е-учебници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 May 2021 09:00:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png е-учебници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Царовска без консултација од стручната јавност и со злоупотреба на европско знаменце, реформата упорно ја турка за да уништи идни генерации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-bez-konsultacija-od-struchnata-javnost-i-so-zloupotreba-na-evropsko-znamence-reformata-uporno-ja-turka-za-da-unishti-idni-generacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-bez-konsultacija-od-struchnata-javnost-i-so-zloupotreba-na-evropsko-znamence-reformata-uporno-ja-turka-za-da-unishti-idni-generacii/#respond Thu, 13 May 2021 09:00:57 +0000 https://kurir.mk/?p=509819

Реформата во образованието, односно дигитализацијата на образованиот систем во Македонија покрена лавина коментари и незадоволство од јавноста, особено од родителите и учениците. Но гласот како да не им се слуша, министерката за образование и наука, Мила Царовска упорна ја тера реформата пред да се консултира со родителите и стручната јавност. Родителите од иницијативата „Учебници и настава мора да има“ на една од нивните прес конференции го изразија своето незадоволство од одговорот на МОН по повод нивните барања за укинување на електронските учебници, по што порачаа дека ќе покренат иницијатива за задолжителен референдум на кој граѓаните ќе можат да се изјаснат за предложените измени во законот за учебници. Покрај ова Драгана Спасевска која е координатор на оваа иницијатива, порача дека од сабота започнуваат протести во Скопје, како и останатите градови низ земјава. -Бидејќи МОН немаше слух за нашите барања останува на нас родителите да се бориме за иднината на своите деца. Следен чекор кој ќе го преземеме е организирање на протесни маршови во сите градови ширум земјава. Па така, во сабота во 12 часот започнуваат протестите како во главниот град, така и во сите други“, изјави Драгана Спасевска за медиуми. За рутата на протесниот марш, Спасевска изјави дека јавноста ќе биде дополнително известена. -Најавените протести и иницијатива за референдум за образовните реформи се уставно загарантирано право. Но, реформата ќе продолжи со цел во фокусот на образованието да се стават ученикот и неговите потреби затоа што таа не само што не е избрзана туку можеби е и задоцнета, а резултатите од новата образовна концепција треба да ги очекуваме по пет-шест години, изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска, по најавите за протести во следните денови поради промените што треба да се случат во основното образование со почетокот на следната учебна година. „Ние како МОН имавме средба со групата и им одговоривме на нивните барања, кои главно се однесуваат на тоа да се исклучи родовата еднаквост од образовниот систем. За тоа има закони што се поминати во Собранието и гласани од сите политички партии, што значи дека има консензус за почитување на родовата рамноправност, што е и уставно загарантирано право и треба да биде дел од образовниот систем. Државата има ратификувано и многу конвенции и има обврска да се придржува и да рапортира кон нив. Сметам дека одговорите што ги добија во иницијативата ќе ги разгледаат и ќе расправаат по нив“, рече Царовска. ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициона партија посочува дека реформите во образованието не може министерката да ги носи без консултација со стручната јавност и не може да го злоупотребува европското знаменце за вакви реформи кои можат да уништат генерации. -Од почетокот на работата на овој Парламент и парламентарен состав, нешто што е нотирано и од страната на европската делегација е постојаната злоупотреба на европското знаменце. За што служи европското знаменце? Тоа служи за закони кои што треба да се хармонизираат со регулативи, директиви и акти на ЕУ, а во моментот на пример имаме предлог закон за реформа во образовниот систем во кој што не се повикува на европското законодавство, туку се повикува на некои декларации кои што не се законодавство на ЕУ и што е целта, злоупотреба на европска вредност за да се избегне дијалог и за да се избегне дебата. Паралелно зошто? За да се наметне тој образовен радикализам неуспешен на министерката Мила Царовска“, истакна Тимчо Муцунски, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во гостување во емисијата „24 анализа“. Муцунски додаде дека Мила Царовска е класичен пример за избегнување на дебата. Истиот министер кој што бараше задолжување од 25 милиони евра за апстрактна реформа и не дојде пред пратениците да каже зошто го бара тоа задолжување, при тоа дрско одговарајќи на мене лично на пратеничко прашање и дека нема да дојде кога ќе се дискутира на пленарната седница, за да сега злоупотребува т.н. европска вредност за да направи социјален немир во нашата држава и да создаде проблеми на идни генерации, рече Муцунски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-bez-konsultacija-od-struchnata-javnost-i-so-zloupotreba-na-evropsko-znamence-reformata-uporno-ja-turka-za-da-unishti-idni-generacii/feed/ 0
Од граѓанската иницијатива„учебници мора да има“најавија протести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-gragjanskata-inicijativa-uchebnici-mora-da-ima-najavija-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-gragjanskata-inicijativa-uchebnici-mora-da-ima-najavija-protesti/#respond Tue, 11 May 2021 08:12:15 +0000 https://kurir.mk/?p=508818

Од граѓанската иницијатива „Учебници мора да има“најавија протести. Не добиле одговори од министерството за образование на нивните барања и затоа најавија дека ќе организираат протести низ градовите од внатрешноста и протестен марш во Скопје. По оваа нивна најава, ресорното министерство преку сооштение до медиумите испрати одговори. -.Важно е да се напомене дека дигитализацијата на материјалите за учење се воведува етапно. Започнува со четврто одделение наредната учебна година, а секоја наредна ќе се опфаќа ново повисоко одделение и ќе се заокружи во следните 5 до 6 години. Законското решение предвидува за учениците кои се од социјално загрозени семејства и немаат уреди за учење од дигиталните учебници, како и за учениците кои поради попреченост имаат потреба од уреди или помошна технологија, училиштето е должно да обезбеди услови за секој ученик да има пристап до употреба на учебник. Ова значи дека МОН не ги прифати барањата на иницијативата за повлекување на предлог законот за учебници и негово ревидирање преку јавна дебата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-gragjanskata-inicijativa-uchebnici-mora-da-ima-najavija-protesti/feed/ 0
Кусакатска: Над 10% од учениците нема да имаат можност да следат онлајн настава и да продолжат со образованието, бидејќи Царовска ќе ги укине печатените учебници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kusakatska-nad-10-od-uchenicite-nema-da-imaat-moznost-da-sledat-onlajn-nastava-i-da-prodolzat-so-obrazovanieto-bidejkji-carovska-kje-gi-ukine-pechatenite-uchebnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kusakatska-nad-10-od-uchenicite-nema-da-imaat-moznost-da-sledat-onlajn-nastava-i-da-prodolzat-so-obrazovanieto-bidejkji-carovska-kje-gi-ukine-pechatenite-uchebnici/#respond Wed, 21 Apr 2021 10:36:18 +0000 https://kurir.mk/?p=500309

Мила Царовска, министер за образование и наука, најави дека ќе ги укинува печатените учебници, а учениците на располагање ќе имале електронски учебници. -Царовска влегува во ваков зафат имајќи предвид дека десет отсто, една десетина од учениците, ја немаат таа можност да следат настава преку интернет. Со самото тоа, министер за образование сама ги лишува од образование 10 проценти од децата, создава нееднаквост и едноставно им го укинува законски задолжителното образование! Имајќи предвид дека вкупната бројка на ученици во Македонија е околу 250.000, бројот на овие ученици кои што Царовска и сега ги исклучува од образование во бројка изнесува околу 25.000 ученици. Ете толку, и според податоците со кои и Царовска настапува, сега за време на епидемијата, толку деца се исклучени од образованието. 1.300 ученици немаат струја во своите домови, стотици ученици наводно следат настава, ама на телевизија и учат од печатени материјали, од учебници. Во бројка, околу 25.000 ученици, изјави на денешната прес-конференција Весна Кусакатска, член на Комисија на ВМРО-ДПМНЕ за образование и наука. Таа посочи дека и ним министерката од следната година им ги зема учебниците од раце. Тие ќе бидат дискриминирани. -Ја потсетуваме Царовска, дека година и половина не успеа за нив, за тие за неа „само 10%“ ученици да обезбеди електронски уреди и интернет, па и струја. Како и секогаш, Царовска вината и обврските ги префрла на други, така и сега вели училиштата ќе обезбеделе и таблет библиотеки, или ќе печателе, принтале учебници. А, училиштата се под општините, општините се во долгови и немаат средства. Владата постојано ги сервисира, но тие пак се во долгови. Што ако сите ученици во училиштето побараат печатени учебници по сите предмети. Ќе им ги забраните? Препорачуваме Царовска да помине во Студена Бара, Дедебалци, Враништа и бројни други места и да ги посети училиштата. Така ќе добие вистинска слика, и ќе и стане јасно што треба да стори. Царовска, не случајно, учебниците се илустрирани и шарени, за децата да ја засакаат книгата и стекнувањето на знаења, за да ја засакаат науката, да можат да просперираат во животот, за да придонесат и за себе и за Македонија. За книги зборуваме, Царовска, за книги! Западните, современите, богатите држави фрлаат ли пари во ветер, што се уште печатат книги. Секакви, од учебници до енциклопедии и белетристика, се чуваат и обновуваат светски библиотеки, иако се може да има само во електронска форма? Тие нели се грижат за нивните идни генерации? За книги станува збор министерке, за книги и знаење. Не им ја одземајте книгата на децата од раце, ниеден тендер, ниеден софтвер или платформа не вреди толку, нагласи Кусакатска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kusakatska-nad-10-od-uchenicite-nema-da-imaat-moznost-da-sledat-onlajn-nastava-i-da-prodolzat-so-obrazovanieto-bidejkji-carovska-kje-gi-ukine-pechatenite-uchebnici/feed/ 0
„СГ“: Е-учебниците се штетни за здравјето и финансиски невозможни за некои семејства, протестите ни се единственото решение доколку Царовска продолжи со инаетењето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sg-e-uchebnicite-se-shtetni-za-zdravjeto-i-finansiski-nevozmozni-za-nekoi-semejstva-protestite-ni-se-edinstvenoto-reshenie-dokolku-carovska-prodolzi-so-inaetenjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sg-e-uchebnicite-se-shtetni-za-zdravjeto-i-finansiski-nevozmozni-za-nekoi-semejstva-protestite-ni-se-edinstvenoto-reshenie-dokolku-carovska-prodolzi-so-inaetenjeto/#respond Wed, 21 Apr 2021 08:46:22 +0000 https://kurir.mk/?p=500249

Средношколски глас во соопштение до медиумите објаснува зошто смета дека одлуката за е-учебници е лоша. -Сметаме дека одлуката за воведување на електронски учебници е лоша најпрво од здравствен аспект, свесни сме сите, а и докажано е дека долгорочно седење пред компјутерските екрани е штетно. Другиот битен аспект е што постојат голем број на училишта без основни услови за настава и со самото тоа голем број училишта не се опремени со компјутери за да би функционирало тоа, објаснуваат од Средношколски глад. Во соопштението наведуваатд ека министерката Мила Царовска изјавила доколку учениците немале можност за таква настава ќе требало да ги фотокопораат учебниците, но тоа е финансиски невозможно за некои семејства. -Едно семејство со две деца за почетокот на таква школска година ќе треба да издвои цела просечна плата. Потребни се нови реформи во образованието да, но ова е далеку од некаква реформа. Протести ни се единственото решение доколку министерката продолжи со инаетењето и едноумието, но се надеваме дека министерката ќе се освести. Овој период не планираме никакви протести поради празниците и големиот број на заразени, но за периодот после тоа ќе видиме, се наведува во нивното соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sg-e-uchebnicite-se-shtetni-za-zdravjeto-i-finansiski-nevozmozni-za-nekoi-semejstva-protestite-ni-se-edinstvenoto-reshenie-dokolku-carovska-prodolzi-so-inaetenjeto/feed/ 0