еди рама – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 12:03:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png еди рама – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рама ја повика Србија да соработува во дијалогот со Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rama-ja-povika-srbija-da-sorabotuva-vo-dijalogot-so-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rama-ja-povika-srbija-da-sorabotuva-vo-dijalogot-so-kosovo/#respond Fri, 27 Oct 2023 12:03:39 +0000 https://kurir.mk/?p=893777

Албанскиот премиер Еди Рама ја повика Србија да соработува во дијалогот со Косово, додека разговорите во Брисел сè уште траат, јави Топ чанел. Оваа реакција, според телевизијата, доаѓа откако вчера Косово, на средбата со европските лидери, го прифати бриселскиот Основен договор од 27 февруари 2023 година и Охридскиот анекс за имплементација од 18 март 2023 година. Рама смета дека ова е многу важен чекор во дијалогот меѓу двете земји, притоа нагласувајќи дека сега е време и Србија да го стори истото. -Мудроста на албанскиот народ, а не само тоа, е поука дека „подобро доцна отколку никогаш“. Не можам да го скријам задоволството што на вчерашната средба во Брисел конечно косовското раководство постапи правилно! Разумно прифаќајќи го предлогот на ЕУ на 21 октомври, Косово денес е во многу подобра позиција. Ова е многу важен чекор напред. Време е и Србија да го стори истото. Се што е досега прифатено и договорено мора да се спроведе без одлагање. Ги повикувам нашите западни партнери да го задржат овој моментум и да ги поттикнат страните кон конечно решение, пишува Рама во објава на социјалните мрежи. Тој и со порака дека „ни е потребен мир, стабилност и соработка“. -Доста е со истиот стар опасен муабет. Доста е со избегнување мир и хранење на духовите од минатото за ситни интереси на домашната политика. Погледнете недалеку одовде што се случува со оние кои избегнуваат мир и се впуштаат во игри на сè или ништо. Ни треба мир, стабилност и соработка во овој дел од Европа. Помирете се заради Бога и гледајте напред, порачува Рама. Вчера, тој го пофали косовскиот премиер Албин Курти за прифаќањето на предлогот за деблокирање на Заедницата со српски општини.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rama-ja-povika-srbija-da-sorabotuva-vo-dijalogot-so-kosovo/feed/ 0
Рама: Француско-германскиот план, најдоброто што може да го добие Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-frantsusko-germanskiot-plan-najdobroto-shto-mozhe-da-go-dobie-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-frantsusko-germanskiot-plan-najdobroto-shto-mozhe-da-go-dobie-kosovo/#respond Sun, 15 Oct 2023 12:25:00 +0000 https://kurir.mk/?p=889039

Во интервју за поткастот „Внатре во Албанија“ со новинарката Алис Тејлор, премиерот Еди Рама не ја исклучи можноста за средба меѓу лидерите на Косово и Србија на самитот На Берлинскиот процес, што ќе се одржи утре во Тирана, во време кога има големи тензии меѓу страните. -Ние не планиравме такво нешто, не го предвидувам. Сè може да се случи затоа што во такви ситуации кога сите разговараат меѓу себе, ако има простор или ако лидерите на Германија и Франција кои ќе бидат тука, ќе сакаат да разговараат со нив како коавтори на француско-германскиот план што е на маса, можеби тоа може да се случи, изјавил Рама, јави АТА. Смета дека „Косово треба да инсистира на имплементација на француско-германскиот план, за да го постигне она што го цели: конечното признавање“. еди -Француско-германскиот план е најдобриот договор што може да го добие Косово, бидејќи тоа е де факто признавање. Тоа е толерантен предлог и го отвора патот за препознавање од другите. Зошто не го поттикнуваат? Зошто не инсистираат? Зошто Косово не е страната што бара од сите вас да се даде овој предлог? Во политиката и во решавањето на нешто што е во ваш сопствен интерес, никогаш не е добра идеја да почнете да копате во умот на другиот. Дали другиот навистина е заинтересиран? Дали навистина сака нешто? Веројатно не, и да ги тргнеме големите сили кои се со нас и да го замислиме дијалогот само меѓу Србија и Косово, тогаш Србија веројатно немаше да седне на маса, туку ќе направеше нешто сосема лудо, изјавил Рама. Но, додал тој, реалноста е дека „имаме силна поддршка да направиме голем чекор кон конечното признавање“. -И што се случува. Ние не го прифаќаме ова? Зошто? Од која причина? Прашањето не е дали ги интересира. Прашањето е дали сме заинтересирани или не? Мислам дека разбираат дека се многу заинтересирани оваа работа да се затвори еднаш засекогаш. Како се прави ова? Со губење на фокусот и создавање ситуации или предизвикување ситуации кои потоа ве блокираат, или обидувајќи се да смирите сè, дајте малку нешто во замена за нешто поголемо? Мислам дека решението е второто. Тоа не е наука, тоа е проста логика, објаснил Рама. Посочил дека „Србија ја загуби војната и нема простор да замислува некаква воена одмазда. -Ова е готово! Косово е признаено од заедница на земји кои никогаш не би дозволиле враќање назад. Никогаш! Што и да се случи! Ова прво. Второ, ако Заедницата е создадена според уставната рамка на Република Косово и е резултат на договор базиран таму, тогаш тоа нема да биде простор за вооружени луѓе да дојдат и да кажат дека се членови на таа Заедница. Тоа ќе биде простор општините да имаат самоуправување, да имаат поддршка од Белград. Зошто да не? Ние ги имаме општините на југ и исток од грчките малцинства. Би биле многу среќни доколку Грција финансиски ги поддржи. Зошто да не? Важно е да гледате во иднината и да направите се за да ја доближите, наместо секогаш да размислувате само за минатото. Минатото помина, оценува Рама.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-frantsusko-germanskiot-plan-najdobroto-shto-mozhe-da-go-dobie-kosovo/feed/ 0
Албанија е на страната на Израел, порача Рама https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/albanija-e-na-stranata-na-izrael-poracha-rama/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/albanija-e-na-stranata-na-izrael-poracha-rama/#respond Mon, 09 Oct 2023 09:23:57 +0000 https://kurir.mk/?p=886846

Албанскиот премиер Еди Рама изрази солидарност со граѓаните на Израел кои минуваат тешки моменти како резултат на суровиот терористички напад на Хамас. Во знак на солидарност, Универзитетот во Тирана синоќа беше осветлен со боите на израелското знаме. Рама на социјалните мрежи објави слики од универзитетот и напиша „Албанија стои на страната на Израел”. „Нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите од суровиот терористички напад и со невините луѓе земени како заложници од терористите“, се наведува во објавата на Рама. И градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, објави фотографии од зградата на универзитетот кој се наоѓа на плоштадот „Мајка Тереза“, која е покриена со израелско знаме во знак на поддршка во оваа тешка ситуација што се случува. Веднаш по терористичкиот напад албанскиот државен врв и лидери на политички партии искажаа најостро осуда, порачувајќи дека “Албанија е одлучна против тероризмот од која било форма”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/albanija-e-na-stranata-na-izrael-poracha-rama/feed/ 0
Рама: Не се занимаваме со датуми, работиме на воспоставување стандарди на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-ne-se-zanimavame-so-datumi-rabotime-na-vospostavuvane-standardi-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-ne-se-zanimavame-so-datumi-rabotime-na-vospostavuvane-standardi-na-eu/#respond Fri, 06 Oct 2023 08:28:10 +0000 https://kurir.mk/?p=885936

Во процесот на евроинтеграции не треба да се занимаваме со датуми, туку со конкретна работа, за да час порано Албанија ја направиме земја со стандарди на Европската Унија, изјавил албанскиот премиер Еди Рама, јави АТА. Во изјава од Гранада, Шпанија, каде што учествува во работата на третиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЦ), зборува и за напредокот на процесот на евроинтеграции. -Не се занимавам со датуми, со декември, ноември или јуни. Она што е важно е дека Албанија го отвори патот за преговори, интензивно работи секој ден со Брисел, имаме постојано доаѓање и заминување на сите наши групи преговарачи, така што ние сме на нашиот пат, додава тој. Според него „прашањето за членство во ЕУ е двострано прашање“. -Од една страна, тука се домашните задачи што треба да ги направиме за себе, од друга страна е одлучувањето на ЕК, што е суверено одлучување поврзано со политички аспекти. Не треба да се занимаваме со датуми, декември и јануари, туку треба да се занимаваме со конкретна работа за да Албанија час побрзо стане земја со стандарди на ЕУ, земја членка на ЕУ. Тогаш за да се потврди ова ќе биде потребно време и е помалку важно за нас, бидејќи најважно е да ја завршиме задачата, посочува Рама.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-ne-se-zanimavame-so-datumi-rabotime-na-vospostavuvane-standardi-na-eu/feed/ 0
Рама: На Самитот на лидерите на Берлинскиот процес потврдено учеството на Макрон, Шолц и Лајен https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-na-samitot-na-liderite-na-berlinskiot-protses-potvrdeno-uchestvoto-na-makron-sholts-i-lajen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-na-samitot-na-liderite-na-berlinskiot-protses-potvrdeno-uchestvoto-na-makron-sholts-i-lajen/#respond Thu, 05 Oct 2023 10:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=885505

Албанија е во последните подготовки за уште еден голем меѓународен настан, Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, кој за првпат ќе се одржи надвор од границите на ЕУ, во Тирана, објави албанскиот премиер Еди Рама привлекувајќи внимание на овој важен настан со учество на 6 премиери од регионот. Наведува дека учеството на самитот, што ќе се одржи на 16 овој месец, го потврдиле претседателот на Франција, Емануел Макрон, канцеларот на Германија, Олаф Шолц и претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, како и голем број премиери на земјите членки на Европската унија. Во рамките на овој самит во последните недели во Тирана се одржаа неколку подготвителни министерски состаноци. По форумите на министрите за економија и за внатрешни работи, што се одржаа минатиот месец, утре ќе се одржи форум на министрите за надворешни работи. Берлинскиот процес се развива со поддршка на Европската комисија, меѓународните финансиски институции и земјите-членки вклучени во процесот - Германија, Франција, Австрија, Хрватска, Италија, Словенија и Обединетото Кралство, заедно со земјите од Западен Балкан. Албанија беше домаќин и на самитот на ЕУ за Западен Балкан на 6 декември минатата година, што беше првпат ваков собир да се одржува надвор од ЕУ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-na-samitot-na-liderite-na-berlinskiot-protses-potvrdeno-uchestvoto-na-makron-sholts-i-lajen/feed/ 0
Рама и Пленковиќ ги повикуваат ЕУ и Западот да донесат мерки против Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-i-plenkovik-gi-povikuvaat-eu-i-zapadot-da-donesat-merki-protiv-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-i-plenkovik-gi-povikuvaat-eu-i-zapadot-da-donesat-merki-protiv-belgrad/#respond Mon, 02 Oct 2023 13:15:06 +0000 https://kurir.mk/?p=884283

Премиерите на Албанија и на Хрватска, Еди Рама и Андреј Пленковиќ најостро го осудија „насилството на српските паравоени единици на северот на Косово, како и нивното „хероизација“ од Белград, со повик до премиерите на земјите од Европската унија и Западот да донесат мерки против Србија. Рама, кој е во официјална посета на Загреб, на прес-конференција во Бански двори рече дека „агресијата на паравоените сили е еднакво загрижувачка како и реакцијата на Белград“. „Имаме злосторство, убиство на полициски службеник и имаме хероизација на тие кои го извршија“, рече Рама, додавајќи дека тоа „не смее да биде прифатливо во Европа, која има спротивни вредности“. Пленковиќ смета дека тие потези „не можат да останат без одговор“ и дека одлуката на Белград за ден на жалост „речиси подразбира идентификација со тоа што се случило“. Тој изјави дека ќе следи истрага за целосно да се утврди што се случило, по што специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Приштина и Белград ќе предложи мерки. Пленковиќ рече дека и Европската комисија (ЕК) може да донесе мерки автономно, без согласност на сите земји членки, како што тоа го направи пред неколку месеци против Косово. Хрватскиот премиер истакна дека е сигурен оти мерките ќе бидат преземени, а Рама повика тие да се спроведат, како што рече, „без губење време“, бидејќи одлуката на Белград за ден на жалост не остава простор за поинакви интерпретации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-i-plenkovik-gi-povikuvaat-eu-i-zapadot-da-donesat-merki-protiv-belgrad/feed/ 0
Рама: КФОР мора да ја преземе контролата врз северот на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-kfor-mora-da-ja-prezeme-kontrolata-vrz-severot-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-kfor-mora-da-ja-prezeme-kontrolata-vrz-severot-na-kosovo/#respond Fri, 29 Sep 2023 10:56:15 +0000 https://kurir.mk/?p=883207

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека КФОР треба да ја преземе контролата врз северот на Косово, јавија медиумите. Тој смета дека „не само што мора под итно да се подигне нивото на застапеност на евроатлантската заедница во дијалогот, туку мора да се земе предвид дека тоа е направено заедно со залихите на сите тие договори, некои потпишани, некои усно прифатени, но генерално неприменети" Според него, одложувањето на преземањето на овој чекор "може да донесе дури и голем број жртви на вооружен конфликт и затоа КФОР треба да ја преземе контролата врз северот на Косово“. „Тоа е предлог што го дадов претходно, го дадов на самитот на НАТО и објаснив зошто. Сега, секое двоумење и секое одложување, до и со аргументот од последните неколку часа, немаме, не немаме доволно војници, може да ја направи утрешната интервенција на КФОР многу поголема во однос на војниците, но и во тешкотии“, изјави Рама синоќа. „Не сум слушнал дека Србија се противи, дури и некои гласови тоа го побарале од српска страна, но тоа е нивна работа, бидејќи овде воопшто не е важно кој го бара, зошто го бара, како бара тоа. Така налага ситуацијата денес, ако се направеше претходно, немаше да се случи вчера, завчера, позавчера. Сето ова немаше да се случи. Малку доцна според мене, но подобро е малку доцна отколку предоцна“, нагласи Рама.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-kfor-mora-da-ja-prezeme-kontrolata-vrz-severot-na-kosovo/feed/ 0
Албанскиот премиер со порака до Србија и до Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-premier-so-poraka-do-srbija-i-do-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-premier-so-poraka-do-srbija-i-do-kosovo/#respond Tue, 26 Sep 2023 14:41:52 +0000 https://kurir.mk/?p=881904

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека одлуката на Србија за прогласување ден на жалост за „убиените вооружени лица  во Косово" е неоправдана и неприфатлива. Според него „ова е најлошиот сигнал што Србија може да го испрати на регионот и на евроатлантската заедница". - Иако требаше да отвори сериозна истрага за членовите на таа криминална група, нивните врски со трговци со оружје и други поединци или субјекти, во Србија или на друго место, потенцијално ангажирани во создавање вооружено движење на северот на Косово, Белград, со оваа одлука, која нема никаква врска со 21 век, го разгорува пламенот на вооружен конфликт како никогаш досега од 1999 година! Ова не само што е неоправдано и неприфатливо, туку и за осуда со сета сила на зборови и инструменти со кои располага евроатлантската заедница,  наведува Рама. Toj нагласува дека сега е моментот кога Србија треба да одлучи дали ќе биде со Европа и демократскиот свет, или со "сенката врз себе од крајот на 20 век, со духовите и злосторствата од своето неславно минато од 90-тите". - Ова е моментот кога Србија мора јасно и цврсто да одлучи дали ќе биде со Европа и демократскиот свет на 21 век или со сенката врз себе од крајот на 20 век; со вредностите и принципите на Европската Унија и евроатлантската заедница или со духовите и злосторствата од нејзиното неславно минато од 90-тите; со европското утре на нејзините  невини деца или со вчерашниот виновник за убиствен и самоубиствен национализам! Ова е моментот кога Европската Унија и САД мора јасно и решително да одлучат дали ќе го подигнат демократскиот аларм на највисоко ниво за да се запре ескалацијата на конфликтот на северот на Косово, кој влезе во најопасна фаза од 1999 година или ќе продолжат да го одржуваат Дијалогот за нормализација и посветеноста на КФОР на исто ниво кое сега е сосема недоволно! Ова второто денес е сосема непрепорачливо, но утре може да стане сосема неоправдано, бидејќи утре може да биде доцна за првото, оценува тој. Затоа, додава, апелот на Албанија до големите пријатели и стратешки сојузници на Западен Балкан е: Денешната акција не ја оставајте за утре! Освен до Белград, тој се обрати и до Приштина, каде што „е потребно сериозно размислување во оваа тешка ситуација". - Ова е моментот кога и Косово мора многу сериозно да размисли и јасно да одлучи дали ќе продолжи со дејствието одделно од своите незаменливи пријатели и своите неоспорни сојузници или ќе дејствува во хармонија и разбирање со евроатлантската заедница  за да се постигне најголемата цел во историјата по победата на војната и прогласувањето на независноста, конечното признавање како земја членка на оваа заедница. Сите други патишта, освен ова второто се патеки на илузии со болни завршетоци, кои го оддалечуваат Косово од главната цел, го празнат од духот на иднината и го претвораат на најапсурдниот начин заложник на мирот среде Европа,  бидејќи излезе како победник од борбата да стане слободна европска земја, посочува Рама. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-premier-so-poraka-do-srbija-i-do-kosovo/feed/ 0
Рама: На ЕУ и е потребен Западен Балкан исто како што на Западен Балкан му е потребна ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rama-na-eu-i-e-potreben-zapaden-balkan-isto-kako-shto-na-zapaden-balkan-mu-e-potrebna-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rama-na-eu-i-e-potreben-zapaden-balkan-isto-kako-shto-na-zapaden-balkan-mu-e-potrebna-eu/#respond Tue, 26 Sep 2023 09:40:16 +0000 https://kurir.mk/?p=881802

Во рамките на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи во Албанија на 16 октомври 2023 година, Министерството за финансии и економија денеска во Тирана е домаќин на Форум на министри за економија насловен „Заеднички регионален пазар – чекор кон единствената ЕУ пазар“. Отворајќи го овој министерски состанок, премиерот Еди Рама го започна својот говор со интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија. - Со интерес гледаме дека во ЕУ има посилно убедување и тие се поотворени за значењето што Западен Балкан го има за Европската Унија. На ЕУ и треба ЗБ исто како што на ЗБ и треба на ЕУ. Овде сме со истакнати министри и функционери од земјите од Западен Балкан и ЕУ за да разговараме за најсуштинските теми на овој процес кој вклучува зајакнување на нашите економии, вклучително и поврзаноста со сферата на економските активности на ЕУ. Ќе морам да разговарам за нешто сосема ново, што пред 5 години беше незамисливо. Идниот план на ЕУ да го поддржи Западен Балкан преку отворање на неколку начини што ќе нè доближи до ЕУ, додека за интегративниот процес секоја земја мора да си ја заврши домашната задача, рече премиерот. Според него, 600 комерцијални компании имаат корист од отстранувањето на бариерите меѓу земјите и ова е едно од важните достигнувања на Балканскиот процес. - 6.000 комерцијални компании имаат корист од активноста за промоција на трговијата. Од сето отстранување на нетарифните бариери, од заедничките настани кои ги вклучија особено комерцијалните компании и поддршката за пристапите на ЕУ во однос на пазарот. Сè што правиме заедно е да имаме корист на терен за луѓето кои треба да се движат послободно, нагласи тој. Оцени дека фазната интеграција на заедничкиот пазар ветува дека ќе даде непроценлив увид во економскиот раст на Западен Балкан во следните 10 години, додавајќи дека е време „заедно да продолжиме напред и да се погрижиме ветувачките зборови да доведат до ветувачки дела“. - Можеби сè уште имаме нерешени прашања во овој регион, но преку овој процес научивме дека единствениот начин да се разбереме е да се договориме што е можно повеќе за работите што можеме да ги направиме заедно. Сè повеќе гледаме колку е важно да ги решаваме нашите проблеми. Колку е подобра атмосферата на соработка, колку се посилни мостовите меѓу нашите земји, толку е подобар просторот за справување и со најтешките прашања, изјави премиерот Рама. На форумот со фокус на унапредување на заедничкиот регионален пазар, за поттикнување на економскиот раст во регионот и негово приближување до ЕУ учествуваат министрите за економија од Берлинскиот процес, претставници на Европската Унија и други партнери од Берлинскиот процес. На 14 месецов, во Тирана, со учество на министрите за внатрешни работи на 26 земји од ЕУ и Западен Балкан, се одржа Конференција во рамки на Берлинскиот процес на која се дебатираше за зголемување на соработката во борбата против организираниот и сајбер криминалот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rama-na-eu-i-e-potreben-zapaden-balkan-isto-kako-shto-na-zapaden-balkan-mu-e-potrebna-eu/feed/ 0
Рама: Однесувањето на Курти не води до целта, пристапот на Приштина му помага на Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-odnesuvaneto-na-kurti-ne-vodi-do-tselta-pristapot-na-prishtina-mu-pomaga-na-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-odnesuvaneto-na-kurti-ne-vodi-do-tselta-pristapot-na-prishtina-mu-pomaga-na-belgrad/#respond Fri, 22 Sep 2023 06:50:08 +0000 https://kurir.mk/?p=880558

Во интервју за Еј-Би-Си Њуз Рама изјави дека пристапот на Приштина и помага на Србија, бидејќи, според него, Србија станува жртва во очите на целата меѓународна заедница и на косовските пријатели и партнери, пренесува Косово онлајн. Премиерот на Албанија Еди Рама, во врска со обвинувањата на косовската Влада кон специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека тоа се работи кои „оставаат без зборови“ и кои предизвикуваат поголема штета, наместо да ја подобрат ситуацијата, наведувајќи дека патот што го избра Албин Курти не е патот до целта. Во интервју за Еј-Би-Си Њуз Рама изјави дека пристапот на Приштина и помага на Србија, бидејќи, според него, Србија станува жртва во очите на целата меѓународна заедница и на косовските пријатели и партнери, пренесува Косово онлајн. - Реакцијата на премиерот Курти пред неколку дена беше без преседан. Не се сеќавам на сличен случај, висок претставник на Косово директно да го обвини претставникот на ЕУ и да каже дека испратил писмо со жалба до функционерите, (германскиот канцелар Олаф) Шолц и (францускиот претседател Емануел) Макрон. Тоа се работи што ве оставаат без зборови и дополнително го оштетуваат она што наводно се обидуваат да го поправат, бидејќи теориите на заговор за соработка што ја откривте меѓу Србија и специјалниот пратеник на ЕУ, не е нешто што е препорачливо да се направи, рече Рама. Тој потенцира дека не се сомнева во желбата на Курти да го направи најдоброто за Косово, но никогаш не се доволни големата желба и добрата волја, потребна е стратешка визија за да се постигне целта, која овде Рама не ја гледа. На изјавата дека е малку парадоксално тоа што Албанија претседава со Советот за безбедност, но е немоќна да влијае на Приштина, Рама одговара дека не сака да влијае на Приштина, бидејќи таму има Влада која произлегува од волјата на народот и која има одговорност да го води Косово и да го избере патот до целта. - Заклучокот е дека мислиме дека патот што го избраа не води до постигнување на таа цел, туку води до судир со САД и ЕУ. Ова е тажно, но верувам дека е привремено, рече Рама. За него, извесно е дека тоа не го носи посакуваниот резултат за Косово, а тоа е завршување на процесот на нормализација, а потоа и излез од „ќорсокакот на признавањето“, пред се меѓу земјите од ЕУ. - Тоа е и целта на француско-германскиот план и тоа требаше да биде најголемото можно достигнување, што ќе беше де факто признавање од Србија, без разлика дали Србија формално ќе го признае Косово или не. Косово би го добило своето место, би се ослободило од товарот на конфликтот во продолжувањето на евроинтегративниот процес. ЕУ инсистира на процесот на нормализација бидејќи сакаат да го интегрираат Косово во целата структура на меѓународната организација, и во самата Унија, што никогаш нема да се случи ако Косово не го реши овој проблем, потенцира Рама. На прашањето дали мисли дека Србија има корист од оваа ситуација, албанскиот премиер вели дека е жално што пристапот на Приштина и помага на Србија, а не на самото Косово, бидејќи ја прави жртва Србија во очите на целата меѓународна заедница. - Србија игра игра, бидејќи кратковидната политика на Приштина и дава можност за тоа, рече Рама. На прашањето дали разговарал за независноста на Косово со украинскиот претседател Володомир Зеленски, тој одговори дека „патот до конечното признавање на Косово минува низ Приштина“. - Несомнено, разговаравме за тоа со претседателот Зеленски и за тоа во секое време разговараме со секој лидер кој претставува земја што не го признала Косово, но од друга страна, ние сме многу јасни и убедени дека патот до конечното признавање на Косово не оди преку Украина или Гана, Нигерија, туку минува низ самата Приштина, која мора да се потруди до крај, да го искористи отворениот пат на голема можност создаден од француско-германскиот план, со поддршка на сојузниците. Приштина е таа што мора да разбере дека не го користи овај темел на пријателство, туку го поткопува со пристап што јас не го разбирам, рече Рама. Тој оцени и дека залудни се напорите на „Србија и Русија“ повторно да се отвори прашањето за Косово во Обединетите нации. Косово ја доби војната, вели тој, а Меѓународниот суд го потврди тоа. - Тоа се залудни, пропагандни напори, но не водат никаде. Косово ја доби војната, Косово доби потврда и од самиот Меѓународен суд и тоа е неповратно. Поентата е дека Косово не е способно да издејствува мир, да го претвори мирот во добро што треба да биде меѓународно потврдено и развиено во сите правци, потенцира Рама во интервјуто за Еј-Би-Си њуз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-odnesuvaneto-na-kurti-ne-vodi-do-tselta-pristapot-na-prishtina-mu-pomaga-na-belgrad/feed/ 0