети, но и во воннаставните активности. Сите нови наставни програми и учебници се изработуваат врз основа на осум национални стандарди за постигања на учениците, а еден од нив е „техника, технологија и претприемништво“. -Од учениците се очекува да стекнуваат компетенции кои се поврзани со способности за преземање иницијативи, за креирање идеи и претворање на идеите во производи и услуги, за носење одлуки и преземање ризик, додаде Шаќири. Честитајќи им на победниците, тој упати порака до сите учесници да бидат истрајни и упорни во секоја битка и да се водат по идеологијата за доживотно учење бидејќи, како што рече, едукацијата е процес, а не чин кој завршува на конкретен датум. Во рамки на тридневната манифестација што се одржа во Струга, првпат беше избран и наставник на годината, како и најпретприемачко училиште, информира МОН. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proglasuvanje-na-pobednicite-na-natprevarot-na-uchenichki-kompanii-vo-organizacija-na-dzunior-achivment/feed/ 0