ебор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Aug 2023 10:26:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ебор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Потпишан договорот со ЕБОР: Сто милиони евра за побрза транзиција кон „зелената“ агенда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/potpishan-dogovorot-so-ebor-sto-milioni-evra-za-pobrza-tranzitsija-kon-zelenata-agenda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/potpishan-dogovorot-so-ebor-sto-milioni-evra-za-pobrza-tranzitsija-kon-zelenata-agenda/#respond Tue, 22 Aug 2023 10:26:30 +0000 https://kurir.mk/?p=869518

Заем од сто милиони евра обезбеди ЕБОР за АД ЕСМ, за поддршка во финансирањето на трошоците за унапредување на производниот процес, инвестиции во нови обновливи извори на енергија и одржување на веќе изградените централи од обновливи извори. Компанијата ќе ги користи парите и ќе ги сервисира сите обврски, а државата дава гаранција. Договорот беше потпишан во Министерството за финансии од страна на директорката на ЕБОР за Југоисточна Европа, Шарлот Руе и директорот на ЕСМ, Васко Стефанов. Условите за користењето на заемот се – рок на отплата од пет години, грејс период од шест месеци, варијабилна каматна стапка на шестмесечен ЕУРИБОР со маргина од еден процент. Како што истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими, Владата има сериозен пристап во справувањето со енергетската криза. Притоа, нагласи дека годинава за поддршка на граѓаните и на стопанството се предвидени 225 милиони евра, кон кои се додеваат и стоте милиони евра од ЕБОР. Според директорот на ЕСМ, Васко Стефанов, АД ЕСМ продолжува да се движи кон „зеленото сценарио“. „Планирани се повеќе проекти кои сериозно ќе влијаат земјава да биде енергетски независна. Поддршката и соработката со институции како ЕБОР се од клучно значење и ќе придонесат за побрза и полесна транзиција кон ‘зелената’ агенда, со заложба за транзиција кон чиста енергија која има цел намалување на стакленичките гасови за 61 процент“, наведе Стефанов. Освен Договорот за заем, потпишан е и Договор за гаранција меѓу Република Северна Македонија и ЕБОР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/potpishan-dogovorot-so-ebor-sto-milioni-evra-za-pobrza-tranzitsija-kon-zelenata-agenda/feed/ 0
Европските банки и ЕУ се загрижени дека Арсовска и директорот на „Водовод“ не работат на проектот за пречистителна станица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskite-banki-i-eu-se-zagrizheni-deka-arsovska-i-direktorot-na-vodovod-ne-rabotat-na-proektot-za-prechistitelna-stanitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskite-banki-i-eu-se-zagrizheni-deka-arsovska-i-direktorot-na-vodovod-ne-rabotat-na-proektot-za-prechistitelna-stanitsa/#respond Mon, 29 May 2023 08:08:57 +0000 https://kurir.mk/?p=839958

Европските банки, Европската унија и домашните институции вклучени во проектот пречистителна станица за отпадни води се загрижени дека Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ не ја поддржуваат имплементацијата на овој капитален проект. Ова стои во записникот од последниот состанок одржан меѓу сите инволвирани страни во проектот на 11 мај, на кој не дошле претставнии на Градот. На овој состанок е заклучено и дека иако парите се обезбедени, првата рата не може да легне на сметката зашто Град Скопје не ги завршил потребните административни работи, пишува СДК.МК. Претставници од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициска банка (ЕИБ), Делегацијата на ЕУ, Министерството за финансии, Министерството за животна средина, Секретаријатот за европски прашања, членовите на проектната единици за спроведување на проектот и претставници на „Водовод и канализација“ одржуваат редовни месечни состаноци за спроведувањето на проектот. На тие состаноци досега немало само претставници на Град Скопје иако имаат обврска да присуствуваат. Последниот состанок се одржал на 11 мај и на него било искажано незадоволство од ангажманот на Градот и „Водовод и канализација“ за спроведување на проектот. Според записникот во кој увид имаше САКАМДАКАЖАМ.МК, прво било посочено дека анексот на договорот со фирмата изведувач подготвен од проектната единица и одобрен од Европската инвестициска банка, сè уште не е потпишан од директорот на „Водовод“ Драган Илиевски. На состанокот, претставникот од Европската банка за обнова и развој кажал дека иако кредитот е ефективен, условите за исплата на парите не се исполнети. Од Европската инвестициска банка дополниле дека не се почитуваат условите за исплата на кредитот и не можат да се користат средства. Било посочено дека е потребно да се заврши процесот на експропријација и потребни се ресурси и поддршка за работење на проектната единица. Од банката уште еднаш на состанокот ја изразиле нивната загрижност дека менаџментот на „Водовод“ и раководството на Град Скопје не ја поддржуваат имплементацијата на проектот. Исто така било кажано дека сите трошоци што би настанале од евентуални тужби од изведувачот поради неисполнување на условите од договорот ќе треба да ги плати „Водовод и канализација“. Целата вест прочитајте ја на СДК.МК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskite-banki-i-eu-se-zagrizheni-deka-arsovska-i-direktorot-na-vodovod-ne-rabotat-na-proektot-za-prechistitelna-stanitsa/feed/ 0
ЕБОР: Растот на македонскиот БДП годинава 2,0 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ebor-rastot-na-makedonskiot-bdp-godinava-2-0-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ebor-rastot-na-makedonskiot-bdp-godinava-2-0-otsto/#respond Fri, 17 Feb 2023 08:16:01 +0000 https://kurir.mk/?p=801600

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги ажурираше своите економски прогнози за регионите што ги покрива и проценките за Северна Македонија се дека растот на БДП во 2022 година бил 2,5 отсто, оваа година ќе биде 2,0, а во наредната 3,0 проценти. Како што соопшти ЕБОР, проценката за макадонскиот БДП за 2022 е намалена за 0,2, а за оваа година за 0,3 отсто во однос на последниот извештај од септември минатата година. За регионот на Западен Балкан се проценува дека растот на БДП во лани бил 3,0 проценти, годинава ќе биде 2,2, а во 2024 година ќе достигне 3,4 проценти. Споредено со последниот извештај и оценка на ЕБОР од септември, проценетиот раст на БДП за Западен Балкан за годинава е намален за 0,8 отсто, како резултат на слабата надворешна побарувачка, високата инфлација и построгите услови за финансирање. ЕБОР прогноза Високите цени на енергенсите и инфлацијата продолжуваат да влијаат на економските изгледи на сите региони што ги покрива банката, кои опфаќаат три континенти. Прогнозите за раст се со надолни проекции во повеќе од половината од 36-те економии во кои работи ЕБОР, со многу малку нагорни проекции. Просечната инфлација во регионите на ЕБОР во декември падна на 16,5 отсто, откако го достигна врвот од 17,5 отсто во октомври. ЕБОР проценува дека просечниот раст на БДП во регионите што ги покрива лани бил 2,4 отсто, годинава ќе изнесува 2,1, а во 2024 ќе достигне 3,3 отсто. Банката најавува дека посеопфатен извештај за економските перспективи ќе објави во мај.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ebor-rastot-na-makedonskiot-bdp-godinava-2-0-otsto/feed/ 0
Оптимистичка прогноза на ЕБОР: Албанската економија ќе порасне за 3 отсто, но инфлацијата и иселувањето се закана https://arhiva.kurir.mk/svet/region/optimistichka-prognoza-na-ebor-albanskata-ekonomija-ke-porasne-za-3-otsto-no-inflatsijata-i-iseluvaneto-se-zakana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/optimistichka-prognoza-na-ebor-albanskata-ekonomija-ke-porasne-za-3-otsto-no-inflatsijata-i-iseluvaneto-se-zakana/#respond Tue, 31 Jan 2023 17:35:13 +0000 https://kurir.mk/?p=794371

Масовната имиграција ја намалува работната сила и долгорочно може да влијае на економскиот раст на земјата. Загриженоста, како што јави Топ чанел, ја изнесол гувернерот на Централна банка на Албанија Гент Сејко, при презентацијата на Извештајот за транзиција за периодот 2022-2023 година, подготвен од Европската банка за обнова и развој(ЕБОР). – Како земја со богата историја на имиграција, Албанија ги доживеа и нејзините позитивни и негативни страни. Од една страна, оваа појава генерира девизни приливи и општо зголемување на знаењето и експертизата, кои се неопходни за развојот на земјата. Од друга страна, ја намалува работната сила – особено во нејзините најквалификувани сегменти – и е на штета на долгорочните изгледи за раст. Потребна е подобра координација на меѓународно ниво, да се води сметка придобивките од емиграцијата и слободното движење на луѓето да бидат што поправедно споделени меѓу земјите, оценил Сејко. Според извештајот на ЕБОР, албанската економија значително ќе забави оваа година и се очекува растот да биде 3 отсто, најоптимистичката прогноза досега, истакнувајќи ја високата инфлација како еден од најголемите ризици. – Продолжувањето на структурните реформи е многу важно и ќе игра клучен фактор за економскиот раст. Во ова време на криза, особено за време на пандемијата, фокусот беше ставен на опстанокот, но сега треба повторно да почнеме да размислуваме за овие реформи, рече претставникот на ЕБОР, Кристоп Денк. Според гувернерот Сејко, се очекува забавување на инфлацијата во текот на оваа година. Според него се очекува таа да се врати на целта на Централна банка од 3 отсто во првата половина на 2024 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/optimistichka-prognoza-na-ebor-albanskata-ekonomija-ke-porasne-za-3-otsto-no-inflatsijata-i-iseluvaneto-se-zakana/feed/ 0
Бесими: Капиталните инвестиции и развојот приоритет на Владата, ЕБОР продолжува со силната поддршка за нивна реализација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besimi-kapitalnite-investicii-i-razvojot-prioritet-na-vladata-ebor-prodolzuva-so-silnata-poddrshka-za-nivna-realizacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besimi-kapitalnite-investicii-i-razvojot-prioritet-na-vladata-ebor-prodolzuva-so-silnata-poddrshka-za-nivna-realizacija/#respond Mon, 28 Nov 2022 10:27:20 +0000 https://kurir.mk/?p=767517

Капиталните инвестиции се еден од најзначајните приоритети на Владата и тие во буџетот за 2023 година се планирани на ниво од 790 милиони евра. Во реализацијата на овој приоритет Владата добива значајна поддршка од меѓународните финансиски институции. Меѓу најголемите поддржувачи на значајни крупни проекти за инфраструктурно поврзување, заштита на животната средина, енергетска независност и слично што ги спроведува земјава е Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Реализацијата на проектите, како и продолжување на соработката помеѓу Владата на Македонија и ЕБОР беа тема на денешната средба  на министерот за финансии Фатмир Бесими со директорот на ЕБОР за Западен Балкан, Матео Колангели и шефот на Канцеларијата на ЕБОР во Македонија, Анди Аранитаси.

„Со Буџетот за 2023 година, планирано е интензивирање на инфраструктурните проекти, енергетската и комуналната инфраструктура. Меѓу приоритетните проекти, а зад чија реализација стои Европската банка за обнова и развој се железничкиот дел од Коридорот 8 кон Бугарија и патниот правец Кичево – Букојчани. Воедно со поддршка на ЕБОР во текот на 2023 ќе започне и имплементацијата на Проектот за управување со цврст отпад за кој што Собранието даде зелено светло и се очекува него потпишување во првата половина од јануари 2023. ЕБОР е најактивна меѓународна финансиска институција во земјава со активно портфолио во јавни инвестиции од над 800 милиони евра, од кои најголемиот дел во транспортниот сектор и тоа од над 500 милиони евра“, рече министерот Бесими.

Во контекст на енергетската криза, тој додаде дека значајни се и проектите за зголемување на домашното производство на електрична енергија и одржување на стабилност во снабдувањето за граѓаните и стопанството. Од тој аспект значаен е проектот за Интерконекторот со Грција за што Владата очекува финансиска поддршка од 16 милиони евра од ЕБОР, со што се затвора финансиската конструкција за овој проект. Досега, за реализација на овој проект обезбедени се средства од Европската инвестициска банка во износ од 25 милиони евра и грант од ВБИФ во износ од 12 милиони евра.

Поддршка, од ЕБОР се очекува и во реализацијата на изградбата на гасоводните делници Свети Николе – Велес и Гостивар – Кичево.

На средбата беше разговарано и за можностите за натамошна поддршка на ЕБОР на приватниот сектор преку поволни кредитни линии преку домашните деловни банки со посебен акцент на кредитни линии кои би овозможиле пристап на средства како за стопанството така и за домаќинствата во насока на зголемеување на енергетската ефикасност и намалување на трошоците за електрична енергија .

Министерот Бесими изрази благодарност за поддршката на ЕБОР во подготовката и имплементацијата на приоритетните проекти, како и за поддршката во напорите што нашата земја ги вложува за спроведување на реформите кои значат приближување на нашата земја до ЕУ.

Поддршката на ЕБОР во земјава е присутна од 1993 година и досега е вклучена во 167 проекти. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/besimi-kapitalnite-investicii-i-razvojot-prioritet-na-vladata-ebor-prodolzuva-so-silnata-poddrshka-za-nivna-realizacija/feed/ 0
На почетокот на 2023-та година, ЕБОР треба да ни одобри средства за интерконекторот со Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-pochetokot-na-2023-ta-godina-ebor-treba-da-ni-odobri-sredstva-za-interkonektorot-so-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-pochetokot-na-2023-ta-godina-ebor-treba-da-ni-odobri-sredstva-za-interkonektorot-so-grcija/#respond Fri, 14 Oct 2022 10:13:19 +0000 https://kurir.mk/?p=745245

На почетокот на следната година се очекува Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) официјално да одобри средства во висина од 16 милиони евра за кофинансирање во проектот за интерконекторот со Грција. Ова е соопштено на средбата што министерот на финансии Фатмир Бесими ја имаше во Вашингтон со првиот потпретседател на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Јирген Ригтеринг и со директорката на ЕБОР за Централна и Југоисточна Европа, Шарлот Руе. -Со ова ќе се затвори финансиската конструкција за реализација на овој значаен проект за земјава за енергетска диверзификација. За реализација на овој проект се обезбедени средства од Европската инвестициска банка 25 милиони евра и грант од ВБИФ во износ од 12 милиони евра, информираа од Министерството за финансии. Покрај ова, од ЕБОР се очекува и обезбедување финансиски средства за реализацијата на изградбата на гасоводот во земјата за делниците Свети Николе – Велес и Гостивар – Кичево. На средбата, Бесими посочил дека ЕБОР е меѓу најголемите меѓународни поддржувачи на земјава во спроведување на приоритетните проекти за инфраструктурно поврзување, заштита на животната средина и енергетска независност и оти поддршката достигнала 2,5 милијарди евра, од кои најголем дел се во јавни проекти. Министерот го претставил и Планот за забрзан раст и можноста за инвестиции во проекти заедно со приватниот сектор, кои ќе придонесат кон закрепнување и забрзување на економскиот раст. Поддршката на ЕБОР во земјава е присутна од 1993 година и досега е вклучена во 165 проекти. ЕБОР е најактивна меѓународна финансиска инститиуција во земјава со активно портфолио  во јавни инвестиции од над 800 милиони евра, од кои најголемиот дел во транспортниот сектор од над 500 милиони евра. Железничката пруга од Коридорот 8 кон Бугарија и  патниот правец Кичево-Букојчани се дел од проектите зад чија реализација стои Европската банка за обнова и развој. Дополнително, во наредниот период со поддршка од ЕБОР ќе се рализираат и проектот за регионални депонии, а за скоро време се очекува да биде ефектуиран и заемот за поддршка на ЕСМ, за справување со енергетската криза, кој треба да биде усвоен во Собранието. Приоритетните проекти, можностите за инвестирање и енергетската криза беа тема и на средбата на министерот за финансии со претставници на Меѓународната финансиска корпорација – ИФЦ. Средбите се одржаа во рамки на учеството на министерот за финансии на Годишните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-pochetokot-na-2023-ta-godina-ebor-treba-da-ni-odobri-sredstva-za-interkonektorot-so-grcija/feed/ 0
Претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо во посета на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelkata-na-ebor-odil-reno-baso-vo-poseta-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelkata-na-ebor-odil-reno-baso-vo-poseta-na-makedonija/#respond Fri, 27 May 2022 12:18:45 +0000 https://kurir.mk/?p=682465

Претседателката на Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) Одил Рено-Басо во вторникот, 31 мај, првпат ќе престојува во посета на нашата држава, при што ќе оствари средби со премиерот, министерот за финансии, банки од приватниот сектор и инвеститори. Рено-Басо ќе учествува и на Скопскиот економски и финансиски форум, каде ќе има обраќање и ќе зборува за одржливиот раст и транзицијата на ниски вредности на јаглероден диоксид. Како што најавија од ЕБОР, таа ќе потпише нов кредитен договор со Стопанска банка под новата ЕБОР програма насловена „Одржливо поттикнување на МСП” во износ од ЕУР 4 милиони, кредитна линија која ќе ги поддржува малите и средни претпријатија (МСП). -ЕБОР е главниот инвеститор во Северна Македонија, која е важна дестинација за инвеститорите, за нас, но и за целиот регион на Западен Балкан, соопшти Одил Рено-Басо.  Таа додава дека со нетрпение ги очекува дискусиите за нивните следни проекти со властите, вклучувајќи го и натамошно подобрување на транспортот и развој на приватниот сектор. -ЕБОР стои до Северна Македонија во напорите на земјата да ја подобри енергетската безбедност и да направи декарбонизација на економијата, два предизвика кои се мошне важни во моменталниот геополитички и економски контекст, посочува Одил Рено-Басо.  Претседателката на ЕБОР доаѓа во посета на земјата еден месец после посетата на потпретседателот за политика и партнерство на ЕБОР Марк Боуман, кој исто така беше во Скопје. Дел од инвестициските проекти во земјата, кои се разгледуваат за поддршка, се изградбата на делот на интерконекцијата на гас меѓу Северна Македонија и Грција, делот од автопатот меѓу Скопје и косовската граница, подобрување на менаџментот со цврст отпад во земјата, како и поголем број на кредитни линии за локалните банки за подобрување на енергетската ефикасност, кои ќе бидат понатаму пласирани на МСП. Кредитите на ЕБОР ќе имаат и грант компонента обезбедена од донаторите од ЕУ, Обединетите Нации, Швајцарија, Шведска, САД, Норвешка, Луксембург и други донатори. -Енергетската ефикасност е област каде ЕБОР и донаторите работат да и помогнат на Северна Македонија во транзицијата на земјата кон ниски вредности на јаглероден диоксид. Банката веќе има направено поголем број инвестиции во електричната мрежа и новите енергетски извори, правејќи ја земјата енергетски побезбедна и помалку зависна од увоз на гориво, се наведува во соопштението на ЕБОР.
ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над ЕУР 2,2 милијарди, во 161 проект во земјата.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelkata-na-ebor-odil-reno-baso-vo-poseta-na-makedonija/feed/ 0
ЕБОР со милијарда евра за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ebor-so-milijarda-evra-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ebor-so-milijarda-evra-za-ukraina/#respond Thu, 12 May 2022 11:19:42 +0000 https://kurir.mk/?p=675630

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) собра една милијарда евра помош за Украина на годишното генерално собрание неделава, соопшти претседателката Одил Рено – Басо. Станува збор за дополнителни пари покрај двете милијарди евра од „пакетот за одржливост“, што го започна Банката на почетокот на руската инвазија врз Украина. Донаторите изразија намера да обезбедат една милијарда евра на банката како одговор на војната во Украина, според изјавата на Рено-Басо во мароканскиот град Маракеш. Неделава, ЕБОР прогнозира за намалување на 30 отсто на украинската економија годинава, што е повеќе од претходните проценки. Украина проценува оти потребни се околу пет милијарди долари месечно само за да си го покрие буџетскиот дефицит. Земјата сака донаторите да се фокусираат и на нејзиното идно закрепнување. Во видеообраќање кон ЕБОР вчера, министерот за финансии на Украина, Сергеј Марченко ги повика меѓународните донатори да „ја зголемат максимално“ поддршката за неговата земја. Според него, Киев може да покрие само околу 62 проценти од примарните буџетски потреби, без воени трошоци. Украина ги повика западните држави да дадат поголема поддршка. Американските власти во вторникот гласаа за пакет помош за Украина во вредност од 40 милијарди долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ebor-so-milijarda-evra-za-ukraina/feed/ 0
Потпретседателот на ЕБОР Боуман во Скопје на средби со Ковачевски, Бесими и банкарската фела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpretsedatelot-na-ebor-bouman-vo-skopje-na-sredbi-so-kovachevski-besimi-i-bankarskata-fela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpretsedatelot-na-ebor-bouman-vo-skopje-na-sredbi-so-kovachevski-besimi-i-bankarskata-fela/#respond Thu, 28 Apr 2022 05:56:39 +0000 https://kurir.mk/?p=668910

Потпретседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за политика и партнерство, Марк Боуман денеска и утре ќе престојува во посета на земјава, во рамки на која ќе има средби со премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими, како и со претставници на владини институции и на приватниот банкарски сектор и инвеститори. Боуман и генералниот директор на финансиски институции на ЕБОР, Франсис Малиж ќе се обратат на Конференцијата посветена на централните банки, организирана од Народна банка на Северна Македонија и Европската инвестициска банка (ЕИБ). ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија и до денес има инвестирано над 2.2 милијарди евра во 159 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет на Банката, која се соочува со еден од најголемите предизвици на земјата – декарбонизација на економијата. За оваа планирана цел, Банката направи бројни инвестиции во електричната мрежа и новите енергетски ресурси, правејќи ја земјата понезависна и поотпорна.Наредниот проект е 10 мегаватна соларна фотоволтаична плантажа изградена на окното на стариот рудник со јаглен во Осломеј. Проектот е финансиран од ЕБОР, ЕУ и други меѓународни донатори, а ќе следат и други капацитети за производство на соларна енергија во таа област, како и 30 мегаватни соларни фотоволтаици во Битола. ЕБОР и ЕУ помагаат во зајакнување на електричната мрежа и ја поврзуваат со други регионални мрежи. Во Охрид се гради нова потстаница за електрична енергија, која е финансирана од ЕБОР и ЕУ. Преку новиот интерконектор, мрежата на Северна Македонија ќе има зголемени, современи конекции со Албанија, Грција, Бугарија, Црна Гора и Италија. Проектот е финална фаза на иницијативата на ЕУ за воспоставување коридор за пренос на електрична енергија исток – запад, помеѓу овие земји. Со цел да се подобри отпорноста на приватниот и финансискиот сектор, ЕБОР подготви нови упатства за компаниите во однос на нивното известување за владеење на еколошките, социјалните и управувачките аспекти. Помеѓу инвестициските проекти во земјата, кои во моментов се во фаза на разгледување за финансирање, спаѓаат и главната Европска патна мрежа – автопатот во четири ленти од Скопје до Косовската граница, надградба на управувањето со цврст отпад и голем број на кредитни линии за енергетска ефикасност за локалните банки, кои ќе им се позајмуваат на мали и средни претпријатија. Кредитите на ЕБОР ќе бидат дополнети со грантови од ЕУ, швајцарската Влада и други меѓународни донатори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpretsedatelot-na-ebor-bouman-vo-skopje-na-sredbi-so-kovachevski-besimi-i-bankarskata-fela/feed/ 0
ЕБОР иницира прва програма за циркуларна економија за Западен Балкан и Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ebor-inicira-prva-programa-za-cirkularna-ekonomija-za-zapaden-balkan-i-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ebor-inicira-prva-programa-za-cirkularna-ekonomija-za-zapaden-balkan-i-turcija/#respond Mon, 04 Oct 2021 13:57:06 +0000 https://kurir.mk/?p=572805

Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) почнува нова програма од 155 милиони евра за Западен Балкан и Турција за отстранување на пречките за премин кон циркуларна економија. Според ЕБОР, програмата наречена „Регионална иницијатива за циркуларна економија“ ќе ги поддржи инвестициите во приватниот сектор, особено малите и средните претпријатија за воведување иновативни технологии и деловни модели на кружна економија со ефикасни ресурси во Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Турција. Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ) ќе ја финансира програмата со 13,76 милиони американски долари, на кои ќе им се придружат средства од ЕБОР од приближно 140 милиони долари. Според ЕБОР, програмата ќе биде дополнително поддржана од австриското федерално Министерство за финансии со средства во износ од милион американски долари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ebor-inicira-prva-programa-za-cirkularna-ekonomija-za-zapaden-balkan-i-turcija/feed/ 0