една година – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 Mar 2021 10:01:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png една година – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Жена од Ниш цела година докажува дека е жива https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zena-od-nish-cela-godina-dokazuva-deka-e-ziva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zena-od-nish-cela-godina-dokazuva-deka-e-ziva/#respond Thu, 18 Mar 2021 10:01:30 +0000 https://kurir.mk/?p=484118

Драгица Рашиќ од Ниш веќе една година доживува непријатности поради потврдата за смрт со нејзиното име и фотографија, придружена со навредлив текст, која се споделува на социјалните мрежи. Во текстот на „посмртницата“, меѓу другото, се вели дека ја испуштила својата „погана душа“, погребот ќе биде на гробиштата во Долна Врежина и дека „таа ќе гори во пеколот“. Старицата изјави дека сè почнало пред една година кога на столбот близу нејзината куќа осамнал лажниот документ, за којшто сè уште не знае кој го испечатил и залепил. – Еден сосед ми се јави, ми рече дека мора да ми покаже нешто. Ме однесе кај бандерата и ми го покажа „известувањето“ со мојата слика и име. Бев изненадена кога го видов, го искинав и запалив, но останаа сликите во телефоните, раскажува бабичката која е на прагот од своето деветто десетлетие од животот. Поради тој плакат, роднини и пријатели се јавувле на нејзиното семејство, сопругот и ќерка ѝ за да прашаат – дали е навистина почината? – Внуката, инаку студентка, многу плачела кога ја видела сликата, па ќерка ми едвај ја смирила, вели Рашиќ. Таа рече и дека пријавиле в полиција, но ништо не помогнало. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zena-od-nish-cela-godina-dokazuva-deka-e-ziva/feed/ 0
Годинa од Ковид-19 , година дена хорор со Филипче и Заев, а вакцини и мерки соодветни се уште нема https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godina-od-kovid-19-godina-dena-horor-so-filipche-i-zaev-a-vakcini-i-merki-soodvetni-se-ushte-nema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godina-od-kovid-19-godina-dena-horor-so-filipche-i-zaev-a-vakcini-i-merki-soodvetni-se-ushte-nema/#respond Wed, 24 Feb 2021 07:56:01 +0000 https://kurir.mk/?p=473050

Година дена од првиот Ковид случај е во петок. Година дена македонскиот народ се соочува со епидемијата, но и со неспособноста на министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев. Министерот за здравство Венко Филипче година дена ја лаже македонската јавност дека ситуацијата е под контрола. -Пациентката кај која е констатиран првиот случај на заразеност со вирусот „Ковид-19“, или корона вирусот, е во добра општа здравствена состојба, под постојан мониторинг на стручниот лекарски персонал на Инфективната клиника во Скопје, и со оглед на нејзината претходна здравствена историја, спаѓа во пациентите кои успешно се справиле со вирусот, соопшти министерот за здравство д-р Венко Филипче на прес-конференцијата одржана на 26.02.2020. -Состојбата со корона вирусот е под контрола, а како превенција ја разгледуваме опцијата за ограничување на јавните собири во интерес на јавното здравје, истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција одржана на 28.02.2020. Од тука започнува и кулминацијата со епидемијата во државата која за жал се уште трае. Министерот за здравство Венко Филипче во февруари месец оваа година одговарајќи на новинарско прашање за тоа колку маските можат да бидат превенција од ширење на корона вирусот, повтори дека врз основа на мислењето од експертите епидемиолози, маска на отворен простор не е начин за заштита на граѓаните, туку напротив, може да го зголеми ризикот од инфекција. По екстремното зголемување на бројот на заразени министерот за здравство Венко Филипче кој настапи како политичар, а не како доктор, и почна да промовира мерки кои наидоа на осуда, па и потсмев кај граѓаните. Тој ден министерот најави дека задолжително маските треба да се носат. Македонија тој период стана една од ретките европски држави која не успеа да набави респиратори и професионална заштитна опрема за медицинарите и борбата против епидемијата со корона вирус се сведува на совети. Министерот за здравство Венко Филипче повторуваше само дека граѓаните треба да се внимателни и да држат растојание. Преморен здравствен персонал, долги дежурства, тешки случаи, премногу пациенти. Бројот на заразени од КОВИД-19 секојдневно расте, но и бројот на хоспитализирани лица на Клиниката за инфективни болести и градската болница „8-ми Септември“. Здравствениот систем во неколку наврати беше на прагот да колабира, а на тоа секојдневно предупредуваа лекарите. Здравствениот систем во Македонија брои доста голем број заразени и во своите редови, со што се намалуваше и капацитетот на медицинскиот персонал. Најголем процент на заразен медицински персонал во регионот за жал има Македонија и тоа поради министерот за здравство Венко Филипче. А, се заразија затоа што не се соодветно опремени. Сето тоа е поради недостаток на опрема спрема препораките за различните нивоа на ризик. Исто така недостасуваат информации и обука за соодветно користење на опремата. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека „реакциите и активностите на Комисијата за заштита од заразни болести и Венко Филипче се задоцнети и непромислени“, и го повторуваат истото барање - министерот за здравство да си поднесе оставка. Министерот за здравство, Венко Филипче летово вети на граѓаните дека ќе има 16 монтажни болници низ државата со цел Македонија полесно да се справи со вториот бран на КОВИД-19. Министерот рече дека истите ќе бидат готови до крајот на август или почеток на септември, но монтажните болници останаа невидливи за граѓаните. Македонија остана единствената земја во регионот што нема започнато вакцинација против КОВИД-19 на населението. Македонија чека на нарачката од „Фајзер“, на ветените вакцини преку „Ковакс“ системот, и кинеските вакцини за кои министерот за здравство, Венко Филипче потпиша договор. Министерот за здравство Венко Филипче чекајќи ги ветените вакцини од ЕУ, Грција, Бугарија, Полска, ги одби вакцините кои ги понуди Русија како помош за граѓаните. -Уште на почетокот на есента и понудивме на македонската Влада да се воспостави контакт со Рускиот фонд за директни инвестиции и да се преговара за можноста за набавка на руска вакцина. Министерот за здравство, Венко Филипче, не информираше дека лице за контакт за ова прашање ќе биде професорката Александра Грозданова, шеф на Националниот комитет за имунизација при Министерството за здравство. На професорката Грозданова и беа дадени сите потребни податоци за контакт, исто така и беше испратено писмо од претставникот на Рускиот фонд за директни инвестиции, кое, за жал, остана без одговор, рече Владимир Хрисанфов, економски советник во амбасадата на Руската Федерација во дневникот на Сител во декември месец. И наместо Македонија да започне вакцинација на населението во декември како другите земји во регионот, сега ќе започне можеби во март ако пристигнат вакцините од Кина. „Заев и Филипче кои не успеаја да обезбедат ниту една вакцина, сега се секираат да не набавеле премногу?!Тоа се истите тие кои правеа спектакл за добиената донација од Србија. РАботата на Заев и Филипче беше, а за жал се уште и е да набават вакцини. Си ја знаат структурата на населението, а можат да направат дополнителна прецизна проценка. Наместо проценка и старт на преговори за вакцини од пред оиловина година кога сите тоа го поравеа, тие питачат и сматаат како да ги поделат процентите од набавката на вакцини. и математички не излегуваат и нема вакцини, реагираа преку соопштение пред неколку дена од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/godina-od-kovid-19-godina-dena-horor-so-filipche-i-zaev-a-vakcini-i-merki-soodvetni-se-ushte-nema/feed/ 0
На овој ден, пред точно една година беше регистриран првиот случај на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-ovoj-den-pred-tochno-edna-godina-beshe-registriran-prviot-sluchaj-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-ovoj-den-pred-tochno-edna-godina-beshe-registriran-prviot-sluchaj-na-kovid-19/#respond Tue, 17 Nov 2020 09:14:26 +0000 https://kurir.mk/?p=430511

Прв роденден на коронавирусот. Пред 365 дена или точно една година, регистриран е првиот случај на заболен од коронавирусот. Станува збор за 55-годишен маж од провинција Хубеи во Кина. Оттогаш, бројот на заразени лица во светот надмина 55 милиони, а повеќе од 1.300.000 луѓе починаа од последиците предизвикани од вирусот Ковид-19, пишува РТС. „Верувале или не, коронавирусот го слави својот прв роденден. Кога беше забележан првиот случај, никој не ни помислуваше дека вирусот ќе преживее толку долго, а камоли дека толку многу луѓе ќе умрат од него", стои во објавата на РТС. Нулта пациентот е регистрирана, според „China Morning Post“, на 17 ноември 2019 година во кинеската провинција Хубеи. Тоа беше повеќе од еден месец пред лекарите да ги регистрираат првите случаи во градот Вухан, во Кина. Научниците се сомневаат дека вирусот Ковид-19 преминал од лилјак на друго животно кое подоцна било конзумирано од човекот, по што вирусот започнал да се шири меѓу луѓето. Експертите тврдат дека од 17 ноември минатата година, секојдневно се пријавуваат по неколку заболени пациенти, за на 15 декември 2019 година тој број да стигне до 27 заболени. Потоа бројот на заболени започнува брзо да расте, а заразата да ја премине кинеската граница и да се пренесе во скоро сите земји во светот. Денеска во Кина каде започна пандемијата бележи само по неколку случаи на заболени на дневно ниво, а во САД бројот на заболени е околу 150 000 луѓе на ден. Во Кина од почетокот на пандемијата па се до денес заразени се околу 86000 луѓе, а починале 4634 лица. Во моментов најмногу заразени има во САД, Индија, Бразил, Франција и Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-ovoj-den-pred-tochno-edna-godina-beshe-registriran-prviot-sluchaj-na-kovid-19/feed/ 0
Трговската размена до октомври 9,4 милијарди евра, пад за 15 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/trgovskata-razmena-do-oktomvri-9-4-milijardi-evra-pad-za-15-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/trgovskata-razmena-do-oktomvri-9-4-milijardi-evra-pad-za-15-otsto/#respond Mon, 09 Nov 2020 08:48:14 +0000 https://kurir.mk/?p=426756

Вкупно 9 396 015 000 евра изнесува трговската размена на земјава во периодот јануари – септември 2020 година, соопшти Државниот завод за статистика. Трговскиот дефицит е 1 282 935 000 евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 76 отсто. Вкупната вредност на извозот е 4 056 540 000 евра и бележи пад од 15,2 отсто во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока изнесува 5 339 475 000 евра, што е намалување за 13,2 процента. Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав. Во периодот јануари – септември 2020 година најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/trgovskata-razmena-do-oktomvri-9-4-milijardi-evra-pad-za-15-otsto/feed/ 0
Реал подготвен да му понуди договор на Рамос на само една година https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-podgotven-da-mu-ponudi-dogovor-na-ramos-na-samo-edna-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-podgotven-da-mu-ponudi-dogovor-na-ramos-na-samo-edna-godina/#respond Mon, 26 Oct 2020 12:08:39 +0000 https://kurir.mk/?p=420759

Раководството на Реал е подготвено да го продолжи договорот со капитенот на тимот Серхио Рамос. Сепак, клубот од Мадрид на 34-годишниот Шпанец му нуди едногодишен договор, пренесува „АС“. Актуелниот договор на дефанзивецот важи до 2021 година. Клубот има намера да ја продолжи соработката до летото 2022 година. Страните ќе потпишат нов договор кон крајот на годината, но опцијата Рамос да замине во идниот летен преоден рок сепак е можна. Рамос освои 22 трофеи со „кралевите“: пет шампионски титули во Шпанија, два Купа и четири Суперкупа на земјата, четири ЛШ, три УЕФА Суперкупа и четири трофеи на Светското клупско првенство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/real-podgotven-da-mu-ponudi-dogovor-na-ramos-na-samo-edna-godina/feed/ 0
Лидер: Мијалков побогат за 3920% во една година на Заев (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-mijalkov-pobogat-za-3920-vo-edna-godina-na-zaev-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-mijalkov-pobogat-za-3920-vo-edna-godina-na-zaev-foto/#respond Sat, 01 Aug 2020 16:47:02 +0000 https://kurir.mk/?p=384883

Нето добивката (профитот) на фирмата на Сашо Мијалков, Бест Веј Инвестмент ДООЕЛ Скопје се зголемила за скоро 4000% во време на владеењето на Заеви. Коалицијата помеѓу Заеви и Мијалков функционира беспрекорно. Ако добивката на Бест Веј Инвестмент ДООЕЛ Скопје во 2018 изнесувала 4.721.031 денари една година подоцна во 2019 -та таа изнесувала 189.807.563 денари или раст од неверојатни 3920%, пишува Економски Лидер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-mijalkov-pobogat-za-3920-vo-edna-godina-na-zaev-foto/feed/ 0
Вакцините против Ковид-19 ќе имаат дејство најмногу една година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinite-protiv-kovid-19-kje-imaat-dejstvo-najmnogu-edna-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinite-protiv-kovid-19-kje-imaat-dejstvo-najmnogu-edna-godina/#respond Wed, 29 Jul 2020 13:11:33 +0000 https://kurir.mk/?p=383219

Вакцините, кои се развиваат против Ковид-19, нема да бидат лек за коронавирусот и ќе имаат дејство најмногу една година, предупреди шефицата на работната група на британската Влада за пронаоѓање вакцина, Кејт Бингам. – Во овој момент е познато дека вакцините ќе бидат ефективни во период од една година. Загрижена сум дека луѓето се надеваат на универзален лек за болеста, но веројатно нема да има таков, истакна Бингам во интервју за „Фајненшал тајмс“. Шефицата на работната група нагласи дека „ќе биде неопходна годишна вакцинација“. – Во моментов се обидуваме да ги намалиме барем ризиците од оваа болест, да спасиме животи, додаде таа. Претпоставките на Бингам, според весникот, се засноваат врз голем број медицински истражувања, кои покажуваат дека кај пациенти кои страдале од коронавирус нивото на антитела драстично се намалува по неколку недели, ослабнувајќи го развиениот имунитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinite-protiv-kovid-19-kje-imaat-dejstvo-najmnogu-edna-godina/feed/ 0
Во отсуство, судот го осуди кичевскиот “бомбаш“ познат како Ел Чека https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-otsustvo-sudot-go-osudi-kichevskiot-bombash-poznat-kako-el-cheka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-otsustvo-sudot-go-osudi-kichevskiot-bombash-poznat-kako-el-cheka/#respond Thu, 23 Jan 2020 15:10:34 +0000 https://kurir.mk/?p=293708

Кичевскиот основен Суд, на Шеќерим Ахмети, познат како Ел Чека, му одреди условна казна затвор од една година, ако во наредните две години не стори ново кривично дело. Веста за Алсат М ја потврди неговиот адвокат Бесник Асани, кој вели дека во оваа постапка е прекршен Кривичниот законик. -Мислиме дека се направени многубројни суштински повреди на постапката, според Кривичниот законик. Една од тие е што во ова дело не постои оштетена страна, кој е битниот и главен елемент во кривичната постапка. Ова го знае и студент од прва година на Правен фукултет, дека ако не постои оштетена странка, неможе да постои и кривично дело, вели Асани. Во пресудата како што информираат од Алсат М, пишува дека Ел Чека од 29 до 31 мај 2019 година, на социјалната мрежа ФБ, објавил повеќе тонски снимени прислушувани телефонски разговори, со што им овозможил на корисниците на социјалната мрежа и други неповикани лица да се запознаат со содржината на ваквите разговори. Адвокатот Асани вели дека не се задоволни ниту од пресудата, ниту од текот на постапката и дека ќе ја обжали пресудата пред Апелацискиот суд во Гостивар. Во завршните зборови обвинителката Манка Јаневска побара Ел Чека да се прогласи за виновен, но при изрекување на казната Судот да го има во предвид фактот дека обвинетиот е млад и досега не осудуван. Постапката пред кичевскиот суд за Ел Чека, кој живее во САД, а кој во изминатиот период објави десетина бомби со прислушувани разговори за челници на ДУИ, односно сегашни и поранешни функционери на партијата, се одвиваше во негово отсуство. Инаку, Ел Чека тврдеше дека снимките ги добил од тројца обвинети во Диво Насеље, (Шефќет Халачи, Валдет Зекај и Сами Укшини). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-otsustvo-sudot-go-osudi-kichevskiot-bombash-poznat-kako-el-cheka/feed/ 0
Една година од формирањето на војската на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/edna-godina-od-formiranjeto-na-vojskata-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/edna-godina-od-formiranjeto-na-vojskata-na-kosovo/#respond Sat, 14 Dec 2019 09:49:57 +0000 https://kurir.mk/?p=277437

На денешен ден пред една година, Собранието на Косово со 106 гласа за и еден воздржан го усвои пакетот од три закони со кои се промени мандатот на Безбедносните сили на Косово (ФСК) и тие практично прераснаа во војска на Косово, без да им се смени името. Промената на мандатот на ФСК беше изведена со изгласување на нацрт-законите за ФСК, за Министерството за одбрана и за службување во ФСК. Седницата ја напуштија десетмината пратеници на партијата на косовските Срби, Српска Листа, која, како и официјален Белград, категорично се спротивстави на формирањето на вооружени сили на Косово, нагласувајќи дека единствена вооружена формација во Косово, според Резолуцијата 1244 на Обединетите нации, е КФОР. Лидерите на косовските институции изгласувањето на законите за војската го оценија како „историски ден и една од најзначајните одлуки од прогласувањето на независноста на Косово во 2008 година“. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, по повод оваа годишнина вчера Министерството за одбрана го посети премиерот во оставка Рамуш Харадинај, кој изрази уверување дека во наредните неколку години ФСК ќе прераснат во војска со полн капацитет и ќе застанат рамо до рамо со силите на земјите на НАТО. Харадинај по тој повод го одликува командантот на ФСК Рахман Рама со орденот „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/edna-godina-od-formiranjeto-na-vojskata-na-kosovo/feed/ 0
Една година од Супер купот во Скопје https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/edna-godina-od-super-kupot-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/edna-godina-od-super-kupot-vo-skopje/#respond Wed, 08 Aug 2018 09:35:37 +0000 https://kurir.mk/?p=85731

На денешен ден пред една година, Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА го организираа Супер купот меѓу великаните на светскиот фудбал, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. - Скопје беше домаќин на најголемиот натпревар во историјата на нашата држава. На Националната Арена „Филип Втори“ дојдоа светските ѕвезди предводени од најдобриот во светот, Кристијано Роналдо, актуелните светските шампиони Погба и Варан, најдобриот од последниот мундијал Лука Модриќ и уште многу други фудбалски супер ѕвезди како Иско, Тони Крос, Бејл, Серхио Рамос, Лукаку, Матиќ... потсетуваат од ФФМ. Официјални гости на најголемиот фудбалски настан што се одржал во македонската престолнина беа и легендарните Сер Алекс Фергусон, Сер Боби Чарлтон, Раул, Емилио Бутрагењо, Звонимир Бобан, Марко Ван Бастен, како и највисоките претставници на УЕФА и ФИФА предводени од претседателите Александар Чеферин и Џани Инфантино. Натпреварот го проследија навивачите од цела Европа, а на крајот Реал Мадрид победи со 2:1. По фудбалскиот спектакл, УЕФА се заблагодари за прекрасната организација, оценувајќи го настанот како „Најдобар во историјата на Супер куп натпреварувањето“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/edna-godina-od-super-kupot-vo-skopje/feed/ 0