E.ON – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Apr 2022 12:40:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png E.ON – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шефот на германскиот енергетски концерт „E.ON“ смета дека ембаргото на рускиот енергенс ќе ја подели Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-germanskiot-energetski-koncert-e-on-smeta-deka-embargoto-na-ruskiot-energens-kje-ja-podeli-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-germanskiot-energetski-koncert-e-on-smeta-deka-embargoto-na-ruskiot-energens-kje-ja-podeli-evropa/#respond Tue, 19 Apr 2022 12:40:09 +0000 https://kurir.mk/?p=665396

Воведувањето ембарго за испораките на гас од Русија може да доведе до раскол во ЕУ, изјави во интервју за „Ханделсблат“ шефот на најголемиот германски енергетски концерн „E.ON“ Леонард Бирнбаум. – Воведувањето на сегашното ембарго би било болен удар за Германија и за цела Европа. Некои земји целосно или во голема мера се потпираат на руската енергија, а таквиот потег може да доведе до раскол во ЕУ, вели Бирнбаум. – Мислам дека тоа би било погрешно… Таков потег не само што тешко би ја погодил Германија, туку Европа би имала огромен проблем. На пример, Словачка е целосно зависна од рускиот гас, а земјите како Чешка и Австрија најголемиот дел од гасот го добиваат од Русија. Во многу други земји од ЕУ, рускиот гас има значителен удел, предупредува првиот човек на „Е.ОН“. Според него, за прашањата за гасот треба да се разговара на паневропско, а не на национално ниво. „Ако мислиме дека можеме да ја снабдуваме Германија без да се грижиме за другите земји, тогаш тоа ќе доведе до раскол во ЕУ“, рече Бирнбаум.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-germanskiot-energetski-koncert-e-on-smeta-deka-embargoto-na-ruskiot-energens-kje-ja-podeli-evropa/feed/ 0