е-дневник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Sep 2021 10:23:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png е-дневник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Родителите и старателите преку е-дневник ќе добиваат неделни извештаи за активностите на децата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-i-staratelite-preku-e-dnevnik-kje-dobivaat-nedelni-izveshtai-za-aktivnostite-na-decata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-i-staratelite-preku-e-dnevnik-kje-dobivaat-nedelni-izveshtai-za-aktivnostite-na-decata/#respond Tue, 07 Sep 2021 10:23:16 +0000 https://kurir.mk/?p=560501

Родителите и старателите на учениците и во новата учебна 2021-2022 година преку електронскиот дневник ќе добиваат неделни извештаи за активностите на нивните деца на училиште. Извештаите ќе можат да ги прегледуваат со едноставно најавување во системот, за што е изработено соодветно упатство кое може да може да се погледне на следниот линк  , соопшти Министерството за образование и наука. Неделните извештаи содржат информации за наставните содржини кои се реализираат, како и за активностите, оценките и поведението на учениците за време на престојот во училиште. Од МОН информираат дека дополнително, родителите и старателите на неделна основа ќе добиваат и СМС пораки на нивните мобилни уреди, согласно наведените телефонски броеви во електронскиот дневник.   Упатство за сите функционалности на системот е-дневник, како и видео упатства за родителите/старателите се објавени на страницата https://ednevnik.edu.mk/ во менито упатства. Дополнително одговори на најчесто поставуваните прашања можат да се најдат во менито ЧПП, а за дополнителна корисничка поддршка, се испраќа порака преку контакт формата во менито контакт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-i-staratelite-preku-e-dnevnik-kje-dobivaat-nedelni-izveshtai-za-aktivnostite-na-decata/feed/ 0
Наставниците ноќе го полнат е-дневникот – дење системот паѓа и податоците се губат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnicite-nokje-go-polnat-e-dnevnikot-denje-sistemot-pagja-i-podatocite-se-gubat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnicite-nokje-go-polnat-e-dnevnikot-denje-sistemot-pagja-i-podatocite-se-gubat/#respond Sun, 12 Jan 2020 18:51:48 +0000 https://kurir.mk/?p=288577

Учениците се на зимски распуст, но наставниците овие денови, или поточно ноќи, ги користат за си ги исполнат административните обврски со пополнување податоци во електронскиот дневник. Технички проблеми повторно има, па за да избегнат застои во системот, тие навечер внесуваат податоци на учениците. Ова пополнување е нивна законска обврска, а ако не ја исполнуваат на време, се соочуваат со казни од просветните инспектори, објавува Мета. Зорица Милкова, наставничка во „Тошо Велков – Пепето“ во Кавадарци вели дека водењето педагошката евиденција во е-дневникот продолжува со тоа што се внесуваат описите оцени на учениците кои потоа ќе им бидат доделени во евидентните листи на родителски состанок. – Во текот на оваа учебна година има и измени во оценувањето кај учениците од 4-то, 5-то и 6-то одделение, тие повеќе не добиваат бројчани оцени за полугодие, туку описни. Технички проблеми при внесувањето на податоците во е-дневник ги имало, а претпоставувам дека и понатаму ќе ги има. Затоа сѐ повеќе наставници го практикуваат ноќното внесување на податоци. Тогаш системот е послободен и поретко паѓа. Се случува дел од податоците при паѓање на мрежата и да се изгубат, но и да се дуплираат. Затоа треба и да направиме проверка откако повторно ќе се најавиме – вели Милкова. Дополнителен проблем е и тоа што оделенските наставници кои предваат во 4-то, 5-то и 6-то одделение, во електронскиот дневник немаат опција да ги внесат описните оценки, туку таму постои само графа за бројчани оцени. „Мета.мк“ неодамна објави дека Министерството за образование и наука (МОН), укажа дека наставниците не треба да внесат ретроактивно сѐ што е пропуштено, туку само оценките, изостаноците и полугодишните оценки. Претходно, околу една година системот воопшто не функционираше бидејќи надлежните не можеа да најдат фирма што ќе го одржува системот. – Имајќи предвид дека постоеше застој во функционирањето на платформата, Министерството за образование и наука пред извесен период до училиштата достави допис со кој беше побарано наставниците да ги ажурираат само основните податоци за учениците, полугодишните оценки и изостаноците – рекоа оттаму. Во меѓувреме, во МОН ветија дека од почетокот на второто полугодие, родителите повторно ќе почнат да добиваат смс-пораки со поведението, изостаноците и успехот на нивните деца. Во државата има 17.887 вработени наставници во основно образование и 7.400 во средно образование. Сите имаат обврска да пополнуваат електронски дневник. Системот не функционираше затоа што МОН од април лани, кога истече договорот со старата фирма, не распиша тендер за избор на нова компанија која ќе го ажурира системот. Од пред неколку месеци, избрана е фирмата „Сорсикс”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nastavnicite-nokje-go-polnat-e-dnevnikot-denje-sistemot-pagja-i-podatocite-se-gubat/feed/ 0