еден на еден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Mar 2022 09:54:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еден на еден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 М Кеш ја зацврсти соработката со “Еден на Еден” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/m-kesh-ja-zacvrsti-sorabotkata-so-eden-na-eden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/m-kesh-ja-zacvrsti-sorabotkata-so-eden-na-eden/#respond Tue, 01 Mar 2022 08:52:01 +0000 https://kurir.mk/?p=638319

Партнерството меѓу М Кеш и маркетинг агенцијата Еден на Еден продолжува и оваа година, а веќе во етер е првата од серијата рекламни кампањи за 2022 година. Овој пат, М Кеш оди без музика и рецитирање, а повторно бренд амбасадор е едно од најпознатите ТВ лица кај нас, Жарко Димитриоски, воедно и креативен директор во маркетинг агенцијата Еден на Еден. По 7 години на пазарот, како прва компанија која го проби мразот во сегментот на брзи кредити, М Кеш најавува и многу новитети за оваа 2022, но се уште не ги открива сите во првите два спота од серијалот нови спотови за оваа година. -Среќен сум што резултатите од ланската кампања беа толку успешни и продолжуваме онаму каде што застанавме со нашите партнери од М Кеш. Имаат одличен тим во Скопје и Софија, големи професионалци се и соработката оди совршено. Лани имав ретка привилегија да се потпишам како режија, сценарио, но и главна улога, па самото тоа што вакво уникатно нешто се повторува и што повторно имам задоволство да сум нивен бренд амбасадор, ме прави многу благодарен, вели Жаре. Силвија Александрова го надгледува процесот од нејзината канцеларија во Софија, како директорката на регионалниот маркетинг за М Кеш и останатите брендови на компанијата Easy Credit. За соработката со познатата македонска маркетинг агенција вели – Благодарна сум на агенцијата Еден на Еден за професионалната работа, исклучително пријатно е да се работи со сите колеги од агенцијата. Обрнуваат внимание на секој детал, кон секој еден заеднички проект со М Кеш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/m-kesh-ja-zacvrsti-sorabotkata-so-eden-na-eden/feed/ 0
1 година стратешко партнерство меѓу Еден на Еден и гигантот TBWA https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/1-godina-strateshko-partnerstvo-megju-eden-na-eden-i-gigantot-tbwa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/1-godina-strateshko-partnerstvo-megju-eden-na-eden-i-gigantot-tbwa/#respond Wed, 22 Dec 2021 06:28:50 +0000 https://kurir.mk/?p=611426

Во време на најсериозните социо-економски предизвици за секоја компанија, цел која е особено тешка за остварување е да се изнајдат нови патишта кон раст и развој. За една од најголемите независни маркетинг агенции кај нас, Еден на Еден, патот кон ова оди преку стратешкото партнерство со една од најголемите агенции во целиот свет, њујоршката TBWA, преку нивната компанија која оперира на регионот од Западен Балкан, Luna/TBWA. Договорот потпишан пред 1 година е со цел остварување стратешка соработка на македонскиот пазар, а менаџментот на обете страни не го крие задоволството од изминатиот период. -Со Жарко од Еден на Еден се знаеме подолго време, повеќе години сме биле заедно во жири комисии на најголемите адвертајзинг фестивали во регионот. Следејќи го нивниот развој, бевме среќни што станаа наши партнер за Северна Македонија во моментот кога се роди потреба за тоа. Еден на Еден е одлична и сериозна организација која ги задоволува нашите критериуми, а тие се многу високи. Навистина се големи професионалци кои секогаш го испорачуваат она што ќе го ветат и пред сè, се одлична група луѓе на кои секогаш може да се потпреме и да им веруваме, вели Дали Бунгиќ, директорка на словенечката Luna/TBWA. Милан Димитриоски, основач на агенцијата Еден на Еден, додава – “1 година по потпишувањето на овој договор, навистина сме среќни. Добивме know-how и комплетна поддршка од една од најсилните светски агенции, а притоа ја задржавме независноста како важен параметар за понатамошно развивање на компанијата. Соработката ќе продолжи уште позасилено во 2022.” Јубилејот од партнерството се совпаѓа со 10-годишнината од постоењето на маркетинг агенцијата Еден на Еден. Период во кој растејќи константно, компанијата се етаблираше како еден од најсериозните играчи на домашниот пазар. Работејќи комплетен маркетинг сервис за своите клиенти, од осмислување до реализација и мониторинг, компанијата е партнер на едни од најсилните странски и домашни брендови како Pepsi, KFC, Gorenje, Argeta, Алкалоид, Голден Арт и многу други. Агенцијата е добитник на повеќе интернационални награди за своите кампањи. Кретивниот директор Жарко Димитриоски е прогласен за претприемач на годината 2017-та во Македонија, а 2018-та беше дел од 30-те највлијателни луѓе во Европа под 30 години од областа медиуми и маркетинг според најпознатиот бизнис магазин Forbes. TBWA пак, пред неколку денови беше прогласена за глобална агенција на годината 2021 од реномираниот Adweek.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/1-godina-strateshko-partnerstvo-megju-eden-na-eden-i-gigantot-tbwa/feed/ 0
Жаре од „Еден на Еден” годинава добил 300 илјади евра од владини институции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zare-od-eden-na-eden-godinava-dobil-300-iljadi-evra-od-vladini-institucii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zare-od-eden-na-eden-godinava-dobil-300-iljadi-evra-od-vladini-institucii/#respond Thu, 14 Oct 2021 14:10:24 +0000 https://kurir.mk/?p=579020

Компанијата „Еден на Еден” во сопственост на водителот Жарко Димитриевски само во текот на оваа година добил околу 300 илјади евра владини пари, пренесува порталот Експрес.мк. Според владиниот портал за Јавни набавки фирмата на Димитриевски Еден на Еден ДОЕЛ добила 9 тендери од различни институции во висина од огромни 18 милиони денари или 300 илјади евра. Меѓу владините институции и компании кои му дале тендери на Димитриевски се Генералниот секретаријат на владата кој го води кумашинот на премиерот Мухамед Зекири, Државна Лотарија и Министерство за финансии, Управа за јавни приходи која ја води потпретседателката на СДСМ Сања Лукаревски. На списокот на институции од каде Димитриевски ги добил парите се и дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони и Заводот за статистика кои ги водат исто така кадри на СДСМ. Жарко Димитриевски е познат по својата емисија еден на еден која се емитува 12 сезони, а сега оди на Канал 5. Меѓу добиените тендери на неговата фирма има и такви со наслов „Набавка на услуги за двонасочна комуникација”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zare-od-eden-na-eden-godinava-dobil-300-iljadi-evra-od-vladini-institucii/feed/ 0
Македонија ја гледам со германски систем, американско образование, француска култура и македонски менталитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-ja-gledam-so-germanski-sistem-amerikansko-obrazovanie-francuska-kultura-i-makedonski-mentalitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-ja-gledam-so-germanski-sistem-amerikansko-obrazovanie-francuska-kultura-i-makedonski-mentalitet/#respond Mon, 20 Jan 2020 10:23:43 +0000 https://kurir.mk/?p=292197

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски гостуваше во шоуто „Еден на Еден“, но во вчерашната епизода не беа објавени сите разговори со водителот Жарко Димитриоски. На „Фејсбук“ е објавен дел од разговорот што не го гледавме во етер, а во него Мицкоски одговара како која земја ја гледа Македонија во иднина. Видеото видете го на следниот линк: https://www.facebook.com/EdenNaEden/videos/2768623286531440/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-ja-gledam-so-germanski-sistem-amerikansko-obrazovanie-francuska-kultura-i-makedonski-mentalitet/feed/ 0
Мицкоски денес гостин во „Еден на еден“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во поинакво светло https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-denes-gostin-vo-eden-na-eden-liderot-na-vmro-dpmne-vo-poinakvo-svetlo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-denes-gostin-vo-eden-na-eden-liderot-na-vmro-dpmne-vo-poinakvo-svetlo/#respond Sun, 19 Jan 2020 13:49:15 +0000 https://kurir.mk/?p=291904

Денес на Канал 5 телевизија од 18:30 нѐ чека уште една забавна „Еден на Еден“ емисија. Гостин ќе биде Христијан Мицкоски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе го видиме во поинакво светло, кратката најава погледнете ја во продолжение ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-denes-gostin-vo-eden-na-eden-liderot-na-vmro-dpmne-vo-poinakvo-svetlo/feed/ 0
Во едно поинакво светло, Мицкоски во „Еден на Еден“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-edno-poinakvo-svetlo-mickoski-vo-eden-na-eden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-edno-poinakvo-svetlo-mickoski-vo-eden-na-eden/#respond Thu, 16 Jan 2020 10:20:26 +0000 https://kurir.mk/?p=290519

Спортски облечен, во фармерки и во џемпер, каков што не го знаеме на официјалните настани, Христијан Мицкоски дојде на снимањето на „Еден на Еден“. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше опуштен и расположен во студиото со Жаре. -Не е проблем, сликајте ме додека се подготвувам, ама не знам дали без наочари, луѓето таков не ме знаат, рече Мицкоски додека се подготвуваше. Во емисијата тој раскажува многу приказни што луѓето за него не ги знаат. За сопругата Рози, за синовите, за своите политички ривали и соработници. Имаше и игри кои беа интересен предизвик за Мицкоки. И малку музика. Во недела, на Канал 5 од 18.30 нѐ чека уште една забавна „Еден на Еден“ емисија со Христијан Мицкоски. Извор: 1на1]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-edno-poinakvo-svetlo-mickoski-vo-eden-na-eden/feed/ 0
„Еден на еден“ и „Glitch Agency“ меѓу најдобрите агенции во регионот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eden-na-eden-i-glitch-agency-megju-najdobrite-agencii-vo-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eden-na-eden-i-glitch-agency-megju-najdobrite-agencii-vo-regionot/#respond Tue, 25 Sep 2018 14:14:18 +0000 https://kurir.mk/?p=105882

Македонските маркетинг агенции „Еден на еден“ и „Glitch Agency“ се единствените домашни агенции кои се вратија со признанија од овогодинешното издание на Weekend Media Festival, на кој се доделуваат престижните награди од областа на маркетингот, „BalCannes“ и „SoMo Borac“. Weekend Media Festival е регионален фестивал од областа на комуникациите и маркетингот, кој веќе 11 години по ред ги собира најважните медиумски, маркетинг и ПР професионалци од регионот во Ровињ, Хрватска. Годинешното издание, кое се одржа од 20.09 до 23.09, го посетија повеќе од 5000 професионалци, а како дел од официјалната програма на фестивалот беше и доделувањето на наградите „BalCannes“ на 21.09, како и доделувањето на наградите „SoMo Borac“ на 22.09. На наградите „BalCannes“ во конкуренција со 51 агенција од регионот, кампањата за „Sport M“ насловена како „Bringing sexy back on social“ на агенцијата „Еден на еден“ се најде меѓу најдобрите проекти според жирито составено од огласувачи, како и според жирито составено од новинари, а кампањата за ТВ серијата „На терапија“ на „Glitch Agency“ се најде меѓу најдобрите проекти според жирито составено од новинари. На наградите „SoMo Borac“ кои се сметаат за најважните награди за дигитален маркетинг во регионот, кампањата за ТВ серијата „На терапија“ на „Glitch Agency“ доби награда како една од топ 3 кампањи на социјални медиуми на регионално ниво, додека за веб страната за филмот „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски доби награда како една од топ 3 веб страни во регионот. Кампањата за „Sport M“, пак, на агенцијата „Еден на еден“ исто така доби награда како една од топ 3 кампањи на социјални медиуми на регионално ниво. Видеото за наградената кампања на агенцијата „Еден на еден“ може да се погледне тука, додека видеата за наградените проекти на агенцијата „Glitch Agency“ можат да се погледнат тука и тука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eden-na-eden-i-glitch-agency-megju-najdobrite-agencii-vo-regionot/feed/ 0