едрење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Apr 2023 09:17:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png едрење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бесплатен курс за едрење за млади скипери https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/besplaten-kurs-za-edrene-za-mladi-skiperi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/besplaten-kurs-za-edrene-za-mladi-skiperi/#respond Tue, 04 Apr 2023 09:17:13 +0000 https://kurir.mk/?p=819957

Едриличарската федерација на Македонија, во соработка со едриличарските клубови од Охрид, Струга и Скопје, со поддршка од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка, организира бесплатен курс за едрење за млади скипери. Целта, како што соопшти Федерацијата, е зголемување на бројот на лиценцирани скипери, кои ќе можат да реализираат комерцијални тури со едрилици и да остваруваат дополнителни приходи во летниот период преку оваа дејност. Курсевите ќе се организираат во Охрид и Струга под менторство на инструктори лиценцирани од страна на Меѓународната Асоцијација на Школи за Едрење (ISSA – International Sailing Schools Association). - Kурсот е согласно програмата на Меѓународната Асоцијација на Школи за едрење, прилагоден за почетници без искуство, но и за помалку искусни едриличари кои сакаат да ги усовршат своите вештини, а се содржи од теоретски и практичен дел, стои во информацијата. Во теоретскиот дел, како што е наведено, ќе се учат основни делови на едрилицата и нејзината опрема, основи на метеорологијата и едриличарски принципи, како и правила за безбедно пловење. Низ практичниот дел, пак, додаваат, ќе се изучуваат основното управување со едрилицата, едрење во различни курсеви во однос на ветерот, едрење на слаб и умерен ветер, основни едриличарски јазли, испловување и пристанување, а сериозен акцент ќе се даде на стандардните безбедносни процедури, односно безбедноста во пловењето. Курсот ќе се организира од 20 април до 20 мај, во период од седум дена, а според најавата, распоредот ќе биде флексибилен и во согласност со потребите на сите учесници. - После завршување на курсот, секој учесник има обврска, на свој трошок да положи испит и да се стекне со сертификат – Управувач на чамец, кој го издава Капетанија на пристаништата. Сите заинтересирани лица над 16 години, кои гледаат можност за остварување дополнителни приходи во текот на летната туристичка сезона може да се пријават на линкот: https://forms.gle/yVuVE7QZz14rt9wG8, соопшти Едриличарската федерација на Македонија. Едриличарската Федерација, посочуваат, во зависност од бројот на пријавени кандидати ќе изврши селекција, со цел ефективна и ефикасна реализација на курсот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/besplaten-kurs-za-edrene-za-mladi-skiperi/feed/ 0
Авионот може да лета и доколку му откажат сите мотори – еве како и колку долго https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/avionot-moze-da-leta-i-dokolku-mu-otkazat-site-motori-eve-kako-i-kolku-dolgo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/avionot-moze-da-leta-i-dokolku-mu-otkazat-site-motori-eve-kako-i-kolku-dolgo/#respond Sun, 18 Feb 2018 11:14:52 +0000 http://kurir.mk/?p=22639

На авионот кој во 2001 година превезувал 293 патници и 13 членови на екипажот, му откажале сите мотори среде летот над Атланскиот Океан. Она што во тој момент пилотите не го знаеле е дека цело време на летот од Торонто до Лисабон им истекувало горивото. Кога откажал првиот мотор била донесена одлука авионот принудно да слета на најблискиот остров. Кусо потоа откажал и вториот мотор, па екипажот кој зад себе имал над 20.000 часа летачко искуство, продолжил на едри во воздухот околу 120 километри. Авионот успешно бил приземјен, а инцидентот влегол во историјата како најдолг авионски лет без помош на мотори, пишува британски Телеграф. Приказната за летот на компанијата Ер Трансат е потсетник дека дури и доколку сите мотори откажат и натаму постои голема шанса патниците безбедно да слетаат на земја. Пилотот Патрик Смит во својата книга објаснува дека без помош на мотори, висината на летот на авионот на секои 16 километри далечина паѓа за околу 1,6 километри. Тоа значи дека патнички авион, кој во просек лета на 10 километри надморска висина, може да едри уште околу 100 километри пред да допре до тлото. Сепак брзината и аголот не се секогаш исти. Смит наведува и дека едрењето се случува многу почесто отколку што патниците може да замислат. - Процесот отприлика потсетува на спуштање на автомобил по удилнина без да се притисне педалата за гас, објаснува пилотот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/avionot-moze-da-leta-i-dokolku-mu-otkazat-site-motori-eve-kako-i-kolku-dolgo/feed/ 0