ЕЦБ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 09:01:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЕЦБ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Клаудија Бух именувана за нова претседателка на Надзорниот одбор на ЕЦБ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klaudija-buh-imenuvana-za-nova-pretsedatelka-na-nadzorniot-odbor-na-etsb/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klaudija-buh-imenuvana-za-nova-pretsedatelka-na-nadzorniot-odbor-na-etsb/#respond Thu, 19 Oct 2023 09:01:26 +0000 https://kurir.mk/?p=890678

Советот на ЕУ денеска ја именува потпретседателката на германската централна Бундесбанка, Клаудија Бух за нова претседателка на Надзорниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), функција со мандат од пет години, што ќе почне да ја извршува од 1 јануари 2024 година. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Бух ќе ја наследи Андреа Енрија, која ја е претседател на Надзорниот одбор на ЕЦБ од 1 јануари 2019 година. Претходно, назначувањето на Бух го одобри и Европскиот парламент на своето заседание на 3 октомври. ЕЦБ во рамките на Единствениот надзорен механизам има ингеренции за директен надзор над најзначајните банки во ЕУ. Во моментов под директен надзор на ЕЦБ се вкупно 109 банки, кои се најголеми во нивните матични земји, располагаат со актива од повеќе од 30 милијарди евра или функционираат со свои подружници во неколку држави. На овие 109 банки отпаѓаат 82 отсто од вкупните банкарски средства во ЕУ. Како тело за супервизија ЕЦБ внимателно ги следи на функционалноста и интегритетот на европскиот банкарски систем и има овластување да врши инспекции за да ја провери усогласеноста на банките со правилата на ЕУ, да бара од нив да издвојат дополнителен капитал за да ги ублажат ризиците, а може дури и да ги повлече издадените банкарски лиценци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klaudija-buh-imenuvana-za-nova-pretsedatelka-na-nadzorniot-odbor-na-etsb/feed/ 0
Експертите со резерви дека рекордната каматна стапка на ЕЦБ ќе ја намали инфлацијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekspertite-so-rezervi-deka-rekordnata-kamatna-stapka-na-etsb-ke-ja-namali-inflatsijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekspertite-so-rezervi-deka-rekordnata-kamatna-stapka-na-etsb-ke-ja-namali-inflatsijata/#respond Sat, 16 Sep 2023 07:36:53 +0000 https://kurir.mk/?p=878591

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот, по најавата за зголемување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на рекордни четири отсто, изјави дека не може од сега да ги прогнозира следните чекори на Банката, имајќи предвид дека Еврозоната минува низ долг период на „многу бавен раст“ и покрај „увереноста“ дека растот ќе се засили следната година. - Не можеме да кажеме ништо сега кога сме на високи вредности, додаде Лагард, посочувајќи дека ажурираните прогнози на ЕЦБ предвидуваат просечна инфлација во 2025 година од над два отсто. Овој десетти по ред раст на каматната стапка, ЕЦБ го правда со напорите за справување со инфлаторниот бран, нагласувајќи дека ваквото ниво на каматата ќе помогне инфлацијата да се врати во целните рамки од два отсто. Според извори во Банката, ова „мало покачување“ на стапката многу веројатно ќе биде и последно, но некои аналитичари не се убедени дека ова е крајот на циклусот на растот на основната камата на ЕЦБ. Европската центѕрална банка соопшти дека еден нејзин вработен е заразен со новиот коронавирус и тој сега ја добива неопходната медицинска нега. Економистот на Дојче банк, Марк Вал, смета дека и покрај сигналите дека ова е последно покачување, нема гаранција дека тоа навистина ќе биде така, имајќи пред вид дека инфлацијата се уште „не е победена“. Според него, ваквите резерви се резултат на неодамнешниот нов раст на цената на нафтата, која во четвртокот достигна највисоко ниво во последниве 10 месеци од над 93 долари за барел. Експертите сметаат дека колку подолго трае високата стапка на инфлацијата, толку поголема е веројатноста дека граѓаните ќе бараат повисоки плати, а компаниите зголемени цени. Ревидираната прогноза на ЕЦБ е дека инфлацијата на крајот на годинава ќе биде 5,1 отсто, следната година 2,9, а во 2025 година 2,2 проценти. Годишната инфлација во Зимбабве во мај се зголеми на 785,55 проценти, соопшти Националната агенција за статистика на ова аафриканска земја. Дополнително, сигналите за „последно покачување на каматната стапка во тековниот циклус“ не влијаеја на финансиските пазари, што заедно со податоците за подобрени економски перформанси во САД, резултираше со пад на вредноста на еврото на 1,0655 долари, што е негово најниско ниво во последните четири месеци, како и со намалување на приходите од референтните државни обврзници за 0,11 отсто. Според економист од Институтот за меѓународни финансии, Робин Брукс, со ваквото однесување финансиските пазари и порачуваат на ЕЦБ дека е премногу ригидна и дека нејзините зголемувања на каматите се контрапродуктивни. Претходните зголемувања на каматната стапка на ЕЦБ го активираа алармот во неколку европски земји, а владите во Рим и Мадрид уште во текот на летото се изјаснија против натамошните зголемувања на каматата. Најновиот раст на каматната стапка уследи по ревидираните прогнози за раст на економијата во Еврозоната за оваа година од 0,7 отсто, за разлика од јунските предвидувања за зголемување од 0,9 проценти, како и со ревизија на прогнозите за економскиот раст за следната година од 1,5 на еден отсто и за 2025 од 1,6 на 1,5 проценти. Ваквите ревидирани прогнози се образложени со очекувањата за намалување на домашната побарувачка и слабеењето на меѓународната трговска клима. Овие предвидувања и неодамнешните податоци за економски раст во Еврозоната во вториот квартал од само 0,1 отсто, се должат на слабоста во Германија, која западна во рецесија на почетокот на годината како последица на индустриското забавување, високите трошоци за енергија и намалениот извоз кон клучните партнери, како Кина, и која се уште се бори „да застане на нозе“. Сепак експертите посочуваат дека и покрај растот на трошоците за задолжување кое почна од минатата година, инфлацијата се покажа како „неверојатно тврдоглава“, задржувајќи се на 5,3 проценти минатиот месец. Растот на цените забави, особено поради намалените трошоците за енергија, но официјалните лица сега се загрижени дека инфлаторниот притисок го одржуваат други фактори, а пред се зголемувањето на платите. Во вакви услови во Еврозоната, за следната недела се закажани заседанија на раководните тела на американската Управа на федералните резерви (Фед) и на британската централна Банка на Англија, на кои треба да донесат одлуки околу нивните каматни стапки, што може индиректно да се одрази врз состојбите во ЕУ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekspertite-so-rezervi-deka-rekordnata-kamatna-stapka-na-etsb-ke-ja-namali-inflatsijata/feed/ 0
ЕЦБ мора да ја зајакне супервизијата на кредитните ризици во банките во еврозоната, тврди Европскиот суд на ревизори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etsb-mora-da-ja-zajakne-supervizijata-na-kreditnite-rizitsi-vo-bankite-vo-evrozonata-tvrdi-evropskiot-sud-na-revizori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etsb-mora-da-ja-zajakne-supervizijata-na-kreditnite-rizitsi-vo-bankite-vo-evrozonata-tvrdi-evropskiot-sud-na-revizori/#respond Fri, 12 May 2023 14:57:59 +0000 https://kurir.mk/?p=833532

Европската централна банка (ЕЦБ) мора да ја зајакне супервизијата на кредитните ризици во банкарскиот сектор и да ги заостри капиталните барања за кредиторите со поголем ризик, предупреди Европскиот суд на ревизори во денеска објавениот извештај. „И покрај зголемените напори во супервизијата на кредитниот ризик на банките и проблематичните кредити“, ЕЦБ не ги зајакна мерките за супервизија на банките со проблеми со кредитниот ризик, заклучуваат ревизорите. ЕЦБ не наметна „пропорционално повисоки барања за капитал“ на банките со поголем ризик и не презеде ништо кога се покажа дека банките немаат соодветни процедури за справување со проблематичните заеми, предупредуваат тие. Тие, сепак, признаа дека проблематичните кредити во банките под надзор на ЕЦБ се намалени. Во низата препораки тие побараа посилна проценка на ризикот на банките, поефективна анализа и користење на сите расположливи супервизорски овластувања. ЕЦБ ги прифати препораките, но нагласи дека тие се обидуваат да им дадат време на банките да се справат со лошите заеми, наместо да понудат посебен третман. Повеќе од 110 големи банки во 21 земја-членка на ЕУ, вклучително и 20 земји кои го користат еврото и Бугарија, се опфатени со супервизорскиот режим на ЕЦБ, основан по финансиската криза во 2008 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etsb-mora-da-ja-zajakne-supervizijata-na-kreditnite-rizitsi-vo-bankite-vo-evrozonata-tvrdi-evropskiot-sud-na-revizori/feed/ 0
Предупредување од првата банка на Европа: Ќе биде тешко за државите, но и за домаќинствата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvanje-od-prvata-banka-na-evropa-kje-bide-teshko-za-drzavite-no-i-za-domakjinstvata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvanje-od-prvata-banka-na-evropa-kje-bide-teshko-za-drzavite-no-i-za-domakjinstvata/#respond Wed, 16 Nov 2022 11:52:52 +0000 https://kurir.mk/?p=761635

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска предупреди на зголемените ризици за финансиската стабилност на сите, од банките до владите и домаќинствата, бидејќи економските изгледи се затемнуваат додека официјалните лица се борат со рекордните стапки на инфлација. Притисоците по трошоците за живот ја намалуваат способноста на луѓето да ги сервисираат долговите, а влошената перспектива за економски раст во Европа ги загрозува корпоративните профити, објави денеска ЕЦБ во својот извештај за финансиската стабилност, пишува Блумберг. Документот укажува на потенцијалните ризици за јавните финансии бидејќи владите преземаат повеќе долгови за да го ублажат влијанието на енергетската криза и предупредува на натамошен надолен притисок врз цените на акциите. Исто така, се додава дека цените на недвижностите би можеле да достигнат врв по повеќегодишен пораст. - Граѓаните и компаниите веќе ги чувствуваат ефектите од зголемената инфлација и забавувањето на економската активност. Нашата проценка е дека ризиците за финансиската стабилност се зголемени, додека техничката рецесија во еврозоната станува се поверојатна, изјави потпретседателот на ЕЦБ, Луис де Гуиндос. Комбинацијата од зголемените цени и намаленото производство предизвикано од руската војна во Украина претставува предизвик за креаторите на политиката, како и за инвеститорите. ЕЦБ го започна најагресивниот циклус на зголемување на стапките во својата историја за да спречи инфлацијата да се вкорени, и покрај претстојниот економски пад во еврозоната. Централната банка на 19-члениот валутен блок ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки и да го намалува портфолиото на обврзници од 5,0 трилиони евра (5,2 трилиони долари) на нејзиниот биланс. Ризичните средства остануваат „нестабилни поради неизвесниот пат на инфлација, монетарната политика и економскиот развој“, забележа ЕЦБ, додавајќи дека вредноста на некои акции, вклучително и во САД, „се уште изгледа растегната со оглед на фундаментите“ - дури и по големите корекции. - Многу е тешко да се постигне финансиска стабилност без стабилност на цените, изјави Де Гуиндос за новинарите во Франкфурт, според њујоршката агенција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predupreduvanje-od-prvata-banka-na-evropa-kje-bide-teshko-za-drzavite-no-i-za-domakjinstvata/feed/ 0
Европската централна банка повторно ја зголеми референтната каматна стапка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-centralna-banka-povtorno-ja-zgolemi-referentnata-kamatna-stapka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-centralna-banka-povtorno-ja-zgolemi-referentnata-kamatna-stapka/#respond Thu, 27 Oct 2022 14:53:56 +0000 https://kurir.mk/?p=751373

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска уште еднаш ја зголеми референтната каматна стапка, како мерка за спречување на инфлацијата. Управниот совет на ЕЦБ реши да ги зголеми референтните каматни стапки за 0,75 отсто. ЕЦБ и минатиот месец ја подигна референтната каматна стапка и се чини дека го следи темпото на Американската централна банка која се бори со растот на потрошувачките цени и низата брзи поскапувања. „Инфлацијата е сè уште превисока и долго време ќе остане над посакуваната цел“, се посочува во соопштението на ЕЦБ. Европската банка за само три месеци ги зголеми ка матните стапки во 19-члената еврозона за цели два процентни поени. Централните банки ширум светот забрзано ги зголемуваат каматните стапки што ја одредуваат цената на заемите за бизнисите и граѓаните. Целта е да се запре инфлацијата предизвикана од високите цени на енергијата поради војната во Украина и потешкотиите во снабдувањето, предизвикано од наглото зголемување на побарувачката за стоки и услуги по ублажувањето и укинувањето на мерките за справување со коронавирусот.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-centralna-banka-povtorno-ja-zgolemi-referentnata-kamatna-stapka/feed/ 0
ЕЦБ со најава за прекин на програмата за поттикнување на купување обврзници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ecb-so-najava-za-prekin-na-programata-za-pottiknuvanje-na-kupuvanje-obvrznici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ecb-so-najava-za-prekin-na-programata-za-pottiknuvanje-na-kupuvanje-obvrznici/#respond Wed, 11 May 2022 12:16:30 +0000 https://kurir.mk/?p=675086

Европската централна банка ќе ја прекине својата програма за поттикнување откуп на обврзници на почетокот на третиот квартал од оваа година, по што планира да ги зголеми каматните стапки. Тоа го најави денеска во Љубљана претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард. Таа во Љубљана присуствуваше на свечената прослава на 30-годишнината од независната словенечка централна банка, а во својот говор ги коментираше актуелните очекувања во однос на зголемената инфлација во Европа и каматната политика на ЕЦБ. Лагард рече дека нејзините очекувања се програмата за стимулирање на купување обврзници на ЕЦБ да заврши на почетокот на следниот квартал, по што со текот на времето треба да следи зголемување на каматната стапка. „Првото зголемување на каматната стапка ќе следи некое време по завршувањето на нето откупот на обврзниците, што може да значи во рок од неколку недели после тоа“, рече Легард. По првото зголемување на каматната стапка, процесот на нормализирање ќе се одвива постепено. Таа, исто така, предупреди на зголемената инфлација, нагласувајќи дека војната во Украина предизвикува „структурни промени“, кои според неа може да доведат до „понатамошни негативни шокови во понудата“ и да го засилат притисокот врз трошоците и цените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ecb-so-najava-za-prekin-na-programata-za-pottiknuvanje-na-kupuvanje-obvrznici/feed/ 0
ЕЦБ: Можен руски кибер напад врз банките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ecb-mozen-ruski-kiber-napad-vrz-bankite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ecb-mozen-ruski-kiber-napad-vrz-bankite/#respond Wed, 09 Feb 2022 10:58:44 +0000 https://kurir.mk/?p=629095

Европската централна банка (ЕЦБ) ги подготвува банките за можен кибер напад поддржан од Русија во услови на ескалација на тензиите со Украина. Конфликтот меѓу Русија и Украина ги потресе политичките и деловните лидери кои стравуваат од инвазија која ќе му наштети на целиот регион. Затоа ЕЦБ, на чело со поранешната француска министерка Кристин Лагард, која ги надгледува најголемите европски кредитори, е во состојба на готовност поради заканата од кибер напади преземени од Русија. Досега ЕЦБ беше фокусирана на вообичаените измами време на пандемијата, но кризата во Украина го насочи вниманието кон кибер нападите од Русија. Според неименуван извор, ЕЦБ ги прашала банките за степенот на нивната заштита. Тој тврди дека банките спровеле вежби за да ја тестираат нивната способност да одбијат кибер напад. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ecb-mozen-ruski-kiber-napad-vrz-bankite/feed/ 0
Монетарната политика на ЕЦБ и каматите остануваат без промени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/monetarnata-politika-na-ecb-i-kamatite-ostanuvaat-bez-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/monetarnata-politika-na-ecb-i-kamatite-ostanuvaat-bez-promeni/#respond Thu, 28 Oct 2021 14:00:14 +0000 https://kurir.mk/?p=587184

Европската централна банка (ЕЦБ) одлучи денеска да ги задржи каматните стапки и пандемиската програмата за стимулација на непроменето ниво и покрај тековните инфлациски притисоци. Одлуката за тоа дали и како да се прекине програмата за купување обврзници вредна 1,85 билиони евра (2,14 билиони долари), која влијае на 19 земји од Европската унија кои ја користат заедничката валута, еврото, ќе биде на дневен ред на ЕЦБ на нејзината декемвриска седница. Тој стимулативен пакет ги намали трошоците за долгорочно корпоративно задолжување за да им помогне да го надминат периодот на заклучување и овозможи поевтино задолжување од владите чии трошоци нагло се зголемија поради мерките за финансирање за поддршка на националните економии и граѓаните за време на пандемијата. Се очекува стимулативната програма да трае најмалку до март 2022 година, или додека ЕЦБ не процени дека кризата со корона е завршена, но неодамнешниот пораст на инфлацијата предизвика контроверзии околу тоа дали да се напушти купувањето обврзници порано отколку подоцна. ЕЦБ во септември објави дека ќе го намали купувањето на должнички хартии од вредност поради зголемената инфлација во еврозоната, која во септември достигна 3,4 отсто, што е највисоко ниво во последните 13 години и значително повисока од проектираната стапка на ЕЦБ од 2,0 отсто. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/monetarnata-politika-na-ecb-i-kamatite-ostanuvaat-bez-promeni/feed/ 0
Две милијарди евра од ЕЦБ за Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dve-milijardi-evra-od-ecb-za-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dve-milijardi-evra-od-ecb-za-bugarija/#respond Fri, 05 Feb 2021 11:05:20 +0000 https://kurir.mk/?p=464622

Европската централна банка ќе продолжи да обезбедува износи во евра доколку е потребно за неколку држави надвор од еврозоната до март 2022 година, јави Бугарското национално радио. Овие се средства каде има привремена размена на еврото во однос на соодветна друга валута и линии каде што се купуваат хартии од вредност согласно обврска за откуп. Тие програми може да се активираат по потреба поради ефектите од Ковид-кризата Ковид. Бугарија има линија за размена за две милијарди евра, што е се уште во сила, соопшти Бугарската национална банка. Минатата година владата истакна дека заклучувањето на линијата за размена е гаранција за стабилноста на системот и многу јасен сигнал за доверба од ЕЦБ за Бугарија. На прашањето на Бугарското национално радио што се случува со линијата за размена помеѓу Франкфурт и Софија, Бугарската народна банка одговори дека договорот за билатералната линија за размена на валути меѓу Бугарската народна банка и Европската централна банка, потпишан на 23 јули 2020 година , се уште е на сила. Со оглед на историски највисоките нивоа на меѓународни девизни резерви на Бугарската народна банка и високата ликвидност на банкарскиот систем, тој инструмент нема да се користи. Во комуникацијата на ЕЦБ се вели дека линиите за Албанија, Унгарија, Република Северна Македонија, Романија, Сан Марино и Србија исто така ќе бидат продолжени до март 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dve-milijardi-evra-od-ecb-za-bugarija/feed/ 0
Австриските банки имаат 94 милијарди евра во ЕЦБ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskite-banki-imaat-94-milijardi-evra-vo-ecb/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskite-banki-imaat-94-milijardi-evra-vo-ecb/#respond Thu, 10 Dec 2020 09:52:24 +0000 https://kurir.mk/?p=441340

Австриските банки имаат зачувано околу 94 милијарди евра во Европската централна банка. Од јуни годинава, вредноста на капиталот на банките во Европската централна банка е зголемена повеќе од двојно, а од 2015 година се зголеми дури за 13 пати, пишува виенскиот дневен весник „Пресе“. Весникот посочува дека тоа значи дека капиталот предвиден за заеми не ја достигнал реалната економија, додека банките тврдат дека нема побарувачка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstriskite-banki-imaat-94-milijardi-evra-vo-ecb/feed/ 0