е-цигари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Apr 2023 08:32:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png е-цигари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Британската влада ќе им помогне на милион пушачи да се префрлат на е-цигари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-vlada-ke-im-pomogne-na-milion-pushachi-da-se-prefrlat-na-e-tsigari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-vlada-ke-im-pomogne-na-milion-pushachi-da-se-prefrlat-na-e-tsigari/#respond Tue, 11 Apr 2023 08:32:09 +0000 https://kurir.mk/?p=822749

Владата на Велика Британија денеска соопшти дека ќе поттикне и ќе им помогне на милион пушачи во земјата да се префрлат од обичните цигари на „вејп“, т.е. на електронски цигари. Целта е да им се помогне на луѓето кои сакаат да се откажат од никотинот. „Ќе им понудиме нова помош на милиони пушачи за да се откажат. Владата ќе финансира нов национален план ’Промени за откажување’, прв од ваков вид во светот“, се вели во соопштението на британското Министерство за здравство. Според овој план, секој петти британски пушач на класични цигари ќе добие „вејп“ уред за е-цигари. Трудниците, пак, ќе добијат и посебни ваучери што ќе им помогнат да се откажат од пушењето. Во Велика Британија 13 насто од населението се пушачи. Долгорочната цел на Владата е намалување на таа бројка под пет отсто. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskata-vlada-ke-im-pomogne-na-milion-pushachi-da-se-prefrlat-na-e-tsigari/feed/ 0
Малолетниците во Србија нема да можат да купуваат е-цигари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/maloletnitsite-vo-srbija-nema-da-mozhat-da-kupuvaat-e-tsigari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/maloletnitsite-vo-srbija-nema-da-mozhat-da-kupuvaat-e-tsigari/#respond Thu, 06 Apr 2023 11:01:07 +0000 https://kurir.mk/?p=821015

Министерството за внатрешна и надворешна трговија на Србија соопшти дека почнува со работа на измените на Законот за заштита на потрошувачите коишто ќе се однесуваат на забраната за продажба на електронски цигари и други производи со или без никотин на малолетни лица. Одлуката е донесена по добиените резултати од истражувањето на Здружението „Родител“ спроведено лани во септември. Повеќето испитаници се согласуваат дека е-цигарите се лесно достапни за малолетниците и може да се набават во продавница и киоск без да се провери возраста на купувачот. Дури 83,3 отсто од децата тврдат, како што е наведено на страницата на Здружението, дека „лесно се доаѓа до електронски цигари“ и дека при купувањето не ги прашуваат колку години имаат. „Натаму, 78 проценти од родителите тврдат дека нивните деца не користат е-цигари. Од друга страна, на прашањето дали пријателите на нивните деца 'вејпуваат', односно дали користат е-цигари со ароматично масло, тоа го потврдиле 46 отсто од родителите“, говорат податоците. Испитувањето покажало и дека најголемиот број тинејџери кои консумираат „вејп“, го купуваат по училиште, а значително помалку од одговорите гласат „на одмор“ и „за викенд, во слободно време“. „Само 16,7 отсто велат дека овие производи не се продаваат на малолетници. Мнозинството родители рекле дека знаат дека малолетниците лесно можат да ги купат овие производи (70 проценти), додека останатите 30 отсто од нив не знаат за тоа“, се истакнува во истражувањето. Повеќе од 81,3 отсто од испитаниците знаеле што е „вејп“, додека 18,8 проценти од нив слушнале за него, но одговориле дека не знаат што е тоа. Најголем дел од испитаниците, 62,5 отсто не користат е-цигари, додека 37,5 проценти се потрошувачи на тој производ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/maloletnitsite-vo-srbija-nema-da-mozhat-da-kupuvaat-e-tsigari/feed/ 0