Единствена Русија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Sep 2023 08:09:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Единствена Русија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Единствена Русија на Путин победи на регионалните и општинските избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/edinstvena-rusija-na-putin-pobedi-na-regionalnite-i-opshtinskite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/edinstvena-rusija-na-putin-pobedi-na-regionalnite-i-opshtinskite-izbori/#respond Mon, 11 Sep 2023 08:09:22 +0000 https://kurir.mk/?p=876846

Во Русија се одржаа регионални и општински избори, вклучително и избори во четири украински региони кои Москва ги прогласи за своја територија, а резултатите покажуваат силна поддршка за рускиот претседател Владимир Путин и неговата партија Единствена Русија. Меѓу реизбраните е и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, близок соработник на Путин, кој освои повеќе од 75 отсто од гласовите, објавија британските медиуми. Партијата Единствена Русија победи на изборите во четирите украински региони кои Русија ги анектира минатата година по референдумот, Доњецката и Луганската народна република (ДНР и ЛНР) и регионите Херсон и Запорожје, покажуваат податоците на локалните изборни комисии, пренесуваат руските медиуми. -Врз основа на 100 отсто преброени гласови во областа Херсон, Единствена Русија победи со голема разлика на изборите за собранието на тој регион, изјави претседателката на регионалната изборна комисија Марина Захарова. Врз основа на тоа, Единствена Русија освои 28 мандати, Комунистичката партија на Руската Федерација четири, Либерално-демократската партија на Русија (ЛДПР) три, а еден мандат и припадна на партијата Праведна Русија - Патриоти - За вистината. Централната изборна комисија објави дека Единствена Русија освоила 74,63 отсто од гласовите во ЛНР откако обработила 100 отсто од гласачките ливчиња. Според зборовите на заменик-претседателката на Изборната комисија Маријана Сумска, Единствена Русија добила 39 од 50 пратенички места во Народниот совет на ЛНР. Сумска рече дека регионалниот огранок на политичката партија ЛДПР во Луганск освоил пет мандати, партијата Праведна Русија - Патриоти - за вистината освоила два мандата, а Комунистичката партија на Руската Федерација освоила четири мандати. Во областа Запорожје, Единствена Русија доби 83,01 отсто од гласовите врз основа на резултатите од обработката на 100 отсто од гласачките ливчиња, објави регионалната изборна комисија. Според изборната комисија на ДНР, Единствена Русија на изборите освоила 75,69 отсто од гласовите. За прв пат, според руското законодавство, избори се одржаа во Доњецката и Луганската народна република, Херсон и Запорожје. Замениците на народните совети беа избрани во ДНР и ЛНР, регионалната Дума во регионот Херсон и законодавното собрание во регионот Запорожје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/edinstvena-rusija-na-putin-pobedi-na-regionalnite-i-opshtinskite-izbori/feed/ 0
Единствена Русија соопшти дека обезбедила двотретинско мнозинство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edinstvena-rusija-soopshti-deka-obezbedila-dvotretinsko-mnozinstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edinstvena-rusija-soopshti-deka-obezbedila-dvotretinsko-mnozinstvo/#respond Mon, 20 Sep 2021 09:46:50 +0000 https://kurir.mk/?p=565733

Според прелиминарните податоци, владејачката Единствена Русија освои двотретинско мнозинство на изборите за Државната дума, соопшти денеска Александар Турчак, високорангиран функционер во таа партија. Партијата доби 315 мандати од 450, што и овозможува да има уставно мнозинство, изјави Турчак.Централната изборна комисија утрово објави дека Единствена Русија, лојална на претседателот Владимир Путин, освои 49,42 проценти од гласовите на парламентарните избори, откако беа преброени 80,1 проценти од гласачките ливчиња, пренесува Бета.На второ место е Комунистичката партија со 19,28 проценти, потоа Либерално -демократската партија на Русија, која освои 7,55 проценти, Праведна Русија со 7,37 проценти и Новата народна партија со 5,37 проценти. Во Парламентот ќе влезат оние пет партии што го поминаа прагот од пет проценти. Партијата на растот не го помина цензусот со 2,53 проценти, Граѓанската платформа освои 1,33 проценти, Јаблоко со 1,1 проценти и другите партии кои добија помалку од еден процент од гласовите. Ова се резултатите за 225 пратеници на Државната дума кои се избираат според пропорционалниот систем, односно преку листи, додека останатите 225 членови на долниот дом на парламентот ќе бидат избрани по мнозински принцип, по индивидуален натпревар на кандидати. Изборите за Државната дума се одржаа во Русија од 17 до 19 септември. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edinstvena-rusija-soopshti-deka-obezbedila-dvotretinsko-mnozinstvo/feed/ 0