Едуард Хегер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Sep 2022 13:10:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Едуард Хегер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хегер: Словачката економија во опасност од колапс https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/heger-slovachkata-ekonomija-vo-opasnost-od-kolaps/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/heger-slovachkata-ekonomija-vo-opasnost-od-kolaps/#respond Wed, 28 Sep 2022 13:10:20 +0000 https://kurir.mk/?p=738536

Силниот раст на трошоците за струја ја доведе словачката економија во опасност од колапс, изјави премиерот Едуард Хегер за Фајненшл тајмс. Тој додаде дека Словачка, доколку не добие помош, ќе ја задржи струјата за домашните компании и граѓаните. Скокот на цените на енергијата по руската инвазија на Украина „ќе ја убие“ економијата, доколку Словачка не добие милијарди евра помош од Брисел, посочи тој. Словачка проиzведува многу струја, најголем дел во нуклеарните и хидроелектраните, но, нејзиниот најголем производител го продаде вишокот на трговците на почетокот од годината. Тие сега струјата во термински договори ја препродаваат на Словачка по пазарни цени, поголеми и до петпати, пишува Фајненшл тајмс. – Словаците го купуваат за 500 тоа што го продадоа за 100 евра, истакна тој. Затоа планот на Европската комисија, за оданочување на дополнителниот профит на производителите на струја, според него, нема да функционира во Словачка. – Доколку сакаме данок на дополнителен профит, мораме да го воведеме на европско ниво, подвлече премиерот. Како што проценува, приходот од европскиот данок треба да биде рамномерно распореден меѓу сите членки на Европската Унија, што на Словачка би ѝ донело околу 1,5 милијарди евра. Тој смета и дека Брисел треба да ослободи пет милијарди евра неискористени средства од фондовите за регионален развој за намалување на енергетските сметки во компаниите. – Во спротивно, словачките компании ќе се затворат и всушност целата економија може да пропадне, нагласи Хегер. Доколку Брисел не дојде на помош, „тогаш ќе мораме да ја задржиме струјата за нашите компании и домаќинства за да не пропаднат. Тоа не го сакаме, но, доколку нема друга помош, ќе бидеме турнати кон тоа решение“, тврди премиерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/heger-slovachkata-ekonomija-vo-opasnost-od-kolaps/feed/ 0
Едуард Хегер именуван за нов премиер на Словачка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eduard-heger-imenuvan-za-nov-premier-na-slovachka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eduard-heger-imenuvan-za-nov-premier-na-slovachka/#respond Thu, 01 Apr 2021 10:42:28 +0000 https://kurir.mk/?p=490773

Словачката претседателка Зузана Чапутова денеска го именува Едуард Хегер за нов премиер во четвртокот, ставајќи крај на едномесечната политичка криза. Хегер ќе ја преземе функцијата од неговиот претходник Игор Матовиќ, кој пак ќе ја преземе поранешната функција на Хегер, министер за финансии. Како што пренесуваат агенциите, целта на размената е да се ублажат коалициските спорови настанати околу ненадејното купување на руската вакцина против коронавирус „Спутник В“ од страна на Матовиќ во март, без консултации со коалициските партнери. Матовиќ поднесе оставка во вторникот, а сите четири партии во владејачката коалиција се согласија да го поддржат новиот кабинет, предводен од Хегер. Во неделата, Матовиќ се согласи да ги размени позициите со министерот за финансии Хегер. Тој и Хегер се членови на најсилната партија во коалицијата, ОЛАНО. Словачка беше сериозно погодена од пандемијата на коронавирус, а владината криза избувна на 1 март откако Матовиќ нарача руска вакцина без знаење на коалициските партнери. Словачка доби 200.000 дози од „Спутник В“, но сè уште не започна да вакцинира со неа, додека не се тестира пратката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eduard-heger-imenuvan-za-nov-premier-na-slovachka/feed/ 0