ЕДС – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Jan 2020 13:31:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЕДС – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Република“ отвора дилеми: ЕДС на Анѓушев продадена на грчка банкротирана фирма, а сега со неа управува неговиот кум? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/republika-eds-na-angjushev-prodadena-na-bankrotirana-firma-a-sega-so-ne-upravuva-negoviot-kum/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/republika-eds-na-angjushev-prodadena-na-bankrotirana-firma-a-sega-so-ne-upravuva-negoviot-kum/#respond Wed, 15 Jan 2020 13:24:42 +0000 https://kurir.mk/?p=290039

Според информациите кои излегоа во јавностa точно е дека кон крајот на април 2018 година Кочо Анѓушев ја продаде ЕДС на Грчкото електростопанство ППЦ, но сето тоа беше направено контрoверзно и под сомнителни околности со оглед на тоа дека Грчкото електростопанство во време на купродажбата било во банкрот, пишува Република. Друга сомнителна околност е што Митко Кржовски е назначен за управител на Друштво за трговија и услуги Енерџи Деливери Солушнс -ЕДС ДОО Скопје, кој наводно му е кум на Анѓушев. Кржовски е назначен да управува со ЕДС на местото на Анѓушев, откако тој најави дека ќе се повлече од сите управувачки функции во компаниите кои ги поседува откако беше назначен за вицепремиер на тогашната влада. И додека кај нас, Анѓушев формално се тргна од челото на ЕДС, грчката телевизија Скај објави дека се отворила истрага за купување на ЕДС на Кочо Анѓушев од страна на грчката државна компанија за електродистрибуција. Купувањето се случило неколку месеци пред Преспанскиот договор, при што владата никогаш не ја донела почетната цена што Анѓушев ја побарал. Според истражувањето откриено е дека парите на (ДЕИ) легнале на лична сметка на Анѓушев, додека аквизицијата била направена по предлогот на подружницата на (ДЕИ) во Албанија, каде што бил поставен поранешниот гувернер на шеќерната индустрија и извршен директор на СИРИЗА, Џорџ Ланзас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/republika-eds-na-angjushev-prodadena-na-bankrotirana-firma-a-sega-so-ne-upravuva-negoviot-kum/feed/ 0
Анѓушев и ФЕРО ИНВЕСТ ДОО демантираат дека добиле 1,6 милиони евра од Шеќеринска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angjushev-i-fero-invest-doo-demantiraat-deka-dobile-1-6-milioni-evra-od-shekjerinska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angjushev-i-fero-invest-doo-demantiraat-deka-dobile-1-6-milioni-evra-od-shekjerinska/#respond Wed, 15 Jan 2020 12:05:23 +0000 https://kurir.mk/?p=289994

Во продолжение ви го пренесуваме целосниот демант (од збор до збор) на Кочо Анѓушев за објавена вест, целосно преземена од друг медиум. Во демантот стои: ДЕМАНТ од Друштвото ФЕРО ИНВЕСТ ДОО Скопје и неговиот сопственик Проф.Д‐р. Кочо Анѓушев во врска со објавената вест ”1.600.000 евра: Шеќеринска и Анѓушев си поделиле милонска “”бонбона” за Нова Година” Друштвото ФЕРО ИНВЕСТ ДОО Скопје и неговиот сопственик Проф.Д‐р. Кочо Анѓушев категорично ги отфрла ваквите наводи како невистинити и тендициозни, со цел нарушување на угледот и честа на компанијата и нејзините сопственици. Во текст објавен на 15.01.2020 со наслов ”1.600.000 евра: Шеќеринска и Анѓушев си поделиле милонска “”бонбона” за Нова Година”, во Вашиот медиум објавена е неточна и тендициозна информација поврзана со договор за јавна набавка со Министерство за одбрана и компанијата ЕДС и поврзаноста на Проф.Д‐р. Кочо Анѓушев како сопственик на ЕДС. Уште од 2018 година компанијата ФЕРО ИНВЕСТ ДОО Скопје и неговиот сопственик Проф.Д‐р. Кочо Анѓушев ги имаат продадено своите удели во компанијата ЕДС и предадено целосна контрола врз фирмата на новите сопственици во јавана и транспарентна постпапка за која беа запознаени медиумите и пошироката јавност. Повеќе од 1 година и 6 месеци Проф.Д‐р. Кочо Анѓушев нема никаков удел ниту во работењето ниту во одлучувањето во компанијата ЕДС. Бараме од вас како медиум целосно објавување на демантот во спротивно ќе бидеме приморани да ги преземеме сите законски мерки со цел заштита на угледот на компанијата и нејзините сопственици. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angjushev-i-fero-invest-doo-demantiraat-deka-dobile-1-6-milioni-evra-od-shekjerinska/feed/ 0
Лидер: ЕДС нов универзален снабдувач на 700 илјади домаќинства со струја? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lider-eds-nov-univerzalen-snabduvach-na-700-iljadi-domakjinstva-so-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lider-eds-nov-univerzalen-snabduvach-na-700-iljadi-domakjinstva-so-struja/#respond Tue, 11 Dec 2018 15:08:05 +0000 https://kurir.mk/?p=138728

Јавниот повик за избор на универзален снабдувач со електрична енергија на домаќинствата заврши на 3 декември, а името на избраната компанија се очекува да биде познато во наредните неколку денови. Во трка се над двесетина фирми, меѓу кои и фирмата ЕДС која до неодамна беше во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев, а сега сопственост на грчкото државно електростопанство, пишува Лидер. Економски Лидер дознава дека функционери на власта се обидуваат да го наместат токму ЕДС за универзален снабдувач, кој ќе снабдува над 700.000 домаќинства со струја, а со тоа овој милионски бизнис оди во рацете на Грците. Снабдувачот ќе биде своевидно привилегиран во однос на другите фирми на пазарот бидејќи ЕЛЕМ ќе има обврска дел од своето производство да му го дава на снабдувачот во период од 5 години. Целата вест на ЛИДЕР]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/lider-eds-nov-univerzalen-snabduvach-na-700-iljadi-domakjinstva-so-struja/feed/ 0
ЕДС демантира: Неточни се објавените информации дека грчкото обвинителство отворило истрага за компанијата ЕДС ниту пак за претходниот сопственик Кочо Анѓушев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eds-demantira-netochni-se-objavenite-informacii-deka-grchkoto-obvinitelstvo-otvorilo-istraga-za-kompanijata-eds-nitu-pak-za-prethodniot-sopstvenik-kocho-angjushev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eds-demantira-netochni-se-objavenite-informacii-deka-grchkoto-obvinitelstvo-otvorilo-istraga-za-kompanijata-eds-nitu-pak-za-prethodniot-sopstvenik-kocho-angjushev/#respond Fri, 23 Nov 2018 17:27:14 +0000 https://kurir.mk/?p=131324

Компанијата ЕДС, која е во целосна сопственост на грчката државна компанија за електродистрибуција, остро ги демантира наводите изнесени во текстовите објавени на веб порталите kurir.mk и infomax.mk во врска со продажбата на ЕДС. Неточни и невистинити се наводите дека е започната каква било истрага во врска со продажбата на ЕДС или пак во врска со претходниот сопственик Кочо Анѓушев. Компанијата ЕДС целосно премина во сопственост на грчката државна компанија за производство на струја, Public Power Corporation и како таква продолжи да работи на регионалниот пазар. Купопродажниот договор е склучен согласно законските процедури, а на истиот претходеше извештај од повеќе реномирани ревизорски куќи кои ја проценија вредноста на компанијата. Бараме од медиумите каде се објавени овие невистинити наводи, повикувајќи се на наводен извор во кој воопшто не е објавена таква информација, јавно да го објават демантот и да се извинат. Во спротивно ќе ги преземеме сите правни чекори за да го заштитиме угледот на компанијата ЕДС и да го спречиме ширењето на лажните обвинувања. Инаку веста која вчера порталот КУРИР ја објави беше целосно преземена од грчката телевизија СКАЈ, а линкот од истата можете да го најдете ТУКА.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eds-demantira-netochni-se-objavenite-informacii-deka-grchkoto-obvinitelstvo-otvorilo-istraga-za-kompanijata-eds-nitu-pak-za-prethodniot-sopstvenik-kocho-angjushev/feed/ 0
Фирмата ЕДС на Кочо Анѓушев ги судри власта и опозицијата во Грција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/firmata-eds-na-kocho-angjushev-gi-sudri-vlasta-i-opozicijata-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/firmata-eds-na-kocho-angjushev-gi-sudri-vlasta-i-opozicijata-vo-grcija/#respond Wed, 10 Oct 2018 09:45:53 +0000 https://kurir.mk/?p=113217

Откупот на ЕДС од грчката државна компанија за електродистрибуција (ДЕИ) беше едногласно одлучен од Управниот одбор на ДЕИ, тоа е дел од стратегијата за проширување на компанијата на Балканот, а процесот ги следеше меѓународните стандарди, велат министерот за енергија и животна средина на Грција Статакис и од јавната компанија за електрична енергија, по обвинувањата и критиките од најголемата грчка опозициска партија, јави дописничката на МИА од Атина. Од Нова демократија, преку изјава на портпаролката Мариа Спираки и преку пратеничко прашање од пратеникот Костас Скрекас, коментираат дека во период кога јавната компанија за електродистрибуција е во лоша финансиска состојба откупува компанија со негативен капитал и бараат грчката влада да одговори врз основа на кои критериуми било одобрено купувањето на ЕДС. Министерот за енергија и животна средина на Грција, Јоргос Статакис, во писмена изјава вели дека откупот на ЕДС од ДЕИ е познат веќе една година и бил во рамките на политиката на компанијата за проширување на Балканот. - За оваа стратегија беше разговарано уште од февруари 2018 на Управниот одбор на компанијата и беше одлучено да започне процесот на откуп врз база на меѓународните стандарди што се следат во такви случаи, со неопходните правни, економски, даночни и други истражувања (due diligence) од страна на престижни меѓународни компании, кои беа избрани по постапки за јавни набавки. Процесот беше завршен во април истата година и беше одобрен од управниот одбор на компанијата. Се прашувам зошто Нова демократија сега се сети на ова прашање, вели министерот за енергија и животна средина на Грција во изјавата по обвинувањата од Нова демократија. Со соопштение реагираше и грчката компанија за електродистрибуција (ДЕИ) која ја купи ЕДС. Велат дека одлуката и стекнувањето со компанијата биле направени со целосна транспарентност и примена на правилата за корпоративно управување и станува збор за бизнис потег, за кој едногласно донесен од Управниот одбор. -Основен критериум за откупот, како и за другите деловни активности и иницијативи што ќе се преземат во следната период во соседните земји, е имплементацијата на стратегијата на ДЕИ за нејзино трансформирање во меѓународна бизнис група со водечка улога на пазарот на Балканот, во перспективата на Енергетската унија на ЕУ, соопштуваат од ДЕИ и додаваат дека продажбата на ЕДС била одамна најавена. Во однос на вредноста и економските податоци за ЕДС, од ДЕИ велат дека компанијата имала континуиран петгодишен профит во периодот 2012-2016, во 2017 претрпела штета како резултат на енергетската криза што ја погоди Европа, а во првата половина на 2018 година, профитот регистриран од ревизор бил 626.645 евра. - Вредноста на компанијата беше направена од две реномирани меѓународни фирми во два различни временски периоди. За процената на вредноста беа земени предвид финансиските податоци и перспективите на компанијата. Процесот на Due Diligence спроведена од реномирани економски куќи и правни канцеларии беше завршен на почетокот на април 2018 година. Цената од 4,8 милиони по која беше купена ЕДС беше пониска, од проценетата вредност на двете куќи, објаснуваат од грчката јавна компанија електрична енергија. Соопштението од ДЕИ и од министерот за животна средина и енергија, дојде откако од опозициската Нова демократија, најпрво реагираше портпаролката Мариа Спираки, а потоа и пратеникот Костас Скрекас. - Во време кога Грците скапо ја плаќаат ДЕИ која пропаѓа, владата ја принуди да купи за 4,8 милиони евра скопска компанија за електрична енергија која лани имаше загуба од 5,4 милиони евра. Дополнителни прашања отвора тоа што оваа компанија припаѓа на вицепремиерот на владата на Скопје. Владата треба веднаш да одговори со каква цел и по кои критериуми одбра да купи проблематична компанија во Скопје и пред сѐ, како ја оправдува цената, рече портпаролката на Нова демократија. Во пратеничко прашање до надлежниот министер, пратеникот од Нова демократија, Костас Скрекас, бара одговори за финансиската состојба на грчката државна компанија за електродистрибуција (ДЕИ), а во тој контекст го споменува и откупот на ЕДС. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/firmata-eds-na-kocho-angjushev-gi-sudri-vlasta-i-opozicijata-vo-grcija/feed/ 0
Со продажбата на фирмата на Анѓушев, Грција ќе има целосна контрола на енергетскиот сектор во Македонија  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-prodazbata-na-firmata-na-angjushev-grcija-kje-ima-celosna-kontrola-na-energetskiot-sektor-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-prodazbata-na-firmata-na-angjushev-grcija-kje-ima-celosna-kontrola-na-energetskiot-sektor-vo-makedonija/#respond Sun, 21 Jan 2018 12:44:42 +0000 http://kurir.mk/?p=13626

Продажбата на компанијата на Кочо Анѓушев за трговија со електрична енергија не е воопшто безначајно и маргинално прашање.

Имено ЕДС на Анѓушев е најголемиот дистрибутер на електрична енергија на пазарот за компаниите.

Со влезот на Грците и во ЕДС тие ќе го контролираат и пазарот со електрична енергија. По што практично целиот енергетски сектор ќе биде во грчки раце.

Со промената на законот за енергетика и дополнителната либерализација на пазарот на електрична енергија, кој како да беше скроен за потребите на Анѓушев, дополнително ќе се зголеми пазарното учество на неговата компанија. По продажбата на ЕДС, Грција целосно ќе ја контролира енергетиката во Македонија.

Дополнително во јавноста остануваат да висат прашањата дали цената на продажбата на неговата фирма е поврзана и со процесот кој се води околу спорот со името.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-prodazbata-na-firmata-na-angjushev-grcija-kje-ima-celosna-kontrola-na-energetskiot-sektor-vo-makedonija/feed/ 0