едрилица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 31 Jul 2023 17:48:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png едрилица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Спасени три лица чија едрилица се превртела во Охридско Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-spaseni-tri-litsa-chija-edrilitsa-se-prevrtela-vo-ohridsko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-spaseni-tri-litsa-chija-edrilitsa-se-prevrtela-vo-ohridsko-ezero/#respond Mon, 31 Jul 2023 17:48:22 +0000 https://kurir.mk/?p=862121

Постапувајќи по пријава дoбиена денес околу 17.45 часот во СВР Охрид дека во водите на Охридското Езеро, кај Дебрцка плажа, има превртен пловен објект, полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор "Охридско Езеро" веднаш излегоа на терен. По преземени мерки и активности околу 18.00 часот пловниот објект е пронајден на два километри од брегот и утврдено е дека станува збор за превртена едрилица - катамаран на која имало три лица. -Лицата на возраст од 53, 50 и 49 години, сите од Скопје, се пронајдени во непосредна близина, во добра здравствена состојба, без повреди, а според нивниот исказ причина за незгодата бил силен ветер, информира МВР. Од страна на Езерската полиција, катамаранот е вратен во пловна состојба, а лицата се транспортирани на копно, до сместувачкиот објект.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-spaseni-tri-litsa-chija-edrilitsa-se-prevrtela-vo-ohridsko-ezero/feed/ 0
Французин за три години го обиколи светот со едрилица што самиот ја изградил: „Долго сонував за тоа“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/francuzin-za-tri-godini-go-obikoli-svetot-so-edrilica-shto-samiot-ja-izgradil-dolgo-sonuvav-za-toa-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/francuzin-za-tri-godini-go-obikoli-svetot-so-edrilica-shto-samiot-ja-izgradil-dolgo-sonuvav-za-toa-video/#respond Wed, 03 Aug 2022 07:39:29 +0000 https://kurir.mk/?p=713265

Французинот Јан Квене зачекори на брегот на полуостровот Бретања на западот од Франција и со тоа го заврши тригодишното патување околу светот со едрилица „Балушон“, долга само четири метри, што тој сам ја изгради за 4.000 евра. Бротчето со симболично име „Кутивче“, вчеравечер вплови во пристаништето „Треберден“ на северот на Бретања, во густа магла, приквечерината… Одговарајќи на прашање за неговата авантура во малото пловило кое човекот го чинело и 400 часа работа, а е без мотор, ни комуникација со копното, Бретонот накусо рече оти го остварил својот сон. – Долго сонував за ова, а сега го остварив мојот сон. Малку сум тажен поради крајот на патувањето по светот, но среќен сум што се враќам кај семејството, изјави тој. Морнарот во своите рани 50-ти, отплови пролетта 2019 година и мина преку Атлантикот, Тихиот Океан, кај Маркиските Острови, Тахити и Нова Каледонија… Требаше да застане и во Нов Зеланд и Австралија, но поради пандемијата, ја смени патеката и се упати преку Индискиот Океан, кон францускиот остров Реунион, во близина на Мадагаскар, каде што пристигна по 77 дена пловење. Залихите со храна, особено водата – беа голем предизвик на долгиот пат. Со секое заминување, кабината беше преполна со канистри, па Квене, вели, имал едвај доволно простор за да се исправи“, ограничувајќи ја потрошувачката на вода на два литри дневно, рече тој. Последната станица е неговото „матично“ пристаниште „Сен Бреук“, каде што официјално, в сабота претпладне, завршува неговиот пат околу светот, на само неколку милји од „Треберден“. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/francuzin-za-tri-godini-go-obikoli-svetot-so-edrilica-shto-samiot-ja-izgradil-dolgo-sonuvav-za-toa-video/feed/ 0
Потона едрилица на Хаити: 14 загинати, многумина исчезнати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potona-edrilica-na-haiti-14-zaginati-mnogumina-ischeznati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potona-edrilica-na-haiti-14-zaginati-mnogumina-ischeznati/#respond Thu, 20 Aug 2020 08:45:06 +0000 https://kurir.mk/?p=392967

Најмалку 14 лица се удавија, а многумина се сметаат за исчезнати во морето откако едрилица потона во канал помеѓу копнениот дел на Хаити и островот Тортуга, изјави официјален претставник на Хаити. Координаторот на канцеларијата за цивилна заштита во Северозападниот оддел на Хаити, Хозе Ретон, изјави дека бродот потонал околу 1 часот по полноќ кога луѓето се враќале од пазарен ден на островот Тортуга, од каде има еден час патувањето до копното на Хаити. – Деветмина преживеани се извлечени од водата, но не се знае колку луѓе исчезнаа во морето, додаде тој. Ретон вели дека не е познато колку патници платиле околу еден долар за да се качат на бродот, но тој истакна дека ваквите пловни објекти често прифаќаат десетици луѓе. Тој рече дека крајбрежната стража на Хаити не можела да одговори на повиците за помош и дека неговата канцеларија побарала помош од крајбрежната стража на САД. Ретон, исто така изјави дека било мирно време и дека брановите биле мали во времето кога пловела едрилица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potona-edrilica-na-haiti-14-zaginati-mnogumina-ischeznati/feed/ 0
ФОТО: Прво преполовување на Пацификот со едрилица во историјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-prvo-prepolovuvanje-na-pacifikot-so-edrilica-vo-istorijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-prvo-prepolovuvanje-na-pacifikot-so-edrilica-vo-istorijata/#respond Sat, 20 Apr 2019 16:38:49 +0000 https://kurir.mk/?p=189183

Педесет и двегодишниот Јапонец, Мицихуро Ивамото стана првиот човек во историјата кој со едрилица успеа да го преплови Тихиот Океан – од САД до Јапонија. Ивамото со својата едрилица, долга 12 метри, исплови од Сан Диего во американската сојузна држава Калифорнија и по два месеци пристигна во јапонскиот град Фукушима, минувајќи 14.000 километри. На ова патување достојно за Гинисовата книга на рекорди, Ивамото бил придружуван од неговиот пријател, Американецот Даг Смит. Ова не е прв обид на Ивамото да го премине Пацификот. Тој во 2013 година исплови од САД кон Јапонија, но во близина на јапонскиот брег кит удри во неговата едрилица, нанесувајќи и сериозни оштетувања, поради што не успеа да ја доврши својата мисија. Инаку, интересно е тоа што Ивамото на 16-годишна возраст го губи видот. Откако ја надминал депресијата поради слепилото, Ивамото почнал да се занимава со морепловство и трчање. Тој се надева дека со ова свое постигнување ќе успее да собере средства за помош на слепите лица и ќе покаже дека „се е можно кога луѓето ќе се здружат“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-prvo-prepolovuvanje-na-pacifikot-so-edrilica-vo-istorijata/feed/ 0
Ако имате страв од летање ова не е за вас: За време на летот сфатил дека не е врзан, а тоа што следуваше ќе ви го заледи срцето (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ako-imate-strav-od-letanje-ova-ne-e-za-vas-za-vreme-na-letot-sfatil-deka-ne-e-vrzan-a-toa-shto-sleduvashe-kje-vi-go-zaledi-srceto-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ako-imate-strav-od-letanje-ova-ne-e-za-vas-za-vreme-na-letot-sfatil-deka-ne-e-vrzan-a-toa-shto-sleduvashe-kje-vi-go-zaledi-srceto-video/#respond Mon, 03 Dec 2018 07:43:16 +0000 https://kurir.mk/?p=135004

Ако се плашите од висина ова е едно од тие видеа кое ќе ве натера никогаш повеќе да помислите на летање. Еден корисник на Јутјуб објави видео од неговиот одмор во Швајцарија каде се одлучил да испроба лет со едрилица. Имено се преминало во погрешен правец откако ново печениот летач сфатил дека не врзан со сигурносниот појас околу себе, а потоа следуваше вистински пекол, погледнете. Ако мислите дека по овој лет тој се откажал, се лажете. Тој изјавил дека повторно ќе лета бидејќи за време на првиот лет не уживал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ako-imate-strav-od-letanje-ova-ne-e-za-vas-za-vreme-na-letot-sfatil-deka-ne-e-vrzan-a-toa-shto-sleduvashe-kje-vi-go-zaledi-srceto-video/feed/ 0
Потона едрилица во Хрватска, се бара сопственикот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potona-edrilica-vo-hrvatska-se-bara-sopstvenikot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potona-edrilica-vo-hrvatska-se-bara-sopstvenikot/#respond Thu, 31 May 2018 08:43:17 +0000 https://kurir.mk/?p=60426

Кај островот Жирје потона црвена едрилица, а засега не се познати деталите како дошло до тоа и кој е нејзин сопственик. Едрилицата први ја забележале рибарите пред два дена, кои го пријавиле случајот во шибенско-книнската полициска управа. – Не се знае кој е сопственик на едрилицата, никој не пријавил кражба, нуту сопственост. Поморската полиција ги утврдува околностите на потпопувањето – соопшти портпаролот на полициската управа, Марица Косор. Таа додаде дека едрилицата била забележана на длабочина од 150 метри и засега не се знае под чие знаме била управувана. Како што се наведува, не е воочено загадување на морето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/potona-edrilica-vo-hrvatska-se-bara-sopstvenikot/feed/ 0