една изборна единица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Dec 2022 20:05:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png една изборна единица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трајанов: СДСМ и ДУИ го кочат законот за една изборна единица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-sdsm-i-dui-go-kochat-zakonot-za-edna-izborna-edinica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-sdsm-i-dui-go-kochat-zakonot-za-edna-izborna-edinica/#respond Tue, 06 Dec 2022 20:05:36 +0000 https://kurir.mk/?p=772003

Коалицискиот партнер на владата СДСМ, претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов во вечерашното гостување во емисијата Само вистина, рече дека владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ го кочат Законот за една изборна единица. -Законот за една изборна единица го кочи претседателот на парламентот односно СДСМ и ДУИ. Не сакаат да има една изборна единица, не сакаат да има промена на власта, вели тој. Трајанов додаде дека има информации и за пописот, но претседателот на собранието не ја отвора седницата за дискусија на пописот, кој беше спорен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-sdsm-i-dui-go-kochat-zakonot-za-edna-izborna-edinica/feed/ 0
Мицкоски: Има уште 12 дена за да помалите партии кои што се дел од коалицијата да се произнесат за една изборна единица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ima-ushte-12-dena-za-da-pomalite-partii-koi-shto-se-del-od-koalicijata-da-se-proiznesat-za-edna-izborna-edinica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ima-ushte-12-dena-za-da-pomalite-partii-koi-shto-se-del-od-koalicijata-da-se-proiznesat-za-edna-izborna-edinica/#respond Mon, 18 Apr 2022 11:53:06 +0000 https://kurir.mk/?p=664746

Јас сум за еднаквост, јас сум за држава во која што сите граѓани без разлика на нивната етничка и верска припадност ќе бидат еднакви. И затоа не гледам пречка за да се одважат политичарите во Македонија и да изгласаат една изборна единица во парламентот. Гласот секаде подеднакво да тежи. Да тежи подеднакво и во Тетово, и во Гостивар, и во Струмица, и во Гевгелија, и во Битола и Прилеп, и во Куманово. Зошто тоа да не го направиме сите заедно? Зошто да создаваме политичка тензија. Јас сум за еднаквост и кога аплицираме на работните места, кога аплицираме на универзитетите, секаде сум за еднаквост. Подеднакви права сите граѓани да имаат. Зошто некој граѓани да се чувствуваат деградирани затоа што припаѓаат на некаква квота или некакви проценти. И затоа не ја гледам потребата од Бадинтер и балансер. Ајде да градиме општество во кое што ќе се темели нашиот напредок врз основа на нашето знаење, компетенции, нашите вештини, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посета на општина Илинден во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“. Мицкоски запраша зошто мора да се гради општество во кое што некој ќе се чувствува подреден ви за ви друг со тоа што припаѓа на некаква квота или некаков процент. „Ајде нека се охрабрат и да разговараме за квалитет, само така може Македонија да оди напред“, нагласи Мицкоски. Мицкоски запрашан во врска со една изборна единица истече оној рок кој што го дадоа малите партии, дали имал контакти со нив со оглед на тоа што практично од нив зависи и мнозинството на Владата во Собранието одговори дека до крајот на април има уште 12-тина дена, со што уште им се остава толку простор за да се произнесат помалите партии од коалицијата. „Одговор на Вашето прашање ќе го дадам во два дела – во првиот дел они рекоа април, значи има уште 12-тина дена до истекот на овој месец април. Така што еве да им оставиме простор уште 12 дена на помалите партии кои што се дел од коалицијата да се произнесат. Е сега оној дел кој што го очекувам, ако мислите дека ќе ги напуштат привилегиите и можноста дополнително да го пљачкаат народот од овие политичари кои што тоа го прават можеби 30-тина години навистина не сум оптимист“, рече Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ima-ushte-12-dena-za-da-pomalite-partii-koi-shto-se-del-od-koalicijata-da-se-proiznesat-za-edna-izborna-edinica/feed/ 0
Трајанов за КУРИР: Европско знаменце за законот за една изборна единица е една од можностите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-za-kurir-evropsko-znamence-za-zakonot-za-edna-izborna-edinica-e-edna-od-moznostite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-za-kurir-evropsko-znamence-za-zakonot-za-edna-izborna-edinica-e-edna-od-moznostite/#respond Thu, 24 Mar 2022 11:08:53 +0000 https://kurir.mk/?p=652530

Предлог законот за една изборна единица влезе во собраниска процедура. Предлагач на законот е пратеникот Павле Трајанов од ДС. Имено тој вчера во изјава за медиумите рече дека доколку овој закон биде блокиран не се исклучува можноста да бидат побарани и предвремени парламентарни избори. Редакцијата на КУРИР денес го контактираше пратеникот Трајанов со цел да дознаеме дали во текот на вчерашниот ден се разговарало и со премиерот Ковачевски околу овој закон. Прашање: Дали во текот на вчерашниот ден разговаравте со премиерот Димитар Ковачевски доколку овој закон биде блокиран со амандмани, истиот да биде донесе со ЕУ знаменце, односно  по скратена постапка? -Сега законот е во редовна постапка и сите наши настојувања се да се обезбеди поширок политички консензус од сите партии во парламентот и тој процес е почнат, немаме потреба да прејудицираме што би било ако некој го блокира. Отворена можност е тоа, ако го блокира било која партија, тогаш ќе ја разгледаме можноста ако успееме да го предложиме во скратена постапка и да оди со европско знаме, како што многу други закони така ги поминаа, а со тоа се избегнува блокада. Засега сме да оди во редовна постапка, наскоро ќе има пленарна седница на која ќе се разговара. Досега не слушнав никаков аргумент зошто да не се сложат Македонија да биде една изборна единица. Немаат никакви аргументи, рече во изјава за КУРИР, Павле Трајанов. Прашање: Беа направени одредени анализи дека албанските партии би добиле по еден до два пратеници помалку, а некои повеќе? -Оваа анализа која се прави врз последните изборни резултати е необјективна бидејќи можеби повеќе од 200.000 од македонските гласачи не излегоа поради пандемијата. Не можете да анализирате колку пратеници би имале ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ од сега, истакна Трајанов. Трајанов го прашавме и дали се размислувало за излез од владата, доколку овој закон на ниту еден начин не помине во собранието. Прашање: Вие, ЛДП и ДОМ имате четири пратеници заедно, а доколку излезете би паднала Владата? -Сега не разговараме за таа тема, околу паѓање на влади. Би било неодговорно сега да разговараме во услови на војна каде светот е под огромен стресот, а и на Балканот состојбите не се добри. И ВМРО-ДПМНЕ се откажа од протести заради ситуацијата. Сите партии досега на Комисија гласаа „ЗА“, освен еден пратеник од ДУИ беше против. Сега ќе оди на пленарна седница, таму треба да се донесе заклучок да има јавна дискусија. Ќе се сумираат дискусиите и ќе се оди дали преку амандмани, ќе се отвори прашањето за прагот каде имаме некоја согласност за два проценти. После тоа веќе можно е во втората фаза да се блокира. Ако дојде до тоа ќе ги разгледаме сите опции. Една од нив е и барање за предвремени избори, да видиме. Ако се исцрпат сите деловнички можности, ќе се обидеме по скратена постапка со европско знаме да го донесеме законот. И тоа не е лесно. Оваа борба е тешка, но ќе бидеме упорни и ќе видиме како ќе заврши. Првата пречка е помината, по една години почна расправата и тоа е некаков успех. Медиумите дадоа поддршка, ВМРО-ДПМНЕ го поддржува. И граѓаните се за една изборна единица. Консензусот нема да се обезбеди, секогаш некој ќе биде против. Ќе се обидеме СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да бидат вклучени во тој процес и да ги убедат ДУИ и Алијанса дека нема дискриминација во тој процес по ниту еден основ. Законот е за демократизација на државата, граѓаните да имаат можност да избираат. ДУИ нема потреба да се плаши, разликата е тоа што во шеста изборна единица пратеник се станува со 6.300 гласа. 20 пратеници ако имаат по 3.000 гласа помалку тоа се 60.000 гласа помалку, а имаат 20 пратеници. Тие од тука го црпат големиот број на пратеници и сега пратениците немаат иста тежина. Тоа е проблемот и тоа сакаме да се надмине. Помалите партии самостојно треба да настапуваат наместо да се врзуваат со поголемите. Тие партии што ќе добијат поддршка ќе опстојат, потенцираше Трајанов. Ја контактиравме и претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, кој е и пратеник во владејачката коалиција. За разлика од нејзиниот колега од Собранието Трајанов, Морачанин вели дека не се разговарало за овој закон по скратена постапка. -Немало таков разговор, ниту пак сега да бидеме реални, секоја држава во ЕУ си има свој изборен модел. Нема усогласеност на ниво на евроспка унија за некој изборен модел, така што тоа не било никогаш предмет на разговори, инаку знаете се отвори дебата по предлог законот за една изборна единица во собрание, имаше дискусија, она што го слушнавме на комисија за политички систем беше дека сите партии се согласуваат дискусијата да продолжи, рече Морачанин. Таа го спомна и предлогот на Алијанса на Албанците за осум изборни едицини. -Алијанса на пример се за осум изборни единици, тие си го кажаа на пример својот став, но никој не најави блокирање на законот туку сите рекоа дека се согласуваат да продолжо понатамошната дискусија по предлог законот и за таа цел ќе се организира во собранието треба да оди на пленарна седница бидејќи ова беше на комисија. Собранието да изгласа оддржување на јавна дискусија, тоа е една постапка која ќе овозможи широка јавна дебата во собранието во која ќе бидат вклучени и експерти и невладини организации, политички партии, сите заинтересирани страни, така што тоа е следниот чекор да кажам во постапката за носење на законот, истакна Морачанин. На прашањето доколку ДУИ кој се противи на овој закон, како сега, така и во минатот и истиот биде блокиран со 3.000 амандмани, Морачанин вели дека таа мисли дека тоа нема да се случи. Прашање: Во Македонија се носеа закони со европско знаменце како што е законот за дрога, за легализација на марихуаната, а не е за европско знаменце, зошто не би се донел законот за една изборна едицица по истата таа постапка? -Затоа што мислам дека не е процедурата таа. Треба да се почитуваат сите постапки. Нема директива од ЕУ за тоа дали ќе биде пропорционален, мнозински. Немаше никаква најава од ниту една политичка партија за блокирање на законот со амандмани, а јас очекувам во текот на јавната дискусија, може да има промена на ставовите. Пред три години на овој предлог и ВМРО заедно со ДУИ поднесоа 3000 амандмани и го блокираа законот, не се отвори дебата, сега во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ го сменија ставот, прифатија, така што за нив е прифатливо една изборна единица, очекувам и другите политички партии да ги земат во предвид сите аргументи во дебатата, одговори Морачанин. Морачанин беше прашана и дали доколку овој закон не помине во собранието размислувале за излез од владината коалиција? -Ајде да му дадеме шанса на законот. Ова е прв пат, колку години се зборува во јавноста, еве ние сме поднесувале предлог закони. Прашање: Претпоставувам како партија сте разговарале на оваа тема? -Се разбира дека сите дискусии за оваа тема се отвораат, но сакам навистина да не се влегува во овој закон со шпекулации и политички нагаѓањаа, додаде Морачанин. Ја контактиравме и пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова која ни кажа дека е на пат за Босна, а претседателот на ЛДП, Горан Милевски не одговори на нашите телефонски повици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-za-kurir-evropsko-znamence-za-zakonot-za-edna-izborna-edinica-e-edna-od-moznostite/feed/ 0
Трајанов: Несогласноста за една изборна единица води кон избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-nesoglasnosta-za-edna-izborna-edinica-vodi-kon-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-nesoglasnosta-za-edna-izborna-edinica-vodi-kon-izbori/#respond Wed, 23 Mar 2022 14:34:11 +0000 https://kurir.mk/?p=652084

Несогласноста за една изборна единица води кон избори, односно ако предложеното законско решение биде блокирано, наш предлог ќе биде - вонредни избори, изјави претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов. Тој укажува дека предлогот за вонредни избори ќе биде додставен доколку ситуацијата тоа го дозволува, односно, како што вели Трајанов, доколку биде завршена војната во Украина, а во земјава имаме стабилна безбедносно-политичка состојба. Според него, притисокот од помалите партии вродил со плод и е започната расправата за предлогот за измените на Изборниот законик, но тој го поставува клулното прашање - Како ќе заврши? Трајанов потсетува дека по една година откако законскиот предлог е поднесен до Собранието, вчера Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во прва фаза го поддржа предлогот за избор на пратеници според пропорционален модел, без изборен праг, со Донтов модел на распределба на мандатите, при што државата би била една изборна единица. Лидерот на ДС оценува дека конкретниот предлог за една изборна единица наиде на внимание „кај двете страни на политичкиот спектар“, откако пратениците од ДС, ДОМ, ЛДП, ВМРО-НП и ДПТ, како членки на владејачката коалиција во јануари поддршката на новата Влада на Димитар Ковачевски ја условија со барањето „во рок од три месеци да се донесат измените на Изборниот законик". -Тоа ја стави Владата под притисок одвнатре, во време кога опозицијата континуирано бара предвремени избори. Како ќе заврши ова барање ќе зависи од фактот дали ќе биде обезбеден консензус меѓу сите партии, но се чини дека и ако не биде обезбеден, малите партии кои се дел од владејачката коалиција сега нема лесно да се решат да ја откажат поддршката на Владата, заради актуелниот момент, вели Трајанов потсетувајќи дека на тоа укажал деновове. -Но, ако повторно прават трикови, крајниот чекор ќе биде да ја откажеме поддршката на Владата и да одиме на предвремени избори. Сепак тоа нема да го сториме сѐ додека трае кризата во Украина, вели Трајанов, а Демократски сојуз потсетува дека тоа лидерот на партијата го најави уште минатата недела во изјава за „Слободен печат". Доколку кризата во Украина заврши, а предлогот за една изборна единица не биде усвоен, на прашањето дали Демократски сојуз ќе ја напушти Владата, Трајанов вели: -Ние предлагачите ќе се вклучиме во расправата и со аргументи ќе се обидеме да изградиме поширок консензус. Но доколку некои од партиите го блокираат со амандмани, тогаш ние предлагачите и партиите што се за промени, ќе изградиме заеднички став, но предлогот ќе биде - вонредни парламентарни избори. Се разбира, само ако има услови за тоа, пред сѐ војната во Украина да заврши и да имаме стабилна безбедносно-политичка состојба, како и гаранции за демократски и фер избори. Во таков случај ќе предложиме да се распушти парламентот и да се организираат предвремени парламентарни избори. Но сме против формирање на некакво ново парламентарно мнозинство, вели Трајанов, а тој став, како што велат од неговата партија, го изнел и за Дојче веле на македонски јазик. Според лидерот на ДС, во меѓувреме малите партии низ јавна расправа ќе ги тестираат големите партии, односно дали тие ќе ја поддржат идејата за една изборна единица со која треба да се елиминира нивниот монопол преку кој, нагласува Трајанов, во корпа за отпадоци завршуваат гласовите за помалите партии, а во Собранието секој пратеник ја нема истата тежина базирана на гласови. -Имавме случаи кога некои партии освојуваа по 30 илјади гласови, но не добија ниту едно пратеничко место, бидејќи гласовите им беа расцепкани во повеќе изборни единици, а не беа сконцентрирани во една. Кога базата би била една изборна единица, малите партии сметаат дека би имале многу поголеми шанси, нагласува Трајанов. Тој илустрира дека на пример, во шестата изборна единица, освен на последните избори, досега беа потребни околу 6.300 до 6.700 гласови за еден пратеник, а во третата изборна единица од 9.500 до 10.000 гласови. Дваесет пратеници во шестата изборна единица се избираат со 60.000 или 70.000 гласови помалку, во споредба со пратеници во третата, четвртата или некоја друга изборна единица. Трајанов смета дека „ако мнозинството или повеќе од две третини се изјаснат 'за' нема да има никаква пречка тој законски проект да помине, затоа што над 90 пратеници дале поддршка за една изборна единица". Притоа, Трајанов нагласува дека за ДУИ оваа математика не игра никава улога и дека инсистираат на коонсензус, политички, но и етнички]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trajanov-nesoglasnosta-za-edna-izborna-edinica-vodi-kon-izbori/feed/ 0
Силјановска Давкова: Една изборна единица не е проблем да се прифати од ВМРО-ДПМНЕ, ова е заради еднаквоста на гласот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-edna-izborna-edinica-ne-e-problem-da-se-prifati-od-vmro-dpmne-ova-e-zaradi-ednakvosta-na-glasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-edna-izborna-edinica-ne-e-problem-da-se-prifati-od-vmro-dpmne-ova-e-zaradi-ednakvosta-na-glasot/#respond Wed, 23 Mar 2022 09:21:53 +0000 https://kurir.mk/?p=651866

Во моментов во европското семејство Словачка и Холандија имаат една изборна единица. Во нашиот регион Црна Гора и Србија“, истакна Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во „Утрински Брифинг“. Силјановска Давкова додаде дека ова не е проблем да се прифати од ВМРО-ДПМНЕ, ова е заради еднаквоста на гласот. Но, потребен е консензус кој за жал тешко се гради. - Се посочија примери на Косово, каде што не се бара никаков ниту изборен цензус, ниту број на гласови, туку има загарантирани места по едно за помалите заедници. Но, забелешката е тука следнава, едно е кога имате една изборна единица, тогаш полесно ќе дојде до израз репрезентативноста за сите, а друго е кога немате една изборна единица. Значи обично вакви загарантирани места без оглед на добиените гласови за да се одрази општествената состојба има таму каде што нема изборна единица, една изборна единица. Оти ако е една изборна единица тогаш гласот во Струмица и гласот во Скопје за некоја од партија ќе влезат во купот на гласовите, појасни Силјановска Давкова. Силјановска Давкова посочи дека не само ДУИ туку и Алијанса на Албанците се изјасни дека не прифаќа една изборна единица. Тие инсистираат на поголем број на изборни единици. - Тие инсистираат и на нешто друго, наместо шест изборни единици, бараат осум и во проектирањето на изборните единица да се тргне од број на гласови. На пример, има држави дека еден мандат се добива со 10.000 освоени гласови или еден мандат се добива со 12.000 и тоа е дел од Законот. Но, најважното вчера што беше кажано по мене е дека целиот Изборен законик треба да се преиспита. Факт е дека во оваа држава шансите на помалите партии за медиумско преставување, за финансирање, не се исто со оние на големите партии, рече Силјановска Давкова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-edna-izborna-edinica-ne-e-problem-da-se-prifati-od-vmro-dpmne-ova-e-zaradi-ednakvosta-na-glasot/feed/ 0
Мицкоски: Една изборна единица и помал број на пратеници, СДСМ да не игра дволично со малите партии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-edna-izborna-edinica-i-pomal-broj-na-pratenici-sdsm-da-ne-igra-dvolichno-so-malite-partii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-edna-izborna-edinica-i-pomal-broj-na-pratenici-sdsm-da-ne-igra-dvolichno-so-malite-partii/#respond Thu, 03 Feb 2022 19:07:39 +0000 https://kurir.mk/?p=626680

Малите партии излегоа со тезата дека оваа влада има рок од три месеци да направи измени во изборниот законик и да аплицира една изборна единица, тоа тие го рекоа а не јас. И сега штом тие тоа го кажаа, ние велиме еве ви понуда на маса, ајде да видиме проиизнесете се за оваа понуда. Е сега од една страна ќе ги видите владините партнери како лицитираат со икс изборни единици, некои лицитираат со отворени со затворени листи и така натаму. Суштината кој е лицемерен е дека не може да биде ВМРО затоа што ние велиме еве го предлогот на маса. Тие сега одат по принципот еве СДСМ не е против една изборна единица туку ДУИ е против. Но тогаш зошто тогаш кога се почнува една коалициона влада, кога се прави програма за работа на таа влада и кога се договараат приоритетите пошто знаеме дека приоритетот на овие мали партии е една изборна единица, зошто ако навистина СДСМ е за една изборна единица не ги стави тие изборни измени како дел од програмата на таа влада. Така да, ние не може да сме лицемерни кога јавно тоа го правиме, го ставаме предлогот на маса, ајде да видиме да дебатираме, но може обратно да е, зошто СДСМ ако не е лицемерна во коалицискиот договор со ДУИ тоа не го стави како услов, рече Мицкоски. Мицкоски зборуваше и за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на бројот на пратеници во Собранието како и за тоа дека ако се отвори уставот дургите партии би барале и нешто друго да се промени во истиот. -Ние имаме актуелно прашање промена на изборниот законик, ние немаме прашање дали бугарите ќе влезеле во уставот или нема да влезат. Ова не е предмет на пазарење, еве оваа е понуда да ги скратиме трошоците за пратениците и привилегиите, народот тоа го очекува од нас, зрело однесување и во услови на пандемија да се однесуваме одговорно и зрело, рече Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-edna-izborna-edinica-i-pomal-broj-na-pratenici-sdsm-da-ne-igra-dvolichno-so-malite-partii/feed/ 0
Силјановска Давкова: Време е да се намали бројот на пратеници и да се воведе една изборна единица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-vreme-e-da-se-namali-brojot-na-pratenici-i-da-se-vovede-edna-izborna-edinica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-vreme-e-da-se-namali-brojot-na-pratenici-i-da-se-vovede-edna-izborna-edinica/#respond Sun, 30 Jan 2022 18:49:11 +0000 https://kurir.mk/?p=624792

Ако има Словенија функционален систем, можеме да имаме и ние. Инаку, да во партијата сме разговарале, ми го соопшти ова претседатело. Ние во науката велиме дека обично бројот на пратениците треба да биде кубен корен од бројот на гласачите. Ние имаме голем Парламент. Секоја реформа треба да почнува од себе. Значи штедењето треба да почне од нас. Така што мислам дека сосема во ред е да се намали бројот на пратениците, истакна Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија во централниот дневник на Сител телевизија. Силјановска Давкова додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи и една изборна единица. - Обично една изборна единица проверив бидејќи неколку пати сум рекла дека има две и ги споменувам Србија и Холандија, ама по проверката видов дека има една изборна единица и плус отворени листи има и Словачка. А, една изборна единица има и Црна Гора. Значи четири држави и тоа мали држави. Кај едната изборна единица идејата е да дојде до изграз националниот интерес. Ние имаме проблем со нацинаоналниот интерес кога го градиме и во поглед на регионалните разлики ама и во поглед на етничките разлики. Но, кај пропоционалниот систем со една изборна единица ќе биде најголема проополционалноста, рече Силјановска Давкова. Силјановска Давкова посочи дека во една изборна единица шансите на помалите партии се поголеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-vreme-e-da-se-namali-brojot-na-pratenici-i-da-se-vovede-edna-izborna-edinica/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Пиунот Ковачевски да се охрабри, ајде на брзи избори без техничка влада, а за помалите партии една изборна единица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-piunot-kovachevski-da-se-ohrabri-ajde-na-brzi-izbori-bez-tehnichka-vlada-a-za-pomalite-partii-edna-izborna-edinica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-piunot-kovachevski-da-se-ohrabri-ajde-na-brzi-izbori-bez-tehnichka-vlada-a-za-pomalite-partii-edna-izborna-edinica/#respond Mon, 24 Jan 2022 07:44:27 +0000 https://kurir.mk/?p=622362

Пиунот Ковачевски да се охрабри, ајде на брзи избори без техничка влада, а за помалите партии една изборна единица, стои во денешното партиско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку Ковачевски има страв со техничка влада, нека не се плаши, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за нејзино укинување, еве му го Оливер Спасовски во МВР ќе му го држи стравот, само нека се охрабри. Ако пиунот Ковачевски верува во тоа што го зборува, тогаш тој нема да чека и ќе излезе на избори веднаш. Помалите партии кои имаа проблем со изборниот модел, ВМРО-ДПМНЕ директно ветува дека ќе поддржи една изборна единица, само нека излезат од владата и да се распишат избори веднаш. Ако ЛДП, ДОМ и ДС се искрени со своите гласачи, тие ќе го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја напуштат владата. Една изборна единица е заложба за која зборуваат со години, сега ќе ја имаат, доколку не излезат ќе покажат дека се било само за политички поени, а всушност се декор на мафијата СДСМ-ДУИ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-piunot-kovachevski-da-se-ohrabri-ajde-na-brzi-izbori-bez-tehnichka-vlada-a-za-pomalite-partii-edna-izborna-edinica/feed/ 0
Митева: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено на предвремени парламентарни избори без техничка влада и со една изборна единица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-vmro-dpmne-e-podgotveno-na-predvremeni-parlamentarni-izbori-bez-tehnichka-vlada-i-so-edna-izborna-edinica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-vmro-dpmne-e-podgotveno-na-predvremeni-parlamentarni-izbori-bez-tehnichka-vlada-i-so-edna-izborna-edinica/#respond Thu, 20 Jan 2022 10:58:15 +0000 https://kurir.mk/?p=621254

Единствената заложба на ВМРО-ДПМНЕ е да се решаваат вистинските проблеми на граѓаните и државата да излезе од четирите кризи кои што во моментов се наоѓаме, а причина за тоа се СДСМ и ДУИ, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева одговарајќи на новинарско прашање при денешната прес конференција. Таа вели дека доколку техничката влада им е проблем на СДСМ и ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ подготвено на предвремени избори и без техничка влада, но и со една изборна единица доколку тоа им одговара на помалите политички партии. - ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за промени во Изборниот законик и да ги слушне барањата на помалите политички партии за една изборна едница и доколку тоа е проблем на СДСМ и ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати предвремени парламентарни избори без техничка влада и со една изборна единица, нагласи Митева]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-vmro-dpmne-e-podgotveno-na-predvremeni-parlamentarni-izbori-bez-tehnichka-vlada-i-so-edna-izborna-edinica/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Ајде на брзи избори без техничка влада, за малите партии понуда за една изборна единица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ajde-na-brzi-izbori-bez-tehnichka-vlada-za-malite-partii-ponuda-za-edna-izborna-edinica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ajde-na-brzi-izbori-bez-tehnichka-vlada-za-malite-partii-ponuda-za-edna-izborna-edinica/#respond Tue, 18 Jan 2022 07:49:39 +0000 https://kurir.mk/?p=620643

Ајде на брзи избори без техничка влада, за малите партии понуда за една изборна единица, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. ЛДП, ДОМ и ДС да не се кријат зад криминалните интереси, туку еве понуда за една изборна единица. Еве понуда да ја напуштат владата и да прифатат избори. Единствено важно за државата е излез од 4 кризи во кои ја втурна оваа гарнитура на СДСМ и ДУИ, и тие не се решение за тие кризи. До решавање и справување со кризите ќе дојде само со нова влада по спроведени парламентарни избори. Доколку пречка за СДСМ или ДУИ е техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара да дојде до промени во изборниот законик, но и за помалите партии кои како несогласување со СДСМ и ДУИ го посочија проблемот за една изборна единица. ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара по овие прашања, ако тоа гарантира предвремени избори, кои ќе бидат решение за проблемите и кризите, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ajde-na-brzi-izbori-bez-tehnichka-vlada-za-malite-partii-ponuda-za-edna-izborna-edinica/feed/ 0